Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Ненајавени гости

Ре: Ненајавени гости 14 Окт 2010 17:42 #61218

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
  • Карма: 21
Никогаш немаме ненајавени гости, како што и ние ненајавено не одиме никаде :puf:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 15 Окт 2010 02:24 #61429

  • Ane M
  • Ane M's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 355
  • Thank you received: 46
  • Карма: 13
Не се случило да дојде некој ненајавен,секогаш се јавуваат,а и ние не одиме никаде не најавени
<a href="lilypie.com/"><img src="lb2f.lilypie.com/2AXYp1.png" width="400" height="80" border="0" alt="Lilypie Second Birthday tickers" /></a>
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 15 Окт 2010 14:42 #61629

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
  • Карма: 16
Ми се нема случено некаде да отидам ненајавена. И кај нас сите што доаѓаат се најавуваат. Но, тоа не е случај и со комшиите. Тие си доаѓаат ненајавено и тоа скоро секој ден. Искрено, се имам навикнато на тоа и иако понекогаш пречи бидејќи некои домашни работи остануваат незавршени.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 26 Окт 2010 18:12 #65179

  • Nikolina008
  • Nikolina008's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 103
  • Thank you received: 11
  • Карма: 0
MajaGac wrote:
Ми се нема случено некаде да отидам ненајавена. И кај нас сите што доаѓаат се најавуваат. Но, тоа не е случај и со комшиите. Тие си доаѓаат ненајавено и тоа скоро секој ден. Искрено, се имам навикнато на тоа и иако понекогаш пречи бидејќи некои домашни работи остануваат незавршени.

Потполно исто. Само кај нас откако сум јас снаа комшии поретко идат.:sram2:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 29 Окт 2010 19:37 #66484

  • Mladenovska
  • Mladenovska's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
  • Thank you received: 189
  • Карма: 0
Кај мене некој ако доаѓа се најавува, никогаш сум немала ненајавени гости. Ме знаатс ите дека јас така несакам и си знаат. ЕДнашка навечер таму после 22саатот доаѓаат родителите на ММ,ама затоа јас пак на врата им реков касно е и друг пат да ми се најват. Им беше непријатно но си знаат и они и остантите. За тие работи сум принципиелна.
*****СРЕЌНА НОВА 2011 *****



The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 20 Мар 2012 09:53 #189913

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Аууу, човек да не посака да ви дојде на гости :unsure:
Мене не ми претставува проблем ако ми дојдат ненајавени гости. Што има тоа везе, баш ми е драго ако во оваа трка со време, некој се сетил на мене и дошол да ме види, дали бил у пролаз или баш онака наменски. Ако ме затекнал во некоја работа по дома, може да добие и крпа за да ми помогне во чистење или слично ако е некој поблизок, нели, ама никогаш, баш НИКОГАШ не ми се случило да не отворам врата. Многу често имам гости кои прошле онака да ме ѕирнат ако биле тука во близина, или па мм ќе дојде со некој другар на кафе. И децата нон- стоп врвчат со другари по дома. Врата отворена за секој...
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 20 Мар 2012 09:56 by bart.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamaAnita, PiPoLiNo, mama, biljann, Zoja

Ре: Ненајавени гости 20 Мар 2012 10:13 #189921

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Додека живеев со моите ако не додеше енкој во денот, било најван или ненајавен нешто не беше во ред :). На прометна улица живеевме и мавме блиски роднини, тетка ми, на мајка ми сестра живее на 200м од нас, па братучетките со децата доаѓаа и уште многу други луѓе и пријатели, комшии. Е откако се омажив и се преселив во СК долго не можев да се навикнам на начинот на кој функционираат мм и свекрва ми. Со нив и на улица случајно да се сретнеш мораш да си најавен за да ти направат муабет :laugh:
Тоа што ретко имавме гости многу тешко ми паѓаше, а и за да викнам некој имаше 100 процедури. Ама сега се навикнав и гледам дека понекогаш е предност, особено што сега и со детето ни се нарушува редот ако дојде некој, а и време немам на претек како порано.
Јас секогаш гледам да се најавам пред да одам некаде, па и до врата да сум дошла,а и сите, особено помладиве, некако се навикнаа да се најавуваат... Е сега, ако помине некој онака, не мора да го почестиш специјално, може да ти е хаос со играчки, што вика Bart i крпа да добие да избриши прашина. Ако ти се најават друг е третманот, тогаш прави гости се :pijani:
Последна промена: 20 Мар 2012 10:15 by Zoja.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann

Ре: Ненајавени гости 20 Мар 2012 11:38 #189932

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2899
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Многу често имам гости кои прошле онака да ме ѕирнат ако биле тука во близина, или па мм ќе дојде со некој другар на кафе. И децата нон- стоп врвчат со другари по дома

