Трендсетерките Бијонсе, Ријана и Кејти Пери, први почнаа да експериментираат со различен маникир, а сега отидоа чекор понапред и на ноктите ставија прстени.

Тоа веднаш го искористија дизајнерите на накит.

 

Овој екстраваганден моден детаљ може да се комбинира со било кој стајлинг, само е важно да се избере модел кој е во склад со облеката која сакате да ја носите.

Накитот е доволно впечатлив во секоја комбинација од гардероба, а може да се носи на било кој прст и дизајниран е во разни облици и димензии. Најпопуларни се прстените во облик на триаголник, плочка, змија, остри канџи… и оние изработени од злато или сребро, украсено со камечниња, штрас, кристални светки, бисери, монистри…

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.