Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Дали би простиле неверство?

Дали би простиле неверство? 11 Сеп 2010 18:58 #50650

  • Bogdana
  • Bogdana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе
  • Теми: 279
  • Thank you received: 48
  • Карма: 14
Бракот не е нешто што е засекогаш дадено, нешто што е неподложно на промени... напротив.

Како би изреагирале кога би дознале дека саканиот ве изневерил,и дали би простиле?Дали би простиле и преминале преку се` само заради децата или?
Последна промена: 31 Јан 2011 22:35 by Thatcher.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister

Ре: Дали би простиле неверство? 11 Сеп 2010 19:03 #50652

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2797
  • Thank you received: 647
  • Карма: 26
neznam bas dali bi prostila i preminala preku se samo zaradi decata

mozebi , eventualno , ako se ustanovi deka toa bil provod za edna vecer
a ako toa e nesto sto se krckalo od prethodno , ne
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 11 Сеп 2010 19:05 #50653

  • jasmina 25
  • jasmina 25's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 802
  • Thank you received: 64
  • Карма: 7
ne mozam da zamislam koga mm bi me izneveril i nikogas ne bi mu prostila no koga se vo prasanje deca mozebi bi ostanala so nego samo poradi niv no nema da bide kako porano megu dvajcata i kakov brak ke bide toa ne znam...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 11 Сеп 2010 19:13 #50658

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Порано да ме прашаше некој на оваа тема, би била категорична и би рекла дека никогаш нема да простам неверство.

Денес: прво ќе полудам, ќе вриштам, може ќе кршам....Многу ме повредуваат вакви работи...

Но сепак сме луѓе, во момент на слабост на секој може да му се случи тоа...и на тие што најтврдокорно тврдат дека нема да изневерат никогаш.

Ако го сакаш партнерот, и ако чувствуваш дека навистина се кае за тоа што го направил мислам дека треба да се прости, и да се даде втора шанса (иако после тоа може да помине дооолго време додека работите се вратат на свое место). Ако постои сеуште љубов, треба добро да се размисли дали во неповрат ќе фрлите се што сте граделе заедно во животот. Ова во случај да се работи за едно неверство.

Но ако неверството продолжува и натаму, треба да се раскине, а не да се остане во брак заради децата (тоа би било хорор и за брачниот пар и за децата).


Ако нешто се случи еднаш, не значи дека ќе се повтори уште еднаш, но ако се случи и втор пат, сигурно ќе има и трет пат.


П.С. Немам искуство со брачно неверство...ова е само мое размислување, се надевам нема да бидам во ситуација кога ќе треба да донесам одлука да се остане или не. Кај мене е проблемот што можеби ќе простам, ама нема да заборавам.

Едит: Bogdana, бидејќи ти ја почна темата, убаво е да слушнеме и твое мислење:)




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 11 Сеп 2010 19:16 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 11 Сеп 2010 19:23 #50663

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2797
  • Thank you received: 647
  • Карма: 26
Кај мене е проблемот што можеби ќе простам, ама нема да заборавам.

lele Anabelke i mojot hard disk na ovoj princip raboti , sto ednas ke zapise vise jok brisenje ;)
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 11 Сеп 2010 19:45 #50668

  • Bogdana
  • Bogdana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе
  • Теми: 279
  • Thank you received: 48
  • Карма: 14
Annabel wrote:

Едит: Bogdana, бидејќи ти ја почна темата, убаво е да слушнеме и твое мислење:)
јас секогаш си велам ,никогаш не вели никогаш,но знаејки се самата себе си,мислам дека нема да можам да поминам преку неверство,нуту пак да простам.мислам и да би останала со тој човек понатму само заради детето ,би било мачење и за двајцата,а најмногу за детето.
ке се сруши довербата,ке се чувствувам предадена,понижена,секаква само не своја..па тогаш зашто ?!
знаеш како велат..скршената вазна,кога ке се залепи не е иста!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 11 Сеп 2010 19:49 #50669

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Сум слушнала дека неверството може повеќе да ги зближи брачните парови.:unsure:




