Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Самопреглед на дојки

Самопреглед на дојки 29 Јун 2011 00:55 #143550

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
Дали правите самопреглед на дојки?
Јас не сум правела , а читам дека после 20-тата година треба често да се применува оваа метода
Незнам дали мозе да го ставам линкот од постапката каде убаво е појаснето што треба да се прави
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самопреглед на дојки 29 Јун 2011 01:04 #143555

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
dodeka se tusiram,od vreme na vreme se pregleduvam.nisto ne me kosta nekolku kruzni dvizenja da napravam pod tus so prsti i raka.nitu e tesko nitu odzema vreme,a moze zivot da znaci.
sekoja zena barem ednas mesecno treba da pravi samokontrola!se razbira pomosta od partnerot e dobredojdena :zelen:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самопреглед на дојки 29 Јун 2011 01:07 #143558

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
Васе , работава беше самопреглед :hahaha:
Читав дека во лежечка положба , на грб , со перница под десно рамо и дигната десна рака , треба да се прави
Ти ме збуни сега , како е правилно?
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самопреглед на дојки 29 Јун 2011 01:12 #143561

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
dobro si procitala,taka e.ama moze i stoecki pod tus so krenata raka pozadi glava a so drugata pravis kruzni dvizenja vo dvete nasoki.gledas da gi pomines detalno i dvete dojki i ako stavis bilo kakvo sredstvo za banjanje,odi mnogu lesno.vo princip,se e isto samo sto vo mojot slucaj stois.

mene da mi tekne da legnam i da se pregledam :ne:,vaka pod tus sakas/nejkjes kje ti tekne od vreme na vreme.
Последна промена: 29 Јун 2011 01:13 by Frenky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самопреглед на дојки 18 Сеп 2011 16:32 #154306

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Научете како се изведува самопреглед на дојка


Секоја жена би требало да научи како се изведува самопреглед на дојка и во текот на својот живот редовно да врши контрола врз себе. Со тоа се овозможува навремено откривање на било каква промена која би се појавила.

Самопрегледот започнува така што најпрвин ќе застанете пред доволно големо огледало, како целосно ќе можете да ги посматрате обете дојки истовремено. Дојките ги посматрате во неколку позици:

* најпрвин со рацете спуштени покрај телото,
* потоа со дланките потпрени на колковите,
* па со рацете кренати над глава,
* и на крај со рамената зафрлени наназад.

Откако ќе завршите со посматрање на дојките, самопрегледот продолжува во легната положба.

* Легнете на грб и ставете јастук под десното рамо. Десната рака ја подигате и ја ставате под главата.
* Самопрегледот на дојките го изведувате со јагодиците на показалецот, средниот и домалиот прст на левата рака. При секој притисок изведувајте кружни движења. При тоа користете од мал па се до поголем притисок со прстите, зависно од тоа дали прегледувате површни или длабоки структури на дојката. Ако постои некоја тврдина или оток во десната дојка, тој може да се напипа.
* Притисокот со прстите треба да е така прилагоден да може да се почуствува и запознае структурата на дојката. Треба да се запомне какво е тоа чувство, бидејќи е важно да се препознае и осети секогаш исто. Така ќе може полесно да се приметат и некои неправилности во структурата на дојката.
* Со врвовите на прстите треба да се прават движења и тоа, може да се изберат кружни движења, движења горе–доле или движења кон и од брадавката. Важно е да се користи секогаш ист начин, бидејќи така секогаш ќе ја прегледате целата дојка и ќе може да го запамтите каков е осетот под прстите.
* Направете го истиот самопреглед и на левата дојка, прегледувајќи ја со десната рака.
* Самопрегледот на двете дојки треба да се повтори со истата техника и во стоечка положба, со едната рака подигната и ставена позади главата. На овој начин полесно се прегледува горниот дел на дојката и делот према пазувата. Бидејќи некои промени се полесно откриваат кога е кожата мокра и насапунета, се препорачува самопрегледот да се изведува при туширање.

Доколку се примети или напипа било каква промена, потребно е веднаш да се отиде на лекар.

Извор
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Самопреглед на дојки 18 Сеп 2011 18:12 #154344

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
Јас правев минатата недела ехо на дојка и д-рот ми кажа како правилно се прави самопреглед.
Значи истото тоа што горе го напиша Ане, само би додала дека самопрегледот е најдобро да се направи вториот ден по завршување на циклусот.
Последна промена: 18 Сеп 2011 18:13 by Marge.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 15 Дек 2011 17:40 #171145

  • viktori
  • viktori's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 74
  • Thank you received: 38
Devojki imam eden problem da recam no neznav kade da pisam zatoa ovde resiv.Veke nedela dena me boli levata grada potocno pupkata i mi e otecena i pocna da mi se lupi kozickata dva veceri stavam edno ulje na prirodna baza bolkata mi se smiri no sepak stoi potecena:sram:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Инсеминација 15 Дек 2011 18:18 #171155

  • Elka
  • Elka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Some people feel the rain, others just get wet.
  • Теми: 1480
  • Thank you received: 727
Viktori moze da e reakcija na hormonite sto gi primas a moze da e i simptom na rana bremenost, koj da znae. Sepak ako gledas deka sostojbata ne se podobruva javi mu se na ginekologot i konsultiraj go, kolku za da se smiris. Vaka ne bi trebalo da e nesto strasno.
Ajde pa so srekja neka ti e :cmok:
Nije vazno koliko smo puta dahnuli dah, vaznije je koliko smo puta ostali bez daha - Dino Merlin
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.