Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

ТЕМА: Брачен партнер со претходно искуство+дете

Брачен партнер со претходно искуство+дете 17 Апр 2011 03:54 #130762

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2899
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Деновиве си размислувам на оваа тема поинтензиво. Моја блиска пријателка е во врска со човек кој е разведен и има дете.(керкичка од 6 години). Некако се прашувам зошто се плетка со тој човек? Не дека не е добар или не е вреден за нејзе. Но таа е девојка без претходно брачно искуство. Нема деца. Дали е преголем залакот да се прифати дете од партнер? Баш ме интересира Вашето мислење?
Дали Вие веќе сте во таква заедница? Какви се односите на партнерот код детето?
Пред повеќе од 10 години на моја блиска пријателка роднина се омажи за човек кој беше со претходно брачно искуство и имаше син кој тогаш беше некаде на 5 годишна возраст и тој си живееше со мајката. Таткото секако се грижеше за детето и на девојката тогаш и беше многу интересно да се дружи со детето. Неколку години подоцна откако се земаа и добија свој син, односот на сега вторава жена битно се промени во однос на првото дете. Ние така гледајќи од страна (тогаш не сум имала абер од брачни односи и деца и слично) ни беше чудно. Но нејзината мајка цело време ја предупредуваше да внимава што прави и во какви односи се вплеткува. Сега тие се иселија во странство. Детето од првиот брак дојде да живее со таткото. Појма немам какви им се секојдневните односи.
Сега набрзо сум на свадба на наш роднина. Дечкото е неженет и се жени со жена која е претходно мажена и има возрасна ќерка (типкава млада се мажела). Семејството беше против. Не можеа да преболат за нивниот син единец дека се жени со "таква" жена. Олеснителна околност е што жената е сега бремена од него и ќе роди заедничко дете па малку страстите се смирија. Да ве чујам Вас што мислите и дали имате некако искуство во врска со оваа тема?
И секако да го кажам своето мислење. Јас лично и покрај тоа што сум веќе мажена и имам дете тешко дека утре би можела да прифатам партнер кој има дете од претходен брак. Мислам дека не сум кадра за тоа. Но сепак можеби љубовта би направила чудо па којзнае. :roll:
Последна промена: 17 Апр 2011 04:00 by macika.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 17 Апр 2011 13:01 #130789

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Мацика искрено и јас не можам баш да ги сфатам таквите врски/бракови, иако не можам да судам за други - тие си знаат најдобро. Секоја ситуација е различна и секој си знае најдобро за себе, нели? Мој пример ... Млад брачен пар, многу кратко време во брак, си имаа малечко девојче - 2-годишно. Мажот почна да ја изневерува сопругата, одејќи со малолетна девојка (15-годишна) и нормално, им се распадна бракот - се разделија. Девојчето остана со татко му. Оваа, малолетничката, одеше со него до својата 18/19-та година, па ја зацврстија врската со брак. Сега имаат 2 девојчиња. Првата сопруга исто си се премажи и има две прекрасни дечиња - машко и женско. За нејзиното семејство знам дека се среќно, прекрасно. Овие другите, ок се и тие можеби, но сепак самите си знаат како им е. Замисли, девојчето што остана со татко му е помало од "маќеата" само 13-14 години (може сестра да и' биде). Во никој случај не ја оправдувам девојката - малолетна, несозреана, но сепак, малку да си го ставела прстот на чело - немало така да постапи. Немала шанса за млад дечко, слободен, останала пред завршен чин, престарела :wtf: ..., па почна да се гледа со оженет човек (во брак), кој има мало дете :wtf: и им го растури бракот :nc: Можеби партнерите ќе се снајдат, ќе продолжат како ништо да не било, но децата се тие кои најмногу страдаат. Каков пример ќе им е оваа мајка на своите ќерки кога ќе потпораснат? Сигурно ќе разберат што сторила. Верувам дека се' е од домашното воспитување. И нејзините родирели биле разведени, па таа, без контрола, "летала" ... А за тоа дека ќе го сака тоа девојче и ќе го третира како свое (исто со нејзините), чисто се сомневам (за неа кажувам, верувам дека има и исклучоци, секоја чест на таквите).