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 11 Сеп 2010 19:52 #50670

  • Bogdana
  • Bogdana's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Милувам прашинка да си, тих повеј да ми те донесе
  • Теми: 279
  • Thank you received: 48
  • Карма: 14
Annabel wrote:
Сум слушнала дека неверството може повеќе да ги зближи брачните парови.:unsure:
можеби:unsure: ..само не би сакала да сознаам:)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 11 Сеп 2010 22:10 #50705

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
  • Карма: 5
dokolku samiot mi priznae deka me izneveril i deka dlaboko se kae za toa i deka navistina toa ne mu znacelo nisto togas ke razmislam za prostuvanje, pred se radi mene a ne radi deteto,no ako doznaam od drugi togas definitivno ne zosto osven neverstvo mrazam poveke lagi i krienje na raboti,vo sekoj slucaj ako se razmisliva za prostuvanje na neverstvo treba da bide samo radi partnerot a nikako poradi decata,dzabe ako opstoi brak radi dete koga toa dete ke raste slusajki i gledajki kako negovite roditeli se karaat,podobro da se razdeleni otkolku dete da raste vo takvo semejstvo
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 11 Сеп 2010 22:15 #50708

  • Simona`s mom
  • Simona`s mom's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 184
  • Thank you received: 73
  • Карма: 3
Моето размислување е најблиску до она на Анабел,горе долу тоа и јас го мислам..
Меѓутоа една боцка-а како сте или сме сигурни дека ке дознаеме за неверството ,освен ако он не признае,или не ги фатите..Ех колку неверства се изведуваат во дискреција или пак обратно,многу муабети непотребно се вадат за луге што многу контактираат со спротивниот пол а во суштина се верни на партнерот..
Тоа е комплексна работа која сигурно боли и верувам дека и оние што изневеруваат не би сакале и самите да бидат повредени на тој начин,оти е удар за егото..а ако веќе нема љубов,и простување и непростување,се е узалуд..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 11 Сеп 2010 22:37 #50717

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Kога веќе ќе почне да се вмешува трета особа во бракот - тука нешто не штима и време е да се седне и сериозно поразговара.

не знам дали би простила и како би било потоа во таков брак. јазот кој ќе се создаде со неверството и она кое следи потоа, секако не може туку така да се залечи.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 12 Сеп 2010 02:41 #50844

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Мојот став е „ако имало еднаш, сигурно ќе има уште еднап„. Не сакам да се најдам во ваква ситуација, ама мислам дека нема да можам да преминам преку тоа, па ниту ради децата. Не само што нема да заборавам, туку нема да можам да му дозволам да ми се приближи.
Туку што правите со менталното неверство?! Дали одобрувате вашите партнери да загледуваат други девојки, жени. Сум правела муабет на оваа тема со другарките, и кај сите ставот е „кое машко не гледа„, ама мене и ова ми е своевидно неверство, и многу ми смета.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 12 Сеп 2010 02:46 #50848

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Па се случува да загледа убава и атрактивна девојка, ама не сметам дека тоа е неверство. Се вртам и јас по убави девојки и момци. Не чувствувам дека сум го изневерила мм ако сум се загледала во убав дечко. Исто како што се вртам по убава кола, куќа и слично, што не значи дека сакам да е мое.:)

Све што је лепо и Богу је драго:fijuk:




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 12 Сеп 2010 02:48 #50850

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Хм ... Искрено незнам...Можам да велам како сите Неее, нема шанси, ама секогаш си велам: A што ако јас изневерам,дали ќе сакам да ми биде простено?!
Се се случува,колку и да се удираме во гради дека тоа нас неможе да ни се случи, или пак ние да изневериме, МОЖЕ да се случи.
Ако било непланирано, инстинктивно можеби би простила, ама ако е нешто повеќе од One night, значи дека нема веќе зошто да се простува. Нашата љубов е завршена, од моментот кога започнал врска со друга;)
Вазната која еднаш е скршена па залепена, никогаш повеќе неможе да биде иста.
Секогаш ќе постои сомнеж. љубомора. кавга итн...
Се надевам нема да дојде до некој таков момент:laugh:
А за тоа загледување по други девојки,па искрено не ми пречи.И јас знам да се завртам по некој убав тип па и да искоментирам:)
Само нека остане на гледање :zelen:
Последна промена: 12 Сеп 2010 02:51 by Molly.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 13 Сеп 2010 16:50 #51288

