Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Рак на дојка

Рак на дојка 19 Дек 2009 15:17 #384

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Ракот на дојката е најчесто малигно заболување кај жената кој е во пораст, особено последниве две децении.Може да се јави во секоја животна возраст. Во својот почетен, ран стадиум е обично асимптоматски. Пациентката, обично при самопреглед, или случајно приметува безболна тврдина во пределот на дојката. Покасно симптомите и знаците на болеста зависат од локалниот раст на туморот, од неговото ширење во локалните структури и ткива, како и од локализацијата на дистантните метастази. Постојат одредени фактори на ризик кои ја зголемуваат можноста од појава на оваа болест кај некои жени.
Зголемен ризик за настанување на рак на дојка има кај жени со:

-доцна менопауза
-прв пород во доцни години од животот (староротки)-по 35 годишна возраст
-мал број породи,
-жени кои не доеле или доеле кратко време
-жени кои не раѓале-неротки
-бенигни промени во дојката
-позитивна фамилијарна историја -мајка, баба, сестра, тетка по мајка
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
Последна промена: 21 Дек 2009 23:16 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ракот на дојката 19 Дек 2009 15:22 #388

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Најголем број од болестите можат многу лесно да се излечат ако се откријат на време.Па дури и за оваа болест има лек. Се што треба е да извршите самопреглед еднаш во месецот и оваа многу честа болест кај жените нема да биде и ваш проблем.Самопрегледот на дојките треба да го правите веднаш по менструацијата, односно помеѓу петтиот и десеттиот ден од циклусот. Тогаш градите не се отечени и така најлесно се одредуваат промените.


Еве како да го направите прегледот во 4 чекори


1.Застанете пред огледало. Рацете истегнете ги доле а потоа подигнете ги. Проверете дали градите ви се симетрични дали имаат некакви вдлабнувања и дали има промена на кожата на брадавицата.

2.Со испружени прсти на десната рака опипајте го внатрешниот дел на левата града. Тоа направете го со кружни потези движејќи се од горе надоле и од страните накај средината.

3.Истото направете го и со десната града но овојпат со десната рака

4.Нежно притиснете ги брадавиците и проверете дали излегува исцедок. Ако излезе било каков исцедок веднаш посетете доктор

Оваа болест може да биде фатална па спречете ја навреме.
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
Последна промена: 21 Дек 2009 19:53 by ZZ.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Ракот на дојката 21 Дек 2009 19:52 #2174

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Скрининг


Со скрининг прегледи се прегледуваат здрави жени, кај кои не постојат никакви знаци на болест. Овие прегледи се прават со цел да се постави рана дијагноза на ракот на дојката, со што се постигнува и успешно лекување.

За таа цел се прават скрининзи по пат на клинички преглед, мамографија, ехотомографски преглед на дојките. Овие скрининг процедури се едноставни, лесно прифатливи за пациентот и се многу корисни за рана дијагноза.

Посебно редовен скрининг треба да се спроведува кај жени кои имаат еден или повеќе фактори на ризик да заболат од рак на дојката. Редовни скрининг прегледи треба да се спроведуваат посебно кај ризичната група т.е. кај жените од 4-та до 6- та деценија од животот.

Препорака за рано откривање на ракот на дојката според American Collage of Radiology and The National Cancer Institut (Gerald, 1989):

Самопреглед на дојките еднаш месечно, најдобро по 10-15 дена од почетокот на менструалниот циклус, почнувајќи веќе од 20 годишна возраст.
Клинички преглед на дојките на секои три години кај жени од 20 до 40 годишна возраст. Кај жени над 40 годишна возраст, посебно кај оние со висок ризик за појава на рак на дојка, се препорачува клинички преглед еднаш годишно.
Скрининг мамографија, за жени од 40 до 49 годишна возраст, се препорачува да се прави на секои 1-2 години, а кај жени од 50 годишна возраст и постари, да се прави мамографија еднаш годишно.
Биопсија, во случај на откривање на тврдина во дојката при клинички преглед или при мамографски докажан тумор во дојката.


Извор
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
Последна промена: 28 Јан 2010 19:24 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Одг: Ракот на дојката 17 Окт 2010 03:14 #62178

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
АЛАРМАНТНИ ПОДАТОЦИ ЗА ЈУГОЗАПАДНА МАКЕДОНИЈА

Секој ден по еден нов болен од рак

Секоја недела во Битола се регистрира по една нова жена заболена од рак на дојка, а во регионот се јавуваат три до четири нови пациентки. Овие алармантни податоци вчера ги соопшти д-р Петар Стефановски, началник на одделението за онкологија при Клиничката болница во Битола, при симболичното одбележување на Светскиот месец на борба против ракот на дојката.

