Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Жолтица кај бебето

Жолтица кај бебето 22 Дек 2009 02:59 #2478

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4992
  • Thank you received: 5194
  • Карма: 115
ПРИЧИНА ЗА ПОЈАВА НА ЖОЛТИЦА КАЈ БЕБЕТО

Околу 50% од здравите бебиња, родени во терминот и околу 80% од недоносените бебиња добиваат жолтица. Жолтицата кај бебињата е предизвикана од вишокот на билирубини во крвта. Билирубините настануваат како резлултат на распаѓањето на старите црвени крвни клетки, што е сосема нормална појава во текот на целиот живот. Потоа билирубините одат во црниот дроб, каде се разложуваат и понатаму се исфрлаат од телото.

Кај бебињата животниот век на црвените крвни клетки е пократок, па со самото тоа значи и количеството на билирубини од нивното распаѓање e поголемо.

Друга причина за појава на жолтица кај бебињата е што црниот дроб не е доволно созреан за да може да се справи со целото количесто на билирубини, па одтаму се јавува жолатата боја кај бебето.
КАКО ДА ПРЕПОЗНАЕТЕ ДАЛИ БЕБЕТО ИМА ЖОЛТИЦА

Жолтицата кај бебето може да ја приметите, ако во добро осветлена соба со природно светло, со прстот нежно ја притиснете кожата на носот или на челото на бебето. Ако кога ќе го тргнете прстот остане жолта трага, бебето има жолтица. Жолтата боја започнува да се шири од главата, преку рамењата, градите, торзото, нозете, па се до прстите на нозете. Но многу ретко се случува толкаво проширување.

Освен на кожата жолтата боја може да се примети и на белките во очите, како и внатрешноста на устата.

Жолтицата најчесто се јавува во првите 3-4 дена од раѓањето на бебето и потоа постепено во следните неколку дена исчезнува. Најчесто е безопасна и не остава никакви последици. Доколку се јави во поинтезивна форма или трае подолго од 14 дена, ќе биде следена количината на билирубини во крвта на бебето и ако има потреба ќе му биде дадена терапија.

Доколку бебето е родено предвреме, жолтицата обично исчезнува во првите 2 месеци од животот.
ТРЕТМАН НА ЖОЛТИЦАТА

Доколку не се работи за серозна форма на жолтица, нема да биде потребен никаков посебен третман.

Нешто што Вие можете да направите е да го ставите креветчето на бебето на сончево место во собата, на пример под прозорецот. Светлината предизвикува да дојде до побрзо распаѓање на вишокот на билирубини во крвта.

Исто така ќе Ви биде препорачано и почесто да го доите бебето. Почестото доење ќе го забрза исфрлањето на билирубините.

Доколку се работи за посилна форма на жолтица, бебето може да биде подложено на фототерапија во болница.

Како што кажавме жолтицата најчесто е безопасна и не остава никакви последици. Но во исклучителни случаи на преголема количина на билирубини, може да дојде до оштетување на нервниот систем.

Во многу ретки случаи, доколку фототерапијата не помага, може да има потреба да се направи заменска трансфузија на крвта на бебето. Тоа значи дека дел од крвта на бебето ќе биде извадена и заменета со друга крв.
Извор

Дали вашите бебчиња имале физиолошка жолтица? Ќерка ми имаше многу јака жолтица, последниот ден во болница поради зголемената количина на билирубини требаше да и ја сменаѕ цела крв. За среќа почнаа да опаѓаат, па не пуштија дома со препорака почесто на сонце. Син ми ја имаше но многу во поблага форма..
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Одг: Жолтица кај бебето 22 Дек 2009 05:11 #2583

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Ива се роди во 36 недела (предвреме). Од ГАК не пуштија дома со снижени билирубини, ама дома се покачија по неколку дена. Многу спиеше и не сакаше да цица(а цицањето помага во овој случај). За жал завршивме во детска клиника, и јас бев многу уплашена...можеби и повеќе отколку што требаше. Бевме три дена на фототерапија, железото и беше ниско, па скоро месец дена пиеше ферумлек. Можам да кажам дека кожата и беше жолта скоро месец и половина.

