Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Опстипација кај возрасни лица

Опстипација кај возрасни лица 26 Фев 2011 13:51 #117263

  • Kimy
  • Kimy's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 292
  • Thank you received: 43
Запекот е вообичаено нарушување на системот за варење. Тој е главна причина за многу заболувања со оглед на тоа дека ваквата состојба произведува токсини, кои си наоѓаат пат до крвотокот, а потоа се разнесуваат во сите делови на телото. Ова доведува до слабеење на виталните органи и намалување на отпорноста на целиот систем. Воспалението на слепото црево, ревматизам, артритис, висок крвен притисок, катаракт и канцер се само неколку од многубројните болести во кои хроничниот запек е важен предиспонирачки фактор.

Бројот на редовното празнење на цревата, кој е потребен за нормално здравје, варира. Повеќето луѓе имаат едно празнење дневно, а некои ги празнат цревата секој втор ден. Меѓутоа, заради удобност и здравје, нужно е барем едно празнење на цревата дневно. Најчести симптоми на запек се нередовност или тешкотии во празнењето на цревата што се појавиле поради стврднатост на фекалните материи. Во останатите симптоми спаѓаат уште скрама по јазикот, лош здив од устата, губење апетит, главоболка, вртоглавица, темни кругови под очите, депресија, мачнина, акни на лицето, чир во устата, непрекината исполнетост на стомакот, дијареја која се сменува со запек, проширени вени, болка во лумбалниот предел, киселина, гастритис и несоница.

Најважни причини за хроничниот запек се погрешната исхрана. Најголем дел од храната која ние денес ја внесуваме има дефицит од природни материи што резултира со хроничен запек. Внесување на рафинирана и преработена храна, на која и' недостигаат витамини и минерали, недоволно консумирање вода, потрошувачка на месо во огромни количества, прекумерно консумирање јаки чаеви и кафе, брзо голтање без темелно џвакање на храната, прејадување и погрешно комбинирање на продуктите, нередовна исхрана и пиење алкохолни пијалаци - се' заедно придонесува за лошо функционирање на цревата. Останати фактори се погрешни и нередовни навики кога станува збор за празнењето на цревата, ослабнати абдоминални мускули поради седечкиот начин на живот, недостиг на физичка активност и емоционален стрес и напрегање.

Заболувањата како тумор,тром црн дроб, колитис, спазмичка состојба на цревата, претерана киселина, болести на ректумот и дебелото црево, лоши заби, болести на матката, дијабетес, како и користење одредени лекови за лечење други болести, лоша состојба на долниот дел на рбетниот столб и зголемена простата исто така може да предизвикаат запек.

Најважен фактор за лечење на запекот е природната и здрава исхрана. Под ова се подразбира нерафинирана храна како житарки од цело зрно, мед, зелен и лиснат зеленчук, грав, домати, кромид, карфиол, брокула, никулци, целер, репка, тиква, грашок, цвекло, морков; свежо овошје, особено круши, грозје, смокви, портокали, млечни производи во облик на путер, павлака итн.

Сама по себе исхраната не е доволна. Храната мора правилно да се џвака - секој залак барем 15 пати. Треба да се избегнува брза храна. Шеќер и сите производи од шеќер мора најстрого да се избегнуваат, затоа што шеќерот го краде витаминот Б од телото без кој цревата не можат нормално да функционираат. Во продукти кои предизвикуваат запек уште спаѓаат и сите производи од бело брашно, ориз, леб, колачи, бисквити, месни производи, конзерванси и адитиви за храна, бел шеќер и тврдо варени јајца.

Пиењето поголемо количество вода корисна е не само за отстранување на запекот, туку така се чисти и системот, се разредува крвта и се чистат отровите. Нормално количество е 6-8 чаши секој ден, бидејќи водата е од пресудно значење за варењето и разлагањето на хранливите состојки на храната,така што телото може да ги апсорбира и да ги искористи. Водата, меѓутоа, не смее да се пие за време на оброк бидејќи тогаш ги разблажува соковите нужни за правилно варење. Водата треба да се пие половина час пред или еден час по јадење.

