Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

ТЕМА: Заби

Операција на заб 07 Сеп 2012 11:25 #212568

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Денес го однесов синко на контрола за протезата. Пред 2 неделни направивме панорамска снимка на сите заби и требаше докторката да ја види зошто сака и да ја менува протезата.
И одиме таму седнува синко и што да види докторката на снимката измеѓу петката и четворката трајна внатре во непцето долу уште еден непотребен заб. Мора хирушки да се одстрани.
Е се здрвив. Аман више. Детево има прекрасни заби ни еден пломбиран многу е послушен и умен кога треба да се оди на забар заради редовни контроли ама сечењево на месово и вадење на забов ми се :blink: . Од тамо не упати кај нашиот стоматолог кој инаку е и максиофасцијален хирург да се договориме за вадење на запчето. Отидовме кај нашиот прекрасен чичко доктор кој вика јас го знам моево пациентче но ми е страв на сред операција да не му текне да стане и слично сепак се отвара рана и непце. Е се наежив цела. Вика сепак има шиење и покрај локалната анастезија треба да се биде мирен и слично. Он после се слушна со докторкава од клиника и се договорија као тоа да се направи со општа анастезија. Отидов тамо (веќе и се расплакав) и ајде да се видиме со анастезиолог па што и како, сака да го види детево во понеделник, потоа горе се качивме кај некој си орален хирург. Типката вика греота за волку да го ставаме во општа анастезија, абе викам да не се истрауматизира па после да неке да седне на столче, вика ај донеси го детето да се видиме па ќе се договориме. И на крај така цела за никаде одам дома и свеки ме вика и се слошило, отидов па викавме брза помош, испадна инфаркт. Едвај се довлечкав до работа. Каков лош ден. :what:
Последна промена: 07 Сеп 2012 11:25 by macika.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Операција на заб 07 Сеп 2012 11:40 #212572

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
Мацика, баш ми е жал за ужасниот ден :(
Ако ти е за некаква утеха, јас имам сличен "проблем" како синко твој.
На панорамска снимка на мои 15-16 години, се виде дека јас освен што имам две млечни тројки, и плус една трајна тројка која си е излезена на местото каде и требало, имам и една од трајните тројки останата внатре во непцето. Тогаш исто ме советуваа на операција да одам на максилофацијална, ама јас не се нафатив и моментот си остана као демек ќе го средам кога нема да ми фуфка. Во меѓувреме, тој заб од внатре, кој беше во вертикална положба, си зазема некоја позиција па беше навкосен, за на наредни веќе снимки да излезе дека е хоризонтално поставен што ми го зголеми стравот уште толку.
Од тогаш се поминати уште толку години колку што сум имала тогаш, имам заби совршено здрави, немам пу пу ама баш никаков проблем, на забар кога одам сум пример за здрави заби, млечните тројки ми стојат, трајната тројка исто така, а оваа си стои внатре без да сетам никојпат до сега дека постои..
The administrator has disabled public write access.

Ре: Операција на заб 07 Сеп 2012 14:18 #212592

  • Ana78
  • Ana78's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 665
  • Thank you received: 388
Maci, jas ko studentka imam praveno operacija na zab, ne vakov problem, tuku imav nenkakva cista vo vilicnata koska i stalno osekav nekakva presija, bolka bez veze, pa se plasea od postavenosta na sinusite, ama ispadna deka toa nema da bide problem i ja napraviv intervencijata. zborot operacija zvuci mnogu zastrasuvacki, jas bev blago kazano preplasena, ama stvarno NEMA POTREBA. Samo da ve zeme nekoj asalen oralen hirurg, intervenciite se relativno kratki, se bockaat najmalku 4 lokalni anestezii od koi go osekas samo ubodot na prvata i nisto drugo, potoa ne gledas nisto, imas samo otvor okolu ustata, vo mojot slucaj se secese toa mesttoto so nekakva masina, samo slusas neprijatni zvuci, veruvaj deka bas nisto ne osekav, posle toa te sijat, i tolku. Narednite 2 saata pozelno e non stop da se drzi led na mestoto, se pijat antibiotici i chymoral minimum 5 dena, moze da se javi otok, a i ne mora (jas nemav), za 1 nedela se vadat koncite i veke narednata nedela zaboravas sto ti se slucilo. Ne e strasno veruvaj. Brat mi isto imase problem so nekoja loso postavena osmica koja so rastenjeto mu pravese mnogu bolki i ja turkase sedmicata, nekako isto bese vrasnata i mu ja otstranija operativno. Toa teoretski e uste beter zasto mestoto e mnogu nepristapno, ama i on pomina epten ok, bez da oseti nisto, samo ne bese mnogu discipliniran so stavanjeto led i ladni oblogi pa imase malku otok 2-3 dena. Isto konci vadenje za 1 nedela i tolku. Ne e strasno veruvaj, samo zvuci strasno - operacija. Vie si znaete kako smetate deka e najdobro taka napravete, ama navistina so lokalna anestezija vo 4 tocki nwe se oseka nisto osven neprijatnite zvuci na masinata i nesto kako tegnenje, vlecenje. Bolka ne e definitivno. Se najdobro!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Операција на заб 07 Сеп 2012 15:01 #212596

