Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

ТЕМА: Брачен партнер со претходно искуство+дете

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 25 Авг 2014 15:46 #252087

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Виножито, и јас го делам мислењето на mamatobe. Премногу си направила за човекот што го сакаш. За сето тоа мотив била љубовта и потполно те разбирам. Да се бориш за нешто што многу го сакаш, е сосема нормално. Тоа е во ред се` додека чувствуваш дека твојот труд, напори, енергија и посветено време за зацврстување на врската и прераснување во нешто поголемо, се цени и е возвратено. Од објаснувањето за твојот сакан, се гледа дека тој не се труди како што си се трудела ти, не те разбира сосема или не се обидува да те разбере. Помисли малку и на самата себе. Повлечи се настрана за миг, оддалечи се од саканиот определен период, игнорирај го или стави му до знаење дека ти треба мир и слобода. Ќе видиш како ќе реагира. Размисли и ти што навистина сакаш, дали имаш сила и желба и понатаму ти се` да поднесуваш и да се жртвуваш. Потоа разговарајте и кажи си го својот став. Објасни му уште еднаш за тежината на твојата улога. Нека се замисли малку каде беше ти во целата оваа ситуација, како ти беше во текот на сите овие години, како се чувствуваше... Стави го во ситуација да избира - ако не те поддржува, ако не се сврти целосно кон тебе и ако не се реши наскоро што ќе прави понатаму, нема да има заедничка иднина. Не носи пребрзи одлуки. Млада си, слободна и ги имаш сите права да бидеш сакана и среќна. Тој нема многу можности. Ако не е тој, сигуно ќе најдеш некој кој ќе знае да те почитува како девојка и како разумна, паметна, фина и многу храбра личност. Ти држам среќа. :srekno:
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 25 Авг 2014 15:48 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 26 Авг 2014 05:21 #252089

  • виножито
  • виножито's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 4
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
Не сме во брак и тој чека јас да завршам дипломската. Сака да имаме наше дете, но после сите работи што ми се случија, јас се прашувам дали сакам воопшто да имам дете. И кога помислувам на дете ми текнува на тоа што се случи и си мислам како не заслужувам јас убиецот.
Дури се љути ако не зборуваам или искажам дека размислувам за тоа дали сакам или не дете.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 26 Авг 2014 06:01 #252090

