Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Ненајавени гости

Ре: Ненајавени гости 22 Мар 2012 04:54 #190319

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Ова што пиша темјанушка погоре дали ми е раскренато или не по дома, ама ич не се притресувам. Тој некој доаѓа мене да ме види, а не ревизија на станот да ми прави. Ако после тоа ме збори, тогаш ич не ми ни треба таков пријател.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann, None-bt, Goddess^, sole, Fairy and this user have 2 others thankyou

Ре: Ненајавени гости 22 Мар 2012 05:06 #190327

  • anence
  • anence's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Заедно сме посилни :)
  • Теми: 543
  • Thank you received: 50
  • Карма: 3
Bart nie doma SEKOGAs, ama bas sekogas koga ke ni se najavi nekoj veruvale ili ne pravime generalka, usisuvame, prasina, wc i sve ostalo, i nemozam da recam deka koga ke se najavam negde i ke vidam, alista po stolovi, neizbrisani masi, sekade rasfrlano ne se nerviram se nerviram i toa mnooogu, jas sum so 2 deca doma, pa sekogas mi e cakum pakum, me nerviraat nemarlivi luge bre sto da pravam
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 22 Мар 2012 05:30 #190334

  • sole
  • sole's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1357
  • Thank you received: 218
  • Карма: 37
Додека не се вработив имав време на претек и не ми беше важно дали некој дошол, кога дошол, до кога останал се најавил/не се најаваил. А сега , па посебно и од кога ми се роди малата сакам гости ама исклучиво најавени. Некогаш и најавените ми го реметат редот, а не пак ненајавени. Не се секирам воопшто за тоа дали имало играчки расфрлено насекаде, туку едноставно немам време, секоја минута ми е испланирана. Се знае како е со мали деца. Важно да е чисто и тоа не заради другите што ќе кажат туку пред се заради нас домашните. А расфрлени играчки имаме секаде и во секое време. Може сум се разлошила и сум подивела , ама што попрво кога ќе дојдам дома во 6, па после мал милион обврски, дете, ручек, алишта еден тон... не се стига, па уште и гости ненајавени-ќе полудам. И да, и јас несакам да одам ненајавена на гости. Се јавувам да видам дали се дома луѓето, да не имаат нешто друго во план. И кај мајка кога одам се јавувам да и кажам дека доаѓам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 22 Мар 2012 06:51 #190372

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
anence wrote:
Bart nie doma SEKOGAs, ama bas sekogas koga ke ni se najavi nekoj veruvale ili ne pravime generalka, usisuvame, prasina, wc i sve ostalo, i nemozam da recam deka koga ke se najavam negde i ke vidam, alista po stolovi, neizbrisani masi, sekade rasfrlano ne se nerviram se nerviram i toa mnooogu, jas sum so 2 deca doma, pa sekogas mi e cakum pakum, me nerviraat nemarlivi luge bre sto da pravam


Де бе Аненце, тој некој што ќе ми дојде нема со прст да ми проверува дали имам прашина на комода. Сега ни ја не зборам за некој хаос да не можеш да поминеш, ама па и не се трескам толку од земја дали ми е се` тип-топ. Кога веќе официјално чекам гости со најава, тогаш повеќе се нервирам за да спремам нешто, да сервирам маса, па кој што ќе пие... Вака со ненајавени сум порелаксирана- што има тоа, трк до продавница по пијачка и толку.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 22 Мар 2012 07:31 #190380

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
anence wrote:
Bart nie doma SEKOGAs, ama bas sekogas koga ke ni se najavi nekoj veruvale ili ne pravime generalka, usisuvame, prasina, wc i sve ostalo, i nemozam da recam deka koga ke se najavam negde i ke vidam, alista po stolovi, neizbrisani masi, sekade rasfrlano ne se nerviram se nerviram i toa mnooogu, jas sum so 2 deca doma, pa sekogas mi e cakum pakum, me nerviraat nemarlivi luge bre sto da pravam