Голем е напорот што еден човек треба да го направи за таква врска. Има лица на кои им се погодило, сложно си живеат, но и такви кај кои постојано стои искра и "туѓинец". Не би се решила на таков чекор (фала му на Бога, немало потреба), инаку, сепак е индивидуално.
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

Последна промена: 17 Апр 2011 13:05 by Независна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 17 Апр 2011 15:10 #130798

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Ај да почнеме со ред - прво не значи дека секогаш (како што спомна Независна) причината за распад на еден брак мора да биде појавата на некој трет од страна. Во бракот во кој ќе влезе некој трет најчесто тоа се случува кога веќе нешто одамна на големо не функционира во бракот. Сакам да кажам во брак во кој има доверба и љубов меѓу партнерите - не може никој од страна да влезе и да го растури, па не знам колку да е позгоден, поубав и што и да е.
И да ги оставиме на страна брачните неверства, оти темава е конкретно - за брак со партнер кој е разведен и веќе има дете.
А кога веќе ќе дојде до распад на бракот, разведените партнери секогаш кај нас се осудени од средината или како што сакам јас да кажам - жигосани- и повеќе за нив е завршен животот. Па уште ако имаат дете - тоа е Бог да чува.
Секако дека не е лесно да се прифатат туѓи деца, но зарем полесно е ако посвоите дете? Оној кој се решава да стапи во таков брак сигурно е многу свесен и има расчистено со многу работи кога се решава на таков чекор и не знам зошто секогаш мора од страна други да се мешаат и делат „добронамерни совети„ што треба да се прави. Па нема бре тие да живеат со нив. Нека ги остават луѓето да си го живеат животот. На крајот од краиштата ако нивниот избор е погрешен ќе покаже времето, а последиците ќе си ги осетат само тие двајца.
Особено ми се смешни и чудни коментарите - зар не можеше тој ерген (или таа девојка) да најде слободна жена (маж) мораше со разведен/а да се зема. Зар му(и)фали нешто? :wtf:
А што треба да му фали за да се омажи/ожени си разведен/а? Или ај поинаку да го поставиме прашањето- што ИМ фали на разведените? Зар бракот кој не успеал е срамно искуство?
Да, сестра ми е во таков брак и тоа зет ми има две деца од претходниот брак. Сега чекаат свое дете. Секако дека на моите од почеток не им беше сеедно, но јас им реков - во брак сум скоро 15 години, од каде сте сигурни дека ќе трае мојот брак уште толку или до крајот на животот. Што ако се случи да се разведам од било која причина? Како ќе ме гледате мене тогаш и нели ќе сакате и јас да сум среќна, па ете и повторно да се омажам ако имам среќа.
А најмило од се ми е што гледам дека се сакаат и почитуваат меѓусебно. И децата тоа го чувствуваат, па возвраќаат со коректен однос кон нејзе.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 17 Апр 2011 15:13 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Juni08_Andrea, Zvezdicka, kalinche70, Majsi, Lile and this user have 5 others thankyou

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 17 Апр 2011 15:44 #130801

  • BLIZNACI
  • BLIZNACI's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 65
  • Thank you received: 66
  • Карма: 1
Ane,potpolno si vo pravo i edno golemo BRAVO za ova razmisluvanje.Mojot soprug ima prethoden brak od koj ima edno dete sega e golem 14 god.a nie imame dve prekrasno bliznacinja.Na toa dete a go znam veke 12 god.mu ja imam dadeno celata mojata ljubov i denes toj mi vraka so toa sto gi obozava maeckite,premnogu gi saka a bogami i tie nego.Zivee so majkata no normalno doagja redovno i kaj nas i malive se najsrekni koga bato e tuka.Pricinata za eden raspadnat brak e mnogu podlaboka otkolku da se pojavi nekoj tret.Ako jas sum srekna vo brakot i imam se sto mi treba neznam koj da mi se pojavi i kakov i da e nemoze da mi rasipe harmonijata,nema da dozvolam a isto e i za sprotivniot pol.Razveden ili ne covekot ima pravo da si go prodolzi zivotot ponatamu i da si ja bara srekata a normalno pritoa decata kolku sto moze maksimalno da ne go ostetat nedostatokot na edniot roditel.Znam deka ne e isto koga edno dete raste so eden roditel no vo takva situacija treba mnogu ljubov i vnimanie za deteto da gi razbere rabotite i da gi prifati kako sto se.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Helix

