Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 16 Сеп 2014 10:26 #252448

  • Maja
  • Maja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 630
  • Thank you received: 136
  • Карма: 6
Независна, те читам сега и имам чувство како да сум го пишувала јас ова пред 10тина години. Истата ситуација. Ми сметаше тоа чувство на вина и зависност кое ме прогонуваше во секој момент. Јас не издржав многу. Го решив тоа со време додека бевме сами. Дигнав раце од се и продолжив по мој пат. Како што јас сакам. На крај за среќа мојот избор излезе правилен :sonce: :srekno:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 16 Сеп 2014 13:23 #252449

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Brakot e kompromis i del od zivotot koga ne si veke sam-a pa moras da naogas nacin da balansiras. Se e Ok da se ima drustvo, prijateli, da se pominuvaat sredbi i druzbi samo so niv bez partnerot, no ne moze toa da bide prioritet, oti ne sme sami. A ti gledam i samata si svesna deka go zapostavuvas.

Veruvam sekomu, pa i tebe,, bi ti precelo ako sekogas si na vtoro mesto vo zivotot na soprugot. Mozebi sega gledajki go svojot zivot i ona koe go sakas ke kazes - Ne, nema da mi preci, no veruvaj ako se smenat rabotite ke ti preci.
Zamisli samo utreden koga ke imate dete, ti doma so nego posvetena na bebeto, a soprugot da pocne da se odnesuva kako tebe - so drugari po kafinja, na rabota zafaten i tn... ke se pocustvuvas zapostaveno i napusteno.

Od licno iskustvo bi ti kazala deka najdobro funkcionira koga ke se dogovoris so partnerot za vreme koe ke go imate samo za vas dvajca , vreme koe ke go imate sekoj za sebe da uziva vo svoi aktivnosti, i vreme koga sekoj od vas ke pominuva so svoite prijateli - izleguvanja na kafinja i druzbi.
sekako vremeto posveteno na vas dvajca i brakot treba da bide primarno i da mu e posveten pogolem del.

So razgovor i dogovor ke mu kazes deka ti e potrebno toa i veruvam ke sfati koga ke vidi deka namesto da e zapostaven soprug toj e vo tvojot zivot onamu kade mu e mestoto. :)
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: anusska, macika, Независна

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 16 Сеп 2014 13:57 #252450

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Независна, не знам како се чувствуваш ти, ама нели и тебе ти фали време со мажот ти? Мене барем секогаш тој и децата ми се приоритет, а после се останато. И јас имам потреба од сето тоа што го набројуваш и сметам дека го жртвувам дел од мојата слобода за да бидам со него. Мене бракот ми влијаеше и на професионален план и на разделба со пријатели и родители, ама тоа е, најважно ни е да сме двајцата заедно. Во последно време од задолжителни секојдневни обврски не можеме да си поразговараме и толку многу ми фали време со него, што еве сабајле во 5 станав да разговараме пред да оди на работа и тоа ми ги наполни батериите да го издржам напорниов ден.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: anusska, Независна

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 16 Сеп 2014 22:59 #252451

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
Jas Nezavisna ne te razbiram bas. Site nie preku den imame nekakvi aktivnosti i druzenja. No tie ne mora da zavrsat so neznam kakvi intenzivni kontakti. Pa taman rabota sekoe novo poznanstvo da mi odzema nekoj saat dnevno. Pa duri ni na FB ne mi se site dodadeni, a i da mi se - sto ima vrska, ne chatam pa da mi odzemaat vreme. Ednostavno zaprasaj se zosto go zanemaruvas maz ti? Zosto del od tie druzbi i aktivnosti ne vi se zaednicki? Site nie sme si posebni edniki, ama koga nekoj ti znaci i go sakas - sakas da e sto e mozno poveke so tebe. Posebno na pocetok na brak, koga ste bez deca. Ne te osuduvam, no preispitaj se. Dali taka begas od problemite, dali ti e podobro bez nego, ili nesto treto e problemot. Nikoj ne moze da ti pomogne, samo ti sama. Znam deka nekade vo tebe si go znaes odgovorot, ama go potisnuvas toa.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Cinnamon, anusska, Независна, Glasna*

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 22 Сеп 2014 02:50 #252524

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Драги пријателки,

Ги прочитав вашите размислувања и совети, но не можев веднаш да ви одговорам. Кога ја прегледував темата, се врати мажот ми и се одјавив. Еве, денес, решив да пишам...