При лечењето на запекот добри резултати дава природниот препарат билните капки „лаксонал“.Тие се благ растителен лаксанс со кој се постигнува омекнување на столицата, зголемување на обемот на цревната содржина и поттикнуваат празнење без напор. Билните капки „лаксонал“ составени се од бел јасен, оревов лист, невен. Со „лаксонал“ се надминуваат најупорните и најхронични затвори. Се препорачува како додаток во исхраната. За да се постигнат резултати, потребно е да се зема 3- 4 недели.

Дневник


jas sega go imam ovoj problem poradi koristenjeto na tableti za slabeenje i ako imate nekoe resenie ve molam kazete mi a ako ne jas samo ova go najdov na internet pa vo plan sum posle da trknam do apteka i da zemam LAKSONAL ako go davaat bez recepta
Последна промена: 26 Фев 2011 15:03 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Опстипација кај возрасни лица 26 Фев 2011 15:03 #117269

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
Трудничка, долго време го имаш овој проблем, со месеци трае? Ако е така мој совет ти е да ги прекинеш таблетите за слабеење (ако мислиш дека е од нив) и да си одиш на лекар.
Инаку би требало со исхраната да се регулира столицата. Компоти од суви или свежи сливи и смокви, житарки за доручек редовно, многу вода во текот на денот, ленено семе, овошје и зеленчук кои содржат целулоза ја активираат перисталтиката на цревата, избегнувај тоа што ја стега столицата.
Додека бев бремена еден период ми се појави овој проблем и мнооогу ми помагаше сокот од крушка на Санголд (Sungold), пробај и со него.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
Последна промена: 26 Фев 2011 15:17 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Опстипација кај возрасни лица 27 Фев 2011 03:21 #117529

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
mene mnogu mi pomaga tikva , isto taka i kompot od suvi slivi
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Опстипација кај возрасни лица 27 Фев 2011 07:46 #117578

  • tona
  • tona's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 86
  • Thank you received: 42
Najverojatno ti e od tabletite za slabeenje ako si prekinala da gi pies.Obicno go imam ovoj problem posle koristenje na caevi,tableti i dr.preparati za slabeenje,bidejki od niv pocesto odis vo WC,i normalno koga ke prekines da gi pies se javuva zapek.Probaj nautro da pies ceden portokal i mislam deka za nekolku dena ke se vratis vo normala.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Опстипација кај возрасни лица 21 Мар 2011 03:36 #124069

  • Strumfetka
  • Strumfetka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • t.nade
  • Теми: 468
  • Thank you received: 52
mene ovoj problem mi se pojavi po poroduvanjeto, pomagajte ve molam, mislam deka bi rodila uste tri deeca samo da ne odam vo wc, horor mi e.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Опстипација кај возрасни лица 07 Дек 2011 20:45 #169381

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
otkriv nesto fantasticno za opstipacija... PCENICNI TRICI, edna moja prijatelka isto ima problem i mi kaza da kupam pcenicni trici na nejze mnogu i pomognalo i kupiv,stavam 2 golemi lazici vo ovosen jogurt i odma nareden den zabelezuvam golemo podobruvanje,stvarno epten pomaga a i zdravo e da se jade,pcenicnite trici se prebogati so vlakna i isto se dobri i za odrzuvanje na vitkata linija i za slabeenje,toplo vi preporacuvam da probate bidejki stvarno pomaga so zatvorot :)
The administrator has disabled public write access.

Опстипација кај возрасни лица 04 Јан 2019 13:01 #255455

  • annaja
  • annaja's Avatar
  • Offline
  • new born
  • не го прави тоа што не сакаш тебе да ти го прават
  • Теми: 2
  • Thank you received: 1
Каде можат да се најдат лаксонал капките за опстипација?
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.