  • meU87
  • meU87's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 410
  • Thank you received: 125
Јас имам правено операција поради ваков заб. Незнам за колкаво дете се работи, но мислам додека е суште премало никако да не се прави операција. Всушност колку е сериозна работава? Зошто мора да го вадат? Подига други заби? Може да направи штета?
Сепак операцијата не е едноставна, прво салата кога ќе се влезе во неа не е баш пријатна слика, посебно не за мало дете, потоа ги покриваат очињата, поточно цела глава, а и анастезијата која ја ставаат во зглоб е навистина језива.
Јас не би на операција, доколку има сеуште фора да се избегне тоа. :jok:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Операција на заб 07 Сеп 2012 17:19 #212612

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Детево има 10 години. И сега навистина и ние се нервираме што и како да правиме. Ја предлага операцијата заради забното помагало протеза што треба да ја носи. Тој веќе носи протеза но проблемот е заради позицијата на трајните заби. Ќе одиме во понеделник да се видам со анастезиологот и оралниот пак. Нашиот максифасцијален вика му е страв само ради детево да не се истрауматизира не заради друго. Значи ако иде со локална стравот е иако е тоа наводно 15 мин. операција дека на сред тоа кога ке се отвара непце и ке има многу крв да не му текне да рипне од стол (знаеш му се досади да седи со отворена уста и слично). никој незнае како и што ќе реагира. А друга страна тотална анастезија за ова некако стварно е штета. Ајде ќе видиме што и како ќе одлучиме. Јас сум исто ако може да се почека па да видиме како ќе се развива ситуацијата. Мада забот дефинитивно е вишок.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Операција на заб 07 Сеп 2012 18:17 #212618

  • Ana78
  • Ana78's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 665
  • Thank you received: 388
Maci, ne navleguvam vo toa dali e potrebna operacijata, ne se razbiram okolu ovaa problematika, sigurna sum deka ke se konsultirate so dobri lekari i ke ja donesete vistinskata odluka. Sakav da go iskomentriam gorniot post, znaci normalno nikomu ne mu e prijatno koga ide na zabar za najednostavno plombiranje a kamo li operacija, ama salata vo koja se vleguva e maltene ista kako bilo koja ordinacija, so isklucok na svetlata koi potsekaat deka si vo sala. Sega mozebi e i prasanje na licna percepcija na nestata, strav kako klucen faktor sto e normalno (jas sabajleto piev diazepam kolku bev uprpana), ama ne se slagam deka e zastrasuvacki do tolku, a od platnoto sto te pokrivaat ima otvor samo za usta, moze da gledas(jas nejkev ni pod razno pa mi bese pokrieno recisi celo lice), taka da krv ne gledas realno se dodeka ne zavrsat i ne te iscistat, a moze ni togas zasto setrata se raskreva momentalno bas poradi faktorot strav koga ke go vidis toa. Moze da bide zaprepastuvacko za malo dete, moze da mu vlee strav od zabar, deca se toa, ne vikam ne, ama ne e ni upola tolku jezivo kako sto e opisano pogore, pominavme i jas i brat mi niz toa, i zgora na se jas odev so brat mi da mu drzam strav. A anestezijata se stava vo 4 tocki, znaci na krajnnite mesta vo gornata i dolnata vilica, za da bide celata vilica bez oset, a ne samo mestoto na zabot. Za prvito ubod ti stavaat sprej i malku go osekas, a veke za drugite ubodi navistina nisto ne osekas. te ostavaat 5-10 min da fati ubavo anestezijata, probuva zabarot dali osekas prvin i duri posle se pocnuva. Intervenciite se navistina kako sto ti kazale - kratki, mojata so druga problematika traese se na se so sienje na mestoto pod 10 min, a kaj brat mi malku poveke, moze okolu pola saat so toa sto mestoto nepristapno, se iznamacija, i vo toa vreme go smetam isto i sienjeto. Kaj brat mi ne fati ubavo anestezijata, i pokraj 4 imase nekakov oset, pa u stavija i petta i togas definitivno nemase gajle. Koga stana prv komentar mu bese me boli ustata sto mi bese tolku vreme otvorena. Ili nie iamvme sreka so intervenciite, ili mozebi ocekuvavme ne znam sto, pa na kraj se iznenadivme kolku brzo zavrsivme rabota. Pozzz
The administrator has disabled public write access.

