Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Дали стерилитетот влијае на вашиот брак и како?

Дали стерилитетот влијае на вашиот брак и како? 12 Фев 2011 14:56 #111867

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Ние на почетокот бевме скршени, уништени, јас поготово. Ме убиваше мислата дека проблемот можел да се превенира доколку мм и неговите реагирале на време, не го запуштиле, во себе го обвнинував, ма сите тројца ги обвинував, се прашував зашто јас да плаќам за туѓа грешка и неодговорност...
Потоа полека застанавме на нозе и почнавме да се бориме, кога човек прави нешто не се осеќа ко да тапка во место и ко да чека од небо да падне помошта и решението. Со многу хумор успеавме да се одржиме, додека бевме сведоци на неколку бракови околу нас кои се распаднаа заради стерилитетот, мм и јас уште повеќе се зближивме, решивме дека ќе останеме заедно па што и да биде на крај, со или без деца се сакаме и нема да се разделиме. :hug:

Како вие, вашиот брак, го поднесувате овој проблем, ви влијае ли на врската?
Ве зближува или ве раздвојува?
Што правите за полесно да ја пребродите оваа борба?
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: ZZ, lavce

Ре: Дали стерилитетот влијае на вашиот брак и како? 12 Фев 2011 16:36 #111908

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7934
  • Thank you received: 5653
  • Карма: 121
Кај нас помогна да останеме заедно и да го пребродиме проблемот, што бевме како плус и минус. Се случуваше на моменти јас да бидам таа на која и паѓаше моралот и која губеше надеж, а сопругот ми беше најголемата поддршка и само ме бодреше. Велеше дека ќе успееме еден ден, а и да не се случи тоа, ме сака само поради мене, а не затоа што мора да имаме деца.
А кога тој ќе почнеше да се разочарува, јас го поткревав. Сепак (ќе повторам) ова беше поретко.

На испитувања, за лекување, секаде одевме заедно. Ниту еднаш тој не ми се спротивстави (како што знаат да прават мажите) и не одби било што да направи за да помогне во решавање на проблемот.

Нашата тага, која понекогаш ќе не зафатеше баш многу, ја лечевме заедно - ќе поплачев јас, ќе се погушкавме и најчесто завршуваше со некоја зезанција. Пак од него, оти има неверојатна смисла за хумор и знае во вистински момент да ги каже вистинските работи.

Дури и кога беше инвитрото и кога прокрварев два пати, тој само велеше - знам дека ќе успееме, ова не е ништо, не се секирај. И за една недела по инвитрото, ми ја купи книгата Што да очекувате додека чекате бебе, убеден дека и треба на идната мајка, која пак беше под стрес оти не знаеше дали е или не бремена :laugh:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: lavce

Ре: Дали стерилитетот влијае на вашиот брак и како? 12 Фев 2011 17:34 #111923

  • Vasidora
  • Vasidora's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1178
  • Thank you received: 400
  • Карма: 43
Kinky wrote:
... мм и јас уште повеќе се зближивме, решивме дека ќе останеме заедно па што и да биде на крај, со или без деца се сакаме и нема да се разделиме. :hug:

Мислам дека сега за сега овој цитат од Кинки не опишува нас. Се обидуваме веќе година и 3-4 месеци, ги направивме веќе сите освен имунолошки испитувања, се е во ред, и некако уште се тешиме дека не болуваме од идиопатски стерилитет.

Заедно сме 12 години од кои три ипол во брак и поминавме низ све и свашта заедно, па така заедно ке го поминеме и ова. Младички сме уште па има време и за алтернативни решенија.

А знам блиски парови во кои мажот не сака да се подргнува на испитувања. Тетка ми и тетин ми немаат деца, од проста причина што тетин ми ниту еднаш во нивниот брак не сакал да појде на лекар и да се испита. Тетка ми ги направи сите „женски“ испитувања и се испостави дека проблемот не е во неа.

Јас го немав тој проблем, мм ме подржа во сите испитувања, заедно одевме, и тој се испита и сега останува да чекаме на Бога... а потоа инсеминации, инвитра итн...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: lavce

Ре: Дали стерилитетот влијае на вашиот брак и како? 12 Фев 2011 19:26 #111939

  • radost
  • radost's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 204
  • Thank you received: 122
  • Карма: 14
Во моментов добро се држиме иако не се бориме со класичен стерилитет. Ни требаше повеќе месеци за да добиеме позитивен тест иако без лекарска помош. Арно ама радоста мнобу брзи ни заврши со мисед збортус. Е после тоа почна нашата сага. Сега се опоравувам од истероскопија и се чудам од резулататот од трансфузиологија. Исто ѕака не знам какода реагирам кога сега сите леакри се чудат како воопшто сум останала трудна со моите полицистични јајници и се плашам дека веќе никогаш нема да успееме да постигнеме бременост.
Да не ми е мм огромна поддршка и толку голем оптимист до сега не знам што ќе се случеше. Мислам дека се ова што ни се случува сега за сега уште повеќе ни ја зајакнува врската и сме поблиски. Се надевам дека таа и ќе остане во иднида без оглед што ќе се случи.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали стерилитетот влијае на вашиот брак и како? 12 Фев 2011 20:53 #111953

