Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Љубомора помеѓу децата

Љубомора помеѓу децата 03 Јан 2011 06:55 #98150

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Ме интерсира дали помеѓу вашите деца постои љубомора, како ја пројавуваат и како се справувате со тоа?

Моите деца се разлика 2 години и 8 месеци.

Кога се роди Андреј, Ива не сакаше да оди во градинка, и цел еден месец плачеше, мм мораше да седи со нејзе во градинка по 15 минути. Воспитувачката ни кажа дека е нормална појава и дека и други деца постапувале така кога имале принова во семејството, зашто бебето останува дома со мама, а поголемото дете се одвојува и оди во градинка. После извесно време тоа престана. Ива го сакаше бато, го галеше, да ти е мерак да ги гледаш.

Во последно време стана многу нервозна, на пример ќе игра и ќе побара млеко јас да и дадам. Но ако сум зафатена, ќе стане мм да и направи и таа почнува хистерично да плаче јас да и дадам. Ова е банален пример, но не секогаш можеме да и излеземе во пресрет јас или мм, во зависност кој таа сака да и даде нешто или да ја успие. Почнува да вришти ако не може да си го пушти ЦД-то со цртани, ако не може да си ја соблече блузата, не сака да и помогнеме и почнува пеколот од вриштење, пиштење и плачење на цел глас.

Пробуваме на најфин начин да и ги објаснеме нештата. На почеток не сфаќавме што е проблемот, но кога ја прашав зошто е нервозна, кој ја изнервира, таа категорично рече: "Бато", и бил досаден. Заклучивме дека има скриена љубомора кон Андреј, се трудиме и многу повеќе внимание и посветуваме нејзе. И кажуваме дека многу ја сакаме, играме постојано, ја шетаме, но резултат нема.

А колку само Андреј ја сака, очите му се постојано во неа вперени, само по неа оди со дубачето.А ако му дадеме да игра со нешто, таа веднаш му го зема, баш тогаш таа играчка и требала. Ќе ја земе играчката, ја остава на страна и ја заборава.

Дали ќе помине, каде грешиме?




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Љубомора помеѓу децата 03 Јан 2011 15:26 #98200

  • biba74
  • biba74's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Снегулки...
  • Теми: 9
  • Thank you received: 1
  • Карма: 0
И ние имаме една Ива. Кога се роди помалото братче Филип Ива имаше 2години и 4 месеци. Стигнавме дома од болница, а мм имаше подготвено една играчка и шнолички кои беа подарок за Ива од братчето. Така од првиот момент таа беше толку расположена да го чува и не покажала ни најмал знак на љубомора. Кај нас љубомората се појави скоро, пред 2 месеци и тоа од страна на Филип. Можеби во прашање е карактерот на детето. Иако Филип добива повеќе внимание, сепак, кога ќе примети дека се гушкаме со Ива, тој почнува да прави бељи. Ива единствено коментира кога го фалиме Филип колку е умен.. Ќе рече: А ЈАС, УМНА СУМ? Така мора постојано да правиме рамнотежа и во пофалбите и во критиките за да има мир во куќа.:da:
The administrator has disabled public write access.

Љубомора помеѓу децата 03 Јан 2011 17:42 #98297

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
kaj na se sluci nesto sto najmalku ocekuvavme vo smisla na periodot koga obicno se javuva ljubomorata.site se spremavme i mislevme na onoj del koga kje dojde bebeto doma,kako i sto ponataka...situacii od prijateli,strucna literatura,razgovori so adekvatni lugje itn.napraviv plan i organizacija da nerecam so polna borbena oprema resena da sprecam da dojde do toa i pogolemoto dete da ne pocne da pati.ama...

kako pocna mesko da raste taka pocnaa i problemite.problemi vo odnesuvanjeto nevideni ama nikako povrzani so mojata bremenost.pocna da pravi problem za raboti koi dotogas ne pravela.obleka,hrana,zaspivanje...i toa sekoj den,nekolku pati kako na branovi.pocna da stanuva agresivna kon mene,pogledot ednostavno kazuvase se.koga kje ja fatese toj nekoj gnev mislis i doagjase da me zadavi.takov strasen pogled kaj tolku malo dete ni na film nemam videno.vo nekolku navrati pri nekoi kavgi znaese da mi kaze deka sakala da me frli na ulica i kola da me zgazi ili da zapali ogin i da izgoram.