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 17 Апр 2011 15:53 #130803

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
Mnogu zavvisi od samiot covek, od okolnostite, od se'. Iako se slozuvam so prethodnive postovi, jas pred da stapam vo brak i da imam dete ne bev spremna da prifatam covek so dete vo mojot zivot. Ne deka gi osuduvam, bas naprotiv, ama ete vo toj period jas ne bev vo takva emocionalna zrelost. Sega poinaku razmisluva, poiskusna sum vo toj pogled. Znaci sega sum mnogu pofleksibilna ... zivotnite problemi si go pravat svoeto :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 17 Апр 2011 16:03 #130811

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Damjana - сосема е во ред да се биде искрен пред себе и пред другите, дали може да се превземе таков чекор или не. Јас не ги осудувам ни тие луѓе- како што рече и мацика дека не би можела. По фер е тоа, отколку да се лаже дека поради љубовта кон партнерот (во тој миг се заборава на тоа дека постојат неговите деца, верувајте ми) ќе се поднесе се и се ќе биде ОК, нели ќе живееме како големо среќно семејство и тн. па потоа да се почне со „друга песна„.

Но, јас никогаш нема да ги прифатам размислувањата од типот - разведен/а и веќе нема право на среќа во животот, ако таа среќа е покрај некој кој нема брачно искуство.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 17 Апр 2011 16:04 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: kalinche70, Nebo

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 17 Апр 2011 16:49 #130816

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
  • Карма: 27
Секогаш секому може да му се случи развод поради икс причини и тоа не значи дека треба разведениот да се закопа и да нема повеќе право на живот и љубов.Некои размислувања ме наведоа да се почувствувам како да сме во Индија,а јас мислев дека младата генерација надминала муабети од типот тој со дете,таа девојка???:wtf:
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 18 Апр 2011 00:54 #130855

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2899
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Значи нема врска муабетот со тоа дека разведен човек треба да си продолжи со животот. Овде поентата на муабетот е нешто друго. Прифаќање на дете кое не е ваше. Споредбата на дете посвоено и дете кое има родители, а не се веќе заедно е сосема друга работа и неможе да се прави споредба.
Инаку мислам дека е голема тежината и големината на тие луѓе (независно мажи или жени) кои можат да се соочат со овој предизвик. Зошто ова го велам. Бидејќи и самата сум била сведок на ретки примери обично на жени, но познавам и маж кои прифатиле туѓо дете со отворено срце без предрасуди. И зошто велам ова посебно се однесува на луѓе кои немале претходно свое дете. Бидејќи обврската е многу голема и деликатна. Секојдневното живеење нанесува милион ситуации во кои треба човек да внимава како ќе изреагира. Примерот на мојата пријателка горе која е во врска со човек кој е разведен и има дете (но детето не живее со него) а сепак често престојува кај него. И сега детево ја обожава девојката на својот татко. Но, мајката од другата страна прави циркузи и дете како дете кога ќе дојде дома кај мајка си и кога ќе каже дека супер си поминало и кој се бил тамо (нели се споменува и името на пријателката) мајката прави некои притисоци. Детето е доведено во ситуација да лаже и не кажува баш точно како го поминало денот оти не сака да ја жалости мајката. Од друга страна мојава пријателка е вмешана во односи кои се деликатни уште во старт, и незнам како тоа дете би се понашало кога би имало дете од другава страна, а и како мојата пријателка би се однесувала кога ќе се роди нејзино дете со тој човек. Затоа велам симнувам капа на сите кои се кадри и способни да се носат со вакви ситуации. Но сепак мислам дека треба да бидеш многу многу широк во поглед на сваќања и да не се вреѓаш лесно и да знаеш да простиш. Оти ставете се во ситуација колку пати сме ги навредиле нашите родители и ни простиле оти сме нивни деца, но ако навредите родители кои не се ваши пример на сопругот или сопругата туку нема место за пардон. Исто и обратно вие на Вашите родители сте спремни да им простите за нивните киксови, но дали тоа би го направиле ако не се ваши родители. Незнам баш дали сум доволно јасна и на што поентирам.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Независна, bilni