Кога сакав да отворам нова тема за овој проблем, подолго размислував какво име да и` ставам за да одговара целосно, но излезе дека не сум го погодила прецизно како што јас сакав. Тоа го сфатив по вашите коментари.

Можеби требаше да биде само: Љубоморен сопруг (без ништо друго додадено). Како и да е...

Не е вистина дека јас секој ден го минувам со колешки и пријателки, во живо (во друштво) или виртуелно (на Интернет, фб, телефон). Со зголемувањето на активностите и обврските, се зголемија и познанствата и пријателите, како и кај секој човек. Ете, можеби кај мене е таков период, кога тоа малку повеќе дојде до израз или за кратко време се случи тоа.

Можеби и новите пријателства не се клучниот фактор што немам многу време за сопругот. Мислам дека повеќе влијаат обврските коишто нагло се зголемија (студии на 2 факултети, интернет-работа, друга работа, пишување текстови, домашни обврски, свадба,...). За разлика од мене, тој само оди на работа, дома игра на компјутер, спие и си потшетнува. Не дека не сакам да поминувам време со сопругот или да му посветам внимание, баш напротив. Сакам да бидам успешна во се`, да помогнам секому, да направам се` навреме, но, сама, растргната на сите страни, не се снаоѓам баш најдобро... Кога би помагал барем малку повеќе дома и не би чекал се` да му биде поставено и дадено в рака, сигурно би имала повеќе време да поминам со него. Ете, тука лежи зајакот, што би рекле. Тука е проблемот. Нему му пречат моите амбиции и зголемувањето на пријателите. Ја имаше одговорноста дека само тој работи и заработува (јас една година не работев), имавме финансиски проблеми и постојано ми префрлаше. Според него, јас сум била недорасната, дете, не ме интересирало како ќе се живее, сум чекала само од родителите, не сум сакала да работам, не сум работела, не сум заработувала... Не беше воопшто така, но тој упорно тоа ми го нафрлаше, често и нервозно, заканувачки. Јас редовно и активно барав работа (секако, не прифаќав се`) и за мене, а и за него. Следев огласи, го информирав, го пријавував. Барав начин и јас да работам нешто, но да не биде тоа нешто што ќе ме депримира, ќе ме унишува и ќе ми ги поремети плановите и прекине поставените цели. Наоѓав хонорарна работа и работев. Од пред една недела, се вработив и ја работам професијата што ја сакам... Го нервира тоа што ми се јавуваат, што понекогаш е зафатено кога ме бара на телефон... Еднаш се случи навечер да е зафатен мојот телефон. Ѕвонел долго, но не можел да ме добие. Дојде дома и бараше да кажам со кој зборував. Беше нервозен и агресивен. Јас зборував со една поранешна сосетка, повозрасна блиска пријателка. Кога видов дека влегува дома, ги избришав сите повици, зашто знаев дека ќе се сомнева. (Пријателката и` е сосетка и пријателка на свекрва ми. Понекогаш и` се доверувам, кога ми е тешко и имам некој проблем. Ја чувствувам како мајка, тетка. Преку денот имав работа, па затоа и` се јавив подоцна. Претходно разговаравме, но нешто не` прекина и чувствував должност да и` се јавам.)

Што се однесува за средбите со пријателките... Не се среќавам секогаш и со сите другарки/пријателки. Со новите обврски, запознав нови пријателки/колешки и почесто сум со нив, отколку со поранешните. Се дружам, бидејќи сега така налагаат околностите и морам да контактирам со нив. Значи, средбите не се пречести и предолги.