uzas neviden koj traese i traese.i nikako da ni tekne za sto se raboti bidejki nie se spremavme za delot koga kje dojde bebeto.pa stignavme i do psiholog,srekja sto mi e prijatelka pa dojde kaj nas doma da mi pomogne.vednas i bese jasno za sto se raboti i preporakite bea standardni.mnooooogu zboruvanje i objasnuvanje(ama nikako podlazuvanje deka ona i ponataka kje bide centar na svetoto)kvalitetno vreme pominato zaedni,trpenie,pokazuvanje zivi primeri(familii so povekje deca)ukazuvanje na prednostite da imas brat ili sestra i sl.

moite se skoro 6 god. razlika i mozam da kazam deka brzo i lesno pomina.da ne kazam deka 100% od ona sto i go objasnuvavame go razbirase.ponataka nemavme nikakov problem,koga dojde bebeto doma i cel period potoa pa se do den denes.

znae da pokaze ljubomora koga nesto kje dobie povekje od nea(pazime ama se slucuva) megjutoa se se sveduva na tazno facice i tolku.

inaku brat mi pocnal da mocka vo gakji koga jas sum se rodila.sum bila mnogu grlato :laugh: i zahtevno bebe a ona sama ne cuvala.ne pravel belji ama rezultatot od ljubomorata bil toj.

i den denes e mocko :hahaha:
Последна промена: 03 Јан 2011 17:43 by Frenky.
The administrator has disabled public write access.

Љубомора помеѓу децата 04 Јан 2011 00:08 #98432

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
:hahaha: Мама Васе, ме изнасмеа со твојата грлатост:hahaha:

Јас додека бев бремена Ива беше срце, и кажувавме дека бебето во мешето е нејзино и дека мама за неа ќе го роди. Па тука имавме галење и бакнување на мешето.

Љубомората се појави сега и ми е жал за неа зашто си ја мачи душичката:(




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Љубомора помеѓу децата 04 Јан 2011 01:47 #98442

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Једна од предности велике разлике у годинама међу децом је то што нема љубоморе..
Бар је код нас то био случај..
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Љубомора помеѓу децата 04 Јан 2011 02:58 #98453

  • Ананда
  • Ананда's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I ♥ books
  • Теми: 5158
  • Thank you received: 1031
  • Карма: 60
Немам две деца, за да на тој начин одговорам на темава...но ете, ако дозволите би направила паралела меѓу мене и брат ми. Ние сме речиси 11 години разлика, и по сведоштвата на моите...Од денот кога се родив, ниту од моја ниту од станата на брат ми немало никакви изливи на љубомора...Претпоставувам (и ЗЗ кажа нешто слично) дека разликата во години си го направила своето..Ние немавме исти интереси, ниту пак не интересираа исти работи за да ја чувствуваме љубомората..Кога тој одеше во војска и бараше старки во Грција, јас барав да ме носат на златно славејче..Немав навистина за што да му бидам љубоморна, ниту тој на мене. Она кое тој го сакаше да го добие од моите, мене ми изгледаше на глупост (нормално затоа што бев помала)..Сакаше појачало за електричната гитара..и го доби..ама за што да му љубоморам???Што мене ми знаќело тоа на 5-6 години..:laugh: Ете тоа е моето искуство, едноставно немав во што да се споредувам со брат ми..Нека ми е жив и здрав, ривалство (ниту во поблага ниту во позасилена форма никогаш немало меѓу нас)..А бидејќи имам само едно дете, син...којзнае какво ќе биде моето искуство околу ова прашање откако ќе родам второ (кога и да биде тоа :) ) За тоа, потоа :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Љубомора помеѓу децата 29 Ное 2011 00:46 #167037

