Секоја невеста кога се подготвува за големиот ден, меѓу другите нешта, големо внимание им посветува и на чевлите. Сега новитет доаѓа од Ugg Австралија, кои за идните невести нудат необичен тренд – невестински ugg чизми.

Тие ја лансираа модната линија „I Do“ која вклучува бели светкави чизмички наречени „Sparkles I Do!“ , сребрени чизмички од велур наречени „Bailey I Do“ со едно украсно копче од страна и бели папучи.

На чизмичките им недостига елеганцијата која ја овозможуваат сандали или чевли на висока потпетица, но одлични се за невестите на кои им е важна удобноста на невестинските чевли, во кои треба да го минат целиот ден.

Иако колекцијата беше најавена бомбастично и се очекуваше да постигне успех, таа досега наиде само на потсмев. На социјалните мрежи можеа да се прочитаат различни коментари од типот „Најлошото нешто кое го имам видено во животот„ до „Дали е ова некоја прво априлска шега?“.

А се слушна дека и луѓе од модната индустрија реагирале порачувајќи им на невестите „Девојки, ве молиме, немојте!“

Сега останува да се види дали некоја трендсетерка или девојка од џетсетот ќе се реши за овој нов моден тренд, што може само да гарантира успех, или ќе поминат неславно.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.