  • Barbie
  • Barbie's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 25
  • Карма: 0
Не би простила неверство. Ако партнерот ме изневери, тоа значи дека веќе не чувствува љубов спрема мене.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 13 Сеп 2010 17:08 #51295

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Sanja wrote:
Туку што правите со менталното неверство?! Дали одобрувате вашите партнери да загледуваат други девојки, жени. Сум правела муабет на оваа тема со другарките, и кај сите ставот е „кое машко не гледа„, ама мене и ова ми е своевидно неверство, и многу ми смета.

Во право се. А кој не гледа.
или што рече анабел - што је лепо и богу је драго :zelen:
е сега ако тоа е пропратено со некои невкусни коментари и сл. не би ми било пријатно во таков момент. а дека ќе го сметам како неверство не.
и мене некогаш ми се случува на зезање да му речам - еј види ја онаа ама е згодна женска и сл...па не значи дека го терам да ме изневери...
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 13 Сеп 2010 17:08 #51296

  • sonjicka
  • sonjicka's Avatar
Никогаш нема да простам. Не ни очекувам да ми простат. Единствено што повеќе би ми пречело од тоа да бидам изневерена е немањето доблест да се признае грешката.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 13 Сеп 2010 18:44 #51354

  • natasa imenjacka
  • natasa imenjacka's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 21
  • Thank you received: 1
  • Карма: 5
ako se sluci neverstvo toa e nesto poveke, toa e znak deka so brakot i megusebnite odnosi pomegu bracnite drugari nes ne e vo red.Ne mislam deka ne bi prostila, toa e pocetok na krajot na nesto sto moze odma za zavrsi ili podolgo da boli.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 18 Сеп 2010 02:47 #52930

  • Vesna Blazevska
  • Vesna Blazevska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 174
  • Thank you received: 156
  • Карма: 84
Mozebi ke go "prostam" neverstvoto, no nema da go zaboravam i po 1god bi se razvela zatoa sto mus mi "ne gi izmil sadovite"...ednostavno sum teska koga stanuva zbor za narusena doverba...samiot cin na neverstvo kazuva deka nesto ne e na svoe mesto - ljubovta i pocituvanjeto, a brak bez pocit,ljubov i doverba ne e vekje brak, toa e samo improvizacija nekakva...
You may kill my deamons, but my angels will die too.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали би простиле неверство? 19 Сеп 2010 02:15 #53121

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4992
  • Thank you received: 5194
  • Карма: 115
И јас можеби моментално би простила, но животот понатаму би бил пекол и сигурно за многу кратко време ќе се разведам. Едноставно тоа ќе биде појако од мене, се знам себе
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
Последна промена: 19 Сеп 2010 02:15 by Mama Ane.
The administrator has disabled public write access.

Брачни неверства 15 Окт 2010 15:20 #61652

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
8 причини поради кои вашиот партнер ќе ве изневери

Дали сте способни да го спречите тоа?

Листата се базира врз основа на искуствата на експертот за врски од Индија, д-р Камал Кхарана. Врз основа на разговорите со своите пациенти и пациентки, направил листа од 8 главни причини за машко неверство.

1. Проблеми во бракот Редовни караници со жената создаваат перманентна состојба на незадоволство и ги прави мажите несреќни.

Во ваков случај, мажот може да се бори или да бега. Неверството е единствен начин за бегство од проблемите во бракот - објаснува д-р Кхарана.

2. Од досада Едноличноста во брачниот живот ја уништува врската. Тогаш искри и возбуда мажите бараат на други места, наместо да пробаат да го направат тоа што веќе го имаат.

Неверството е многу полесно решение. Тоа е како јадење во ресторан во споредба со готвење дома.

3. Желба за нови сексуални искуства Неверството е шанса за искусување на нешто, на кое жената никогаш не би се согласила (или барем така изгледа). Како и желбата на мажите за секс со повеќе од една жена во целиот живот.

Според експертите тоа им дава чувство на поголема машкост.