Ре: Операција на заб 08 Сеп 2012 07:57 #212677

  • meU87
  • meU87's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 410
  • Thank you received: 125
Интервенциите се брзи, мада кај мене првата беше 1ч и 50мин, па почна да попушта анастезијата и веќе го осеќав шиењето(импактирана 7ца, малку беше тешко поради тоа што се наоѓаше помеѓу два заба кој требаше да се внимава да не се оштетат), а втората беше едно 40мин(импактирана 8ца).
Со оглед на фактот дека на возрасен човек му е страв, тогаш не би коментирала за дете. Знам и повеќе од јасно ми е дека сте пред тешка одлука. Јас со оглед на тоа дека имам поминато две операции , не би седнала дете помало од 14-15год на операција. Јас првата ја правев на 16год, а втората на 20год, и на втората поминав по мачно, од страв се изгубив на сред операција, но беше далеку полесна па процесот на заздравување беше побрз. Незнам зошто брзате и со протезата, па има време, нека излезат сите запчиња. Еве јас лично фиксна ставив на 15год и ја носев точно година време. За да ја ставам извадив две здрави 4ки, а операциите следуваа одпосле, значи со фиксната на мене.
Искрено од срце ти препорачувам доколку може да се почека, да почекате.
Последна промена: 08 Сеп 2012 07:58 by meU87.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Операција на заб 09 Сеп 2012 05:30 #212743

  • AWAO
  • AWAO's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 664
  • Thank you received: 449
Мене ми правеа операција на 8-9 години. Имав вишок месо меѓу единиците (ми го сечеа) и не можеа да се спојат. Немав никакви трауми. Се на што се сеќавав тогаш, а и сега, е притискање и тегнење, без никаква болка. Мислам дека дете на 10 години би било помирно и помалку би се плашело од возрасен човек, не знае што му се случува и што се му прават. Но сепак зависи од детето...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 11 Јан 2013 03:38 #229318

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Итно ми треба контакт со добар детски стоматолог. Синоќа Никола почна да се жали дека го боли заб, а кога отвори уста што да видам. Забот што го правевме пред неколку месеци, дупка. Паднала пломбата и се оштетил уште повеќе.
Се јавив на клиника, ајде ми рекоа сабајле била лекарката, па се јавив кај неа, сабајлево, не можела ќе излегувала сега за пола сат, па од понеделник и ме изнервира.
А бе за дете се работи и го боли. За него до понеделник ќе биде како година да поминала.

Кажете кој имате контакт со квалитетен стоматолог за деца?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 11 Јан 2013 03:39 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 11 Јан 2013 04:10 #229320

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Значи заби поправме кај нормален стоматолог ист и за деца и за возрасни. Го носам приватно.
А детски стоматолог имаш во поликлиника Идадија.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 11 Јан 2013 08:58 #229353

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Бевме кај еден пријател на колега на мм, после Нова железничка.
Добро е што на време сме го виделе, оти остана дел од запчето, па му ставија нова пломба и го средија со нова квалитетна пломба. Ја лиеше, стругаше. Се надевам сега нема да има проблем.
Инаку испаднала претходната пломба, оти не била добро ставена. Дали штедат на материјал, дали не знаат во државна, не ми е јасно.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 14 Јун 2013 03:46 #241377

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
Друштво, дали има некој искуство со залевање на шестки? Ива нема уште шестки, ама кога бевме на стоматолог за да земеме потврда за во училиште, ни рече дека штом ќе излезат шестките ќе мора да ги залееме, посебно зато што запчињата лесно и се расипуваат.

Е сега низ постовите наназад гледам дека се спомнува дека и не е баш добро залевањето зашто содржи флуор, па се замислив.

Некои искуства?