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
  • Карма: 32
Na pocetokot bese neviden sok, osobeno sto mm go pocuvstvuva toa kako ga gubi del od svojata maskost, koga mu kazaa deka problemot e do nego. Jas nemav nikakov problem so toa no toj se obvinuvase sebesi i se protivese na kakva bilo terapija. Toj period traese kratko, kako sto kazaa site pogore i nas ne dovede do pogolem stepen na bliskost i razbiranje, povekje go cenime naseto zaednistvo i vekje ni e jasno kakvo ogromno bogatstvo znaci deteto. Nitu eden moment ne sme pomislile na toa da se otkazeme od probuvanje no i da se sluci da ne mozeme da imamme nase rodeno detence, zivotot bez deca ne go stavame ni vo rezrvna opcija.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали стерилитетот влијае на вашиот брак и како? 14 Фев 2011 17:52 #112593

  • Tara
  • Tara's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 866
  • Thank you received: 351
  • Карма: 16
Мислам дека имаше периоди, на почетокот, кога едвај преживуваме. Многу ни беше тешко. Но ни во еден момент не се обвинивме еден со друг. Освен кога јас го терав мм да ги прави испитувањата зашто му требаше доста време да направи испитувања. Кога конечно ги направи, и се воспостави дека има многу лоши резултати на спермограмот беше скршен. Му требаше многу време да се соземе. Но како велат тоа што не може да те убие, те ојачува. Си бевме најголема потпора еден на друг во тие времиња. Не дозволувавме било кој од нас да падне во криза. И кога тоа ќе се случеше, со часови лежевме гушнати, некогаш и без да зборуваме. Близината беше доволна. Таа се кажуваше. Бракот односно врската меѓу нас во тие моменти многу се зајакна. Не дозволивме проблемот да не скрши. Во ниеден момент не се откажавме, и покрај многуте неуспеси.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали стерилитетот влијае на вашиот брак и како? 14 Фев 2011 19:26 #112626

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
Iako ne sum za ovaa tema, moram da napisam nekoj zbor. Imeno se slucuva na nasi bliski prijateli, na koj site ispituvanja im se vo red,spermogram super,ona super, tri pati pravat invitro i neuspesno.
Koga ke gi vnesam embrionite ne se fakaat. Mnogu mi e tesko za niv. Gledam kako se odalecija eden od drug. Prijatelkata mi vika neznam ne sakam da go vrzuvam, moze bi ke ima deca so druga. I mene mi e mnogu tesko da diskutiram na taa tema so niv.Osobeno mi e neprijatno od koga mi se rodi bebuska, gledam deka srce gi boli. I mene srce me boli a neznam kako da im pomognam, a mi e nzgodno da diskutiram na taa tema.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали стерилитетот влијае на вашиот брак и како? 15 Фев 2011 01:52 #112764

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
  • Карма: 45
За овие две години (ух, да, 2 поминаа....) откако пробуваме да имаме дете сме паднале во криза многу пати. Јас почесто го искажувам тоа, а тој не, си го држи во себе, што е многу полошо. На почетокот често знаевме да ќутиме и не зборувавме за тоа, но тоа беше првите неколку месеци.. Од тогаш па до ден денес кога не фаќа криза, се гушкаме, се убедуваме дека кај да е ќе биде и слично. Мм не сака сеуште да оди на преглед и колку пати сум го терала, не сака... мислам дека многу ќе му го скрши егото тоа ако отиде и нешто не е во ред, па затоа и не го терам со сила, ќе чекам да биде спремен... Ние сеуште знаеме да прокоментираме еден на друг: можда ќе сакаш да се разделиме ако немаме деца, да ја бараш среќата на друго место.....

Не знае чоек како да реагира, некогаш стварно немам памет.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Дали стерилитетот влијае на вашиот брак и како? 07 Апр 2011 14:01 #128712

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
  • Карма: 5
I nie godina i pol eve...
Prvata godina nekako bevme opusteni, demek ajde bez pritisoci, ke bide.. Jas odev samo na redovni ginekoloski pregledi. Ponekogas samo jas ke spomnev "abe zasto da nemozam da zabremenam", a on da me utesi ke mi rece ne se sekiraj, nisto ne e, ke bide, mnogu sme zafateni... 1000 izgovori.
Poslednive nekolku meseci gledam deka i on pocna da se zagrizuva. Vo krizni momenti sme si eden na drug najgolema poddrska i razgovarame otvoreno za problemot i resivme deka e vreme nesto da se prevzeme. MM samiot izrazi zelba da napravi spermogram i ne veruvam deka ke pravi problemi za ispituvanja.
Denes sum na ginekolog, pa so Gospod napred i so zaednicka ljubov i poddrska ke gi proagame site ispituvanja sto ni sledat.


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.