  • виножито
  • виножито's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 4
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
Кога останав бремена, тој рече твоја одлука е дали ќе го задржиш или не. Јас и во двата избори ќе те поддржам. Мене ми е сеедно, дали сега ќе го имаме или не. Рече и дека подобро е покасно кога ке заврши разводот и се останато. Погрешно се искажав предходно. И често зборува за да имаме дете, дури и страв ме фаќа да не си го направи. Не знам дали јас заслужувам таква шанса во животот а и не знам дали со тој човек. И да имам ќе ми излегува пред очи она што во видов на ехо. Сликата сеуште ја имам.
Еднаш кога се разправавме на оваа тема рече не знам зошто толку се мачиш за тоа, кога многу други абортирале и по 3-4 бебиња и рече дека тој не чувствувал ништо за тоа дете, зошто го немал осетено и во раце држено. Тој мисли дека ако така ладнокрвно се искаже мене ми помага, ама се потешко ми прави.
Кога зборува за нашата иднина, знам дека сака убав и мирен живот. Знам дека не ме изневерува и не помислува на такво нешто. Знам дека сака да биде со мене. Ама кога станува збор за ќерката, таа секогаш го има главниот збор. Секогаш мора да е по нејзино. Мене не ми смета детето, мене ми сметтат постапките, понашањата и зборовите нејзини. Тој не превзема многу за таа работа, скоро ништо, а кога се работи за него нешто лично, тогаш знае и да и се раздере безпотребно. јас се приврзав за тоа дете и никогаш не би можела да го мразам или да му наштетам, но неможам и да трпам се.
Послена случка пред некој ден беше што малата постојано ми звони на телефон и ме бара да одам да играме. И скоро секогаш одам и правам кефови, а тој ден имаа гости и таа ме повика, јас отидов. И кога заминаа гостите, ние требаше да одиме кај мене а беше околу 21 часот.Тој ми вика ние заедно ќе те однесеме значии тој и малата зошто секогаш иде секаде со нас, и јас после ќе се вратам назад дома со неа и ќе чекам да заспие, па ќе дојдам кај тебе. Таа заспива кај 12 или 1 по полноќ, а јас имам за учење и му реков ич немој да идеш дека треба да учам. И ми вика, па ти што дојде толку рано овде. Му реков па ќеркати ме викна да ја забавувам.
Луѓе не знаете колку се притресува таа да не дознае дека е кај мене. И јас се изнервирав и заминав со гостите за дома, кога ете го него после пола час и ми вика, малата сака да ти се извини. А пред да заминам јас и реков дека таа е мала и малите деца не шетаат касно а дека нас не чекаат некои луѓе за некоја работа. Таа почна да плаче, да збори глупости, да се жали на се. едноставно со една фацка и една вештачка солза ептен го манипулира.
Кога е дома кај мајка и се јавува да провери дали ние сме заедно. Секоја вечер пред легнување го бара татко и за лека ноќ ( мене ми е тоа многу слатко и мило) и одма прашува дали сум јас тамо. Пред некое време исто јас бев кај него а беше околу 23 часот кога таа се јави на тел, ама јас не знаев дека е таа и зборував со свекрвата. Малата ми го слушнала гласот и ја побара баба и на тел и и вика бабо а ке си оди таа дома? Нека не седи тука многу и нека оди дома кај неа. Бабата и вика ке оди не се секирај. И бабата премног и попушта, ама ајде ќе речеш таа е баба, но дедото не. Тој знае и да ја искара и да јаа плесне по газето ако рави бељи и таа не сака да седи дома сама со дедо и дека со неко е под контрола.
Еве сега овој мојов, дека малата утре си оди каај мајка и, ми вика во четврток да сме оделе за празникот во црква, па после незнам што. И пак истата приказна, кога не е таа тука се е најдобро, кога е таа тука ( а е пречесто и не ми смета) тогаш јас не постојам и станувам бесплатен кловн и бејбиситерка, како и педијатар и мајка.

Јас не знам на кој начин да му објаснам а да не разбере погрешно. Не знам за каква иднина планира, ако ова и понаатака се случува. Јас не знам за какво дете зборува, кога повеќе од јасно е што малата се искажа дека нема да го сака тоа дете. Нема да бидам раат ни 5 мин, а што ако ги оставам сами?
Учете ме и крајате ме нема да се лутам. Како јас да постаувам со ова дете? Како нему да му кажам дека не е така розево како што тој мисли? Како да му кажам дека кога вида таа е дете, тоа треба да е за сите сегменти, а не само за одредени?

За мојот излгед самиот е свесен зошто сум таква и знам дека му е тешко, но не прави ништо за да ми помогне. Ми дава совети за храна, ми плати курс за фитнес, ама јас немам желба ни воља за тоа. Не разбира целосно дека проблемот е од внатре и не знае што да направи.
Пред некое време збувавме за професионален успех и за лидерство и ми рече ти можеш, но со изгледот губиш многу. Донекаде е така, сите гледаат да бидат како од списание, ама мене и тоа ме блеше. Наместо да рече како можам да помогнам, тој само дава совети непобарани и непотребни.

Кога купува нешто, обавезно ме прашува дали и мене ми се допаѓа. Гледа да ни служи и на двајцата, но во некои рабти нема осет колку троши. Зема голема плата а ништо не му останува.
има земено кредит за куќата од неговите и колата. Плаќа алиментација, а на девјчето и покрај тоа се и купува и секој ден, ама бас секој ден таа мора да потроши минимум 100 денари. Навикната е од мајка и да го троши татко и. Тој се и купува, ама и нешто што го има 5 пати. Ако треба и 5 исти барбики и пластелини и се и е одвишок. Јас не би смеела да се ппобунам за нешто што и е потребно, ама не сакам и да се мешам кога купува работи од инает. Го расипува детето а мисли дека услуга му прави. Се вади на тоа дека кога бил мал немале неговите и сега малата морала се што сака да има.

