Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

ТЕМА: Односот со вашата сестра-брат

Ре: Како се согласувате со вашите брака и сестри 10 Јун 2012 10:49 #202765

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Уф, Калина, баш ми е жал. Јас имам и брат и сестра и никогаш не сме имале несогласување за тие работи, па затоа постои семејството, нели? И јас на брат ми стан мој му оставив без динар да побарам, ниту пак сакам некако да ми се оддолжува материјално. Затоа, знам дека кога мене ќе ми треба помош без збор ќе ми помогне. Барем јас така го сфаќам значењето на семејството.
Мислам дека навистина сестра ти излегла нефер што ти бара пари за едно чување. Разбирам да треба година дена да доаѓа секој ден, ама за еднаш, нема смисла.

Можеби треба да поразговарате отворено, да не биде одма со карање работава.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како се согласувате со вашите брака и сестри 10 Јун 2012 11:51 #202766

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
Kalina, sto da kaze covek... Aj za sestra ti, iako ne e korektno od nejzina strana, ama aj - nekako i da razberam so plakanjevo - ako veke vikas zena i i plakas, bolje na sestra ti da i gi dades parite (ete ne raboti, em ke im pomognes, em deteto nema na nepoznati da go ostavas itn). Ama ova so zetov :wtf:

Oni sega nemaat, ama nemoze da "spijat" na toa deka nekoj drug ke im gi resava problemite. Sekoj pomaga kolku moze, na kraj kraista site imame svoi semejstva i svoi obvrski.
Ako mislis deka moze da razgovaras, kazi i deka i ti vo momentov ne si bo situacija da pomagas i deka mozebi i tebe ti treba pomos. I sosema normalno e od sestra (ili brat) da ocekuvas takvo nesto.

So brat mi fala bogu do sega sme nemale problemi. Koga kupuvame kola na primer, bez zbor mi pozajmi odredena suma, otkako se stabiliziravme, mu vrativ i sve si e ok. Taka mislam deka i bi trebalo da bide megju braka i sestri.


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како се согласувате со вашите брака и сестри 10 Јун 2012 13:03 #202768

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
  • Карма: 3
Сите од мојата и фамилијата на маж ми ја чуваат ќерка ми ко свое дете. Толку ја гледаат, мазат, се грижат буквално како јас што ја гледам и сите мои упатства ги слушаат. Дури не знам некогаш како да им искажам колку сум благодарна и среќна што е така. Срцето ми е полно, иако во моментов и двајцата со татко и не сме со ќерката, зашто знам дека се е топ. Им верувам безрезервно и посакувам и ти Калина да го осетиш тоа чувство.
Се сложувам со mamatobe дека би можела да и дадеш 500 денари на сестра ти, ама САМО ако ти така си решила, а не таа да ти бара! Па мислам колку и да немам пари, јас лично никогаш не би и рекла такво нешто на сестра ми. Уф колку сакам внучиња да си имам од неа, ма колку што можам и ќе им купувам и ќе ги гледам и ќе ги играм со моево прцле.
За зетот - зборови нема да се искаже. Та ние на комшии така сме помагале и тоа случајно ќе ги видиш па ќе помогнеш. Таман работа пари за тоа да бараме. Е друго е ако вие имате повише па намерно сакате да им помогнете и ги ангажирате и однапред им кажувате дека ќе им дадете надомест. Ама кај тебе не е тоа случај.
Јас би те охрабрила да и го кажеш на сестра ти експлицитно твоето мислење, онака присебно, па баш види што ќе ти каже, како ќе изреагира. Убаво запамти и ги зборовите што ќе ти ги каже.
Леле, мене сестра ми ми е слаба точка, прекрасен однос имаме. Јас стално викам дека сум среќна ако се среќна трите мои најмили суштества, и мислам на ќерката, сопругот и сестра ми. Заради тоа прекрасно чувство со сестра ми, посакувам и ќерка ми еден ден да си добие сестричка...Забегав, али ми ја сфаќаш поентата.
Со среќа Калина. И не ги затворај чувствата во себе. :cvet:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Oдносот со вашиот брат- сестра 10 Јун 2012 13:26 #202770