Да резимирам: И кога бев послободна (без сегашната работа) и сега, кога сум презафатена, мажот ми не знаеше и не знае да фати нешто низ дома (барем чаша вода да си земе сам). Ова премногу ми пречи. Кога не работев и кога ќе му речев дека може нешто сам да си земе, коментарот му беше: "А ти што ќе правиш?" Како јас да морав да сум само домаќинка и келнерка со полно работно време. И сега не е ништо поразлично. Како да имам време за него кога тој не сака да мрдне со прст, да помогне, па 1 час да имаме слободно време двајцата? Мислам дека сега презицно се искажав. Се извинувам за задоцнетиот одговор.
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 22 Сеп 2014 03:00 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 22 Сеп 2014 10:54 #252528

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
Ne znam togas zosto e naslovot "Ljubomoren maz" :)
Ovoj problem e ponezgoden od prethodno opisaniot. Mnogu mazi smetaat deka samo zenata treba doma da raboti, no tvojot saka da rabotis i doma i da zarabotuvas :) Vo red e da prezemes poveke obvrski po doma od nego, ako si poslobodna. No i obratno, toj koga ke e posloboden toj da zeme nekoi obvrski vrz sebe.
No ova negovo ponasanje ne e novo, veruvam. Trebalo da go primetis navreme. Mnogu cesto e pottiknato od roditelite na maskite deca. Poleka bez nervozi treba da se dogovorite deka ne sme vo 16 vek i deka ne e tvoja obvrska da mu davas voda (ova normalno koga e redovna pojava). Vo zivotot se slucuvaat mnogu problemi, nervozi - ako toj ne stoi zad tebe, tesko ke ti bide. Baraj si poddrska i ramnopravnost :)

I uste eden sovet - ne se krij. Toa (barem mene) strasno nervira i pottiknuva somnez. No i razmisli kakov vi e odnosot stom toj ima potreba da te proveri so koj si zborela??? kolku vreme si zborela??? Jas bi izlegla od koza nekoj da mi cacka po logot na telefonot. Nikogas ne go brisam, no bi nastanala revolucija ako nekoj mi pravi takvi proverki.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 23 Сеп 2014 02:06 #252530

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Да, ваквите навики не се нови. Ги знаев, но мислев дека кога ќе живееме сами, полека, полека, ќе се искоренуваат. За жал не се случи тоа. Волкот влакното го менува, но карактерот не. Тешко дека ќе се промени, макар и малку, возрасен маж, тврдоглав, своеглав. Зборував со убаво, човечки, повторував, но залудно. Ќе ветеше, но не го правеше тоа. Требаше да применам казнени мерки, камшик и секојдневна доза-удри, мавај, додека ветувањето не се претвори во дело. :dry:

Да, зборував подолго таа вечер (30-40 минути), но бесплатни минути имав и не се притеснував. Знаев дека не ме чини ништо разговорот. Беше околу 22-22:30 часот. Целиот ден бев зафатена-на работа (прв ден), па дома варосувавме, гости,... Едноставно, така се случи. Така требало. Не ни помислив дека ќе има некој проблем. Само сакав да ја споделам радоста со жената за вработувањето. Ми се нашла во најтешки моменти... Јас така никогаш не реагирам. Потрпелива сум. Толерирам и поднесувам се`, се додека не ми помине преку црвената линија. Имало и други слични реакции, па затоа не сум кажувала за секоја средба (и случајна) и за секој телефонски повик, не од друга причина. Но, детективите не запираат во потрагата, па така и мојов. Можеби на почеток некому тоа му е интересно, но потоа станува напорно, стресно, загушливо, очајно.