Ми вика ние ќе почнеме да штедиме и да мислиме на наше, кога и ти ќе се врабтиш. Луѓе со неговата плата прехрануваат 5 члено семејство и сметки плаѓаат. Тој не знае како е тоа штедење.

Кажав предходно дека бевме заедно со малата на одмор и виде дека таа работа не беше убава. Му реков дека наредна година сакам сами да си одиме на одмор, а малата ако сака нека оди прво со него, па ако му останат пари да одиме ние ако не немора ( така направивме минатото лето). Ми вика па јас ја зедов за да вие се зближите. Ние бевме блиски, односно јас ја забавував и пред тоа. Му реков дека не сакам одморот мој да го поминам во грижи и под команда од 7 год дете, кое има мајка а чија мајка оди сама со љубовникот на одмор. На крај му реков таа бараше старателство над детето и нејзино е да го носи на одмор. Тој ми вика нема врска тоа и ти си и како мајка ооо Божеее. Тој не разбира дека прво мене ми треба психички одмор и баш одмор да се опуштам и на ништо да не мислам.
Да беше детето со него, ќеми беше послено, зошто ќе немаше кој да му ја полни главата и ќе го сакав и милував како свое, а вака колку и да се трудам кога пак ќе отиде кај мајката и ќе се врати, секогаш од ново се почнува се. Се чувствува дека првите денови не ме поднесува многу, па после се опушта со 1000 трикови и кејфови.
Ми се здосади веќе оваа ситуација
Оф оф оф јас пак предолг текст сум напишала, а сеуште ни правилата на форумов ги немам прочитано. Само вас можам да ви кажам и само од вас прочитав паметни работи. Со ниеден близок не сум зборувалаза оваа тема.
Се извинувам за печатните грешки и интерпукциските знаци, но се ова го пушував во афект и не можам да ги барам грешките.
Ви благодарам на сите кои одвоивте драгоцено време за мене изгубената и за вашите совети и поддршка. Господ да ве благослови. Добро е што ве има. :cmok:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 27 Авг 2014 01:07 #252099

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
Jas pak procitav se' i pak neznam zosto si go pravis ova?
Relaksiraj se malku, pozanimavaj se so tvoite problemi, pocni da go zivees tvojot zivot. Ne gledam potreba za da nosis tolku tovar na grb. Ako ljubovta e tolku jaka, ke ostanete zaedno. No premnogu si vlezena vo "semata"predvreme - po mene bez potreba.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 27 Авг 2014 10:08 #252100

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2988
  • Thank you received: 1373
  • Карма: 60
I jas pak procitav se, ne komentirav vednas po prviot post zatoa sto nekako ne najdov soodvetni zborovi...ne deka i sega gi imam. Ne mozam da davam soveti ama eve da receme da se stavam na tvoe mesto, pa jas odamna bi se otkazala od "vrskava". Nekako se sto ti se slucuva e usloveno i nametnato od negova strana. Cas si devojka, cas treba da bides majka. Premnogu e i spored mene...
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 27 Авг 2014 14:53 #252113

