Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија...

Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 05 Мар 2011 19:01 #119642

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
На мм му се појавија отоци на 3 места помеѓу пршлените кои му ги притискаат и постепено оштетуваат нервите. Во моментов е во акутна состојба, прима инфузии/терапија и инекции, му трнат и од време на време не ги осеќа нозете, ама се надеваме дека кога ќе спаднат отоците овие симптоми ќе исчезнат....
Ме интересира дали некој друг имал ваков проблем, како го решил (т.е. контролирал) и дали некој слушнал за еден доктор-специјалист за дискусхернија во Белград, кој имал и своја специјализирана болница за ова и гарантирал дека од еден третман (кој чинел 3000 динари) пациентот никогаш повеќе нема да има проблем? :emm:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
Последна промена: 05 Мар 2011 23:46 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 07 Мар 2011 03:00 #119979

  • TIFANI
  • TIFANI's Avatar
  • Вози мотор
  • junior
  • The happines is in the small staff
  • Теми: 639
  • Thank you received: 158
Имам дискосхенрија на вратот.Во 2008 имав страшни болки.Си купив масажер-фотелја,ја макнев по аеродроми,се со цел да ми помогне.Потоа одев на тие креветите мислам дека се викаат Мигун,не сум сигурна-заборавив.Направив терапија од околу 30 дена на мојата фотелја,потоа одев на терапија во Негорски банји со медецински масажи и почнав со аеробикот.
Фала на Бога отогаш не сум имала баш некои болки,ама знае зимата онака кога се менува времето да ме заболи.
Разговарав со доктор во Англија,а овде со д-р Зафировски,ми кажаа дека има секакви терапии,третмани,лекови,ама дека засекогаш ке го решат проблемот тоа-никако.

Ви советувам да си прашате за тие Мигун креветите,навистина помагаат,ги имаат приватнјаци,а исто и во банјите.
Се надевам дека нешто помогнав::cmok:
You make me happy
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 07 Мар 2011 14:45 #120078

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
Фала ти многу Тифани :cmok: , секое споделено искуство помага :love:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 28 Јан 2012 16:01 #177146

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7858
  • Thank you received: 5645
Jа се мачам со дискусхернија долги години, ама не знаев дека е тоа до пред 3- 4 месеци. Бидејќи се имам лечено од дете од проблеми со исчашени колкови, мислев дека проблемот се вратил и затоа осеќам болки во кичмата (послабо), во колкот, надолу по цела нога, во коленото до малиот прст.
И конечно пред 3-4 месеци правев компјутерско снимање, каде се покажа проблемот
И не е мал. А лечење нема, освен што скоро секој ден пијам наклофен капсули, оти без нив не ќе можам да станам од болка.
Сега дознав во една ординација има доаѓа лекар кој помага со акупунктура, па ми препорачаа и други да се обидам. Имам закажано во понеделник, па ќе видиме резултат.
а спомена лекарот дека е можно да ми препорачаат и некои инекции, ама за тоа потоа.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 28 Јан 2012 17:29 #177159

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
Ако е тој у тафталиџе, заобиџи ! Добра прича е само. Топла препорака, хомеопатија.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 28 Јан 2012 20:05 #177175

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
Big sister наклофенот е штетен за желудникот доколку често и долго се зема. Мајка ми има дискус хернија и донекаде ги санираше тегобите кај еден физиотерапевт од Бугарија што има ординација во Козле. Одеше на неколку серии терапии и доста и помогна.


The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 29 Јан 2012 06:13 #177184

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7858
  • Thank you received: 5645
Не, не е во Тафталиџе. Ова е кај влада на РМ, во близина. Инаку искрено некако во хомеопатија не верувам баш, така што ќе ја одминам.
а за наклофенот знам дека се штетни, па ги избегнувам кога можам т.е не ги земам баш секој ден.
сега ќе видиме што ќе биде кога ќе отидам ваму каде што закажав за утре.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 09:00 #177359

Ане со лесно. Знам дека болките се ужасни зашто татко ми страда од дискусхернија. Операција не се препорачува, па чарето е мирување онолку колку е потребно-ако мора и со недели да си во кревет,и откако ќе се смири ситуацијата, внимавање екстремно-да не креваш тешко, да не се напрегаш физички..биди мнооогу претпазнлива со надри-лекари, физиотерапевти, масажи-можат да ја влошат ситуацијата, многу е деликатно.
Инаку внимателно со јаките лекарства како што ти кажа и Сани. Татко ми од премногу и пречести кетонали и апаурини (иако ги примаше интравенозно-но секојдневно, зашто имаше неподносливи болки) доби крвавење во желудник и му пукна чир па одвај го спасија...:aleluja:

