Жолтата, бојата на летото, сонцето...отсега нека биде и ваш избор, без разлика дали е само некој детаљ или пак ќе се решите за парче облека во изразито жолта боја.

 

Цветен дезен: Искомбинирајте го фустанот со прекрасна цветна апликација со бели сандали на висока Т-потпетица, за некоја вечерна забава.

Како од 50тите: Модерниот фустан, само ќе ја истакне вашата убава линија. Сребрените- крем сандали на полувисока потпетица, одлично се комбинираат со огрлицата со сребрени детаљи и сини камења.

Романтично: Шарените панталони, со цветен дезен, во комбинација со кремаста кошула, големи обетки и црни летни чевли, се одлично за летно расположение. Жолтата мини чантичка само го комплетира целиот изглед.

Најново на форумот

  • No posts to display.