link

ne mi se veruvase koga procitav :what:
tatko mi uste na vremeto mi imase kazuvano deka toj cel kraj,bitola i okolinata e celosno kontaminiran.se e zagadeno,pocva,vozduh,voda.avtomatski site zelencuci i ovosja,se sto viree na zemja.dobitokot isto taka.bukvalno se.samo poradi REK Bitola.
i eve posle tolku vreme sto se slucuva.
Последна промена: 10 Јан 2013 17:05 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 17 Окт 2010 04:14 #62200

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
Многу жално Мама Васе :( :( А замисли јас живеам само 1 км далеку од РЕК :unsure: :unsure: :(


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Одг: Ракот на дојката 17 Окт 2010 12:29 #62229

  • Mladenovska
  • Mladenovska's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
  • Thank you received: 189
:raspolozise Jas otkako se porodiv so Anastasija ednaska bev na eho pregled privatno kaj edna doktorka za da ne cekam redici za na mamografija vo drzavna bolnica i mi imase kazano deka e se oki, posto i prestanav da dojam se gledase tragovi od mlekoto po kanalite. Sega ovaa godina treba povtorno da odam kon krajot na Noemvri na eho pregled. Me interesira dali nekoj znae dali e samo dovolen eho pregled za da se pregleda dojkata ili e potrebno nesto poveke. Mene taa doktorka mi kaza deka e dovolen ovoj eho pregled ako ima nesto ke me upati na mamografija.
Jas posto imam mnogu strav od takvi raboti, redovno odam na kontroli . Na ginekolog edvaj glava spasiv od CIN I HPV i sega mora da si pripazuvam. :aleluja:
*****СРЕЌНА НОВА 2011 *****



The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 17 Окт 2010 13:49 #62240

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
Ако е се во ред на ехо, не се оди на мамографија, бидејќи колку што е корисна, толку е и штетно нејзиното зрачење. Имам читано во весник дека и самата мамографија носи ризик за појава на рак на дојка.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 17 Окт 2010 15:16 #62268

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
Eho na dojka pokazuva dali ima promeni na mekoto tkivo, ako vake se vidat nekoi promeni zenata se praka na mamografija a ponatamu nedaj boze i na biopsija. Po 45 godina se preporacuva da se odi na 6 meseci na pregled so eho ako vo semejsvoto ima slucaj na rak na dojka (majka, tetka) doktorite preporacuvaat da se pocne i porano (nekade okolu 30-35)
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 13 Ное 2010 03:48 #71923

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
Jas deneska bev na kontrola za dojkite i mi pravea eho. Na ehoto ne se pokaza nisto znaci se e OK no bidejki i godinite se vo prasanje si napraviv i mamografija. Se preporacuva mamoto da se pravi posle 36 godina. Ako porano bilo nad 40 sega granicata e simnata.
Inaku prv pat vo zivotot pravam mamo i samo da si kazam deka voopsto ne e bolno, sosema malku neprijatno no daleku od bolno ili kako sto vikaat nepodnoslivo :ne:

Inaku se mi e OK i sleden eho pregled mi zakzaa za edna godina :)
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 13 Ное 2010 18:14 #71996

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Jas pred 2 godini pravev eho na gradi. I toa mi go pravese mojot maticen genikolog. Imam 36 godini i do sega nemam praveno drugi ispituvanja. Me interesira vie kaj imate praveno eho. Ima li poseben specijalist za taa problematika???
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 13 Ное 2010 20:20 #72014

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
macika wrote:
Jas pred 2 godini pravev eho na gradi. I toa mi go pravese mojot maticen genikolog. Imam 36 godini i do sega nemam praveno drugi ispituvanja. Me interesira vie kaj imate praveno eho. Ima li poseben specijalist za taa problematika???

Ima. Jas pravev na oddelot za radiologija Sistina i me gledase specijalist radiolog.
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 06 Авг 2012 15:36 #209653

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Denes bev na maticen lekar da zemam nekoj upat mi trebase i mi vika doktorkata dali do sega imam praveno mamografija. Rekov ne. Ednas imam praveno eho na dojki kaj ginekolog i tolku. Znaci oni sega zadolzitelno opomenuvaat da se napravi mamografija. Koga i kazav pa neli posle 40 se pravi ona mi vika podobro da ne ti kazuvam od kolku rana vozrast se javuva mi vika kolku godini imas? 38. Vika vreme e. Hm osven Majsi napravil li nekoj drug mamografija?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 06 Авг 2012 20:01 #209676

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
Macika, јас правев лани за првпат во дијагностички центар. Одев редовно кај др. Крцковски, кој за жал почина инаку важеше за еден од најголемите стручњаци. Ехото во дијагностички го прави мислам дека се викаше др. Дамјановски (или Дамјан му е името) и тој е исто професор многу солиден. Мислам дека најдобро е да одиш не кај матичниот гинеколог туку баш кај стручњак за гради они ќе те упатат дали ехо или мамо. Матичниот и мене ми има правено ехо на гради ама тоа ехо не е соодветно а и не им е тоа специјалност.

