Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Борбени срца

Борбени срца 18 Апр 2012 05:53 #195012

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Малку наслов можеби е чуден, но поентата ми е - со срце се сака, со срце се љуби, па тоа исто срце би требало да се бори, кога таа љубов исчезнува... :love:

Прашањето е - до каде сте подготвени да одите, за да ја сочувате љубовта? Или колку сте борбени кога ќе почувствувате дека нешто се случува, ви бега љубовта од вашиот живот, брак и тн... па време е да сторите нешто и да ја вратите на старите патеки?
Кога би сфатиле дека навистина е крај и дека нема што тука повеќе да се бара, односно е време за разделба - без разлика дали сте во брак или во врска!

Ете не мора да е искуство сега моментално, може да е и од мината врска, брак и тн.. МОжеби сте имале искуство кое би било добро да го споделите со нас.

Лично сум многу толерантна, особено кога сакам. Сакам и љубам со цело срце и ништо не ми е важно. Истото го очекувам и од партнерот.
И би се борела до последниот момент, односно знак дека тука нема повеќе што да се спасува. Не би се откажала веднаш, освен ако сум убедена дека кај него веќе е навистина крај, дека ништо не му значи таа наша љубов.

само да напоменам, не мислам овде на губење на љубовта поради трета особа, т.е ако дојде до неверство и сл (а и имаме тема за такво нешто)
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 18 Апр 2012 05:55 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Борбени срца 18 Апр 2012 06:46 #195025

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Значи, ќе парафразирам во мој стил: каде е границата да се задржи врската без на крај да излезеш глуп? Зошто го пишувам ова? Затоа што и јас како и ти, се сметав за толерантна (дури и премногу). Дури и срам ми е да пишувам, започна перфидно за на крај да сфатам дека е психопатски да ми забранува да одам кај моите, да ја возам мојата кола, да се дотерувам, да учам, да правам било што... Еден ден (после 4 години) ми текна дека тоа повеќе не сум јас, и станав и си отидов. Иако после бев во депресија, не попуштив да се смириме. И јас не знам со кој памет сум го трпела тоа понижување?! Значи, ако сега ме прашаш ќе кажам дека сум била млада и глупа и дека никој не заслужил толкава моја жртва.
Не е поентата само да се бориш, туку дали вреди да се бориш.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Борбени срца 18 Апр 2012 06:59 #195033

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Добро ова последново - дали вреди да се бориш, е првото прашање кое секако треба да се постави.
Без разлика дали се работи за ваква ситуација како што опиша ти со тортури и сл. или едноставно ако почне љубовта да се гасне.
Може да не постојат такви проблеми како што ги опиша, ама едноставно да се забележи дека се губи кај него интересот, љубовта ... за тоа зборувам јас.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Helix

Ре: Борбени срца 23 Апр 2012 01:34 #195681

  • Ariel
  • Ariel's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 295
  • Thank you received: 62
  • Карма: 12
Big Sister wrote:
Добро ова последново - дали вреди да се бориш, е првото прашање кое секако треба да се постави.
Без разлика дали се работи за ваква ситуација како што опиша ти со тортури и сл. или едноставно ако почне љубовта да се гасне.
Може да не постојат такви проблеми како што ги опиша, ама едноставно да се забележи дека се губи кај него интересот, љубовта ... за тоа зборувам јас.

Eh ako ljubovta pocne da gasne za zal ne postoi nacin da se vrati nazad. Borbata sto eventualno bi se vodela samo pobrzo ke ja izgasne i vo najlos slucaj ke ja pretvori vo omraza.
Cekori i borba samo dodeka ne pocnala da gasne, a koga toa ke se sluci moze da ima uste nadez ama samo so "tajni oruzja".
Ako najdam vreme podocna ke se podrasprikazam na ovaa mnogu interesna tema, ama kako stav definitivno deka koga ljubovta se gasi nema borba sto ke ja spasi
Последна промена: 23 Апр 2012 01:35 by Ariel.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Helix

Ре: Борбени срца 24 Сеп 2012 07:00 #214457

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
Ako gledas, osetis, deka ljubovta izceznuva, pa dokolku vo tebe seuste gori, barem malku, ne veruvam deka tuku taka ke se otkazes bez borba.
Ako procenis deka vredi da se boris ke se otkazes??
Vo posledno vreme sum stanala borec, porano da me prasavte ke recev ako e moe ke ostane moe, ako ne ke si zamine, ama sega ne, sega velam ona sto go sakas i e tvoe, bori se da ostane tvoe :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Борбени срца 30 Окт 2012 03:44 #219385

  • rosalynde
  • rosalynde's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 23
  • Thank you received: 7
  • Карма: 1
Сум голем поборник за тоа љубовта секогаш да победи, отсекогаш сум била таква, но сè до моментот додека не останам сама во рингот. Кога партнерот ќе реши дека не сака да се бори за мене, хмм, што ќе ми е мене да се борам...за што да се борам? За некоја моја илузија? Не, фала. Да, борба, но обострана.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Борбени срца 29 Ное 2012 10:02 #223726

  • izabella
  • izabella's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Pink up your day!
  • Теми: 736
  • Thank you received: 196
  • Карма: 0
Koga I dvajcata bi se borele, obiduvale da go zacuvame ona malo zarce sto seuste tlee, mnogu jasno deka ke se boram, no koga ke vidam deka partnerot poveke ne se obiduva, pa za sto jas da izigravam zrtveno jagne.
Se dodeka ste zaedno vo se e ok, no koga edniot ke se otkaze toa e toa I nema vrakanje nazad.


The only way to discover the limits of the possible is to go beyond them into the impossible !
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.