Тоа е. Што и да е, ќе помине. Нели, ние сме "понежниот пол"..., или обратно беше? Можеме и овозможено ни е се` да поднесеме. :music:
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 23 Сеп 2014 02:14 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 23 Сеп 2014 08:28 #252534

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Nezavisna, te citam i kako sebesi da se slusam pred nekolku godini. MM za razlika od TM mene izricito mi zabrani da se druzam so odredeni lugje vo mojot zivot. I taka jas od devojka so sirok krug na prijateli se pretvoriv vo zena so dve tri drugarki i cel kup negovi prijateli (ne velam deka im fali nesto na negovite prijateli, naprotiv, mnogu si gi sakam ama...se nadevam znaes sto sakam da kazam)
Sum pisala i drugpat, nemam FB ni Skype nitu pak bilo koja socijalna mreza ja posetuam osven forumov, tokmu poradi faktot sto on smeta deka toa se gluposti i gubenje vreme.
Za ne mrdanje nisto po doma, mm ne znae ni leb da kupi, samiot veli, da mozev da mocam mesto nego i za toa kje me stanuvase :uaa: ama toa e samo na majka mu krivica, bidejki e rasten kako princ i nisto potesko od moliv ne mu davale doma da krene. Nie sme vo zaednica i jas ne ni mozam da go prevospituvam, jas se sto pravam sveki po mene rasipuva.
Megjutoa, pominaa 8 godini kako sto sme vencani, veruvaj mi deka ni MT nema da ostane istiot kako sega (sepak ste vie uste taze :) ), i poleka rabotite se smenija, jas izleguvam kade sakam i so kogo sakam i nema nikakov problem, rabotam, ucam, se druzam, pocnuvam da stvaram novi poznanstva i primetuvam deka ne mu preci toa, nema reakcii kako pred 5 godini da receme. Za socijalnite mrezi ama ic ne mi e gajle, i taka mislam deka se gubenje vreme pa...ne smetam deka mnogu sum izgubila so toa.
Sakam da ti kazam deka moras da imas trpenie, ubavo si rece nie sme "ponezniot pol" ne postoi nesto sto ne mozeme da go postigneme ako se namerime na toa, dali za godina dali za pet nase kje bide.
MM se izrazi vaka, sakam koga ne sum do tebe da ti bide dosadno, da ti nedostasuvam. Mi terbase vreme da go nateram da sfati deka toa e taka bez obzir na drugite lugje okolu mene, jas samo so nego sum cela. Mozebi toa e problemot i kaj TM. A za legacenjeto po doma i ocekuvanjata koi gi ima od tebe, veruvaj mi kje si dojde se na svoe mesto, ako ste sami poleka poleka kje se nauci da raboti po doma, osobeno, zdravje, koga kje vi dojde detence.
Ti posakuvam samo da imas sila i trpenie, i nikako ama nikako nemoj da kries raboti od nego, toa samo predizvikuva pogolem somnez, a na tel prikluci si vtora linija i nema da imas problem, sekogas kje si dostapna ;) Ogromen :kiss: od mene
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 26 Сеп 2014 22:36 #252572

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Малку глумење измореност и зафатеност, давање по некоја обврска, малку повеќе упорност, неприкриени работи, "создавање" време за сопругот секој ден по малку, откажување на определено време на оние помалку важни активности (одложување на средбите со пријателите), подобра организација..., ќе си се наместат коцките. Кога-тогаш, ќе си "легне" на брашното и ќе си презема обврски. Се врти тркалото. Некогаш и сопругот ќе биде лицето кое е издржувано или послабо финансиски, па ќе се сети на сопствените реакции и коментари упатени на другиот.
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 26 Сеп 2014 22:38 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 27 Сеп 2014 12:15 #252575

