Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Кога и како да се разговара со децата за смртта?

Кога и како да се разговара со децата за смртта? 02 Ное 2010 18:42 #67732

  • mamicka
  • mamicka's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • :)
  • Теми: 952
  • Thank you received: 337
Дали со вашите деца разговарате на оваа тема?
Јас сеуште не, всушност не се до утрово.
Ние живееме многу блиску до градските гробишта и секој ден поминуваме покрај нив дури и по неколку пати но никогаш синко не покажал интерес за тоа ниту пак нешто прашал. Сабајлево кога одевме накај градинка поминуваме таму и синко ми вика зошто е оваа биста во гробиштава? Јас бев малку изненадена од прашањето ама почнав да му објаснувам (и признавам да се потам :sram: ) и стигнавме до делот дека кога некој ке умре го закопуваат во земја. На ова мојата умна глава изјавиЧ па зар потоа под земја живеат како кртови???????:blink:
Продолжив со објаснување ама среќа што стигнавме во градинка и заврши муабетот. Знам дека ќе следи продолжеток на муабетов, ама како.......
The administrator has disabled public write access.

Кога и како да се разговара со децата за смртта? 02 Ное 2010 18:46 #67734

  • PiPoLiNo
  • PiPoLiNo's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 571
  • Thank you received: 243
lele mamicka , mene filip postojano me prasuva i mi kazuva kako ne sakal nikoj od naseto semejstvo da umre :) duri i place ponekogas predvreme si zali deteto

jas ne sum mu kazala deka vo zemja gi zakopuvaat mrtvite posto znam deka ke se zali ke mu ja misli , ednostavno mu imam kazano deka odime gore kaj dedo boze i deka na kraj site gore pak ke se najdeme i deka pak ke ni bide ubavo
The administrator has disabled public write access.

Кога и како да се разговара со децата за смртта? 02 Ное 2010 18:53 #67738

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
Vnuk mi ja prasal majka mi pred izvesno vreme ... okolu 6 godinki koga bese - i jas li ke umram? I majka mi mu rekla - ne, ti si mal. Vika - ne sakav da go lazam, ama mnogu nekako voznemiren bese. Ke potporasne pa sam ke sfati sto e i kako e ...
Nikako ne si na cisto so decava sto e popametno. Nekogas vistinata mnogu gi voznemiruva pa sakame da gi podzastitime. Nekogas lagata ne e vistinskiot metod. Golem znak ?
The administrator has disabled public write access.

Кога и како да се разговара со децата за смртта? 26 Ное 2010 19:20 #78224

  • Vesna Blazevska
  • Vesna Blazevska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 174
  • Thank you received: 156
Треба да се разговара искрено и отворено со децата на оваа тема, како и на било која друга за која пројавуват интерес. Она што ние како возрасни се плашме од смрт е многу лесно да го пренесеме на децата и често не дозволуваме да се збори за тоа, а камо ли да се објаснува. Секако, објаснувањето би требало да биде на едно детско ниво:одат во рајот, стануваат ангели, не гледаат од небото итн, а на гробишта се доаѓа да им се оддаде почит. До својата 4-5та година децата не се во можност да го сфатат феноменот смрт. Син ми многу рано се соочи со смрт на близок во семејството, се соочуваше неколку пати поточно и до својата 5та година не прашуваше ништо, а и не му беше ништо јасно. Околу 5 годишна возраст почна да се интересира, јас се му објаснив и секако имаше безброј прашања. Децата обично се плашат да не останат без родители, кога им објаснуваме за смрта е многу важно да се напомене (доколку дојде до такво прашање) дека мама и тато се секогаш тука (иако, се разбира, не сме сосема сигурни дека ке е така)и ке бидат покрај него се додека му се потребни. Син ми бараше да му ветам дека нема да умрам...ветив дека нема да умрам додека не му помогнам да ги израсне неговите деца...а тој ми вети дека ке ми купи бастун :)))))))
You may kill my deamons, but my angels will die too.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога и како да се разговара со децата за смртта? 15 Јун 2011 12:35 #141761

  • Nikolina008
  • Nikolina008's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 103
  • Thank you received: 11
Позната ми е оваа тема...Ние на син ми му кажавме дека дедо има куќичка на гробиштата, таму спие и таму му носиме храна, а тој од небото постојано не гледа, па дури и ако не слушаме може да не скара. Редовно го носиме со нас на гробишта, се крсти ја бакнува сликата и се смее. Повеќе од сигурно е дека во целост не му е јасно за што станува збор, премногу е мал.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога и како да се разговара со децата за смртта? 07 Јул 2011 16:31 #144282

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
- Мамо нели ти никогаш нема да умреш? - беше вечерва прашањето од син ми кое ме остави зачудена.
Се обидов да му објаснам дека сите еден ден умираме, само кога ќе бидеме многу стари и дека јас ќе сум тука за него додека можам и му требам. А тој ми рече
- Не може ти никогаш да умреш, ни кога ќе остарам, оти јас секогаш ќе сум ти дете и ти си моја мамичка која многу ја сакам.