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 18 Апр 2011 02:02 #130867

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
ОК мене малку ме понесе ставот на Независна.
Ова кое ти го кажуваш е веќе друг муабет - зборуваме за односи во бракот - врската и ставањето на децата во средина, мешање од страна на другиот партнер.
Мада и тука би го рекла истото = за да се соочиш со такво нешто- треба да си пред се искрен пред себе, а потоа и пред другите - дали си спремен/а да се соочиш со такви ситуации. Не може да очекуваш дека се ќе оди како подмачкано и дека нема да има непријатни ситуации. Многу голема зрелост е потребна за да како што рече мацика - не се навредуваш лесно, да простиш и тн.
За тоа што некои луѓе кај нас сеуште не знаат на цивилизиран начин да се разведат, па ги користат децата како оружје за да се закануваат кон бившиот партнер, вршат притисок врз детето да се одмаздува во нивно име на другата страна или пак да шпионира - навистина не вреди да се коментира.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 18 Апр 2011 02:03 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 18 Апр 2011 02:28 #130870

  • Независна
  • Независна's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Be cool, think pink and everything will be ok ;-)
  • Теми: 1140
  • Thank you received: 481
  • Карма: 16
Јас некако ја пренасочив темата, sorry :sram: Веднаш ми асоцираше на таа непријатна семејна ситуација и несвесно се префрлив на неа. Го делам мислењето дека разведените ги осудува околината (кај нас, во нашата држава), а секако дека имаат право да почнат нов живот, нов почеток и да бидат среќни. Не знаеме што носи животот (никогаш не вели никогаш). Од денешна перспектива не сум подготвена за таа улога (неискусна и во поглед на заедничкиот живот-брак, пред се'). Настаните и годините го менуваат човекот, се разбира... Инаку, повеќе девојките се одлучуваат за брак со разведен човек со дете, во споредба со момците... Момците се во позавидна положба во секој случај.
A smile is a language even a baby understands. It costs nothing but it creates much. It happens in a flash, but the memory of it may last forever. Keep on smiling.

The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 18 Апр 2011 16:15 #130972

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
Jas imam bratucedka koja se omazi za covek koj bil dva pati razveden, i od sekoja zena po edno dete.Decata ziveeja so nego. Prvoto dete mu e golemo 20 god. i se omazi. Vtoroto dete koe sega e 8-mo oddelenie sega zivee so bratucetka mi. Isto taka bratucetka mi rodi edno detence i sega site ziveat zaedno. Neznam mozebi koga slusnav za ova malce se sokirav i iskreno so MM si rekovme ubava, pametna devojka nemozese li da najde nekoj bez deca. No so ogled deka bratucedka mi veke imase 36 god. moze se plasela da ne ja pregazi vremeto i se odlucila na vakov cekor. Gledam deka ubavo si ziveat, bratucedka mi gi gleda i svoeto i negovoto dete no neznam kako ke bide ponataka koga se se deli imotot.
Nikoj neznae sto mu nosi zivotot i dali ke se najde vo takva situacija. Jas bratucedka mi ja smetam za covek so golemo srce i blagorodna dusa koja moze da prifati takvo nesto.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 18 Апр 2011 16:56 #130974

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
  • Карма: 16
За жал знам само неколку примери каде сопругите не ги прифатиле децата на својот сопруг од претходниот брак. На почетокот сите кажуваа дека детето не им претставува проблем, дека можат да се носат со таа улога. Но, како што минуваше времето се покажуваше спротивното. Според мене, кога веќе сакаш да бидеш во врска, па и понатаму во брак со партнер кој има дете, треба навистина да си подговтвен за тоа. Децата не се играчка, па денес ги сакаш, а утре пу, пу не важи. Треба навистина да се биде целосно зрела личност со цел успешно да се носиш со тоа. Досега не сум размислувала дали јас можам да стапам во брак со разведен човек со дете. Сега кога размислувам, мислам дека тоа и не би ми било проблем, но се разбира ако неговата сопруга исто така не прави проблеми. Како што прочитав во некој од погорните постови, ако претходната жена прави проблеми, тоа се разбира ќе резултира и на нашиот однос. Замислете, детето уште од мало се учи да користи лаги, а тоа е нешто што воопшто не ми се допаѓа и не би можела да живеам така.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 18 Апр 2011 18:05 #130987

