Оливија Палермо, позната американска стилистка, ги избра клучните модни парчиња за есента која нè очекува.

Секако нема потреба веднаш во шопинг да одите, само искористете ги идеите, и проверете дали можете да искористите некои подзаборавени парчиња гардероба или модни додатоци.

Барем три чифта куси чизми од превртена кожа – оние на рамна потпетица, уште едни со три до четири сантиметри потпетици и едни со прилично висока правоаголна потпетица за секоја жена би биле идеални за есенскиот тренд, тврди 26 годишната Оливија Палермо.

Неколку чифта балетанки и два чифта мокасини би биле идеални за безгрижните комбинации. Но, ќе ви биде доволно да набавите едни со метален врв, за да бидете тотално „ин“. Ако се решите за мокасини, во најмала рака треба да ја имитираат змиската кожа.

Можеби некои припаднички на поубавиот пол ќе се разочараат, но салонките на висока тенка потпетица, пак треба да се со – шпиц.

Фармерките се припени, во темна зелена или тиркизна боја. Не заборавајте тесни панталони од лажна кожа и едни темно металик златна.

Блузичките се проѕирни и под нив може да се носи било што, а лесните полувери се рамни, едноставни, благо предименизонирани, најдобро од кашмир. Можат да бидат во боја на циклама, со задолжително еден сив, за секој ден.

Очилата за оснце нека бидат светло кафеави или со леопард принт, крупна нараквица, часовник и едноставна огрлица, нека бидат во боја на старо злато. Добрата кратка сукња во боја на есента, комфорни куси панталони, комбинезон во комбинација со куси панталони и едно, до две фустанчиња со етно принт ќе ви бидат доволни ако потрае „циганското“ лето.

{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="name" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="1" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2012/09/trend{/AG}

Најново на форумот

  • No posts to display.