  • bubale23
  • bubale23's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Vnimavaj sto posakuvas, moze da ti se ispolni! *
  • Теми: 225
  • Thank you received: 60
  • Карма: 2
Period vo zivotnite fazi, ete vie ste taze vo brak kolku sto sfativ, pa maz ko maz pretezno majkini galenicinja sakaat em se na gotovo, em vo slucajov, par po moe glediste, toj saka da e onoj koj e glavata doma i finansiski go snabduva domot, pa sega ti imas nova rabota, naednas si ete na nekoj nacin nezavisna, ti zarabotuvas, ispolnet tice denot, zivotot voopsto, mozebi imas poubava rabota od nego, moze pogolema plata, sepak toa vlijae kaj mazot.. Kako i sekoj drug zivoten presvrt, na pocetokot ima nekoja drasticna promena koja se zabelezuva , kako kaj vas sto e tvoeto ispolneto vreme i otsustvo od doma i ete naednas se slucilo i strci, pa kako kje minuva vremeto kje si vleze vo navika. Nakratko kaj mene pred 5 i kusur godini, jas bev taa koja rabotese, ziveevme zaedno i vo toj period mojot prvo decko, pa verenik i posle maz (istiot covek hehe) bese nevraboten, pa si imase nekkj svoj zivot koj si go ziveese koga jas bev zafatena, no kompromisno naogjavme vreme za nas. Pa dojde edno dete, pa po edna godina trudna i za drugo, i mojot zivot se smena mnogu. "zaglaviv" dve i kusur godini na boleduvanja, pa na kraj ostanav doma so dve malisancinja, a mm e toj koj raboti. Se smena se, dvajcata sme umorni sekoj so svojata obvrska, pa imame dogovor ednas nedelno da izlezime nasamo. Primer mozes da organiziras iznenadnuvanje rucek, vecera za maz ti, vikend prosetka nasamo so nego, da sednes ida razgovarate otvoreno i da se dogovorite deka primer vo nedela kje izleguvate ednas na jadenje, pa na pijacka, pa na soping.. Kolku i da si umorna pocesto prezemaj inicijativa za intimnost so nego, makar i kratko no da bide tvoja inicijativa.. A sto se odnesuva do tvoeto brisenje povici, mnogu somnitelno, mislam zosto bi go pravela toa?
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 29 Сеп 2014 00:36 #252582

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Бубале, не бришам секогаш повици. Во случајот што е наведен, постапив така, зашто не сакав да знае свекрва ми дека и` се доверувам на пријателката (нејзината сосетка). Ништо страшно. Сакав да избегнам непотребно објаснување, ништо друго. Иницијатива за релаксирачки час во денот ќе преземам штом малку се растеретам од обврските. Се знае како треба и што е убаво, но нели не оди се` секогаш онака како што сакаме и не е се` подмачкано. И преголемиот број обврски претставуваат товар на човекот, но и празниот ден/живот не е нешто на што треба да се гордееме. Трпението и разбирањето се најважни за слога меѓу двајцата партнери.
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 29 Сеп 2014 00:37 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 29 Сеп 2014 10:38 #252586

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
Nezavisna, kako svekrva ti ke doznae so koj si zborela? Taa ti proveruva telefon?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 29 Сеп 2014 16:53 #252591

  • forumce
  • forumce's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 291
  • Thank you received: 94
  • Карма: 0
Mislam deka Nezavisna znae sto e sustinata na problemot,ama ne saka da si priznae.Koga ke si priznaat i dvajcata otvoreno bez zavitkani zborovi,koga ke sfatat deka se tim,a ne protivnici,togas ke trgne na podobro.Od kade poteknuva problemot,frustraciite,za toa treba da razgovarate,toa treba da go resite,a ne posledicite.Posle se' e polesno. :hi5:
Последна промена: 29 Сеп 2014 16:55 by forumce.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 30 Сеп 2014 02:15 #252600

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Thatcher wrote:
Nezavisna, kako svekrva ti ke doznae so koj si zborela? Taa ti proveruva telefon?

Не ми проверува, но може да дознае од синчето (мажот ми). Нели, затоа го избришав повикот... Мислев дека тоа е сфатливо од објаснувањето погоре.

Форумче, си признав јас убаво. Кажано е. Немам што да додадам. Мажот ми го следи секој мој чекор. Ми ги брои пријателите на фб, гледа кога сум на Интернет... Ете, знаеше дека и ме советувале некаде-сигурно за тука мислел, не ми кажа :D ... Мене не ми е гајле повеќе за тоа. Ако му пречи тоа - негов проблем е, а не мој. Ако кај него да се зголемуваат пријателите виртуелно и во живо, ако се занимава со научна работа и ако се труди колку може да биде поактивен и повеќе да заработува, мене ќе ми биде мило и ќе бидам горда на неговите амбиции и цели. Во никој случај, нема да го сметам тоа за негативно и лошо.