Ова кај мене нема шанси. И нешто што многу ме нервирало кај едни другарки во мало (две сестри) така беше кај нив дома. Немаш кај да одиш досадно ти е во било кое време можеш да појдеш кај нив. Хотел Промаја беше нивниот стан. Мене лично тоа воопшто не ми се допаѓа. И никако не сакам некој ненајавен да дојде ниту пак некаде би отишла ненајавено. Нема шанси. :ne:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 20 Мар 2012 11:56 #189934

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Мене па ич не ми смета. Така ми беше и како девојка кај моите во Центар, секогаш имаше некој, речиси така ми е и сега, и стварно немам никаков проблем со тоа. Како што веќе пишав, ако ми се некои поблиски луѓе, може да ги пратам и во кујна да сварат кафе додека јас завршам она што работам, па после да си седнеме на муабет.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Goddess^

Ре: Ненајавени гости 20 Мар 2012 13:07 #189948

  • mama
  • mama's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • *Be happy*
  • Теми: 903
  • Thank you received: 448
  • Карма: 7
Од како сум мажена многу ретко имаме гости.Сите се со изговор абе не сте сами(живееме со старите).Јас бев навикната со многу луге,големо друштво,никогаш кафе не пиев сама. И потоа се се смени.Ретко довагаат гости,почесто се гости на свекорот и свекрвата одошто мои.Мене ми доагаат другаркии само кога сум сама дома со син ми.Не ми пречат не најавени гости,иако помило би ми било да се најават,за да знаеш како да си го планираш времето.Ама...има една роднина свекорот,една тетка на мм што знае да дојде и по неколку пати неделно на гости ненајавена,со изговор дека шетала и поминала.Е тоа ме нервира.Седи со мене и ми прави муабет(цитај монолог) два саати.Што е многу многу е .
??
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 20 Мар 2012 13:54 #189962

  • ciciban
  • ciciban's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 69
  • Thank you received: 60
  • Карма: 0
и јас додека бев мома (хихиххих...:kiss: ), дома секогаш имав некоја другарка, пријатели на моите, комшии...беше секогаш раздвижено. Но сега откако се омажив, дојдоа дечината и искрено кога некој ќе дојде мене без разлига дали е најавен или не, страв ме фаќа, да не ми донесе некој вирус зошто после јас си ги тргам маките. За многумина можеби ова размислување не е ок, ама таква сум...значи не ми сметаат најавени и ненајавени гости само да се здрави. Но од искуство често пати се случило да некој доје, кива, кашла, а мене коса ми се крева :tupco:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 20 Мар 2012 14:11 #189971

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
И ние секој ден имаме ненајавени гости, ако живееме во село. :hahaha: Додека бев девојка немав такво искуство, но откако сум со мм, се навикнав на таквиот живот и морам да кажам дека не ми пречи. ММ живееше во центар на една фреквентна автобуска станица, па и неговата куќа беше во тој стил - нон стоп некој на гости. Нему не му пречеше, напротив, само кафиња вареше. :muahaha:
Најјак момент е кога на мм му дошол другар сабајлечки (пред 10 години), а мм си бил со девојката, и овој седел, седел цел ден, на мм му се приспало, си легнал, и кога станал сабајле овој уште седи и муабети прави со девојка му. :what: :muahaha: Оф... Секакви луѓе има, ама понекогаш и тоа има убавина. Откако сме во брак, истиот другар на мм доаѓаше ненајавен еднаш неделно обавезно, исто сабајлечки и си седи до сабајле. :hahaha:
Кај нас дома најкористен пијалок е ракија (татко ми купува од Кавадарци, а после јас од татко ми туба од 20л) и таа ни трае месец дена. Сите гости ни се по ракијата, па можеби затоа и седат до сабајле. Пред да се породам немав гајле, и јас седев, ама сега навистина сум ненаспана и не можам да издржам, па им кажувам на гостите дека ќе си легнам, а они си седат со мм. :poimnemam: Обично гостите се од страната на мм (другари негови, кумот, старосватот), па ги чувствувам за блиски и не ми пречи што седат повеќе саати. Имаме дома многу музички инструменти, па кога ќе заседнат гостите, зема секој по нешто и си свириме до сабајле. :pijani:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann

Ре: Ненајавени гости 20 Мар 2012 14:37 #189978

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Klaudija wrote:
Имаме дома многу музички инструменти, па кога ќе заседнат гостите, зема секој по нешто и си свириме до сабајле. :pijani:

А, кој пее?
Ееее, а ја изигравам диџеј па пуштам музика на систем и тоа по желба.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 20 Мар 2012 15:02 #189985

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
bart wrote:
Klaudija wrote:
Имаме дома многу музички инструменти, па кога ќе заседнат гостите, зема секој по нешто и си свириме до сабајле. :pijani:

А, кој пее?
Ееее, а ја изигравам диџеј па пуштам музика на систем и тоа по желба.