  • mama3
  • mama3's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 53
  • Thank you received: 43
  • Карма: 0
Jas mnogu se plasev da ne se ljubomorni duri koga ostanav po 3 pat bremena si vikav lele sto mi trebase ova (iako bese planirano bebe po planirano amin) ama si vikav sega garant ke ima ljubomora.
Za postarata kerka koga se rodi sinot bese 6 godini celo vreme mu zboruvav kako ke si ima brat ili sestra deka toa ke e na site nas bebe ne samo moe, sto ke mu pravime kako. Toj mnogu sakase sestra duri velese ako e brat treba da go smenite za sestra. I dade gospod se rodi sestra toj bese presreken, na pocetok nekako zbunet bese prvite 5-10 min toj nemase videno tockavo bebe golo (ne i se kacuvase temperaturata ja drzea pod lambi, uste ne iskapeno. Mu dadovme poklon od sestra mu i mu dadovme toj da ja slika (imame 200 sliki od sekoj santim na teloto) i posle koga ne prenesuvaa od porodilnata soba vo obicna mu go dadovme bebeto toj da go turka vo krevetceto pa mi se cini tolku bese naduen od sreka deka porasna edno 30cm :)
Koga ostanav bremena so tretoto kerka mi bese samo 14 meseci stara i ne razbirase sim mi bese kefoj posto toj saka 6 braka i sestri da bile. Malata so tek na vreme pocna da svaka deka nesto se desava ama pak slabo ne mozese da svati so ima vrska bebeto so stomakot i mislese site imaat bebe vo stomakot pa duri i dedo i.
Koga se rodi najmalovo sinot bese ljut posto ne bil brat arno ama koga dojde vbolnica mi gi rece najslatkite zborovi vo zivotot "mama I dont mind that I have 2 sisters now she is adorable" i odma pocna da si ja guska da si ja baknuva "lele racinja, lele nodjinja lele glavce ova ona) malata nekako pak bese zbuneta i trebase edno 2 nedeli da svati deka bebeto ke ostani kaj nas (bese togas 1 god i 11 meseci) ke stanese i iznenadena ke svikase "mama vidi bebe" ama nemavme problem nikakov da i se smeni nesto.
Sega se trojca musketari najmalovo koga ke gi vidi skoka od kef, srednata eptema si ja saka sestrickata sega i kupivme golem krevet na golemata a taa pisti ne spie noke saka sestra i vo stariot krevet vo nejzina soba da spie.
Golemiot nema problem toj gi obozava niv ako mu kupime nesto nego bara i za niv da se kupi a ako niv im kupime nesto toj ne praj problem.
Sestra mi mnogu mene mi bila ljubomorna se sto sum pravela ja ili mi pravele mene moralo i nejze. Toa bilo uzas doma.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Љубомора помеѓу децата 10 Фев 2012 11:26 #179699

  • UNA MAMA
  • UNA MAMA's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 31
  • Thank you received: 10
  • Карма: 0
Ќерка ми постојано викаше дека е сама, нема со кого да си игра и дека сака бебе. И ние и купивме бебиња што плачат, што се смеат и дури и од оние и што мочкаат-немав намера да раѓам уште едно дете.
Но, детево беше упорно, па и тука се надоврзаа и моите родители, па и педијатарот кој ни рече:Не го казнувајте детето да биде цел живот само.
Постојано велеше јас ќе имам сестра и ќе се вика Ана.
И летото се породив, и родив сестра која се вика Ана.
Ана кога се роди и донесе подарок што многу и се допадна и на сите се испофали дека бебето и донело подарок.
Љубовта кон бебето е едно ама кога ја виде мама со бебето во раце, е тоа беше сосема нешто друго.
Љубомората ја манифестираше на нејзин специфичен начин. Цело лето го помина облечена во горна пижама со долги ракави и по гаќички, не ја врзуваше косата туку ја носеше пуштена како глуварче, надвор излегуваше само со еден жолт фустан кој е единственото нешто од облеката кое е скинато. Ја лапна цуцлата од бебето, врзуваше лигавчиња и таа да биде бебе.
Педијатарот не советуваше да не ја караме за таквото однесување туку кога ќе ја гушкам да и викам: ти си големо бебе на мама и не ти доликува цуцла, поубава си без нејзе.
Есента почна во градинка и имаше желба да оди, се дружеше со девојче кое имаше помала сестричка.
И со многу зборување дека нејзе ја сакаме најмногу, дека таа е поголема сестра и да се биде сестра е многу значајно, дека бебето нејзе ја сака најмногу, помина тој страшен период.
Нормално и сега љубомората е присутна, но не во толкава мера како кога се роди бебето.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Љубомора помеѓу децата 08 Сеп 2012 06:32 #212671

