Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Преспивање кај родители, пријатели...

Преспивање кај родители, пријатели... 17 Јан 2013 15:15 #229880

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Не, не зборувам за вашите дечиња туку за вас :kez:


Порано немав проблем со тоа, преспивав кај моите доста често... Но сега многу тешко ми паѓа, ич не сакам, а не знам зошто. Се преселија во помал стан, па можда ради тоа? Немам појма.. За нова година останавме јас и мм до касно кај нив, во 4 сабајле вика мм ај ќе спиеме тука па утре ќе си одиме... јас ич нејќев. Легнавме, јас лута...по пола саат станавме и си отидовме дома :blink: Сега викендов ќе оди татко ми во МКД и мајка ми ме викна да не била сама... ич не ми се оди бе луѓе, не знам зошто :dry:


Како е кај вас??
Последна промена: 17 Јан 2013 15:54 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 17 Јан 2013 15:22 #229881

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1246
  • Thank you received: 869
  • Карма: 5
Ауу јас сум многу терсене по оваа работа.
Буквално ми е кошмар ако не си легнам во својот кревет. Толку сум навиканта на перницата што ја мкнам со себе секаде. Си ја земав од дома кога се омажив :sram2:
Се дешавало да преспиваме кај друштво во викендици,за нови години и сл. ама се ко на трња сум била одвај чекам да се раздени. А и незнам зашто ама ми е шубе во туѓи постели и на туѓи перници.
Кога одиме на одмор цел еден куфер е за мојата перница и фротирки :tupco:
Од дете си бев таква и еве си останав.
А кај моите од како сум омажена не сум спиела..што знам немало причина, ама не би ми било против, напротив баш сакам да си легнам у детската моја мила :music:
Последна промена: 17 Јан 2013 15:55 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 17 Јан 2013 18:22 #229904

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
  • Карма: 3
Обожавам некој да дојде да преспие кај нас или кога ние одиме кај моите/неговите на спиење и стварно преубави спомени си имам од таквите дружби. Посебно ми се драги тие разговори до касно ноќта, зафрканции и полемизирања, а пак кафето наутро кога сите заедно се будиме - послатко не сум пиела...
Спијам на каков било кревет, под, перница - само да е топло :laugh:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 17 Јан 2013 18:26 #229907

  • delfince
  • delfince's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 980
  • Thank you received: 220
  • Карма: 6
mene mi e nesvatlivo kako nekoi moi drugarki odat i po edna nedela kaj majka im da spijat.jas ne mozam ni edna vecer.odam koga imam potreba znaci od sto moram.na primer edna vecer sonuvav loso utredenta maz mi bese treta smena na rabota i otidov kaj majka mi da spijam. znaci epten ako mi e itno odam i prespivam.tesko mi e da nosam eden kup alista za mene i sinko samo za edna veecer. a bogami nekolku veceri pa da sedam nekako ne mozam.mi fali epten moeto gnezdo :)
eve sega drugarka mi bremena vleze vo 9 ti mesec i veke ne odi na rabota abre luge so prvoto dete si se preseli kaj majka i. tamu ke ostanela do porogaj.izgovor i e deka sinot ne sakal da sedi vo stan.mene mi e nesvatlivo ova, nikad ne sum mozela da svatam vakvi raboti.zosto togas se mazat ???
naseto zrnce




The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 17 Јан 2013 18:44 #229908

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2797
  • Thank you received: 647
  • Карма: 26
porano koga bese sin mi mal (deka i vo zaednica ziveevme kalabalak) cat-pat odevme na prespivanje i bas kako sto vika zoka bese mnogu ubavo i interesno ,a sega majka mi kojznae kolku pati mi rekla da dojdam na gosti so spienje i se nesto si naogam izgovori ,a ustvari nesakam i nemozam da si go napustam naseto gnezdo
ama ke moram nekoj den da i ja ispolnam zelbata :)
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 17 Јан 2013 19:05 #229909

  • Macence
  • Macence's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 192
  • Thank you received: 94
  • Карма: 12
Ауууууу нема шанси да одам на спиење кај моите. Од како сум мажена само еднаш сум спиела кај нив и тоа пред свадбата. И доста беше :P Порано немав никаков проблем, можев секаде да спијам, ама сега ептен сум станала комплицирана. Тука со мм сме си ептен погодени, за спиење обавезно си идеме дома.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 18 Јан 2013 04:21 #229914