Дали имате слушнато дека и крвната група на мајката може да биде фактор за жолтицата кај бебињата? Мене неколку пати ми спомнаа дека имам О+, па затоа и бебето има жолтица. Не знам дали ова е точно, но никој не ми го објасни до крај.

Дали има веројатност и кај второто дете да се појави физиолошка жолтица?




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Жолтица кај бебето 22 Дек 2009 15:25 #2840

  • TIFANI
  • TIFANI's Avatar
  • Offline
  • junior
  • The happines is in the small staff
  • Теми: 639
  • Thank you received: 158
  • Карма: 9
Филип се роди една недела порано и имаше жолтица.Докторот сакаше да не задржи повеке денови во болница,но јас не сакав да останам.Не пуштија и секој ден одевме на инфузии.Филип спиеше по цел ден и беше многу жолт во лицето.Почнав да го дојам колку што може повеке и некако опоравивме
You make me happy
The administrator has disabled public write access.

Одг: Жолтица кај бебето 22 Дек 2009 15:29 #2843

  • SandraА.
  • SandraА.'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • Whatever u give a woman, she will make it greater*
  • Теми: 500
  • Thank you received: 50
  • Карма: 3
Anja ne fati voopsto zoltica. A, cimerkata jas koga dojdov ja pustija i ona se zalese deka bebeto i fatilo. Pa, si rekov tolku li e strasno.
Последна промена: 22 Дек 2009 15:31 by SandraА..
The administrator has disabled public write access.

Одг: Жолтица кај бебето 22 Дек 2009 15:33 #2848

  • Sister
  • Sister's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 16
  • Thank you received: 1
  • Карма: 1
И син ми се роди две недели предвреме и доби жолтица и моравме да останеме во болница плус 1 недела,со инфузии,фототерапија,боцкања,докторката велеше,леле како канаринче е жолто...уф страшно беше.А со ќерката немав проблем,се роди 4 дена по термин и поминавме супер.
За тоа да влијае крвната група на мајката не сум слушнала,јас сум А+.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Жолтица кај бебето 22 Дек 2009 18:42 #3085

  • Tessi
  • Tessi's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Avanturistka
  • Теми: 1648
  • Thank you received: 571
  • Карма: 15
Мила доби жолтица(ама во лесна форма)уште во болница,но само еден ден останавме,ја сончаа и помина,додека малово воопшто не ми фати.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Одг: Жолтица кај бебето 04 Ное 2010 16:39 #68562

  • dijana
  • dijana's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 2
  • Карма: 0
vidi,ti prasuvas dali fizioloskata zoltica ima vrska so o grupata.Da,i ne samo ako majkata e o grupa tuka najmnogu e izrazena ako eden od partnerite ja ima.
Surovo e sto se poveke e izrazena vo narednite bremenosti,znaci ako prvoto imalo veke kaj vtoroto tretoto e se poveke zastapena.
mojot prv sin ja imase no dosta nezabelizitelno,dodeka vtoriot ja imase dosta izrazeno,ne ni praveja fotosesija zatoa sto dosta cicase a i najmnogu blagodarejki na doktorkata sto ni kaza da mu davame dekstoza za poveke da mokri (fizioloskata zoltica bara mnogu tecnosti kako bebeto poveke bi mokrelo i na toj nacin ja isvrla, a ke zaboravev i mnogu sonce ili ako veke go nema dnevna svetlina.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Жолтица кај бебето 04 Ное 2010 16:53 #68568

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
Ana imase mnogu zotica i i traese skoro 3 meseci. poveke faktori vlijaea na ova, prvo se rodi prevreme vo 38 nedela, vtoro imavme razlicemn RH faktor, jas sum A- krvna grupa a taa A+ i plus dodeka sum bila bremena sum imala nekoja infekcija pa kutrata se borese protiv se ova. mnogu bev zagrizena prvite 3 meseci bavno i vrvese no za sreka pomina. na bolnica ostanavme 9 dena, tamu ja nosea na foto saekoj den i potoa koga si dojdovme doma mi rekoa deka pokraj cicanjeto treba da pie glikoza-blada voda za poveke da mo4ka i pobrzo da i vrvi. za toa deka bas krvnata grupa vlijae na zolticata ne znam, kako sto pisav doktorot mi rece deka ako deteto e razlicen RH faktor od majkata togas zolticata e poizrzena, a ne spomna nosto deka ima vrska so toa sto sum krvna grupa A
The administrator has disabled public write access.

