Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Дали сите мајки (родители) ги сакаат своите деца?

Ре: Дали сите мајки (родители) ги сакаат своите деца? 20 Апр 2011 21:17 #131476

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
macika wrote:
Мајка се станува не со раѓање на детето туку со гледање на истото.
Токму така. И тоа го почувствував лично. Кога се роди Никола, не дека не го сакав или не бев среќна, но јас не чувствував такво воодушевување и љубов кон него, како што очекував, слушајќи ги сите оние приказни за wooow ефектот кога ќе го здогледате своето бебе прв пат. И во една прилика, плашејќи се да не почне да ме фаќа пост породилна депресија или нешто друго да не не е ОК со мене, и кажав на мајка ми за тоа а таа ми го рече истото - не се станува мајка и не го засакуваш детето само затоа што го носиш во себе и си го родила, туку кога ќе почнеш да се грижиш за него, а љубовта ќе расте како што секој ден се зближувате и тек кога ќе почне да ти возвраќа на таа твоја љубов.
Токму тогаш можев да ги сфатам потполно родителите кои посвојуваат деца дека можат и навистина ги сакаат како свои родени. т.е не е воопшто важно кој те родил туку кој те пораснал.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Sneze, macika

Ре: Дали сите мајки (родители) ги сакаат своите деца? 08 Окт 2013 04:36 #244623

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
  • Карма: 109
Исто Ане и јас кога се родија батковциве(толку очекувани и посакувани) мислев дека ќе го има она филмско чувсвтво на неизмерна среќа, радост ...
Да го ги видов за прв пат си се расплакав од среќа и олеснување дека се е во ред, но ... Како поминуваше време, таа љубов почна да си добива форма и да се зголемува од ден на ден. Има моменти кога готово мислам дека сум на раб на нервен слом, но во следната секунда гледаш две умацани муциња како мило се смеаат и те облева необјасниво чусдтво и забораваш на се.

А има многу мајки кои родиле деца за да здржат брак или сл и се гледа дека не чуствуваат некоја посебна љубов кон децата. Децата се најсвето нешто и не треба никогаш да ни служат како изговор за нешто. Јас многу повеќе ги почитувам оние жени кои решиле дека не сакаат да имаат деца и имаат други приоритети во живот, наместо оние кои ќе ги родат па знаеме што понатака.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.