  • Mimi22
  • Mimi22's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • posle dozdot doaga sonce
  • Теми: 264
  • Thank you received: 87
  • Карма: 2
I jas ke vi se pridruzam .otkako sum mazeni ni ednas nemamm prespieno kaj moite.Mozebi kaj nas i blizinata si igrase golema uloga ziveeme mnogu blisku na 5 min i ne mi e svatlivo kolu i da e docna nema logika da ostanam tamu si odime doma vo naseto krevetce.Sinko samo ima nekolku pati prespieno ako trebalo da go cuvaat pa da ne go zimame mnogu kasno zaspan inace kaj i da sme za spienje domce
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 18 Јан 2013 04:35 #229915

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
Normalno deka doma mi e najubavo :oblace:
Megjutoa nemam nikakov problem da prespijam kaj moite koga ima potreba za toa. Na primer koga mm bese na pat podolgo vreme, si odev si prespivav i bas mi bese milo si se potsetiv na denovite kako devojka :zelen:
Utrinsko kafence i muabet so moite na terasa, uzivkanje vo udobnostite da zivees vo kuka so dvor :)

Inaku prespivanje kaj pritajeli do sega ne sme imale (ni sme bile, nitu pak ostanuvale na spienje), osven ako sme odele nekade za vikend ili na gosti kaj nekogo vo vikendica.


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 18 Јан 2013 04:42 #229916

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Jas odam da spijam kaj majkami mnogu cesto. I toa porano pocesto sega malku poretko bidejki se naviknav i sama doma da ostanuvam. Bidejki mm mnogu cesto e nokna smena a jas nenaucena sama da sedam vo kukjata, se nesto mi suska, mi se cini kje mi vleze nekoj, sto da se pravi, devojce nauceno vo zgrada na posleden kat da zivee, dolu nisko vo kukja se mi izgleda kako sekoj moment da kje mi se pojavi nekoj. Ama samo koga sum bila sama doma. MM ne dozvoluva da spijam kaj moite koga e on doma, pod obrazlozenie deka NE MOZE DA SPIE SAM :blink:
Mnogu mi bese ubavo dodeka ziveeja moite vo starata zgrada, koga se preselija, dali poradi toa sto mi ja nema mojata soba i se e novo, ne mi e tolku prijatno, no sepak mirisot na mojata stara doma si e prisuten a toa mi e mnogu ubavo i smiruvacki :roll:
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 18 Јан 2013 05:37 #229919

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4992
  • Thank you received: 5194
  • Карма: 115
На другарка ми татко и стално ни викаше: Се мажила мома да си седи дома :)

Јас порано многу често преспивав кај моите и супер ми беше, се стокмено, деца спастрени, јас си поспивав, мама се грижи за сите :) Во последно време ретко преспивам, а и самата незнам зашто, некако си се навикнав во мојата дома и најубаво ми е само домче, а децава често преспиваат таму.
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 18 Јан 2013 05:57 #229920

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
Хаха, мислев дека сум единствена со вакво мислење и навики, ама ете не сум била :naviva:


Јас уствари сум преспивала кај нив само кога била тука сестра ми од Лондон со малиот, за да бидам повеќе со нив двајца, да не мора да патувам секој ден до таму... мм немал никогаш против, баш ме терал некогаш ми вика абе ајде оди ќе мислат јас не те пуштам :kez:


Мене уствари не ми е проблем креветот или перницата или било што, немам проблем со тоа, можам да спијам иако не е мое ама ете... си сакам да си бидам дома, ми недостига мојата собичка, иако е малечка ;)


Е сум заприметила дека откако се преселија имам некоја одбивност таму да преспивам. Што вика елка ја нема мојата соба, не е тоа мојот стан кај што живеев :roll: А и плус моите сега живеат во многу малечок стан и сите заедно во една соба треба да спиеме, на различни кревети...