4. Нема веќе љубов во врската Мажите исто така имаат потреба од чувства, а емотивната пустина која понекогаш им ја нудат жените може да води кон неверство.

Кога мажите гледаат дека жената повеќе љубов и внимание им обрнува на децата или нејзините роднини, тогаш оди кај љубовницата која се фокусира само на него.

Оттука се и неверствата на работа со луѓето на пониските позиции, кои несвесно му се умилкуваат на шефот.

5. Така им кажува искуството Не секогаш од родителите ги учиме само добрите работи. Понекогаш гледајќи ги како изневеруваат, возрасниот маж може потсвесно да се однесува на сличен начин.

6. Одмазда Неверство поради одмазда е честа појава. Ако девојката има афера, нејзиниот партнер се чувствува овластен исто така да има афера.

7. Неверство како причина за развод Свесна афера со други жени со цел да се разведат. Ова не е честа појава, но постои.

8. Да се чувствува потребен Однесувањето на жената, го прави мажот да се чувствува непотребен. Тогаш може да побара друга на која ќе и биде потребен

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 15 Окт 2010 15:22 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Брачни неверства 15 Окт 2010 15:31 #61661

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Јас искрено се ежам од оваа помисла. Целосно сум му предадена на мм и имам целосна доверба. Доколку ми се случи вакво нешто, не знам дали ќе преживеам. Но верувам дека Бог на луѓето им дава сила во тие моменти да се приберат и да се изборат со болката, ако не за себе, барем за децата.

Сигурно е тешко со таа личност да продолжиш да чекориш заедно во животот. Но, дали доколку неверството се случи САМО еднаш треба да се прости и да се продолжи понатаму? Дали би биле сигурни дека партнерот навистина само еднаш ве изневерил? Дали ако се прости, може и да се заборави, дали во секоја караница ќе се потенцира тоа неверство? Дали треба да се остане во брак само заради децата?




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 15 Окт 2010 15:32 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Брачни неверства 15 Окт 2010 15:36 #61667

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5144
  • Thank you received: 2409
  • Карма: 111
Jas so nekolku tocki ne se slozuvam, ama skraja da e.
Inaku ne prostuvam neverstvo, barem taka kazuvam, ne daj boze da sum vo takva situacija moze i drugacie bi se isponasala.
Jas sum rekla i pak ke kazam: sto i da se sluci podaleku od moite usi i oci inaku gotovo e KRAJ.
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Брачни неверства 15 Окт 2010 16:00 #61680

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
Брачна двојка:
Тој мами.
Таа молчи.
Тој мами.
Таа трпи.
Тој мами.
Таа простува.
Тој ја лаже.
Таа му верува.
Таа го фаќа.
Тој не признава.
Тој заработува.
Таа троши.
Тој нејќе развод.
Таа нејќе развод.
Љубовник и љубовница:
Тој оженет, таа слободна.
Тој е мангуп, таа растурачка на бракови.
Тој $ доцни.
Таа го чека.
Тој ја лаже.
Таа му верува.
Тој нејќе брак.
Таа чека брак.
Добре дојдовте во Македонија!
Добре дојдовте на Балканот!
Добре дојдовте на планетата Земја!
Рај за мажите, пекол за жените!
Пазар каде што сè си има цена.
Љубовта, страста, разводот, мамењето, трпението, простувањето, верноста...
Ама како вели поговорката: Сè се враќа, сè се плаќа!
Интригите ги гледаме само во ТВ-сапуниците!

Оваа е-адреса е заштитена од спамботови. Треба да ви е овозможено JavaScript за да ја видите.
The administrator has disabled public write access.

Брачни неверства 15 Окт 2010 16:12 #61691

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
  • Карма: 102
Значи според тој експертот за врски, произлегува дека од секоја можна животна ситуација може да произлезе тоа и секој на секого треба постојано да гледа како Неверни Тома. За жал баш таквото однесување може да придонесе до неверство, ако партнерите си немаат меѓусебна доверба.

Мене неверството многу би ме погодило и мислам дека не би простила, е сега во одредени животни ситуации не знаеме како би изреагирале се додека не се случат (скраја да е за секој). Секако неверството придонесува за уште полош брак.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.