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Te citam devojce i ti se cudam kolku mnogu gi opravduvas postapkite na tvojot partner. Ne sakav voopsto da komentiram...selava situacija mi e non sense uste od momentot koga ne te poddrzil koga si ostanala trudna, uste i sega ti vika deka ne go osetil toa bebe oti ne si go rodila - da ama TI si go osetila, i mnoooogu ubavo si osetila koga ti pravele abortus, i do denesen den gi osekjas posledicite, negovite zborovi (iako ti gi opravduvas kako nacin da te opusti i pomogne) ne se na mesto.
Eve od licno iskustvo kje ti kazam, ako pocnes da popustas od pocetok, mamiceto kje ti se rasplace cel zivot. A ti vekje si nesrekjna. Ne e kriva ni bivsata mu zena, a najmalku deteto, toj e kriv sto ne znae da gi razresi situaciite, da pokaze pred svetot koe e tvoeto mesto vo negoviot zivot. Ti ne mozes da se boris za toa mesto so nkti i zabi a toj da se krie deka doagja kaj tebe. Neli zena kje mu bides, i to li kje go sokrie od deteto.
Vidi, ne me sfakjaj pogresno, razmisli si trezveno, ljubova e sega verojatno mnogu silna, ama, veruvaj mi na zborot, toa pominuva. Ako nemate mir, spokoj i tolerancija vo zivotot ti kje popukas po site savovi. Toa znam kako izgleda i voopsto ne e ubavo. Koga kje zavrsis (a toa ni na dusman ne mu go posakuvam) na operaciona masa od stres i nervozi sobirani so godini i godini, nema da ti vredi ni da se smeni za 180 stepeni i da stane sovrsen, togas e se za dzabe.
Ti posakuvam da bides najsrekjna vo zivotot, toa go zasluzuva sekoj, a ne da krpis tugji skinatinki i da lecis tugji problemi.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 27 Авг 2014 15:44 #252116

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Jas bi rekla deka najvazno e da si ja vratis SAMODOVERBATA.
Prvo i osnovo zavrsi si go fakultetot i najdi kakva takva rabota. So samoto ova vednas ke pocnes da se cuvstvuvas podobro, pokorisno, posrekno. Ima zivot i nadvor od patnerot i deteto. Mora da si posvetis vreme na samata sebe.
Jas ne dozvoluvam nikoj da mi go ukrade vremeto koe sum zacrtala da si go posvetam na sebesi, iskreno ti kazuvam ne go teleriram ni sin mi, ako sum resila da si nalakiram nokti, da se izdepiliram, da se isfeniram, da procitam kniga, da .... napravam bilo sto sto me ispolnuva vo momentot SAMA.
Ti si licnost koja prvo samata treba da pocne da se pocituva, pa da mozat site ostanati da te pocituvaat.
Koga ke se doteras za na rabota (zgodna bila ili ne, nebitno) koga ke se poglednes zadovolno TI samata sebe vo ogledalo togas rabotite ke se promenat na podobro.
Za vrskata vasa ne bi komentirala bidejki toa e mnogu licno cuvstvo koe ne sekoj moze da go razbere posmatrajki od strana.
Edinstveno sto ke recam mora da izgradis cvrst stav kon nestata i da se drzis do nego. :cvet:
Se najdobro :cmok:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: biljann

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 27 Авг 2014 17:32 #252118

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Виножито, читам и ти се восхитувам на издржливоста. Секоја врска е на мал тест кога малку по малку меѓу вас ќе дојде друштвото, па неговите, твоите, па цели фамилии, а кај вас е уште покомлицирано. Мора да поминуваш низ претежок период од животот, но верувам дека и на ќеркичката на твојот партнер не и е полесно. Треба да преброди развод на родителите, треба да се помири со тоа дека ќе треба нивното внимание да го дели со други и на сето тоа ја искористуваат за одмаздување. Мајката веројатно не сфаќа дека само детето си го уништува.
Твојот партнер пак можам до некаде да го разберам во врска со ќерката. Родител како родител, сака што повеќе време да е со детето. Реално тоа време што е со тебе, да било се како што треба со неговиот брак ќе и го посветувал нејзе. Луѓето паничат кога треба да имаат втор дете како ќе прифати првото, а не па друг партнер. Затоа и нему не му е лесно, но не го оправдувам ни во постапките. Идеално би било таа добро да те прифатела, но со децата е секогаш тешко и се непредвидливи, па и да не била мајка и таа што ја тера да прави сцени.