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 14 Јун 2013 04:20 #241379

  • mamicka
  • mamicka's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • :)
  • Теми: 952
  • Thank you received: 337
Kaj nas im gi zalevaat vo uciliste na site deca vo prvo oddelenie (na onie na koi im se izrasnati)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 18 Сеп 2013 02:44 #244030

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
Ние многу лошо со забите. Имаме 10 расипани, кој повеќе кој помалце. И се од тоа што не јадеше убаво, и залчето го држеше во уста по еден век. Посебно на таа страна кај што ја држеше храната петката му е многу расипана. Како еден проблем води кон друг. Кога јас на сите кукав дека детево не јаде, сите ми викаа ќе порасне ништо не му е, ама не е така. Едно што ја киснеше храната, второ што може и минерализацијата да не му е добра поради слабата исхрана. Најлошо од се е што овде не поправаат заби на мали деца без анестезија. Ги ставаат под полна наркоза и се одеднаш им поправаат. За нас е тоа последна варијанта, не можам да се помирам со тоа. Три ординации поминавме и сите истото ти го кажуваат, како напамет да го знаат. Никаков индивидуален пристап. Детево многу убаво соработува, на два пати правиме пробни чистења, полирања, ама не се согласуваат без наркоза да работат. И јас знам така, нека отвори уста успиено, и ти само буши. Работата е да соработуваш со детето, полека полека, да научи и он што тоа значи, да цени кога го тераш да мие заби. Најдовме една заболекарка во Скопје која има искуство со деца и се размислуваме да го однесеме, само што за 10 запчиња многу време ќе треба, навистина не знам дали можеме тоа да го изведеме. Многу долго ќе треба во МКД да се остане. Моментално миеме заби после секое јадење, нема ништо измеѓу грицкање (оти не се најадува на оброците, па по пола саат пак бара нешто), ставаме гел со флуор еднаш неделно, секој втор ден крема со калциум, па ќе видиме. Секако мораме брзо да се решиме како ќе лечиме зашто може и динамиката на кариесот да му е многу брза па уште поголема бења да направиме.
Значи мир нема, само еден па друг проблем, душата си ја даваме за детево, и пак не можеме ко што треба да го дочуваме :( Кажувајте ако имате некој совет, препорака...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 18 Сеп 2013 03:17 #244032

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Nemam nikakov sovet samo rasprasaj se dobro site nacini nakoi vrsat intervencii.
Tuka se 3 i site se so nekakov vid na anestezija:
1. Samo so lokalen anestetik (obavezno) kaj pogolemi deca.
2. So lesna "droga", bukvalno e drogirano deteto i ne moze da dava otpor
3. celosna anestezija samo ednas do 16 godini

Cize, tolku malo dete nikogas nema da sorabotuva, plus intervencii se vo prasanje so masina, ne e voopsto naivna rabota. Uste ako ima poveke zabi za popravanje toa treba da trae podolgo.

I tuka ne se zamaraat mnogu okolu mlecnite zabi. Ivan veke izvadi 2 4-ki gorni zatoa sto nemase popravanje. Kaj nego bese onoj bebeski karies. Kako bebe poradi algiite primase mnogu lekarstva i gornite zabi sto mu bea niknati site fatija bebeski karies. Znaci uste ima edinici i dvoiki so bebeski karies no ne go bolat.
Intervencijata, za sreka samo edna, kaj Ivan bese pod nekoja "droga" i plus lokalna anestezija. Bukvalno deteto ima dupka vo sekavanje a periodot na vrakanje vo normala bese gore-dolu ist kolku od celosnata anestezija na Petar.

Petar pomina edna golemo popravanje pod celosna anestezija zatoa sto nikako ne sorabotuvase. 5-6 pati idevme i se bese dzabe. I pokraj toa jasna mu e celta na mienje zabi, mie redovno po 2 pati dnevno i pravime redovni kontroli na zabar bez problem...ama ne dava doktorkata da fati nekoj aparat, samo lambicka e dozvolena :kez:

Posle jadenje zemame Xlytol pastili za cistenje na zabite.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 18 Сеп 2013 03:24 #244034

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
Фала ти Еми, читав за Xlylit, сакаме и со тоа да пробаме, ама некни во аптека ептен беа против за толку мало дете, уште не е mainstream овде и даваат отпор. Читавме дека во Скандинавија се користи, еве и ти потврдуваш, па ќе му земеме барем во градинка после јадење да му даваат. Не им мијат заби на децата таму, немаат доволно персонал да им обрнат внимание на сите едно по едно, а сами ако ги остават правеле глупости од типот менување четки, па гребење со четките насекаде па во уста, уште поголема беља. Веројатно ќе мора и ние да се помириме со наркоза, да ги средиме и после тоа нема лабаво, миење често, секој 3 месеци на заболекар итн.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 18 Сеп 2013 03:31 #244035

