Не кажувај го сето она кое го знаеш,
не прави го сето она кое го можеш,
не верувај во сè што ќе слушнеш,
не давај сè што имаш,
не посакувај сè што немаш,
туку биди задоволен со она што го имаш.
Среќен роденден!
Понекогаш деновите не ни значат ништо, ги гледаме како поминуваатм како птици во лет. Но денес е само ТВОЈ ДЕН и ти го правиш најрадосниот ден во годината. Среќен роденден!
Нека изворот на среќата извира со кристални води кон патот на твоите соништа. Живеј, фрли се во прегратките на младоста и нека секоја твоја замисла биде остварена мечта!
Среќен роденден, пријателке! Bиди непозната, за да си интересна. Биди недостапна, за да си посакувана. Ако зборуваат нешто за тебе, не грижи се. Штом зборуваат, значи ти завидуваат, а штом завидуваат сигурно има за што. Знај си ја цената, но не се продавај. Ти го посакувам тоа од сè срце, заедно со многуте здравје, среќа и љубов
Светот им прави пат само на оние кои знаат каде чекорат. Еден од нив биди и ти, нека светот ти ги отвори патиштата до сите твои желби и убавини. Човек е најсреќен кога му се исполнуваат желбите. Затоа од сè срце ти посакувам сите твои желби да ти се исполнат! Среќен
Ти посакувам толку здравје, за да ја зачудиш медицината! Толку среќа за да ти завидат и ангелите. Толку љубов за ниту историјата да не може да ја запише. Толку пари за да ти завидат и милионерите. И толку среќни моменти што ќе ги делиш со сите околу тебе!
Што да ти посакам? Убавината си ја имаш. Среќата ти е во срцето. Ум? Тој ти е достапен, за да живееш така. како што сакаш. Љубов? За што ти е, кога сите околу тебе те сакаат. Тогаш ќе ти посакам: верувај во себе и чекори умерено по патот на животот. Среќен роденден
Пријатели се оние кои доаѓаат, кога сите си одат. Пријатели се тие кои те насмевнуваат. И во овој убав ден, на овој весел ден, твојот роденден, подарок огромен ти дарувам, и искрено те поздравувам
Ти посакувам здравје, затоа што без него - ништо друго нема значење. Несопирлив стремеж кон знаење, затоа што тоа ќе те научи на вистинските вредности на животот и како да се заштитиш од бедите на следната желба - љубовта, затоа што тоа е доволно добра цел во животот. Среќен роденден.