Аненце, погоре имаше напишано дека си со 2 деца, ама не живееш и сама и имаш и помош цело време од свекорот и свекрвата. Со две деца, сама и плсу да одиш на работа ќе видиш како ќе станеш немарлива :).
И јас не сум за тоа дома да е хаос, отприлика гледам да ми е пристојно средено за некој ако дојде да не црвенеам од страм. Зависи луѓето на што му даваат поголем приоритет во животот. Еве на пример во средината јас каде што живеам од мене како млада невеста :laugh: се очекува за Велигден да започнам уште од сега со чистење, да го извадам чејзот од плакари, да го претресам, позорите на куќата да блештат, сите теписи, завеси да ги исперам, прашина и од покривот на куќата да тргнам... Исто за јадења да не зборувам, мора барем 10 различни колачи, јајцата 100 на број уште во четврток сабајле во 5 да се готови :). Опкружена сум со некои луѓе кои со тоа се замараат. А јас се замарам со тоа каде да му ја киднеме и кој дел од Светот да го видам за тие слободни денови и да си поминам најубаво со семејството или пријателите. После тоа тие прават муабет за на која милибродот и се погодил, а на која и испаднал недопечен. Истите тие луѓе ако ги поканам на гости т.е. ако ми се најават баш мора да има свечена вечера со мезиња, што е можно повеќе месо и срашно е ако бојата ан чарашфот не ми одговара со чиниите. Генералка се подразбира... Мислам со вакви работи можат да се окупираат само луѓе што немаат друга работа нити идеа како да го поминат животот. Јас ако сум си педантна таква ќе сум за себе и гледам дома да ми е чисто, а на гости кога одам не се замарам дали има прашина и дали поминале со правосмукалка или пајажини да барам по ѕидот. Исто ако некој доаѓа и му понудам на пример ексклузивен пијалок, кафе што го нема тука, некое добро чоколадо, или незнам нешто што сум го направила специјално, а после слушам коментари дека немало мевце да се најадат се вадам од кожа!
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29, nate76, biljann, None-bt, Nebo and this user have 6 others thankyou

Ре: Ненајавени гости 22 Мар 2012 08:03 #190390

  • anence
  • anence's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Заедно сме посилни :)
  • Теми: 543
  • Thank you received: 50
  • Карма: 3
Tocno e deka ne ziveam sama, ama site obrski doma okolu cistenje, deca se moi, ne vikam deka ne mi pomagaat, ama ne opravduvam takvi koi non stop dremat doma, sekogas se neodmoreni i pak e haos, mm raboti po 12 saata pa koga ke dojde doma mie sadovi, usisuva...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 22 Мар 2012 08:16 #190391

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
anence wrote:
ama ne opravduvam takvi koi non stop dremat doma, sekogas se neodmoreni i pak e haos

Можеби таков им е стилот бе аненце, што има ние да оправдуваме нешто или не? :) Што сакаат нека си прават дома, приватни работи се тоа.

На темава - исто како и другите пред мене, кога живеев во Битола немаше ден да не влезат по минимум 2-3 ненајавени гости во денот, со оглед на местоположбата на куќата, и секогаш сме биле пресреќни кога ќе видевме некој на врата.
Во Скопје тоа е малце поинаку...прво се` е подалеку, па ако тргнам на гости до Ѓорче сигурно ќе се јавам да кажам дека одам, не за друго - да не случајно не се дома, оти ќе отепам добри 30км до таму и назад за џабе :laugh:

Во основа, кога ќе размислам - и немаме ненајавени гости...дури и комшиите што се до нас се јавуваат за на кафе :laugh:

п.с. Ама да се дополнам - немам проблем од ненајавени :kafe:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
Последна промена: 22 Мар 2012 08:20 by Goddess^.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann, None-bt, sole, Зока

Ре: Ненајавени гости 22 Мар 2012 08:33 #190395

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
Goddess^ wrote:
п.с. Ама да се дополнам - немам проблем од ненајавени :kafe:

ќе те видам кога ќе ѕи се појавам некој ден со куферчето пред врата, така на еден продолжен викенд :rofl:
Ао ми дојди некој ненајавен на врата мо=е да начека и некое алиште префрлено преку стол, играчките и сликовниците на ќерка ми низ соби разфрлени и некоја чинија во садоперот, ама јас може да сум пострашна со косата полуфатена и некои тренерки/пижами што може и подобро стојат во некоја канта, ама ич не се замарам со тоа, ќе подрасфатам и баш ми е гајле дали некој после ќе ме зборува или не мој живот и мое право како сакам да си организирам свое време. Побитно ми е да и читам сликовница на ќерка ми отколку да мијам чинии или бришам прашина. Ете баш некни кога бев кај моите дојде ненајавен мој брачед со фамилијата, ги невам видено некое време, и јс бев таму и баш убаво ми дојде муабетот со нив, не беше којзнае колку суредено кај моите (читај ќерка ми им суредуваше по дома претходно) ама пак како велат - едно гледанње, еден век.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29