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
  • Карма: 6
Uf neznam kako da pisam i od kaj da pocnam kaj nas e ziva ludnica, jas samo dva dena sum doma a veke atmosferata e haoticna, neznam kako kaj vas bese so ljubomorata sprema bebeto , postariov ne saka da slusa ni sekunda , zamavnuva so predmeti, ne gleda saka da mu se priblizi megutoa ne gleda i moze da go nagazi, strasno e jas se obiduvam kolku mozam da bidam so postariot da go banjam , da se guskame, ama od babi glavava mi e ludnica vcera zbesnav i im rekov ili vie izleguvajte ili jas napustam teritorija on gi gleda niv i zbesnuva do plafon, detevo si imase red dodeka si bev doma sega nemozam da go prepoznaam.davajte soveti kako bese situacija koga se porodivte i kako reagiraa pogolemite sprema bebinjata.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Љубомора помеѓу децата 08 Сеп 2012 07:00 #212673

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Mirka, vnimanieto maksimalno posvetuvaj mu go na pogolemiot. Probaj da go animiras koga menuvate peleni da ti ja podade cistata pelena, pa kremata ili koga go banjate bebeto daj mu nekoja zadaca(pr.da ja drzi banjarkata). Nesto so sto kje se osekja korisen a voedno kje mu bide igra. Nemoj pred pogolemiot da imas izlivi na milost sprema bebeto (barem ne vo prvo vreme) ili ako nesto kazuvas za bebeto obavezno spomni go i pogolemiot koga bil bebe kako se odnesuval za istata rabota.
Mene vtoroto dete mi se pogodi mirno, pa celoto vreme mu go posvetuvav na pogolemiot. I ne se javi klasicna ljubomora
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mirka

Ре: Љубомора помеѓу децата 08 Сеп 2012 08:24 #212680

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Кај мене се беше во ред додека помалото не прооде. Јас исто целото внимание и го посветував на поголемата, малото се погоди мирно и спанка, па така јас имав доволно време за големата, која не одеше во градинка, туку си седеше дома со нас. И што се случи, поголемата си врза во крпче дека мора да е главна, дека е прва и поголема, дека мора да е по нејзино и дека се е нејзино, па кога малово прооде, кога почна да и навлегува во територија, да и ги зема играчките и да ни станува интересна со првите зборчиња, настана хаос и ерупција од љубомора. Џабе зборување, џабе тактики, џабе се. Сега гледам дека свесно и намерно прави некои работи, само за да види како јас ќе реагирам, особено ако некој од надвор е присутен. Вчера помалата ги зема да ги облече нејзините нови балетанки, а поголемава ја удри по главчето. Јас збеснав, а се спремавме да излеземе, па така големата си доби казна и си остана дома со татко и. Вриштеше, плачеше, зајдуваше, но не и попуштивме, си остана дома. Понекогаш ако ја гушнам, малово исто така, знае да заплаче, да дојде до кај мене и да ја бутне, често пати знае и да ја скубне. Абе нема крај. Еднаш прочитав еден наслов во едно списание „две деца- војна во куќа“ сега дури ми е јасно што значи тоа.
Така да, Мирка што и да правиш ривалство во секој период од нивната возраст може да се појави. Мој совет е на двајцата да се обидеш да им го поделиш подеднакво вниманието. Поголемиот мора да разбере дека мама мора да го заспие бебето, мора да го надои, мора да го избања и ред други работи. Кај мене за тоа нема проблем. И бабите на страна, што подалеку од дома. Подобро испрати го поголемиот преку ден кај нив.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mirka