Ок, оваа тема не мора да биде само за мене наменета. Јас истакнав еден проблем, кој верувам дека се јавува и кај некоја друга девојка/жена. Може секоја да се произнесе за себе и за својот случај. Поздрав до сите :foryou:
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 30 Сеп 2014 02:17 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 30 Сеп 2014 10:53 #252601

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
Nezavisna nema sto da ti e neprijatno sto si napisala. Nisto strasno ne se slucuva. Zivot e toa, site se borime.
Eve ako sakas da cues i drugi prikazni, jas ke se pozalam deka se' sto ke napravi mm vika - ti pomognav, ti izmiv sadovi :D, ti napraiv nesto ... jas odma krevam pritisok: mene li mi izmi? Fala, sega jas ke si gi valkam. Ama toa e, mamicka sakala sinceto da ne faka nisto po doma i sinoka jas vo 7.30 se vrativ doma - kerkata si sedi pred TV i ne pisuva domasna. Posle pisuvavme so mene do 10. Sto da pravam, da ne e za deteto nema sansa da fatam i jas posle 12h na rabota. Ama toa e.

Znaci sekade ima nekakvi trzavici, problem e ako okolu toa se pravat drami, zabrani, nezgodni momenti. Jas ne prifakam da me tretira kako sluginka i cistacka, a pritoa da sum poveke angazirana nadvor od doma od nego. Ima raspravii, ama ne prifakam i kraj. Ako sum jas nadvor po nekoja rabota, toj fino lepo ke si zasuka rakavi. Ne deka taka pravi 100%, ama toa e moj stav :D
The administrator has disabled public write access.

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 30 Сеп 2014 10:58 #252602

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
Независна нема да ти биде воопшто лесно ако мажот ти продолжи да се однесува така, а ти гледам дека си амбициозна и сакаш да постигнеш многу. Таа е психичка тортура, по мене, која јас искрено не би можела да ја поднесам, тој е или несигурен во тебе или во себе, трето нема за такво однесување.
Јас за среќа го немам тој проблем. Мојата работа е таква што морам да одам на службени патувања, во и надвор од државава, па и да се задржувам таму и по повеќе дена, службени вечери и такви чуда и никогаш не сум имала проблем со мм, тм мислам дека во таква ситуација или би излудел или тебе би те излудел.
На почетокот од врската имав доста другари, а мм не ги сакаше, мене ми беше чудно, тие ми беа само другари, ама кога се ставив во негова кожа сфатив кој беше проблемот, сите мои другари беа другари на мои бивши, и да бевме во обратна ситуација и мене ќе ми пречеше, го сфатив тоа и полека со време се оддалечив. Со сите сеуште разговарам, сме седеле и на маса со мм заедно, ама не сме толку блиски, сега веќе и сите сме со фамилии и не не ни проблем повеќе.
Кога јас почнав на работа со мм имав сериозен разговор, му кажав дека сум амбициозна и дека не смеам да има од него проблеми и љубоморни испади (мм имаше круг на другари кои се од мангупите и нивните женски седеа дома а тие шетаа). Тогаш веќе бевме 2 години во врска и му кажав дека без разлика со кој работам тој ме познава мене и ако ми верува мене тогаш нема потреба од љубомора, дали сум во соба полна мажи или жени сеедно ми е, јас се познавам која сум, каква сум и што би направила. А ако не ми верува тогаш е се за џабе и совреме да си бараме нова среќа, затоа што јас својата амбиција нема да можам да ја угушам, тогаш јас не би била јас, и не би била среќна,и така се си беше во ред и немам никаков проблем ни љубоморни сцени ни испади. Мм фејсбук, а јас на комп дома сум логирана цело време, и ниту еднаш нема отворено да провери што и како правам, сигурна сум.
Можеби и ти ако вече немаш направено ваков разговор треба да седнеш и да му кажев што мислиш и сакаш, и дека ако те сака и верува не треба да имате проблеми.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 30 Сеп 2014 15:57 #252607