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2899
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Според мене полесно е и двајцата да имаат претходно искуство по поглед на деца оти мислам дека ако се впуштиш во таква врска немаш реално појма што те очекува. Тоа е исто како и пред да се мажиш и воопшто да имаш деца. Сосема различно искуство.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 18 Апр 2011 20:37 #131012

  • mama
  • mama's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • *Be happy*
  • Теми: 903
  • Thank you received: 448
  • Карма: 7
Овие денови од икс причини и мене ми се вртеше оваа тема низ глава.И да бидам искрена јас не знам како би реагирала во таква ситуација.На прва мисла си реков па да,јас обожавам деца и без проблем би прифатила друго дете.Ама кога ке подразмислам поубаво ,па си велам дека не би се снашла баш во таквата ситуација оти секогаш моето дете ке го ставам на врвот(во моментот сум во фаза дека син ми е најдобар:zelen: ) а тоа искрено не би било фер спрема другото дете.Е сега јас да не сум мажена и да немам деца а да најдам партнер кој што веке има едно или две дечиња,мислам дека би ги прифатила како мои.

Иако кај нас(барем во помалите места)разводот се уште е табу тема и ТАА која што е разведена е лоша особа и распуштеница,додека ТОЈ што е разведен поарно што куртулил на време од жената.Ме свакате што сакам да кажам? Но сепак тоа е друга тема на муабет :OK:
??
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 06 Мар 2012 09:32 #186443

  • bilni
  • bilni's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 200
  • Thank you received: 122
  • Карма: 0
mama i te kako kaj nas ovie brakovi se osuduvani za pros primer se zemam sebesi bidejki na mm sum mu ftora zena i toj ima sin od 12 godini . No edno golemo NO od onie carsiski muabeti koi kruzat deka kako sum mozela ili red drugi raboti koi i gi zborat i i ja polnat glavata na majka mi jas toa go sakav i go prifativ od edna prosta pricina site nie nekogas gresime nekoj poveke nekoj pomalku no toa nokogo ne go interesira .

A sosem drugo e toa kolku sin mu mene me saka i kolku si go saka brat mu sto navistina vo nekoi situacii si pomisluvam deka da bea rodeni braka nemase da se sakaat tolku inaki mm e postar od mene 7 godini i jas predhodno sum nemala nikakvo iskustvo osven vrski
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 06 Мар 2012 10:13 #186454

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Важно е тебе да ти е убаво, а средината ќе легне на брашното, свако чудо за три дана...

Ти ако си го прифатила, тогаш нема што другите да го прифаќаат.

Е сега, знам случаи каде што не е се така розево кога има дете од прв брак, каде бившата жена прави проблеми, го нарушува мирот на семејството манипулирајќи со детето.

Вторава се лути зашто мажот дава пари и кај првата жена за детето и слично, но очигледно кај вас се работи за разумни луѓе, па таквите малограѓански работи ви се надминати.:)




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bilni

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 06 Мар 2012 10:40 #186456

  • bilni
  • bilni's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 200
  • Thank you received: 122
  • Карма: 0
annabel mene licno tie malograganski muabeti i ne me interesiraat bas a sto se odnesuva do deteto mm mu nemase plakano alimentacija od pred mene zosto e proglasen za nesposoben za rabota poradi nekoi negovi problemi pa taka da otkako sme zaedno od mojata plada dvojam i mu pustame na nego a za toa kolku bivsata mu go polni mozokot na maliov nemozam da opisam za toa kolku ivan bil cenet i sakan a on ne i red drugi raboti no nejze ne i uspea seto toa bidejki jas si go prifativ deteto kako moe i taka ke bide zasekogas i ono toa go znae zosto veke ne mal za da moze da komanda nekoj so nego
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 06 Мар 2012 12:16 #186485

