Васе, фала за одговорот

И морам да кажам-баш ме чудиш со ставот.
Да, политиката на фирмата секој газда сам си ја крои (плата, дивиденди, работно време и т.н).
НО, НЕ, газдата не може самиот да одлучи колку денови одмор ќе им даде на работниците, зашто одморот е нешто што е пропишано со закон и гарантирано со закон. (инаку оној истиот Закон за работни односи постиран од АВАО).
За непочитување на законот, има санкции, т.е казни. Трудова инспекција, жалби, тужби-јасно ти е, нели?
И Васе не ме сфаќај лично, само коментирам на твој коментар. Инаку во право си, да, супер е да си сам свој газда, нема поубаво. Плата колку сакам, кога сакам, работам кога сакам, земам слободни денови кога ќе ми текне, ако дента ме мрзи или ми се шета по кафиња не работам ич. Ете така правам и јас, се разбира доколку обврските ми го дозволуваат тоа. НО, ако имаш вработени, тие вработени си имаат свои права загарантирани со закон, и пак да се повторам, за непочитување на законот, си постојат казни.
Само не ми одговори, им давате дневници плус за неискористениот одмор? Ако да, има логика целава работа, а ако не.....