Во просек 409 дена им се потребни на жените после породувањето да се чувствуваат повторно пожелно и да им се вратат во редовните активности, покажало истражувањето на британскиот портал ''Mohomams'' спроведено над 1000 жени.

Жените признале дека во просек, потребни им биле пет месеци повеќе од колку што очекувале, за да ја вратат совршената фигура, додека самодовербата им ја вратило враќањето на работа, пишува Дејли мејл.

Иако славните мајки како Викторија Бекам и Алесандра Амбросио совршената фигура ја вратиле за месец дена по породувањето, “обичните“ жени имале потреба скоро година дена повеќе, открива најновата студија. За да ја вратат својата фигура и сексуален нагон кои ги имале пред бременоста, на жените им требале 409 дена. Скоро 10 проценти од жените тврдат дека им требале повеќе од две години, за да повторно се чувствуваат пожелно, а 15 % од нив сметаат дека никогаш не го вратиле тоа чувство. Причината за тоа се крие во постојаниот замор и покачените килограми, но и во фактот дека немаат повеќе време само за себе. Пола жени признале дека штом се вратиле на работа и нивната самодоверба се вратила, а што подолго работеле, тоа по пожелно се чувствувале.

- Бременоста и детето го менуваат животот од темел, а жените треба да знаат дека споредувањето со другите жени по породувањето може да предизвика спротивен ефект, и да ги одведе во депресија – нагласува психологот Елинор Вајлд.

Најново на форумот

  • No posts to display.