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Јас капа им симнувам на луѓето кои можат да прифатат животен партнер кој има детенце од претходен брак. За жал, јас не сум една од нив. :sram2: Иако во моето семејство имаме многу такви примери (нејблиски примери се баба ми и дедо ми, кои и двајцата имале претходни бракови и деца со други партнери). Ги знам сите полу братучеди и од двете страни, и отсекогаш добро сме си живееле. На дедо ми првата жена му починала, а баба ми во нејзина чест го крстила сопственото дете (мојата мајка) како неа, а детето на дедо ми од првиот брак (кој јас го сакав како да ми е роден вујко) си го чувала како свое дете, покрај нејзините две. Значи, се‘ е возможно ако се сака, ако се има разбирање. Им честитам искрено на таквите луѓе кои можат да го носат тој товар, јас за мене кажав-не би можела. :poimnemam:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Ana78, isabella

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 06 Мар 2012 12:41 #186492

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
  • Карма: 34
Потпис за постовите на Биг Систр, во потполност се сложувам со се' што напишала. Да не го тупам и да го пишувам истото само со други зборови, ќе кажам дека како што би сакала, ако не дај Боже утре се разведам, да ме прифати маж без разлика дали бил или не некогаш женет, така и јас би прифатила. И отсекогаш така сум размислувала, точно си го памтам ставот пред 10тина години, дискутиравме за сестра на другарка од клас која имаше 25 год. и се омажи за дечко кој бил женет и имаше дете и мене сето тоа ми изгледаше нормално, се' се случува и кога е љубов во прашање не го тупам многу многу.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bilni

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 06 Мар 2012 15:57 #186537

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2797
  • Thank you received: 647
  • Карма: 26
jas licno neznam dali bi mozela da ziveam taka , mozebi ,neznaeme sto ne ceka vo zivotot
nego sakav da pisam edna situacija sto mi go zema zdivot i me natera da zaplacam
bevme na svadba kaj edni prijateli, na mladozenecot majkata bese pocinata , a tatko mu prezenet so druga zena so koja se dolgo vo brak ama nemaat zaedno deca
pocnuva svadbava i neli gi redat site na oro ,doaga red na svekrvata i nemozam da vi opisam kako izgledaa dvajcata eden do drug , kako pravi majka i sin ,da ti se napolni srceto
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29, macika, Helix

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 06 Мар 2012 19:13 #186561

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
Имам драга колешка која не само што целосно ги прифатила двете деца на сопругот од претходниот брак, туку сега како совршена баба гледа внучиња од нив... посветено, одговорно, со многу љубов.... и се восхитувам. Би прифатила секако, детенце си е детенце, од човек што го сакам мислам дека би го сакала и неговото дете како да е и мое.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 07 Мар 2012 04:08 #186583

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
  • Карма: 8
Ane wrote:
Да, сестра ми е во таков брак и тоа зет ми има две деца од претходниот брак. Сега чекаат свое дете. Секако дека на моите од почеток не им беше сеедно, но јас им реков - во брак сум скоро 15 години, од каде сте сигурни дека ќе трае мојот брак уште толку или до крајот на животот. Што ако се случи да се разведам од било која причина? Како ќе ме гледате мене тогаш и нели ќе сакате и јас да сум среќна, па ете и повторно да се омажам ако имам среќа.
А најмило од се ми е што гледам дека се сакаат и почитуваат меѓусебно. И децата тоа го чувствуваат, па возвраќаат со коректен однос кон нејзе.

Знаеш како Ане тоа што децата се понашаат нормално и убаво многу зависи од мајката. Ако мајката е на чисто со тоа дека ситуацијата е таква, ако и она си го продолжила својот живот, како во случајов, со нормален тек, сосема е нормално дека однесувањето на децата ќе биде рефлексија на тоа. И супер ако е така, тоа е нормално однесување, без крв и лоши зборови, туку да им биде убаво на сите.

Јас имам една пријателка што со бившата жена на мажот има почнато бизнис, си одат на гости со неа и со нејзиниот сегашен маж, имаат и она деца од порано, две и он две деца со бившата, и уште едно заедничко. На крај што се случи? Си купија Опел Зафира за да им ги собере петте деца кога одата на одмор.
Ама тоа е исклучиво ретка ситуација, навистина.

Што се однесува до тоа дека некоја им го растурила бракот, некој трет, никогаш вината не е во третиот, туку во двајцата брачни партнери кои се обврзале да си бидат верни засекогаш. Не е никој од страна крив што некој не е добар сопружник!

