Во животот постојат одредени настани, кои ги нарекуваме како значајни. Еден од тие е стапување во брак, формирање на брачна заедница и формирање семејство. Некогаш партнерите решаваат да живеат во неозаконета интимна врска, а тоа е вобрачен живот/див брак.

Денес е често застапено, па дури се става како вид на експеримет за да се одлучи дали понатаму да се стапи во законски, формален брак. Ова колку што е добро, може да биде и лошо. Сè повеќе млади луѓе остануваат сами или во вонбрачна заедница. Ако порано границата беше 25-30 год., денес е зголемена и до 35 год. Причините за ова може да се најразлични - прво да се изгради кариера, па потоа да се основа семејство. Често постои страв од блискост, интимност, незнаење како да се функционира во заедница, страв од себе реализирање како родител и брачен другар. 

Како денес се гледа на бракот?

Како на формална заедница во која МОРА да се задоволени сите потреби на сите страни, што е невозможно. Ако некој тргне со ваков став, тоа значи дека има нереален пристап кој може да му донесе многу проблеми, недоразбирања и стрес во иднина. Во бракот не можат да се задоволат СИТЕ ПОТРЕБИ во исто време на сите страни. Но, потребна е комуникација, разбирање кое доаѓа со разговор, договор и преговарање. Едноставно потребна е флексибилност, љубов, почит и доверба.

Зачестеност на разводите.

Токму од очекувањата дека треба сè да се задоволи, сите примарни и секундарни потреби, бракот може да заврши со развод. Од бракот се очекува многу и од партнерот се бара многу-љубов, споделување, сексуално задоволство, економска независност и слобода, да се разбере само едната страна, а не и другата со своите потреби. Трпеливоста и оставањето на простор за разговор и психолошки раст е сведено на минимум или воопшто не постои.

Од друга страна, постои онаа заљубеност и слепило, па кога ќе се сменат улогите и ќе се побара да се дејствува во сопружничка или родителска функција, патртнерот е незрел и не може да се снајде во новите предизвици кои ги носи бракот и го покажува  „вистинското лице. Заљубеноста исчезнува и ситуацијата почнува да се гледа во вистинско светло, па некој забележува дека донесол погрешна одлука. Некои брачни другари решаваат да се разделат, други живеат во лага, а трети бараат семејно советување.

М-р развоен психолог/сов.психотерапевт- Розалија Секулоска

Најново на форумот

  • No posts to display.