Овој октомври во H&M со купување на посебната колекција за деца со забавна и модерна облека, наменета за игра и посебни пригоди, ќе се собираат прилози за програмата од УНИЦЕФ за подобрување на животот на децата.

Колекцијата Аll for Children за девојчиња полна е со прекрасни, нежни парчиња како розеви фустанчиња со машна, капути од вештачко крзно, весели сукњички и блузи во разни дезени.

Момчињата можат да станат вистински мали џентлмени со сакото кое се носи со соодветни сиви панталони или џемпери во весели контрасни бои, а тука се и безбол јакната, маици во контрасни бои и во разни дезени со симпатични цртани ликови.

Ако треба да се облечат за посебни пригоди, тука се магионичарски цилиндер, наметка, магионичарски стапчиња, како и комбинезон – зајко, дури и симпатични капи со лик на поларна мечка, зајак или фламинго.

Освен тоа нудат и многу реквизити и книги за забава. Колекцијата ќе биде достапна од 18 октомври, во над 300 H&M продавници низ светот. Собраните пари ќе се донираат во програмата на УНИЦЕФ, за децата од Бангладеш.{AG thumbWidth="200" thumbHeight="120" thumbAutoSize="none" arrange="name" backgroundColor="ffffff" foregroundColor="808080" highliteColor="fea804" frame_width="500" frame_height="300" newImageTag="1" newImageTag_days="7" paginUse="1" paginImagesPerGallery="10" albumUse="1" showSignature="0" plainTextCaptions="1" template="classic" popupEngine="fancybox"}2012/08/HiM{/AG}

Најново на форумот

  • No posts to display.