Како и да е, и ќерката да е најзлатна на Свет и свекорот и свекрвата нека се најфини, ако ти не си задоволна од него, не можеш да му простиш за бебето и има други работи секогаш ќе се појавуваат нови проблеми. Мене ми изгледа како секогаш да си му била на располагање, знае дека си тука во секоја ситуација, па нема мотив да се бори и да ти се докажува. Треба малку да види колку ќе му биде полошо/подобро без тебе. А ти зошто место да се мачиш вака не ја погледнеш иднината од друг агол. Другите формуџивки ти дадоа убави совети за што да направиш со себе. ТИ посакувам многу среќа :cmok:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 28 Авг 2014 03:01 #252121

  • leona
  • leona's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 123
  • Thank you received: 38
  • Карма: 1
Секој заслужува да му биде добро и да биде пазен и чуван од партнерот. Во брак многу се менува животот, а после со бебе пак уште повеќе. Љубовта е важна,ама ако нема почит и разбирање во обем кој ти го очекуваш, ќе бидеш многу незадоволна. Треба да бидеш свесна дека имаш избор и да си најдеш таков човек што се ќе направи за тебе. Промените се многу тешки ама ако е за подобро вреди да се направат. Тоа што велиш дека телото веќе ти дава знак дека две години си под стрес, за мене значи дека ти од внатре не се согласуваш со тоа што ти се случува. На мене ми се чини дека ти веќе си донела одлука, само ти треба поддршка за да ја примениш. Гледај се себе, гледај да се чувствуваш добро и сама да си даваш сила кога ти е најтешко. Ние самите одлучуваме како ќе реагираме за нешто и како ќе се чувствуваме. Што и да одлучиш, сигурно ќе биде вистинскиот изборот, зашто така мислиш дека е најдобро во моментот.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 29 Авг 2014 00:15 #252122

  • Simona`s mom
  • Simona`s mom's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 184
  • Thank you received: 73
  • Карма: 3
Можеби моите реченици ќе звучат сурово, ама полесно е кога даваме некому совет кого воопшто не го познаваме, ниту емоционално сме поврзани, па не мора што се вика на јајца да газиме и да се плашиме да не повредиме чувства.
Виножитке,на твојава приказна еден многу мудар колумнист ќе ја употребеше kratenkata DTMFA Dump The Motherfucker Already.Брутално ,ама во некои случаи многу корисно.
Читајки те мене не ми е јасно во што се состои твојата среќа со него, и зошто ти уствари сеуште си со овој човек, кога цело време си тажна и под стрес. Кои се неговите квалитети? Од напишаново испаѓа дека е слабак, сака да седи на повеќе столици, неодлучен, кукавица, манипулатор, како родител не е ништо посебно,а тебе те изиграл во повеќе од една прилика.И тоа јако.Освен дека платата му е голема,( :dosadno: )ама и со неа не е рационален.
Детето,свекорот и свекрвата,не би требало да ја одредуваат вашата иднина,а очигледно се сериозни играчи.8 годишно дете не може само по себе да биде зло,таа е само љубоморна,и манипулирана од својата мајка а очигледно и татко.Пошто здрав однос немало ни предходно.Тебе те игра,оти ти ја сватила слабата точка.Она е сепак дете,вие другите сте возрасни.
Ти веќе имаш јасна слика како отприлика ќе оди динамиката во вашиот евентуален брак.Зошто мислиш дека нешто драстично ќе се смени ако сте земени? Пак ќе имаш нервози,освен ако по некое чудо коцките се наредат,и вереникот твој наеднаш созрее.
И немој себеси да се јадеш за абортусот.Грд сплет на околности,прости си себеси.Дури изгледа како да се казнуваш себе,па остануваш во нефункционален однос.
Сори ако звучи остро ова,само мој впечаток,што нели не мора да е точен.
Многу среќа!
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Bubbi, eleonora

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 10 Окт 2014 03:57 #252715

  • виножито
  • виножито's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 4
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
Заврши моето и некако ми е полесно.
Полесно ми е зошто најдов добар психолог. Разворот со него ми беше повеќе од потребен. А ми бил многу потребен, но доцна се сетив да побарам стручна помош. Ок е. Ќе биде подобро.