  • AWAO
  • AWAO's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 664
  • Thank you received: 449
Јас го однесов малиот мој на забар со огромна дупка во петката во јуни (немаше ни три години). И јас и заболекарката верувавме дека нема да соработува, ама демек ајде да пробаме. И детево ЧУДО- Боли? Не... буши, буши... Bоли? Не!... Неколку пати ми повтори- Мамо, ова е многу смешно :) Си го поправивме забот без ниедно "Оф". Во август го однесов и наеднаш му ги поправија другата петка и двете четворки кои беа помалку расипани. И со 3 заба наеднаш, повторно ниедно "оф" и се му беше смешно.
Така што, Cize, може мало дете да соработува и се надевам дека ќе успеете да најдете начин да пробате без анестезија. Ако се малку расипани забите може и неколку наеднаш да поправат. Поправката на трите запчиња му траеше 20тина мин. и веројатно би можеле да завршите за 4-5 одења на забар (1 недела во МК :) )
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 18 Сеп 2013 08:58 #244048

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
a shto e fintata so narkozata? seriozno prashuvam, vaka laichki ne veruvam deka pravi golema shteta.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 18 Сеп 2013 09:03 #244050

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Ne e nisto, za da rabotat go zasemetuvaat so mala doza na lekot (go zaboraviv imeto) i sreduvaat sto treba da se sredi. Svesen bese i kontaktibilen ama premnogu opusten. Brzo se vrati vo normala i sto za mene e dobro imase "dupka vo sekavanje" i nema traumi od vadenjeto na zabite.

A za xlytol pastilite gi koristime otkako sme tuka, znaci Ivan od 2 godini gi zema. Gi sakaat zatoa sto se blagi po vkus, a nema steta od niv. Ispitani se deka deluvaat...
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 18 Сеп 2013 09:08 #244051

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
da, znam. jas imam praveno intervencija so opivka. epten e cool :muahaha: ama nemam informacii deka e stetna, bilo za deca ili vozrasni.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 18 Сеп 2013 09:11 #244052

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
Тука нудат 'lachgas' (гас за смеење буквално), ама за поголеми деца, кои соработуваат веќе, ама за да бидат потрпеливи, и ја намалува осетливоста на болка. Во нашиот случај нудат полна наркоза, со анестезиолог од клиника, се договара еден ден и тогаш се работат неколку деца. Еден колега наш веќе помина низ тоа, фала богу се помина добро, ама сепак се работи за целосна анестезија, која не е баш наивна работа. Како за операција...
Xylit пастили нарачав, ќе му давам од вечерва и тоа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 19 Сеп 2013 02:52 #244064

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Mama Vase wrote:
da, znam. jas imam praveno intervencija so opivka. epten e cool :muahaha: ama nemam informacii deka e stetna, bilo za deca ili vozrasni.

Fina e a? Ne sum probala uste :angel:



Eve gi pastilite sto gi zemaat decata. Xylitol 93% i posle jadenje zemaat po 1-2 pastili.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
Последна промена: 19 Сеп 2013 02:53 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 19 Сеп 2013 16:03 #244086

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
ili da probash ili do holandija da trknesh :cigara: aj kazete sto gjavol se ovie? me mrzi da guglam :chilpil:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 19 Сеп 2013 16:16 #244091

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Nie pak denovive treba da odime na zabar. Sinko uste edno zabce mu se rasipa. sega gore desno, iako se grizi za niv i vodi higiena. i sve se plasam da ne se metne na tatko mu so zabite :emm:
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Заби 21 Сеп 2013 04:29 #244148

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Mama Vase wrote:
ili da probash ili do holandija da trknesh :cigara: aj kazete sto gjavol se ovie? me mrzi da guglam :chilpil:

Cek da dzirnam ceni na avionski barti :opaa:

Toa se pastili od xlytol, vid na seker ekstrahiran od breza za koj e dokazano (tuka u finlandijava :roll: ) deka ne dozvoluva kariesot da se vgnezdi lesno na zabot. Zatoa se lizat po sekoj obrok da se zastitat zapcinjata. Nema sporedni efekti, nitu pak se kaloricni.
Tuka site mastiki za dzvakanje se so xlytol.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
Последна промена: 21 Сеп 2013 04:30 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

Најново на форумот

  • No posts to display.