Ре: Љубомора помеѓу децата 08 Сеп 2012 13:14 #212705

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Mirka :foryou: moite se slicna razlika kako i tvoite,2 god i 4 meseci. A se porodiv so Mario pred samo 7 meseci, pa svezo mi e se :) Te razbiram deka sega si vo haos,emocionalen i fizicki. Prvo kolku mozes odmaraj i prefrli gi site mozni domasni obvrski na babite. Ti gledaj si gi samo decata. Nie licno najdobro funkcionirame sami,kolku pomapku mudruvanje od strana,tolku pomalku ligavenje. E sega posto ti si taze porodena,ti treba odmor i mir i spokoj pred se za da mozes i na raat da dois,iskoristi gi babite,no neka dojdat kaj tebe tie. Ti preporacuvam da ne go izoliras Martin vo pocetokot. Osobeno ne na povekje dena. Taka moze da se oseti zapostaven i otfrlen. Gledaj da ima nekoj do tebe da ti se najde za cistenje,gotvenje i tehnicki raboti okolu decata,a ti pominuvaj go vremeto so dvajcata kvalitetno. Neka si poigra babata so golemiot dodeka ti dois na raat,a dodeka spie bebushot ti igraj,shetaj,redi puzzles...gledaj crtani....shto i da posaka,so golemiot. Bitno e da ne se pocuvstva zagrozen i otfrlen. Jas plakjav zena 4h na den no samo prvite 2 meseci,taka go resiv toa.jas dodeka doev taa ja ranese Jana,pa ppsle taa pegla ili cisti,a jas si se gushkam so Jana. E posle si se nagrbaciv so site obvrski i dvete deca sama,i na moe ogromno iznenaduvanje doma nastana harmonija! Bez ligavenje,ljubomorni ispadi,sceni na bes i sl. E sega jas na krajot na denot bev ko isceden limon,no bitno decata bea taka najsrekjni. Verojatno golemovo se cuvstvuvase deka go ima celoto moe vnimanie i uzivase. Stana spokojna,smirena i poslusna (pu,pu). I taka zatoa rasivme da sedime doma zaedno dodeka bato ne napravi 7meseci pa zatoa duri sega trgna vo gradinka.

Kaj nas do sega bar,nemalo klasicna ljubomora. Pocetokot bese tezok zasto ljubomorata se manifestirase na eden suptilen nacin so nespienje,budenje sekoe utro vo 4h,placlivost,razdrazlivost i ligavenje. I jas i mm se trudevme max da i se posvetime na golemata od setanje do igranje prikazni gushkanje,se. Ako mi veruvas imalo momenti koga malovo cekalo da dovrsam prvo nejze da ja ranam,banjam, i sl, za duri posle on da cica. Cesto bil na vtoro mesto,no morase taka. Moras sega da go razberes i tvoeto golemo covece koe do vcera bese malo,zamisli koj haos mu e vo gpavceto. Zatoa te molam imaj trpenie i samo smireno.majka mi mi vikase sega mora celoto vnimanie na golemoto,zasto e povredeno i zbuneto,a maloto e bitno samo da e najadeno i cisto.zvuci nefer no mora vaka bar prviot mesec. Znam tesko e no veruvaj pominuva. Eve gopemava sega e cepata vo film deka e ggolema dada,samo se fali so bratceto kaj kje stigne,a da ne zboram deka go guska po sto pati na den. Vekje i si igraat zaedno,toj ja brka so lazenje niz dnevna,a dada se gazi od smeenje :) kje vidis brzo kje pomine haosot i kje si bidat najverni drugarcinja. Isto da napomenam nie nikogas sme nemale probpem so agresija,udiranje i sl,no ako gledas deka golemoto e agresivno,moras da go zastitis maloto i da ne go ostavas sam so bebushot ni sekunda. I poleka da mu objasnuvas dek e golem brat,deka e poumen,deka maloto kje go slusa,deka kako sto on cical sega i bato cica za da porasne golem pa da si igraat i sl. Znaci obrni mu povekje vnimanie na senior no ne zaboravaj suptilno da mu stavis do znaenje deka sega vekje ne e sam i dek mora da nauci da deli se so bato.

Te gushkam samo smireno i so gooolemo trpenie :cvet:
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Mirka

Ре: Љубомора помеѓу децата 08 Сеп 2012 16:37 #212721

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Ух, мене од сега коса ми се крева што ќе биде ако во блиска иднина имаме второ дете. Како што е моментално ситуацијава мислам дека син ми ќе шизне. Толку приврзан за мене што само 15 минути да ме нема до него, еве да сум влегла да се туширам, кога ќе дојдам тоа е радување, гушкање како 10 дена да не ме видел. Сега малку отрпна, ама до пред некој месец не смееше никој да ме погали, седне до мене, мм со бес го туркаше ако ми се приближеше. Исто, ако ме види со внука ми или внук ми во раце одма се буни. Ама па ако не ги држам јас ги гали и им се смее. Да не зборувам па за тоа дека во последно штом сум јас до него не сака друг да му тури млекце, да му дава да јаде, да ја вози количката :).