Сите пееме. Дури и група со мм си измисливме: „Смели терци“ :hahaha: демек, пратњата појака од главната мелодија. :muahaha:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bart

Ре: Ненајавени гости 20 Мар 2012 15:17 #189990

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
Kaj nas retko doagaat nenajaveni gosti,i vo princip ne sakam takvi gosti.Vo vreme koga nemam 5 min.vo denot da se odmoram sakam vremeto da mi e isplanirano.
I jas duri i kaj sestra mi se javuvam pred da odam,a nekogas ako negde sum vo blizina i sakam da pominam prvo ke se javam ako nemaat nisto vo plan odam a ako ne zdravje drugpat.
Inace ne sakam gosti koga ke mi recat doagam na.pr.vo 20 casot a kasnaat po saat i kusur, ili ke dojdat i turi voda da stanat.
Se znae kolku e dosta 3 saata maksimum.Imame edni takvi prijateli koga ke dojdat po 5-6 saati sedat i pusti ovoj film da go gledame, onaa serija i celo vreme mesto da pravat muabet mi gledaat serii.Pa ako gledas serii sedi si doma, na gosti se doaga da se vidis so prijatelite.
Mozebi so MM sme stanala asocijalni tipovi ama stvarno dojde amerikanskiot nacin na zivot moras da planiras koga ke se vidis so prijatelite.:)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ana78

Ре: Ненајавени гости 20 Мар 2012 15:19 #189991

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Овде откако се мажив ни најавени ни ненајавени гости не идат :hahaha: Свекор ми и свекрва ми се посебен тип на луѓе кои не сакаат одење-идење а и искрено немаат луѓе со кои се дружат - тука така по некој ќе се најде и тоа е тоа.

Наше друштво не идет дома на гости, зашто живејме со старите па како што кажа мама, или нејќат или јас не ги ни канам зашто едноставно на старите им смета.

А додека живеевме Охрид со моите, нон стоп беше врвулица кај нас и беше супер! Од комшии до гости до све имаше... полна куќа нон стоп...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 20 Мар 2012 15:27 #189992

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Me potsetivte na minatoto, t. e. na mladi dani, pa non stop bev so luge, ma najaveni, nenajaveni ic ne mi bese gajle... Ama, se' se smeni otkako se porodiv i samata jas se nerviram ako nekoj mi se pojavi na porti nenajaven :angry: Imam milion pricini za ova......
Znaci mnoogu sakam gosti i kako Mama sto kazuva, ne sme sami, uste sme kaj moite i ne e toa toa, ama za sreka mnogu ni se razbrani drugarcinjava, pa najcesto nie sme po gosti :zelen: (da, ke se promeni ova kaj i da e).

Pogore sum pisala za edni sto ko od inat mi idea bez da dzvonat porano i u epten neprijatni situacii me fakaa, a im imav 100 pati kazano! Pa si dozvoluvaa i nivni prijateli da nosat, da go videle bebeto :what: Ama se smenija, sega super se druzime :da:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 21 Мар 2012 03:49 #190049

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
сакам да ми идат гости, не ми пречи многу ако ми се блиски и ненајавени да дојдат, ама најчесто се најавуваат. Пред да се роди малата ретко можеше да ме најдеш дома после ручек (работа) ако беше убаво времето со мм или со другарки бев по кафиња надвор. Сега со малата не шетам толку ногу иако гледам барем еднаш неделно да се видам со некоја другарка, мм не ми е многу за по гости шетање и не ни одиме толку. За брзо ќе се преселиме во станот кој е баш во центар и со кој и да се видам само најавуваат дека од пазар/чаршија ќе навратувале да не видат бидејќи ќе му било на пат за дома. Ајде да видиме.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 21 Мар 2012 04:01 #190058

  • Sunshine*
  • Sunshine*'s Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 288
  • Thank you received: 113
  • Карма: 0
Порано беше поинаку, обавезно во денот ќе ни дојдеше некој не најавен гостин и за чудо баш се радувавме и не ни беше проблем.
А сега... не сакам ни најавени а не па ненајавени гости :fijuk: Толку ми е краток денот што кога ќе дојде некој мислам дека целиот ред во неделата ми се нарушил. А и гости примам само преку викенд затоа што преку недела рано си легнуваме :sram2:
И јас не сакам гости кои гледаат серии или си сурфаат на мобилен кога ќе дојдат, подобро да си седат дома :ljutko:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 21 Мар 2012 04:48 #190081