Како заврши..
Господинот сезнајко ( стучљакот во секоја област) дипломираше. Бев на дипломската со него. Ненаспана од предходната ноќна прослава, изморена. Се растрчав од сабајлето по продавници за частење за професорите, за букети за професорката. Пристуствував на дипломска, покашав љубов, давав поддршка, чекав по ходници да се собере комисијата. Почна дипломската, јас радосна, горда. Дојде крајот и тој се изнаслика со професорите, а мене ме заборави. СО мене не се ни сликаше. Ок се збунил. Не му реков ништо. На пат за дома, во кола му текна и вика ајде да се сликаме. Ајде зедов тел се сликуваме, ама ниедна слика не му беше по кејф. Кога стигна дома ми вика леле вратот ти е мн дебел на сликите, ниедна не најдов добра ( за на фејсбук). Кога заврши дипломската, човекот ми рече да одам во другот ходник со неовите докуметни и да го чекам професорот за да му даде потврда, а тој раат да си поразговара со колегите. отидов, чекав сама, наместо тој.
После неколку дена му бише роденден и сакаше да прослави во ист ден и роденден и дипломска.

Ден пред роденденот ми рече дојди кај мене на спиење, а јас му реков ќе дојдам утре пошто тој ден ми беше последен од цилусот а и сакав да се средам, да се депилирам, веѓи, коса итн. Му реков ќе дојдам утре за да си прославиме.

Дојде денот за роденденот и го го славеше дома. Братот негов и снаата, ја донесоа керката на прослава. Дојде малата, се исгушкавме и поголемот дел од роденденот бевме во соба кај неа, да црта за нина, а останатиот дел беше кај мене во скут и ја хранев, пошто никој не и спомна за јадење. ОК нема врска тоа, се заборава во таа еуфорија. Имаше и други гости и на крај кога сите заминаа, јас со свекрвата станав да средиме. Таа раскреваше а јас еден тон садови за миење.
Малата дојде во кујна, да сме играле карти и јас и реков дека неможам сега, дека треба да средиме дома. Таа кога виде дека ништо од картите, ме праша “ ти кога ќе си одиш“. Јас и викам, јас нема да одам, тука ќе спијам ( таа секогаш спие со баба и а никогаш со татко и) и таа одма ја наведна главата и рече дека ја боли и ми вика “ јас несакам тука да спиеш и сакам да си одиш“. Баба и и рече, таа нема да си оди тука ќе седи, а малава се наљути и не сакаше да оди да ја однесеме тортата ( иако јас требаше да му ја однесам, сепак таа ја однесе тортата) И тоа ок и на тоа не замерив.
Отиде во собата кај татко и и почна да се жали дека не и е добро. Пред крај на средувањето на кујната, запалив цигара и тој дојде ( свекрватабеше тука) и ми вика, “ ти што ќе правиш сега?“ Јас му реков еве да ги домијам садовите. Тој: па кога да те носам? Се чудам, се чудам и мајка му вика каде да ја ностиш де таа овде ке спие, а јас реков остави. ќе си одам. Се врти тој накај мене и шепка “ па малата е тука“. Е тогаш ми пукна реков: па што ако е тука, кога тааи така не спие со тебе? Како планираш ние да живееме заедно утре? ТОј ладнокрвно ми вика, па така ќе живееме има време. Леле бе каде ќе му оди таа душа? Зар не е свесен дека се што мене ми прави, еден ден на ќерката ќе му се врати? Како ќе се оправда пред Бога?
Запалив уште една цигара и на старата и реков, неможав веќе да го поднесам, тој стоеше на странаи молчеше и после некое време ми вика кога да те однесам. Реков братми ќе дојде да ме земе. Му се јавив на брат ми да дојде и му реков демек овој е пијан и неможе да вози. Неможев да им кажам на моите. Немам лице да им кажам колку сум се понижила. Ако Господ е голем.
Утредента го смени пасвордот на фејсбук. Се блокирав. Наместо да се извини, наместо да се покае, наместо да ме разбере, тој сега демек дипломира и готово, ќе го унапредат на работа и јас веќе не сум му важна.
Луѓе малку фалеше да добијам срцев удар. Едвај дома се смирив со 2 дијазепами од по 5 мг. Одеднаш цела соба ми се стемни, во очите имав јак притисок и неможев да гледам во екранот на тел, за да викнам брза помош. Мислев дека умирам. Во главата имав силни звуци, а срцето незнам колку пати ми прескокна. Неможев ни рака ни нога да помрднам, само останав во таа згужвана позиција повеќе од 1 час. Незнам која сила ме врати, но слушав гласови. Некои си разговараа во мојата глава, а јас неможев да запамтам ништо.