Ама се тешам дека имаме време, најрано може да биде за 9-10 месеци :aham:, па може ќе се смени до тогаш :mama:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Љубомора помеѓу децата 08 Сеп 2012 16:44 #212723

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7894
  • Thank you received: 5648
  • Карма: 121
Никола иако е еден, знае да покаже љубомора кон внук ми. Особено ако јас го земам, гушкам или играм со него. А бе ќе се утепа од правење секакви глупости за да ми привлече внимание.
А гледам од иста причина прави и со моите кога се заедно со внук ми.
А од друга страна вели - мамо кога ќе ми родиш братче!
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Љубомора помеѓу децата 09 Сеп 2012 02:07 #212734

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Љубомората меѓу децата е сосема нормална појава. Секое дете е посебна индивидуа која сака да биде сакано, потајно се плаши да не биде отфрлено, сака да биде пообро од другото итн. Со љубомората се развиваат и некои позитивни особини, а тоа се желбата да се биде подобар од другиот, способноста за чување на личните работи, трудољубивоста и начинот да се привлече вниманието кон себе. Ние како возрасни треба да сме свесни за овие работи и оваа детска љубомора да ја насочиме позитивно за да не премине во агресија или пак ривалство помеѓу децата.
Очекувајте дека, доколку не се појави љубомора на почеток, ќе се појави кога-тогаш во одреден период од растот и развојот на децата. Родителите ова треба да го следат и веднаш да реагираат најсоодветно.
Хармонија и деца кои одлично се сложуваат има само во рекламите за прашок за перење и омекнувач Ленор во траење од 30 секунди.
Последна промена: 09 Сеп 2012 02:09 by Mama Sani.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee, Mirka

Ре: Љубомора помеѓу децата 23 Ное 2012 10:36 #222643

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
Se slozuvam deka ljubomorata e sosema normalna rabota i kaj pomali i pogolemi decinja. Milena dosega ne pokazala ljubomora kon drugi deca, no sum primetila deka bara na primer nekoja igracka sto nejzinata drugarka ja ima, i ako ne ja dobie place i postojano prasuva zasto ona moze da ja ima a jas ne? pa i ova e nekoja vrsta ljubomora.

A kako ke bide so bebeto, doprva ke vidime.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Љубомора помеѓу децата 25 Дек 2012 10:36 #227342

  • bica
  • bica's Avatar
  • Offline
  • new born
  • img src="http://lb4
  • Теми: 132
  • Thank you received: 14
  • Карма: 0
Љубомората на Мишел е голема во однос на останати деца и доколку некое дете го земам јас во раце... или ако е бебе одма ми вика да го вратам назад... љубоморен е на мм кога ме гушка... му вика тоа е моја мајка не ми ја гушкај.... а мм го тепа... некако син ми многу си ја има фатено заштитничката улога во однос на мене кога сме тројцата заедно со мм се како куче и маче...
Мојот свет се врти околу двајца дечковци!!!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Љубомора помеѓу децата 05 Дек 2014 00:53 #253138

  • rozaly
  • rozaly's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 51
  • Thank you received: 1
  • Карма: 0
Dobro e sto gi procitav site vasi komentari zosto pocnav da zapagam vo ocaj :) Mojata petgodisna kerka, tuku sto dobi sestricka pred 4 meseci, i na pocetokot se bese vo red, se do pred mesec dena. I se slucuvaat epizodi na agresivno odnesuvanje, kako na primer, mavanje so predmeti po nas, udiranje na vrata, vreskanje i sl. Se razbira, gi povtoruva site najlosi zborovi sto gi slusnala. Ako sednes i razgovaras so nea, posle toa se transformira vo sosema drugo dete. Kako da se raboti za dve razlicni deca. Jasno mi e deka se raboti za vnimanieto koe go bara, bidejki od 24 casa, bara 25 da igras so nea, da crtas, da gledas TV, da zboruvas i sl. Fakt e deka i nie po doma, roditelite sme obicni luge so svoi momenti i naseto trpenie ne e sekogas idealno. Nekade slusnav, nekoj pedijatar, deka ako deteto ima napadi na takvo odnesuvanje treba da go ostavis da se isplace, da se izvika i sl. a od druga strana slusam deka sekogas e najdobro da se razgovara sto poveke so deteto.

Ve molam za sovet i POMOS :)))
The administrator has disabled public write access.