Ре: Одг: Жолтица кај бебето 04 Ное 2010 20:18 #68683

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
dijana wrote:
vidi,ti prasuvas dali fizioloskata zoltica ima vrska so o grupata.Da,i ne samo ako majkata e o grupa tuka najmnogu e izrazena ako eden od partnerite ja ima.
Surovo e sto se poveke e izrazena vo narednite bremenosti,znaci ako prvoto imalo veke kaj vtoroto tretoto e se poveke zastapena.

Кај нас пак обратно, како што веќе пишав, со првото дете бевме и на детска клиника 3 дена, а кај второво воопшто не се појави, иако сум О крвна група. Е сега, може има врска што второво го родив на време, а првото го родив една недела порано.

А за првото се сеќавам кога лежевме на болница за жолтицата, сите ја спомнуваа таа фамозна О група.




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Жолтица кај бебето 27 Дек 2010 00:55 #95316

  • Данка
  • Данка's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 17
  • Thank you received: 24
  • Карма: 11
Оштетувањата на нервниот систем поради екстремно јака жолтица се многу ретки, на пр. можеби 1 на милион (сум читала, но на точната статистика не се сеќавам), но сакам да го споделам со Вас фактот што ние во блиска фамилија имаме таква личност - со многу тешки оштетувања на мозокот. Во моментот тоа е човек на возраст од над 30 години, но повредите на нервниот систем се толку големи што човекот е толку ментално заостанат што воопшто не зборува, т.е. нивото на развој му е можеби на дете од 1-2 год.

Најголемата одговорност овде ја префрлувам на лекарите, коишто навреме требале да реагираат и да извршат промена на крвта, а не така да го остават детето.

Затоа, мајки, внимавајте, тоа воопшто не е мала работа! Не ми е намерата да Ве насекирам, тоа навистина се случува еднаш во милион, но СЕ СЛУЧУВА. Подобро претерајте, отколку не дај Боже да дојде до вакво нешто!

Јас со моите 2 деца инсистирав да останам во болница плус уште 1 ден (Систина), за да докторот може да ја прати состојбата со билирубинот. Фала Богу, се беше во ред, но имајќи ја во предвид ситуацијата со споменатиот член од фамилијата, бев навистина загрижена.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Жолтица кај бебето 27 Дек 2010 03:48 #95403

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
jas od istata pricina ostanav 9 dena vo sistina.na strana faktot deka uzivav so cimerkata i bev carski porodena,megjutoa ni na kraj pamet ne mi bese da odam doma so pokaceni bilirubini.
nemame slucaj vo familija so posledica od zoltica ama mnogu dobro znam sto se moze da se sluci od istata.pa duri i sugestiite da odam sekoj den na kontrola ne pominaa kaj mene,rekov dodeka ne bide se kako sto treba jas od ovde ne mrdam :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Жолтица кај бебето 27 Дек 2010 17:48 #95777

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
Srna ova sto go pisuvas go citav na net i bev mnogu zagrizena, se opustiv duri posle 4 meseci.Odevme redovno na kontrola, i zemaa krv, se iznamaci i taa i nie ama fala bogu se e vo red.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Жолтица кај бебето 31 Мај 2013 06:10 #240058