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
Независна, во секој твој нареден пост наоѓам по некој проблем плус.
Во секој брак има расправии и префрлања, тоа да не те секира.
Она што јас мислам дека треба да го направиш е да си ги подредиш приоритетите. Не може со секого, секаде, секој ден. Не може сите да ти бидат пријатели.
Без разлика на твоите амбиции и ангажираност, мора да најдете заедничко време со сопругот. 2 саати во денот тој нема да игра игрица, а ти нема да дремеш на фејсбук или на РиД, туку тоа време ќе си го поминете заедно. Имате ли заеднички пријатели, парови?

Мене не ми е јасен моментов со доверувањето на пријателката, ама секој различно. Јас на мајка ми не и ги кажувам сите ситуации по дома, а камо ли на некој друг. Мене мм знае од кожа да ме извади, сме се прилагодувале и уште се прилагодуваме и се учиме како да делиме обрски итн, ама ТОЈ ми е најдобар другар и прв со кого сакам да споделам и добро и лошо. Ако нешто ми смета - нему му кажувам, па макар и се искарале. Вие двајца и само вие си знаете како е во вашиот брак, сите совети од страна може да се добронамерни, меѓутоа јас сметам дека ти најдобро си го познаваш сопругот и тој тебе, се сакате, партнери сте, на иста страна сте и вие ќе си ги решавате вашите проблеми.

Рекоа и другите претходно, немој да се криеш - ако немаш што да криеш. Последново, во контекст на телефонските разговори, кафиња за кои не му кажуваш на сопругот итн итн.


Every passing minute is another chance to turn it all around.
Последна промена: 30 Сеп 2014 16:00 by mamatobe.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 30 Сеп 2014 22:05 #252614

  • forumce
  • forumce's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 291
  • Thank you received: 94
  • Карма: 0
Gladam si me razbrala kako da te napagam,voopsto ne mi bese toa namerata,ne sakav taka da se pocuvstvuvas.Samo sakav megu redovi da ti posocam deka samo vie dvajca so bolno iskren razgovor,kako najbliski moze da si gi resite problemite,ne prijatelkata,ne svekrvata,ne inaetot,ne gordosta.Taka nesigurnosta ke pocne da se gubi.Sepak ti najdobro si znaes kako.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 01 Окт 2014 11:59 #252623

  • bubale23
  • bubale23's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Vnimavaj sto posakuvas, moze da ti se ispolni! *
  • Теми: 225
  • Thank you received: 60
  • Карма: 2
I jas sum pominuvala niz nekoi slicni situacii, kako sto napisav pogore, no edinstven zaklucok od se sto sme pretrgale so mm i posle 13 godini sme eve uste zaedno so dve deca, a ne bilo voopsto lesno, sme imale teski vreminja i toa kako... znaci, zaklucok - kolku i da e bolna i teska i kakvi i posledici da moze da donese, sekogas i sekogas i sekogas samo otvoren razgovor i samo vistinata.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 02 Окт 2014 08:07 #252634

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Site velite otvoren razgovor, eve na primer so mm ne moze da se vodi otvoren razgovor, prvo i prvo nikogas ne gleda vo oci - nikogo pa ni mene, vtoro sto ne razgovara bre i kraj, ti mu vikas mora da se resi ova on ti vika pa resi go...i na kraj od insistiranje moe zavrsuva vo kavga od koja pak jas go izvlekuvam podebeliot kraj. I zavrsno e toa sto on E SEKOGAS VO PRAVO AMA SEKOGAS. Znaci i gluposti koga treska ednostavno ne te slusa da mu objasnis kako moze da se resi situacijata na polesen nacin za dvajcata. Takov e skroen i taka kje se skine, on da e sega nekade kade sto kje treba on da prima naredbi i nekoj da go gazi za da se iskaci nad nego pa mislam deka kje poludi, ednostavno tolku mu e nabildano egoto sto ne moze da go spustam na moe nivo za da se napravi normalna konverzacja. Toa e odbramben mehanizam na "Jas sum sekogas vo pravo" licnostite, znae deka ne e ama nema nikojpat da priznae i tocka. I nema veruvajte mi nie sme 14 godini zaedno i on NIKOGAS ne priznal so zborovi deka ne bil vo pravo. Pa ni so dela fala bogu. Ednostavno kje si go naucis deka e takov i nema da baras konverzacija tuku drug nacin da se razresi rabotata oti so takvite lugje zborovi ne pominuvaat, samo dela.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamicka, bubale23, Независна