Ре: Ненајавени гости 22 Мар 2012 08:39 #190397

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
None-bt wrote:
ќе те видам кога ќе ѕи се појавам некој ден со куферчето пред врата, така на еден продолжен викенд :rofl:

Немој случајно без Ана да си ми се појавила :kamsik:

Само повелете, кој сака, кога сака. Што имам - за сите ќе е, што немам - ќе купиме :laugh:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 22 Мар 2012 08:51 #190403

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
Goddess^ wrote:
Немој случајно без Ана да си ми се појавила :kamsik:

Само повелете, кој сака, кога сака. Што имам - за сите ќе е, што немам - ќе купиме :laugh:

не бе друже каде без ѕунѕурката моја, тоа ти е како плаќаш едно добиваш две, всушност три во моментов, ме потсети малиов дека тука е во мешко :muahaha:

Значи да заклучиме, да не сме ОТ, многу сакаме гости
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Goddess^

Ре: Ненајавени гости 22 Мар 2012 16:04 #190464

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Сум си се фатла дека во последно време просто се радувам кога ќе видам кај некој дома прашинка, па толу природно ми изгледа :zelen: Ме сфативте зошто нАли-зашто имав период кога толку се замарав секогаш да ми биде без точка прашина, а кај мене не е можно, прво-црн ми е мебелот и 2 саата после бришење пак е со тенко слојче....

И стварно мислам дека некој што ме сака не би јадел бурек дали ми е бришено и чистено, но ете, непријатно ми е кога мои блиски, ми доаѓаа ненајавени и носеа нивни пријатели-тогаш ставрно сакам да знам дека доаѓаат за да средам, непријатно ми е. Башка што дома седам во "топ" тренерки, фризура невидена, цвикери, просто не си личам на себе :skok:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 22 Мар 2012 18:26 #190495

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
bart wrote:
Ова што пиша темјанушка погоре дали ми е раскренато или не по дома, ама ич не се притресувам. Тој некој доаѓа мене да ме види, а не ревизија на станот да ми прави. Ако после тоа ме збори, тогаш ич не ми ни треба таков пријател.

Потпис за кажаново.

Ние сме без деца, ама дома секогаш има по нешто расфрлано, дали се горна трењерка на стол, ПС на сред соба со сите пропратни работи- џојстици, кабли, цедиња, книга некоја, списание итн итн. Ме мрзело бе едноставно денес да поминам со правосмукалка и баш тогаш Марфи ради, кога ми е несредено да ми дојде некој ненајавен. :poimnemam:

Во склоп со ова- Prljavo posuđe dokazuje da sam nahranila svoju porodicu, puna kanta za smeće znači da sam počistila naš nered, "prljav" pod znači da sam dozvolila deci da se igraju, prljavi veš znači da je moja porodica u čistoj odeći, mokro kupatilo znači da smo okupani! Pa, sledeći put kad uđeš u moj dom i vidiš "nered" razmisli pre nego što osudiš. Ako si došao(la) videti NAS... uđi:) ako želiš videti čistu kuću... molim najavi se!!!

Си кажав кај нас често си има по некој ненајавен ама тие ни се ептен блиски или пак некој чичко или тетка на мм кои не ги видел 20 години и "случајно" поминувале од тука. Ама има такви најавени:laugh: кои ми викаат доаѓаме за 15 минути. И сега јас што попрво за 15мин? Па толку ми е да одам до продавница да купам пиење, а мезе? И така јас пола саат поминувам во кујна иако се они дојдени и таман се сум спремила и ставила на маса, после 20 мин си одат :zid:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee

Ре: Ненајавени гости 22 Мар 2012 18:58 #190500

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
  • Карма: 3
Мене искрено ми е жално кога ќе слушнам или прочитам дека луѓе уште размислуваат во стилот дека дома се треба да е цакуп-пакум за пред гости. Секоја куќа си има воспоставен ред на чистење и одржување, а тоа сигурно не е секојдневно усисавање и бришење прашина. И не гледам потреба за гости специјално да исчистам, него како му е редот и како имам време.
Играчки од детево не се ни обидувам преку ден да ги средам, едноставно невозможно е и тоа според мене воопшто не значи дека дома е несредено. Исто е и со некои наши книги и слични тракатанци по домот. Кујната, па нема шанси стално да е светната. Зошто да ми е незгодно ако ме чека тенџере за миење? Зарем тоа значи дека јас не си одржувам хигиена дома и дека нема да го измијам вечерта кога ќе ми заспие детето? Според мене, доволно е да се одржува хигиената редовно, а ако е нешто расфрлено и не е чистота и хигиена во прашање, онда кој сака и што сака нека збори. Мене навистина не ме загрижуваат таквите муабети.