Ако размислуваме вака дали би сакала утре моите деца да се мажат/женат со луѓе со деца, не би сакала.
Дали би прифатила ако веќе го направат тоа, би прифатила. Би прифатила се што моите деца би ги правело среќни!
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mama

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 07 Мар 2012 04:23 #186589

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2896
  • Thank you received: 1856
  • Карма: 1
Мене тоа не ми смета. Па, животот не завршува со разводот. Зашто тие луѓе да бидат осудени да останат до крај на живот сами, иако треба убаво да се размисли кога се влегува во таква врска, затоа што тоа е голема одговорност и потребно е големо срце.
Ама, јас можам да зборам од аспект на прифатено т.е. неприфатено дете. Мајка ми е одамна почината и татко ми се преженил. Имам (полу)брат што најмногу си го сакам, ама мајка му :ne: . Шпанскине серии канти вода можеа да ни носат. Може некоја е и инспирирана од нас, кој знае. Денес со неа имам чисто културни односи, ама нејзиното срце и понатаму си остана многу мало.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 07 Мар 2012 04:38 #186595

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Би прифатила, воопшто немам предрасуди. Да најдеш сродна душа е навистина тешко и ако тој човек го сакам и ми одговара и гледам иднина со него не би ми било пречка ако е разведен или има деца. Би сторила се да се грижам за тие деца како да се мои, а и тие да ме прифатат, што мислам дека е уште потешко.
Од друга страна ќе морам да влезам во таква врска/брак со многу повеќе храброст и без идеализирање. Чувството кое го имав додека спремавме со мм свадба, па закуќувавме, па сега со детето и нашите планови за иднината – нема да го имам. Сега сме само ние. Нема историја, нема алиментации, секој денар се знае кај оди и оди за нас, за наше заедничко добро. Не рачунаме кој колку заработува и кој колку ќе придонесе за нашата заштеда кога е синот во прашање. Ако мм има претходен брак може треба да плаќа алиментација, издржување за детето. Па ќе има кавги од типот што мораме ние да плаќаме тоа и тоа за детето, нека плати мајката. Како јас работам, а она не. И еден куп различни ситуации ми паѓаат на памет кои во сегашнава ситуација ги немам. Во денешно време кога еве заклучивме и второ дете да имаш е луксуз за некого, претходен брак и те како може да ги замрси сметките.
Мислам дека вака почнав да размислувам откако се омажив и видов дека не е се само до љубовта во бракот, и како што рече мамаМаја утре за мое дете нормално дека би благословила, ама би се обидела да му објаснам што се тоа повлекува со себе.
Ама пак ќе подвлечам, со многу храброст, нерви и љубов таквите бракови можат да бидат и многу среќни.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Брачен партнер со претходно искуство+дете 07 Мар 2012 04:57 #186602

  • blair waldorf
  • blair waldorf's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 284
  • Thank you received: 89
  • Карма: 1
Јас сум многу open-mind околу овие работи. Значи овие лупања во гради јас никогаш не би можела или слично ми се тотално небулозни. Зничи никогаш не знаеш што ти носи утрешниот ден.

Јас сум во брак, АМА што знам што ме чека. Дали раведените луѓе се нешто фалични или дефектни??? :mdf:
Мислам тоа што биле во брак, виделе нешто не штима и тоа е тоа. Еден е животот. И ај сега, муабети од типет, таа е девојка, што бара со него ово оно ми :spam:

Имам две пријателки. Едната е веќе неколку години во брак со разведен кој има девојче од предходниот брак. Таа си живее со мајката, ама кога доаѓа кај другарка ми со братчето се обожаваат. И другарка ми ја обожава. Маж и ја чува како капка роса. А кога се земаа сите коментираа и оговараа.
Е другата маж и шета во град цело време и кузнае што прави цело време.
И сега што?

А тоа што читам дека не му го сакала детето ова она, тоа е до личноста, бидејќи јас сите дечиња на моите дургарки ги сакам да се мои, а не па да биде дете на тој што го сакам. Немам предрасуди никакви. Дете е бе. Како можеш да не го сакаш ????


За тоа луѓе уживајте си во животот онака како што ви одговара вас, а не на тие околу вас :guskanje: Еден е животот и да си го поминеме најдобро што можеме, нели? :hug:
bebe82
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, sonja 35, bilni
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Најново на форумот

  • No posts to display.