Нема ништо полошт од тоа кога ќе се вратите дома по одличната забава и ќе видите дека вашите нови високи потпетици се уништени од кал или гребаници.

Тоа најчесто се случува токму во летниот период кога најчесто забавите се одвиваат на отворени места. Но една девојка дојде до интересно решение.

Ели Стивенсон не можела да поднесе секој пат кога ќе дојде дома да ги гледа уништените чевли по забавата. Затоа таа ги создаде Clean Heels (високи потпетици). Имено тоа се парчиња од специјално обработена пластика кои на долниот крај се пошироки и не дозволуваат да пропадне потпетицата во меката површина (трева, земја и сл). Секако за да бидат убави на изглед тие се украсени со разни детали (цветови, циркони, машнички), а можете да бирате и во разни бои, а се продаваат најчесто по 5 пара во едно пакување.

 

Освен Clean Heels Ели ги дизајнираше и Heel Sleeves (навлаки за потпетици) кои се проѕирни, се ставаат на потпетицата и се стегаат да легнат на нејзината површина. Тие ги заштитуваат потпетиците од удирање по скали, тротоари, при возење и т.н.

 

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.