Кога секогаш гледаме исти лица ,на крајот тие стануваат дел од нашиот живот.А кога тие ќе станат дел од нашиот живот тогаш сакаат и да ни го сменат.И не се задоволни ако не е на нивното.Зашто секој човек има точна претстава како би требало да го живее својот живот
Во определен миг на нашето постоење,ја губиме контролата над сопствениот живот и и се припуштаме на судбината.Ете тоа е најголемата лага на светот.
А кога сакаш нешто целата Вселена прави заговор за да ја оствариш слојата желба
На светот секогаш постои една личност која ја чека онаа другата,без оглед дали тоа се случува сред некоја пустина или во некој голем град.И кога ќе се сретнат тие личности и ќе се вкрстат нивните погледи,сето минато и сета иднина го губат секое значење и постои само тој миг и таа неверојатна сигурност дека сите нешта под Сонцето ги има испишано само една Рака.Рака која ја буди љубовта и која создала една душа близнак за секоја личност што работи,што се одмора и што бара богатство под сонцето.Зашто без тоа ниту еден сон на човековата раса нема да има смисла - мојот омилен цитат
Алхемичарот - Пауло Коељо