п.с. а бе што со постирала во оваа тема, се ежам од називот скраја да е... да отвореше некоја нова во стил преглед на гради.
Последна промена: 06 Авг 2012 20:02 by Dilberta.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 07 Авг 2012 02:52 #209682

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
Macika, nema sto da mu ja mislis ne e nisto strasno. A toa deka granicata e simnata i sega go pravat porano mamoto e tocno.


Jas sega se citam sto i koga sum pisala vo temava. Mi rekle samo za eho pregled kontrola za edna godina, a ja kolku sto citam sum pisala pred skoro dve godini :tupco: Zdravje posle odmorite i jas da si zakazam za eho.
Majsi wrote:
Inaku se mi e OK i sleden eho pregled mi zakzaa za edna godina :)
trtlata na mamika
Последна промена: 07 Авг 2012 02:52 by Majsi.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 07 Авг 2012 04:17 #209694

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Абе сакав да отворам нова тема типа Мамографија или преглед на дојка па видов дека на темава е тоа пишувано. Ајде модераторите нека го сменат називот од типот превенција од рак на дојка или нешто слично. :trep:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 10 Јан 2013 10:33 #229266

  • Ariel
  • Ariel's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 295
  • Thank you received: 62
Imam edno prasanje, dali nekoj od vas imal iskustvo so eho na dojka, i koj e dobar lekar za dijagnostika. napipav nesto kako cvorce na ednata grada i sum preplasena. sakam da napravam prvo eho za da mi se razbistri glavata i da sum nacisto dali ke trebaat ispituvanja. Ne znam ni dali e cvorce zasto nekogas mozam da go najdam nekogas ne kako da e promenlivo, ama sepak sakam da napravam pregled. Sto bi mi preporacale?
Pozdrav
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 10 Јан 2013 17:49 #229305

  • anusska
  • anusska's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1170
  • Thank you received: 457
Ја фалат Чапова во Систина. Знам дека во Дијагностички центар работеше еден постар познат лекар, не ми текнува името сега (сега читам подолу Крцковски) ...
*** девојката 09.01.2002 ***
*** идната дама ;) 20.02.2006 ***
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 10 Јан 2013 18:05 #229307

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Крцковски е починат. Инаку беше најдобар во својата струка. Јас кај него бев пред 6 години, кога престанав да дојам. Ми правеше ехо и преглед.
Сега навистина не знам кого да ти го препорачам, оти од тогаш не сум отишла.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 10 Јан 2013 18:06 #229308

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Krckovski e pocinat. Za eho na dojka mozes da napravis i vo zeleznicka ambulanta i cini 150den.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 11 Јан 2013 04:14 #229321

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
Dr. Zlatko vo 8mi Septemvri e odlicen doktor (neznam kako mu bese prezimeto). Ehoto im e mnogu dobro a imaat i mamograf pa ako se posomneva na nesto moze odma da te preprati. So upat od maticen lekar i sino kartonce tolku e okolu 150 den ama se ceka dosta vreme oti e so zakazuvanje. Ako ti se brza dr. Capova e odlicna, majka mi(inaku operirana od rak na dojka) odese kaj nea dodeka rabotese vo Remedika.
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 11 Јан 2013 06:22 #229329

  • Majsi
  • Majsi's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 5139
  • Thank you received: 2408
Ja sum bila kaj Capova vo Sistina i sum zadovolna. Kaj i da e treba pak da odam na kontrola.
trtlata na mamika
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 11 Јан 2013 06:31 #229332

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Neznam kako se vika doktorot vo Zeleznicka ambulanta no isto ima i mamograf i zosto da plakas vednas privatno. Pojdi neka te vidat na eho, ako e nesto somnitelno ima i mamograf. Inaku se zakazuva i ne te primaat odma. Vo prosek se ceka 2 nedeli.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 11 Јан 2013 07:35 #229343

  • eleonora
  • eleonora's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 597
  • Thank you received: 246
Др.Чапова дефинитивно,потпис за жената
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 11 Јан 2013 08:00 #229349

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
Jas odev kaj Krckovski vo Dijagnosticki centar, no za zal pocina. I sega bas se milsev kade da odam.Ariel ne se plasi ne e sekoe grutce rak,ima cisti,masni tkiva, zlezdi ama odi da se proveris. Podobro da ne e nisto i da gi frlis parite nego da e nejdaj boze i da cekas. :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Рак на дојка 11 Јан 2013 08:18 #229351

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Ќе каже ли некој колку чини прегледот во Систина за ехо на дојка?
Последна промена: 11 Јан 2013 08:19 by macika.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.