  • Joanna
  • Joanna's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 122
  • Thank you received: 17
  • Карма: 0
Девојки и ние мака мачиме со жолтицата. Ја добивме четвртиот ден, ден пред да излеземе од болница, па затоа останавме + уште еден ден, бевме на фототерапија и со 209 билирубин не пуштија дома. По 3 дена на контрола тежината ни беше иста, што значи не сме качиле ни еден грам а жолтицата зголемена на 230. Ни рекоа да форсираме повеќе цицање и дохрана за да се намали, да не не враќаат да лежиме во болница. Така и беше, форсиравме повеќе млекце и за 2 дена беше намалена на 195, па потоа на 185 за последно пред 2 дена да ни се покаќи повторно на 200, тие 2 дена бевме на цицање + 2 пати дохрана. Сега сме повторно во понеделник на контрола па ќе видиме, ако не е намалена ќе барам на своја иницијатива ако треба да не задржат во болница. И еве ако тоа игра некаква улога, јас сум О+ а бебушот О- крвна група, значи различен РХ фактор. Дали некој знае колку е границата на дозволен билирубин во крвта? Мене постојано ми викаат не е висок, не е страшно, па ме интересира која е дозволената граница?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Жолтица кај бебето 31 Мај 2013 07:13 #240062

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
  • Карма: 6
Joana i nie imavme maka so zolticata ama ne ne vikaa na kontroli, skoro cel mesec bese pospan, cicase i mi kazaa da davam vodicka demek taa mnogu pomagala za zoltica , trebalo mnogu tecnost a zosto drugo nemoze moze vodicka prevriena.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Жолтица кај бебето 31 Мај 2013 08:14 #240064

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
Joanna jas po preporaka na pedijatrite mu davav glikoza na kerka mi i sin mi, kolku poveke tecnosti tolku podobro, poveke ke mocka i ke se namaluva zolticata.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Жолтица кај бебето 31 Мај 2013 08:18 #240065

  • Joanna
  • Joanna's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 122
  • Thank you received: 17
  • Карма: 0
Нас не викаат нон стоп на контроли дека Ремедика и на приватно знаеш како е, да те погледнат и ќе ти наплатат одма, ама па се нервирам секој ден по ветриштава детево го влечеме ваму таму а резултат никаков, и си викам сега ако и во понеделник не ни е намалена жолтицава ќе барам да не задржат или пак во државна ќе одиме. Водичка не ми спомнаа да му давам ама сите од страна ми велат може, на 100мл пола лажичка шеќерче или пак само така, без ништо па му давам и тоа си пие па ќе го видиме резултатот во понеделник. Уффф човек веќе да не е раат, ќе помине знам ама додека да помине само секирации :(
The administrator has disabled public write access.

Ре: Жолтица кај бебето 31 Мај 2013 08:44 #240068

  • Ana78
  • Ana78's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 665
  • Thank you received: 388
  • Карма: 3
ne se sekiraj nie izlegovme so bilirubin 246 od bolnica, a prethodno imavme nad 260. Isto odevme vo Remedika kaj Marina na sekoi 2-3 dena i celo vreme bese nad 230. Duri posle 2,5 nedeli bese 170 i ottuka veke ne go ni merevme se primetuvase i na oko deka ne e zolta. Posle 2 nedelii bese 100 g poslaba od rodilnata tezina, poludev od nervozi, ama poleka se si dojde na mesto. Inaku Marina isto mi vikase prvin samo forsiraj doenje, ama posle i samata rece visokot bilirubin se izlacuva so urina, davaj i caj bekutan ili plantex nekolku dena za da mocka pocesto duri trae zolticata. Takanapravivme i imase rezultat. Posle 3-4 dena se vrativme samo na cicanje i ako zagusti i malku dohrana so ad.mleko i se se sredi
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Joanna

Ре: Жолтица кај бебето 31 Мај 2013 14:38 #240082

  • Joanna
  • Joanna's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 122
  • Thank you received: 17
  • Карма: 0
Ние сме кај Розита, но ја знам и Марина, цело време таа ми ги кажуваше информациите за бебушот како напредува додека бевме таму, баш и велев дека многу се радувам кога доаѓа зошто знам дека ми носи нови информации :) Дента кога не отпуштија таа беше на смена и истото ми го кажа, форсирање повеќе на доење, па ќе видиме што ќе ни речат во понеделник. Вака како што го гледам денеска ми е побело, ама па со дохрана сме нон стоп, му давам да цица и + дохрана и без проблем си пие накај 60-70мл од дохраната, млеко мноооогу споро ми надоаѓа и ми иде да си пукнам од мака :(
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.