  • butterfly87
  • butterfly87's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 830
  • Thank you received: 516
  • Карма: 0
Ха иста ситуација со повеќето што пишале. Додека бев кај моите немаше најавување од гостите кои доаѓаа преку ден, или некоја комшика ќе си дојдеше, или некој од дечињата на улица да не видел, ама за навечер секој знаеше да крене телефон, не за друго туку што можеше и да не сме дома па да си се врати :poimnemam:. Тогаш не ми сметаше дали се јавиле или не.
Е сега е малку поинаку, не дека нешто многу доаѓаат,зашто по цел ден не сме дома, ама и немам баш такви комшии што би ми се тупнале туку така. Така да во принцип секој си се најавува и тоа и те како ми одовара, можам да си го организирам времето како што треба.
❤ 09.2012 ❤
❤ 01.2017 ❤
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 21 Мар 2012 07:49 #190152

  • delfince
  • delfince's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 980
  • Thank you received: 220
  • Карма: 6
mnogu sakam da odam na gosti i mnogu sakam da mi doagaat.sekogas se najavuvam i sekogas mi se najavuvaat od prosta pricina sto ne znaeme dali sme doma i nie i oni.i da mi dojde nekoj nenajaven voopsto ne mi e problem i bas mi e milo no sepak sekoj prvo se javuva da vidi dali sum doma.
naseto zrnce




The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 21 Мар 2012 08:20 #190160

  • jasmina 25
  • jasmina 25's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 802
  • Thank you received: 64
  • Карма: 7
jas mrazam koga ke mi dojde nekoj nenajaven,so malo dete sum sama doma non stop ima rabota,jas sekogas se najavuvam koga odam nekade sakam i drugite da go pravat istoto...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 21 Мар 2012 09:10 #190173

  • anence
  • anence's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Заедно сме посилни :)
  • Теми: 543
  • Thank you received: 50
  • Карма: 3
Nie ziveeme vo zaednica, kaj starcive :) doagaat samo 1 prijateli i nasive odat samo kaj tie, sekogas se najavuvaat moze da se desi nie da izlezeme pa da im gi ostavime decata , a ako ne se javat ni gosti ni nisto ke vidat hahahah i nasite , da priznaaam ne se druzime po doma mnogu so luge, a so tie so se druzime se najavuvame, iskreno ne sakam da mu se tupnam na nekoj dodeka odmara, pravi generalka, rucek sepak sekoj si ima obvrski kako i jas sto si imama, pa i so deca doma ne se znae nikogas
The administrator has disabled public write access.

Ре: Ненајавени гости 22 Мар 2012 04:21 #190297

  • темјанушка
  • темјанушка's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 314
  • Thank you received: 197
  • Карма: 0
Sakam gosti , ama najaveni. Me nervira nekoj da mi se tupne nenajaven. Prvo stanot ne mi e sreden so mali deca vo sekoj moment, a vtoro jas sum redovno doma u pizami, zasto mi e najkomotno.
I da se najavat neka ima saat vreme, a ne oni se parkiraat veke na parking i ni kazuvaat deka doagjaat. Sum imala i gosti ke ti kaze doagjam u tolku saat, a gi cekas uste 3 saati, a ti si namestil masa, pa sobata veke zamirisala na hranata.
Koga ne bev mazena imavme komsii sto vleguvaa bez da zazvonat ili cuknat. Pa taka jas doma ne im vleguvav na moite u soba. Na sto lici toa.
Ama toa e, balkanska nekultura.Tolku li e tesko eden telefon da se krene.
A za drugarcinja na decava, nema problem u sekoe vreme. I taka tie ne zagleduvaat pa da zborat posle.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: anence

Ре: Ненајавени гости 22 Мар 2012 04:48 #190311

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Јас многу сум излошена во последно време за вакви работи...

Имаме еден пријател на мм кој така знаеше ненајавен да доаѓа, и еднаш ѕвонел на домофон а ние не стануваме да отвориме, зашто има кафич доле до влезот, па се случува често од таму да ѕвонат. И си заминал мислејќи дека не сме дома....

Е арно ама утредента се јави и праша кај сме биле, а ние му кажуваме дека сме биле дома, па уште се налути оти не сме му отвориле. ММ му рече да знаев дека си ти ќе станев да отворам.

Друг пат ѕвонел директно на врата, ама ние не отваривме зашто кога погледнавме низ шпионката никој немаше пред врата. Во таков случај нема шанси да отворам, зашто секакви лудаци ѕвонат по вратите и се кријат. Е арно ама слушнал дека сме дома и не отвораме и пак се налути...

И му викам на мм, ако не знае да се јави дека доаѓа, нека се лути...И сега си е научен, прво се јавува, па доаѓа...Не може мене со две мали деца некој да ми го расипува редот. Па следната година Ива ќе тргне на училиште, колку ќе се изнервирам додека учам со нејзе, некој да ми дојде ненајавен:mdf:

Едит: мнооогу сакам гости, ама со најава:)




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 22 Мар 2012 04:50 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.