И друго. Сите тие непишани правила дека гостите треба да се нагостат. Па срам ако немаш дома нешто да понудиш. Немам такво чувство, иако и јас сакам да споделам нешто со некој што дошол да не види. Ама дефинитивно не патам од тоа. Па се случува и само кафе и вода да се напиеме. Мислам и тоа да го нема, па нели тој што доаѓа е ближен, пријател, роднина, што и да е. Нели е доволно да си направиме муабет, да се истажиме или насмееме, да споделиме мислења за книги, за филмови, совети за деца, за било какви интереси...

Инаку, јас лично и покрај се, сакам кога некој претходно ќе ми се најави. Не за да се нашминкам, не за да ја исчешлам косата, не за да купам мезе или да зачистам по дома. Туку заради некое лошо чувство од звончето кога не го очекувам. Едноставно ми делува многу нападно и ми го нарушува мирот, буквално се стресувам. Дур видам кој е, некако ко преплашена сум. И се радувам кога ќе видам некој близок. Особено па и заради ќерка ми, која обожава кога има повеќе народ, стварно ми се добредојдени блиските луѓе.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Goddess^, Fairy, vistina, forumce

Ре: Ненајавени гости 23 Мар 2012 02:36 #190511

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5144
  • Thank you received: 2409
  • Карма: 111
anence wrote:
Bart nie doma SEKOGAs, ama bas sekogas koga ke ni se najavi nekoj veruvale ili ne pravime generalka, usisuvame, prasina, wc i sve ostalo, i nemozam da recam deka koga ke se najavam negde i ke vidam, alista po stolovi, neizbrisani masi, sekade rasfrlano ne se nerviram se nerviram i toa mnooogu, jas sum so 2 deca doma, pa sekogas mi e cakum pakum, me nerviraat nemarlivi luge bre sto da pravam

Generalka za sekoj najaven gostin :what: A ako ne ti se najavat ili nemas gosti eden mesec, cistis ili cekas da ti se najavat :rofl:
Salaaaa :zelen:

Jas kazav i se izjasniv na ovaa tema deka sakam gostite da mi se najavuvaat samo od pricina da ne mi izremetat toa sto sum si go ispalnirala. Primer, so obvrski sme cela nedela i mnogu retko sme trojcata zaedno onaka lezerno. Pa sakame vikendot ili nekoj sloboden den ili posle pladne da bideme zaedno...ete sme si ispalnirale nesto iiii op ete ti nenajaveni gosti.
Zosto da bide se na vrat na nos koga moze da bide se poinaku so samo edno vrtenje na telefonceto i eden dogovor od edna minutka.

A toa dali mi e sredeno, dali imam alista po stolcinja i igracki po zemja, neismieni sadovi i kup alista za perenje toa voopsto ne me interesira i ne se zamaram. Odamna sum operirana od toa. A tie sto toa gi interesira neka ne mi doagaat, takvite policajci ne mi trebaat.
Moze bas toj den sakam site cetri u vis da si gi dignam i nekam da cistam i sto nekoj se najavil na kafe i radi toj jas moram generalka da pravam....pazi da ne sto posto.