Брзо и лесно да ти помине.
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 09:14 #177364

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
Ане, ме виде каква сум - и мене ми е дискус хернија + сколиоза + лумбоишијалгија, и добив препорака како на Синоличка - во акутна состојба треба само одмор, никакви терапии, акупунктури, вежби или бањи. Откако ќе се смири нервот (освен за болка, друго нема што да пиеш, знам) треба внимателно бирање на кого ќе му се ставиш во раце за да те „исправува“ :laugh:
И мм долги години страда од дискус хернија, и најмногу му помагаат истегнувања на вратило и вежби и истегнувања на пилатес топка. Исто има едни вежби кои секое сабајле треба да се прават, да ги најдам и ќе ги постирам.
Ако сакаш препорака, ти кажав и претходно за охриѓанецот кој го стана мм од кревет за само 10мин, а за 1 недела можеше и да вози до Грчка и назад :) Ај со среќа и со лесно :hug:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 09:21 #177367

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7858
  • Thank you received: 5645
фала ви за совети девојки.
инаку моментално не сум во акутна состојба. т.е кај мене проблемот е што се појавуваат болките и исчезнуваат. па после пак одново.
човекот кај кој ќе одам не е надрилекар ниту приучен. и јас сум против таквите. туку е стручњак во таа област - проблеми со кичма и тн...
и доаѓа од Белград овде во оваа ординација еднаш неделно.
ајде да одам денес па ќе пишам искуство.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 09:25 #177368

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
Big Sister wrote:
т.е кај мене проблемот е што се појавуваат болките и исчезнуваат. па после пак одново.

За ваквото „враќање“ на состојбата најважно е секојдневното вежбање и истегнување, само така се намалуваат шансите за повторна акутна состојба....и + можи да изгубиме и некое килце :laugh:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 09:40 #177372

  • vistina
  • vistina's Avatar
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 245
  • Thank you received: 139
So diskus hernija sum i jas veke nekolku godini , sega mnogu mi pomaga No-dol mast koja e na prirodna baza , bidejki dojam taa ja koristam i iskreno ne veruvav deka ke mi pomaga no eve deluva mi ja smaluva bolkata pogotovo nasabajle...
Se drugo Gododess kaza, samo bezbanje mu e majkata, no otkako ke se smirat bolkite,
a zaboraviv da pisam deka mi pomagaat i onie leplivi lenti - flasteri...sto se prodavaat vo apteka, neznam tocno kako se vikaat no se lepat na kicma i za kratko vreme gi ublazuvaat bolkite... i
Последна промена: 30 Јан 2012 09:47 by vistina.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 09:52 #177374

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
вистина, јас знам дека Но дол е за болки во зглобови, а и не можам никаде да ги најдам состојките на маста :emm:
Иначе јас првите 2 дена во акутната состојба примив Нифлам инекции и витамински инфузии, за после кај специјалистот да дознаам дека не сум смеела пошто се` уште дојам, па ми препиша Дијазепам, Аналгин, Бруфен и гел (Реумадол мислам дека се викаше, не ја земав). На комисија кога ја видоа препишаната терапија и фактот дека дојам, докторката ме праша: А зошто физијатарот ви препишал Бруфен ако доите?? Еееее, не знам жено, не сум докторка, друг треба тоа да го мисли за мене!! :kamsik:

Иначе има една многу добра нова финска крема за ладење на природна база, ја носи Еурофарм. Ја купив пред некое време и стварно ја намалува болката и го „отапува“ местото :OK:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 09:58 #177376

  • vistina
  • vistina's Avatar
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 245
  • Thank you received: 139
Tocno za zglobovi pisuva deka e no ete mene mi pomaga za ublazuvanje na bolki vo kicmata, bidejki se imam otrueno so analgetici za kivcmava a sega ne smeam da gi pijam ovaa mast stavrno mi pomogna inaku sodrzi aloe i nekoi bilki na ESI e eve sto pisuva : Glukosamine, MSM, Willow, devils claw, aloe i arnica. a i na polovinata ima zglobovi ako ne se lazam ili ne?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 10:04 #177378

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7858
  • Thank you received: 5645
Kaj mene ne e problemot samo bolki vo kicma, tuku pogolem e. bolkata se siri nakaj nozete, pa vo kolkovite osobeno po celata desna noga, muskulot kolenoto, do dolu do prstite.
probuvav i terapija lani odev, mada mi ja dadoda za nogata mislejki deka problemot e vo kolkot. a sega ispadna sosema drugo.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 10:06 #177379

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
Да бе Ане, ама од рбетниот столб почнува проблемот па се шири по нозете се` до малото прсте, затоа велиме дека лечењето е сконцентрирано таму “горе“ :)
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 10:10 #177380