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 02 Окт 2014 10:46 #252635

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
Elka, a so ke bide ako i ti taka se odnesuvas?
Od zivotnoto iskustvo edno znam - kolku ke dozvolam, tolku mi se prai. Ne deka se e podmackano, ama jas sum kriva koga nekoj si dozvoli da mi se ponasa sekako.
Pa nemalo da razgovara ... ke go nacekam koga ke saka da razgovara. Ke dojde na moja vodenica be :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 02 Окт 2014 12:01 #252636

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
Тачер, и јас го мислам истото ама не е баш така, да не налепиш да не тргаш. И мм е тежок за разговор, одн,. дијалог, обично јас сум таа што зборува ама барем ќе ме ислуша и може нема да ми признае со збор дека сум во право ама ќе се се смени, доволно ми е и тоа.
Ете татко ми е многу тежок табиет, јас да сум не го трпам ни 5 мин, ама затоа си ја најде мајка ми. Тој е таков што за се е во право, не можеш да разговараш, мора неговото да биде последно и не признава ама никогаш дека згрешил. По тоа што ја читам Елка слишен карактер со на мажот и. Елка јака ти душа. Не знам начин на кој би сменила таков карактер, освен развод или да го трпиш, друго нема.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 02 Окт 2014 13:06 #252638

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
Taman rabota da ne sfakam. Samo sakam da kazam deka eden treba da trpi za da drugiot moze taka, neli. Ete majka ti trpi po muabetov, za smetka za karakterot na tatko ti.
I mm ne e mnogu po muabetot, t.e. toj kao muabeti ama si go vrti muabetot na nesto sto nema vrska - samo za da e vo pravo. I toa veke ne e muabet. Toa e dzabe muabet, kolku dopolnitelni nervozi da se napravat.

Sakam da kazam drugo - sto ako nikoj ne popusti? Znaci eden se drznuva da se odnesuva nekako i spremen e se da unisti ako partnerot ne mu popusti. Pa na kraj si vikam - ako nemu ne mu e vazno nisto, do koga samo jas ke popustam?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 02 Окт 2014 13:37 #252639

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
Ех до кога, знаат тие дека другата страна ќе попушти, попуштала многу години пред тоа. или ќе ти пукне филмот и ќе си ги собереш парталите, или трпи си-ќути си. Плус постарите генерацци биле други, тој те белее, тој те црнее работата, ние сега некако не трпиме многу, зборувам за мене, не можам да бидам безгласна буква и да се однесувам како да немам мозок и мм знае се, а јас само ќе аминувам. Тежок е бракот, кој ќе каже спротивно му паднало кец на десетка, и не велат џабе старите кога ги благословуваат младите, "Да имате муабет", голема филозофија се крие во овие неколку зборови.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна

Ре: Широк круг на пријатели и љубоморен сопруг 02 Окт 2014 16:49 #252640

  • Koni
  • Koni's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 326
  • Thank you received: 102
  • Карма: 9
Ве читам и си се чудам. Зарем е можно да се пронаоѓам речиси во сите коментари??? :(
Зарем маживе се сите исти? И зошто ние жените сме тие кои секогаш попуштаме и држиме баланс? Мене искрено смачено ми е од тоа.
Извини Независна за оф топиков.
M 2007 :srce:
MM 2010 :srce:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.