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
И јас имам сестра која е малку осетлива на парите или да речам поскржавка, ама тоа во некои граници на нормала. Уште е сама, работи и плаќа кирија, сметки, се разбира сака да се журка и оди на одмори и секогаш бара начин да се изгреби од моите и да добие некое поклонче од мене кога сум во странство :). Ако треба да даде таа нешто прави 1 000 000 пресметки од која картичка да извади, кога ќе и се вратат, дали може да си дозволи. Смешки е цела :tupco: . Ама ја третираме уште како детенце дома. Што за бебушот, тоа и за неа :kez:
НО, кога станува збор за внук и тоа е друга приказна. Од мерак му купува алишта, играчки, кашички и го чувала до сега многу пати. Дури и од работа излегувала за да ми се најде. Се случува некогаш да најави дека зела одмор и 3 дена доаѓа дома и таа ќе го чува и не го давала во градинка, а сабајле кога ќе и се појавиме во 8 пред врата да се премисли и да каже да го однесам (претходно во 6 се вратила од диско). Но и тоа е ако има опција да оди, а ако навистина мора нема никаков проблем, ќе стане и во 4 сабајле.
Затоа внук и па ја сака најмногу на Свет. Како само ја гушка ја бацува. На сабајле ако е со нас отвора очи и со трчање во нејзината соба, си легнува до неа и се мазат цела саат :srce:
Последна промена: 10 Јун 2012 14:58 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Oдносот со вашиот брат- сестра 11 Јун 2012 05:24 #202862

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Уф, мојата болна тема во последно време... Додуша не е за децата ништо поврзано, јас ги сакам децата нејзини како свои и едвај сум чекала да треба да ги чувам ко беа помали или па сега да излезам негде со нив да шетам... За пари да не зборам, не ми ни паднало на памет да барам, боже пази, па свои внуки чувам бре!

Ние имаме друг проблем во фамилија, а тоа е мажот нејзин. Ни ја растури фамилијата, и го испра мозокот, ја искара со моите а сега во петокот и јас се искарав со нив. Не сме се чуле од тогаш... А отсекогаш сме биле ние 3 сестри така поврзани меѓу себе, посебен однос имавме, а сега... ух, да почнам да пишам све, 3 дена ми требит да ви објаснам...

Со другата сестра имам прекрасен однос, иако е во Лондон па ми недостига многу често, и таа и внук ми.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Односот со вашата сестра-брат 02 Јул 2012 01:02 #206077

  • izabella
  • izabella's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Pink up your day!
  • Теми: 736
  • Thank you received: 196
  • Карма: 0
Brat mi e 10 god postar od mene.imame super odnos premnogu sme bliski,se seguvame,se "kvame" :) se sakame :srce: izleguvame zaedno itn. Abeee mnooogu si go sakam! :srce:


The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !
The administrator has disabled public write access.

Ре: Односот со вашата сестра-брат 02 Јул 2012 04:00 #206091

  • Хава
  • Хава's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 182
  • Thank you received: 103
  • Карма: 0
Јас и сестра ми сме 6 год разлика,ама како едно сме.За добро и лош ео прва ми е таа.Ја сакам неизмерно,таа е вистински добробит од човек,има големо срце.Таа е мојата сродна душа,без неа не можам да се замислам :3 Послем децата на списокот за најсакање ми е таа,пред мм ми :majsi:
M.2007
A.2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Односот со вашата сестра-брат 25 Дек 2014 16:29 #253282

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Otkako ke rodis svoi deca sepak nesto se menuva vo odnosot so sestrata. Konkretno nie dve sme seuste bliski i si imame svoi sestrinski tajni, postojat raboti koi edna na druga sekogas mozeme da si gi doverime bez strav deka toa ke bide podocna zloupotrebeno i otkrieno. postojat momenti koga sme se potkarale za nesto ama nikoj ne znael i ne traelo so denovi tuku se resavalo brzo.
sepak ne mozam da ne pocuvstvuvame deka koga se decata i semejstvoto vo prasanje toa ima prednost. i taka treba da bide oti semejstvoto koe sami go sozdavame e najvazno.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Најново на форумот

  • No posts to display.