Викторија Бекам, освен за себе, со подеднакво внимание се грижи и за изгледот на своите синови, кој секогаш е по последна мода.

На гала вечерта која беше организирана во Лос Анџелес, по повод седум годишнината од Sports Spectacular, непрофитна организација која им оддава признанија на најдобрите спортисти, Бекамови имаа голема причина за славење, бидејќи тоа беше вечер посветена на Дејвид.

За оваа пригода Викторија носеше фустан од својата последна колекција SS12, во бела и крем-розова комбинација, кој го имаше искомбинирано со црн тенок ремен и кремасто-розеви чевли. Со нејзиниот изглед совршено се вклопуваше и оној на момците од нејзиното семејство. Таткото Дјвид носеше црн костум со бела кошула, најстариот син Бруклин се појави во црни панталони, бела кошула и црна кравата, Ромео имаше слиќна комбинација, само со црн џемпер одозгора. Додека најмалиот Круз, носеше сиво елече како мало освежување во црно-белата комбинација.

Мама и тато Бекам гордо позираа со своите наследници, додека најмалиот член на семејството, ќеркичката Харпер, беше дома со своите дадилки.

Вечерта со свое присуство, Бекам го почестија многу личности од американскиот џет сет, меѓу кои беше забележен и Марк Антони, бившиот на Џенифер Лопез, со својата нова девојка Шенон де Лима.

 

 

Најново на форумот

  • No posts to display.