A za ova :OK: :laugh:Molly wrote:
Во склоп со ова- Prljavo posuđe dokazuje da sam nahranila svoju porodicu, puna kanta za smeće znači da sam počistila naš nered, "prljav" pod znači da sam dozvolila deci da se igraju, prljavi veš znači da je moja porodica u čistoj odeći, mokro kupatilo znači da smo okupani! Pa, sledeći put kad uđeš u moj dom i vidiš "nered" razmisli pre nego što osudiš. Ako si došao(la) videti NAS... uđi:) ako želiš videti čistu kuću... molim najavi se!!!
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29, sole

Ре: Ненајавени гости 23 Мар 2012 03:43 #190529

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Чистење/средување по дома и потсредување на самата себе ми се последната причина зашто не сакам ненајавени гости, ми го реметат мојот ред и тоа најмногу ме живца (ај за мојот, ама за син ми збеснувам!). И расфрлани играчки-ич и не го сметат за лошо пред госи, ама ете сакам да го измијам, на пр., лавабото во вц. За мезења и сл. не ми е гајле, тек па за ненајавени, а за редовни гости-често и со кафе само поминуваме. И да признаам, моите најнајблиски, скоро и да не ми сметаат ако не се јавиле (пр., сестра ми или старосватицата), ама за останатите :sram2:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: vistina

Ре: Ненајавени гости 23 Мар 2012 04:39 #190554

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Ако ја треба да изгледам ко Синди Крафорт, а дома да ми биде пиц-пец ко во „Мој дом“ кога ќе ми дојде некој, тогаш јас не би сакала ни најавени ни ненајавени гости. Нит се дотерувам нит чистам за гости, туку пред се` за мене и моите дома. Тие саат, 2-3, со гостите сакам да ги поминам лежерно, во муабет, да се видиме. Ако не, тогаш подобро да одиме некаде во кафана, па таму никој нема ништо да гледа. Тогаш ќе го оговараме келнерот.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee, biljann, Fairy, Zoja

Ре: Ненајавени гости 23 Мар 2012 04:43 #190561

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Тогаш ќе ги оговарате другите гостинки во кафаната - фризура, облека, чанта, чевли, накит....ехеееееее, непресушен извор на занимација, а не кошта ни време ни труд за чистење :P
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee, mama, Zoja, bart

Ре: Ненајавени гости 23 Мар 2012 05:04 #190565

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Мене исто многу ми смета кога ќе се најавиме некаде неколку дена однапред, особено кај свекор ми кога одиме или кај другите роднини што ни се во СК и демек поретко се гледаме и мора со ручеци да не пречеекаат. Мене тоа не да ми е малтретирање, прво домаќините како што некој спомна претходно цело време се во кујна, втор не секогаш ми се јаде, а мора да направиш чест и да буташ се што ќе ти стават во чинија (се случува и на 2-3 места во ист ден да поминеме) и на крај малиот не се стрпува да не чека 2-3 саат да се мезиме и ручам и никогаш не можеш да седиш рает на маса, мора некој да се занимава со него. Повеќе би сакала да не почестат со сокче и да се занимаваат со внукот отколку со храната. Си реков да почнеме спонтано, пред да поминеме да се јавиме, ама бре полошо, тогаш се одмрзнува месо во микробранова, се трча по пицерии, навистина македонциве је изразуваат љубовта преку храна :hahaha:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann, Goddess^, sole, bart

Ре: Ненајавени гости 23 Мар 2012 07:34 #190598

  • Roma
  • Roma's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Ex jema
  • Теми: 314
  • Thank you received: 148
  • Карма: 14
Додека бев дома кај моите дома нон стоп беше врвулица, како автобуска, дури и чудно ако не дојде некој и уште е така.
Тука немаме ненејавени гости, ама пред неколку години кога живеевме во центар сами со мм во гарсонјера нон стоп имавме гости и тоа на спиење, најавени во 5 до 12 :mdf: .
Еднаш ни дојде девојка на другар на мм (од друг град), имала работа на факултет, па да не закаснела да преспиела кај нас. Мм не знае да одбие, јас сум ја видела 5 пати во животов, ама ајде.
Девојката си стана во 10 саат, си пиевме кафе и отиде на факултет. Ако тргнеше сабајлето од дома имаше 100 автобуси и возови и порани ќе стигнеше, отколку што излезе од кај мене.
Ама тоа е, некои луѓе намаат срам :nc:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 23 Мар 2012 07:53 #190603

  • vistina
  • vistina's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 245
  • Thank you received: 139
  • Карма: 0
Znaci nenajaveni gosti IC ama IC nesakam i site so koisto komunicirame go znaat toa... apla imam kazano. Nitu se tupnuvam nekade taka anpasan nitu sakam da mi doagaat nenajaveni. Sakam da imam vreme da rascistam, kaj mene u princip e stalno kreativen haos a plus nesakam nekoj da mi go narusuva redot a pogotovo sega so malo dete.
Znaci voopsto nesakam terevenki i petparacki muabeti a tie sto bi dosle nenajaveni smetam deka se od takov tip na luge.
Na krajot na kraistata site si imame razlicen stil na zivot i ako nekoj mi e prijatel ke go pocituva mojot stav i obratno. gosti samo so najava ova vazi i za majka mi.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo

Ре: Ненајавени гости 23 Мар 2012 08:07 #190606

  • anence
  • anence's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Заедно сме посилни :)
  • Теми: 543
  • Thank you received: 50
  • Карма: 3
Generalka za sekoj najaven gostin :what: A ako ne ti se najavat ili nemas gosti eden mesec, cistis ili cekas da ti se najavat :rofl:
Salaaaa :zelen:

Znaci jas u princip cistam doma 2 pati nedelno, wc, prasina, usisuvanje, dzogiranje ...i ako nekoj se najavi da dojde u den vo koj ne e redot za cistenje pak cistam, vie ama me napadnavte kako svkrva mi ste hahahahahah i ona taka ni vika deka so mm sme bile zabegani hahahhaah
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 23 Мар 2012 08:53 #190620

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Ауууу, знаеш што значи свекрва да ти кажи дека премногу чистиш??? :muahaha: :muahaha:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29, Marge, anence, sole

Ре: Ненајавени гости 23 Мар 2012 09:27 #190630

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
bart wrote:
Ако ја треба да изгледам ко Синди Крафорт, а дома да ми биде пиц-пец ко во „Мој дом“ кога ќе ми дојде некој, тогаш јас не би сакала ни најавени ни ненајавени гости. Нит се дотерувам нит чистам за гости, туку пред се` за мене и моите дома. Тие саат, 2-3, со гостите сакам да ги поминам лежерно, во муабет, да се видиме. Ако не, тогаш подобро да одиме некаде во кафана, па таму никој нема ништо да гледа. Тогаш ќе го оговараме келнерот.

Bart, pa ti sega epten vo druga krajnost, kakva Sindi Kraford, ne mi padnalo na pamet da se sminkam za gosti, ne e zborot nitu za pic pec doma. Edna rabota e generalka da pravis, druga da potsredis, treta i najvazna da znaes kako da si go planiras vremeto. Kako i da e, bas za mene sreduvam i bas zatoa se osekam poubavo koga nekoj ke mi dojde da mi bide sredeno-ne generalka iscisteno.

I bas sabajlevo ko za primer, se spremivme so sin mi i majka mi, imavme rabota do centar i ete ti nenajaveni gosti... Nie spremni komplet, kazavme i se gledase deka sme na izleguvanje, ama aj nabrzinka da piele kafe vo dvor na sonce (normalno, i mene mi bese nezgodno odma da gi izbrkam). Ama, deka mi poremetija plan, da! Zasto imam problem so spienjeto na sin mi, ima i strasna alergija vo momentov, bukvalno planski mi bese odenjeto vo tolku i tolku saat i ne mi odgovarase pokasno. Da se javea, ke kazev deka ne sme doma, da dojdat prikvecer i ne gledam problem :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 23 Мар 2012 09:41 #190632

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Небо, јас да бев ко вас - ќе си излезев и готово. Како што тие ненајавено доаѓаат, така и ти НАЈАВЕНО ќе си одиш :laugh:
Сакам да кажам - нема што да ти се лутат кога не си се најавиле, така? А никој не е вреден да си го малтретираш детето (на било каков начин) од срам да не се навределе....
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 23 Мар 2012 15:07 #190663

  • betty boop
  • betty boop's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 101
  • Thank you received: 77
  • Карма: 0
jas i nemam mnogu gosti retko koj doaga mal krug na luge sme ovicno sekogas mi e sredeno i ne se plasam od nenajaveni gosti pa i ja kaj moite bliski idam nenajavena a moze da se vidat rasfrlani igracki i tetratki no toa ne znaci deka ne mi e cisto inaku cistam sekoj 2 den a i nikogas ama bas nikogas tamu kaj sto odam ne zagleduvam naokolu a na lugeto ustata nemozes da im ja zatvoris ako ne e cisto ke vikaat kolku e ne pedantna a ako pa postojano ti e cisto ke vikaat abe pedanterija nevidena taka da ne se zamaram mnogu za zboruvanje :fijuk:
.
gif[/im
g][/url]
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.