  • vistina
  • vistina's Avatar
  • Вози мотор
  • toddler
  • Теми: 245
  • Thank you received: 139
Ane i kaj mene e ist problemot se siri od kolkot pa se do maloto prste, kako sto odi nervot od kicmata nadolu taka se sirat i bolkite
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 10:12 #177381

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7858
  • Thank you received: 5645
Ne, ok e toa sto go kazuvas Godes, sakav drugo da kazam - znaci ne sum sega jas nepodvizna ili iskrivena vo kicmata, pa da moram da lezam ili da primam inekcii i sl. tuku si trae ova so takvi tupi bolki koi mi pravat problem sekojden.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 10:21 #177382

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
Знам, тебе ти е од порано проблемот....е па, само вежбање и истегнување, за да се намалува притисокот на нервот, нема друго чаре.
Или по 3-4 ракиички, тогаш гарантирано ништо нема да не` боли :pijani:
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 10:41 #177383

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Вози мотор
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7858
  • Thank you received: 5645
Ај дури сме на темава да си прашам, порано одев и на аеробик, а потоа и на пилатес. Ми годеше ептен и планирам пак, само да се среди ова, ама па се мислам дали при тоа е можно, да се појават несакани последици т.е од вежбите и истегнувањата да се влоши состојбата?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 30 Јан 2012 10:46 #177384

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
Јас колку што сум информирана - од вежбање и истегнување Не може да имаш други компликации. Ама не збориме тука за некакви комплицирани вежби, туку за основните за зацврстување на мускулите на грбот (за да го држат рбетот прав нели), истегнување и пилатес :emm:
Прашај ја Лиле Физиофит, физиотерапевт е нели, можеби ќе ни даде корисен совет :)
Пристигна Божицата на 03.02.2011!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 14 Мар 2012 06:18 #188343

  • Maja311
  • Maja311's Avatar
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 1
Дали знаете некој добар специјалист физијатар да ми препорачате? Имам тапи болки само на левата страна- на рамото, и левата плешка и пределот кај ребрата. Матичниот лекар ми рече дека најверојатно е воспаление на мускул и само да се мачкам со маст „Надол“ ама би сакала да ме види некој специјалист.
Ме мачи болкава 6 месеци ве молам пишете ако знаете некој.
Фала ви многу однапред.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 02 Мај 2012 07:13 #197082

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Вози мотор
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
Sakav da ve prasam majkami odi kaj Dzambazova imase bolki vo kolenata i na kraj izleze deka kicmata e problem i deka treba da zeme korset da nosi , pa sakav da prasam dali nekoj znae kako se dvizat cenite na tie korseti , dali nekoj nosel i dali ima pomos od niv?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 02 Мај 2012 19:14 #197171

  • biljann
  • biljann's Avatar
  • Вози мотор
  • teenager
  • Welcome to Bibkoland!
  • Теми: 857
  • Thank you received: 372
Мирка некој ми зборуваше за некои вакви корсети што се добивале бесплатно....ќе се обидам да дознаам и ќе ти пишам
The administrator has disabled public write access.

Ре: Болки во кичмата, дископатија, дискусхернија... 03 Дек 2012 14:22 #224224

  • fibimk
  • fibimk's Avatar
  • Вози мотор
  • new born
  • Теми: 50
  • Thank you received: 7
Dolgo ne sum pisala :)))))))))))) Jas cel zivot imam maka so kicmata.Doduse sum i so ekstra kilaza pa mozda zatoa.Konacno se osmeliv da odam na ortoped koga veke pocna malku da mi se vrti i da mi se kocat racete nautro. mi najdoa diskopatija na vrat i dolna kicma.Imav fizikalna od 10 dena i diklo-duo tableti.Mene inaku non stop me boli.....megu lopatkite,dolu.Mi dadoa sancova kravata,eve ja nosam veke 2 mesec.Si nosam i kosmodisk na polovinata,mada ne znam efektot so e.Planiram i walkmax patiki da si kupam i edna ortopedska pernica.Pravam vezbi,onie Miselovi i Reganovi,ama bolki pak si ima.Ukocena sum stalno,plus imam silci......imam 38 g i ne znam dali e svojstveno za ovaa vozdravt....ama kako sto citam i pomladi ima.Nikoj da ne ve laze,nema lek,tuku samo mora kilazata da se namali,da se vezba sekoj den,da se stedis kolku mozis,da ne krevas tesko i sl.
Nikoj ne pisa nazad za posetite kaj fizioterapevt i vo ordinacijata......mislam Big sister zboruvase za toa deka treba da odi kaj toj od BG....bidna nesto,bese,kako pomina?????Kamo sreka da ima resenije nekoe.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
Time to create page: 0.262 seconds