Еве денеска ќе одам таму кај мајка ми, да не биде сама. Ама ич не ми се оди, му викам на мм уште сега ми недостига собава :krsti: Исчукана работа де :hahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 18 Јан 2013 06:02 #229923

  • Roze
  • Roze's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 860
  • Thank you received: 507
  • Карма: 0
Јас кај мајка ми до сега сум преспала само еднаш. Кога се скаравме со ММ и за инает си отидов кај мајка ми да спијам. :mdf: Бев бремена и затоа можев. Сега со синко нема шанса да отидам да спијам кај мајка ми зошто мм за него ќе дигне џева, а јас без него нема шанса око да затворам... :cucla: Кај пријателка порано многу си одев на спиење, но откако се омажив не сум била.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 18 Јан 2013 08:27 #229934

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Dodatok na mojot prethoden post :laugh:
Ne sakam i nemozam da spijam kaj bilo koj drug osven kaj moite, duri i koga odime na odmor mene mi e izmacuvanje da go smenam krevetot pa makar bil i rajski. Se smeevme lani posle mesec dena menuvanje kreveti od hotelski pa se do rodninski :) site prekrasni, stokmeni, novi, so antialergenski i neznamtikakvi duseci, jas prepekav da si se vratam doma na mojot krevet so dupka vo sredina :krsti:
Kakov si e takov si e moj si e.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 19 Јан 2013 18:57 #230027

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Немам преспиено кај мајка ми откога сум омажена, а би сакала да се потсетам на удобноста и слободата-сама на цел кат :oblace: ...
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 19 Јан 2013 18:58 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 20 Јан 2013 19:46 #230082

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Задолжително одиме со малиот, барем еднаш во месецот спиеме таму. Супер ми е, до касно си седам со моите, си правиме муабети, играме карти, се смееме, пиеме пиво со татко ми, гледаме филмови со мајка ми и сестра ми, а од сабајле пиеме кафе и уживаме. Башка што и малиот се научи полесно, па понекогаш кога имам навечер работа го оставам сам да спие (без мене).
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 21 Јан 2013 05:10 #230094

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Kakva vrska ima prespivanjeto kaj roditelite so mazenjeto?!!? :krsti:

Da ne recham vo nedelata obavezno nekade prespivame. Ako imam rabota denta decata gi nosam kaj svekrva mi, a poshto i tamu ni e bash komocijata ko doma poshto ziveeme cat pat i tamu, da ne gi mknam decata nazad ostanuvam i ja da prespijam.. moze da se sluchi i nekolku dena da ostaneme.. Kaj moite koga odam zadolzitelno spieme poshto se od drug grad, ama i od tuka da bea isto kje beshe. Ako sum se omazila ne sum gi skratila korenite ili ne sum prestanala da bidam del od toa semejstvo a sledstveo na toa toj dom e seushte i moj..plus decata uzivaat koga se opkruzeni so povekje lugje i golema familija, a osobeno po ladnovo ako se zasedime do kasno i veceraat tamu decata na pamet ne mi pagja da gi oblekuvam i vozam do doma za edno spienje.

Ja nemam problem od prespivanje nikade , sekade i sekogash koga nuzno, koga e interesno ili koga taka kje odluchime.
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann, eleonora

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 21 Јан 2013 05:42 #230099

  • leona
  • leona's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 123
  • Thank you received: 38
  • Карма: 1
Немам проблем за преспивање кај родители и пријатели ... баш ми е убаво кога одам на гости. Често патував и сум навикната брзо да се прилагодувам и пакувам. Сега со дете исто не ми е проблем преспивањето на друго место, син ми многу сака друштво и ужива кога сме на гости.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 21 Јан 2013 12:57 #230156

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Ние сме птици преселници и не можеме 2 месеци да сврземе на исто место. Живееме на две различн места, на свекрва ми во СК и сме редовни гости и по неколку недели и остануваме и плус одиме на гости, одмори, па се навикнав да немам никаков проблем да преспијам било каде. Со мајка ми сега сме во една куќа, на различни спратови,а пред да се преселиме во куќата, живеевме во различни градови и секако дека доаѓав и останував по неколку денови, недели...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 30 Окт 2013 15:35 #245238

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Nemam nikakov problem so prespivanje nekade, rodnini, prijateli... ubavo se cuvtsvuvam koga imam vreme da go pominam so dragi luge i najopusteni sme koga znaeme deka ke ostaneme negde preku nok.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee

Ре: Преспивање кај родители, пријатели... 31 Окт 2013 05:05 #245251

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
И јас немам проблем, иако ретк ми се случува. Најчесто преспивам кај моите кога одам на гости кај нив и во Србија кај роднините на мм...

Инаку многу сакам кога ми доаѓаат гости, некако ми живнува куќата :)




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.