Вечерта додека црташе малата и снема хартија од блокчето, а јас и реков дека ќе и купам 2 нови. Утредента може 10 пати ми звонела на тел од кај баба и, а јас во кома од таблетите. Кога станав се јавив ( мислев дека е старата) и малата ми вика 3 кога ќе дојдеш да ми ги донесеш блокчињата а јас и реков дека ќе и ги пратам по баба и. И одма ми рече ајде чао тогаш. Јансо е дека тоа дете е користољубиво како татко и. Кога некој таков и ја направил и воспитал. Убаво си ме искорстија и после во канта.

Заборави ко беше тука за него кога тој беше на дното. Заборави дека плачеше и молеше да не го оставам. Заборави дека викаше само тебе те имам во животот, додека имаше кави со татко му, со мајка му, со стрикото, со бившата жена. Му ја вратив насмевката, му го кренав егото, му дадов љубов, поддршка, пријателсто... Оставам на Бога, тој нека му пресуди. Од мене никакво зло нема да види, но времето ќе каже кој што заслужува.

По два дена отидов кај психијатарот ( односно психилогот), ме натера една пријателка а ме однесе колега од факс.
Човекот наместо една сеанса од 45 мин, со мене остана 2 часа и 45 мин. Прв пат во мојот живот зборував со некој толку отворено без да се срамам или плашам. Прв пат верувајте ја отворив душата. Добро сум. Ќе се посветам сега само на факултетот. Не се брзам да најдам некој нов. Мислам дека нема ни да барам долго време. Ќе се посветам да си го средам здравјето. Да ми исчезнат овие темни кругови под очите. Закажав на повеќе прегледи. Порачав и гумени штитници зазабите, зошто ноќе од стрес ги кршам -Бруксизам така се вика таа болест.

Да дополнам: Кога ние размислувавме и се договаравме за заедничкиот живот, планот беше да одиме во др град да живееме, каде што работи тој и каде што јас имав поголеми можности за работа. Но во последно време почна да зборува за доградба на куќата. Тој не се слага со татко му воопшто а сака тамо да живее. Сам знае колку татко му е нервозен, а и мене сака во оган да ме стави. Во последно време се почна сам да си планира и се како мену му одговара. Касно сфатив дека мене веќе ме нема во неговите планови. Касно сфатив дека тој ги користи сите околу. На 37 год мајка му сеуште му готви, го пере, му чисти и згора на тоа и вика. Детето му го чува, а тој на компјутер седи или игра игра на тел. Јас кај нео тој на тел и си игра игрици. Ми вика па ти сакаш со мајка ми муабет да си правиш. Јас одев кај него за него, не дека не ја сакам мајка му ама тој здраво за готово.

Ви благодарам за предходните советувања. Сакав и предходно да ви пишам, но пишев па бришев- ми беше срам. Ќе ви информирам и понатака, кога пак ќе соберам храброст.
Ви пишував во детали, не само за совет или поддршка, туку за да може и некоја друга како мене да прочита, за да не мора да го преживува ова.
Ве бакнувам сите и уште еднаш ви се заблагодарувам.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Simona`s mom, biljann

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 10 Окт 2014 11:22 #252716

  • Bubbi
  • Bubbi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1652
  • Thank you received: 957
  • Карма: 7
Виножито,

Немам многу оддамна пишувано на форумов, но вети си себе дека ке издржиш до крај и нема да попуштиш, на „добрите“ и лигави работи кој тој ке ти ги приреди за да те врати..

И најдобрите и најискусните советници на светот да дојдат, ние учиме само од нашите грешки!!!
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Најново на форумот

  • No posts to display.