Колку и да се обидам да му објаснам некои работи, се плашам да не погрешам, да го исплашам...
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога и како да се разговара со децата за смртта? 08 Јул 2011 04:45 #144299

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
Вчера седевме покрај Вардар и децава прашуваа за реката, од каде тече, зошто и до кога ќе тече, јас велам засекогаш. И Калина ми вели и јас кога ќе умрам таа ќе продолжи да тече? :) Да, велам и тогаш.
Некако многу се зборува за смртта и во цртаните, така да тоа им е нормално дека сите кога ќе остариме ќе умреме. Е сега сме немале поблизок случај пу пу за да се соочат со тоа, но мислам дека колку толку разбираат. Инаку на некој филм имаше погреб, па им кажував што се прави таму.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога и како да се разговара со децата за смртта? 27 Апр 2012 11:56 #196526

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Ајде овде да го пренесам моето свежо искуство во врска со разговорот со мојот 10 годишен син за смртта на дедо му. Свекор ми почина синојка. На син ми не му кажавме до денес попладне кога го земав од школо. Првин се зачуди зошто јас сум дошла да го земам, оти знае дека јас сум 2 смена на работа, па после праша кај е тато? И јас му кажав дека тато е во болница кај дедо. А ти и утре не одиш на работа ( а треба утре да сум на работа) викам нема да одам. Ај викам да дојдеме дома па ќе ти кажам. Ми вика неќам да ми кажеш и целиот се намуси. Одиме по патот и вика мамо кога ќе дојдеме дома те молам ништо не ми кажувај. Дојдовме дома се средивме и го седнав на креветот до мене го погледнав право во очи и му реков дека дедо си заминал засекогаш. Дека сега веќе ништо не го боли и дека му е убаво.
Но дека дедо засекогаш ќе остане во нашите срца иако нема да го гледаме секогаш ќе биде со нас. Леле луѓе кога почна дете да плаче. Неможам да ви опишам колку беше жалосен, многу многу. И јас се расплакав од жал. И му реков слободно да се се исплаче оти сега сме навистина тажни и треба да плачеме. Потоа дојде и мм накратко па и он (и онака растревожен) кога го виде детево како липта и тој почна да плаче и така се гушнаа заедно.
Искрено и очекував ваква емоција од него, но и сватив колку многу си го сакал дедото. :(
На погреб нема да оди ( а го прашав сега и него и викам дали би сакал и ти дедо да дојдеш да го испратиш ми рече дека несака).
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога и како да се разговара со децата за смртта? 27 Апр 2012 15:32 #196542

  • betty boop
  • betty boop's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 101
  • Thank you received: 77
moite uste od malecki znaat deka eden den site ke odime tamu deka starite umiraat ama zatoa na svet doagaat mali deca znaat deka lugeto gi nosime na grobista i otkako ke gi odneseme tie zasekogas ostanuvaat tamu i zatoa nie im gradime kuka(spomenik)oni ovaa od mali go znaat posto veke sme imale dosta bliski luge koi ne napustile duri znaat i deka vo crkva koga odime za niv svekite gi palime dolu
e sega mislam deka site so decata razgovarame otkako ke se sluci nesto takvo pa se obiduvame sprema nivnata vozras da im objasnime

a macika mislam deka e i podobro sto sinceto tvoe ne otislo zatoa sto dedo mu ke si go pameti onakov kakov sto sekogas i si bil covekot bez da ja gleda onaa slika koja i nie ne ja sakame

jas koga pocina edna moja baba bev na pogrebot i den denes koga ke ja spomnat prvin slikata od pogrebot mi izleguvaat pred oci pa posle nekoi drugi momenti a pak koga pocina dedoto na mm jas ne bev doma i taa nok i ne se ni vrativ posto kerka mi bese mnogu mala i sega nego go pametam onakov vesel kakov sto si bese
.
gif[/im
g][/url]
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога и како да се разговара со децата за смртта? 27 Апр 2012 17:27 #196564

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Прво да ти изразам сочувство, Мацика, нека почива во мир.
Јас имав ваква ситуација со ќерка ми, ама таа тогаш имаше само 4 години и мислам дека многу- многу и не разбра од сето она што се случуваше. Братучетка ми, со која јас а и ќерка ми, бев многу блиска почина релативно млада и ненадејно, и тоа беше шок за сите нас. Не знаев ни како да и` го објаснам тоа на ќерка ми дека повеќе ја нема, па објаснував нешто во стил дека е горе на небото и дека од таму ќе не` гледа, дека се крие зад облаците и слично. Ама, тоа беше објаснување за 4-годишно дете. На 9 години мислам дека веќе го знаат значењето на самиот збор. Болка и тага сигурно ќе има, ама верувам дека со време ќе му помине и ќе си го чува споменот на дедо во срцето. А, за присуство на погреб, јас не би се согласила да го носам, затоа што за мене како возрасна тие слики ми се трауматични, а не па за дете. Кога почина братучетка ми, бидејќи сето тоа се случи дома у сред ноќ и дури сабајлето требаше да дојдат да ја земат, јас,братучед ми и кумата ја облекувавме, и тоа се слики, кои и после толку години мене повторно и повторно ми се враќаат, и никако не можам да ги избришам од глава. Затоа и се слагам со бети буп дека е подобро да си го памети онака како што си бил од секогаш и да не му шетаат во подсвеста слики од капели и погреби. Има време во животот кога ќе мора да посетува и такви настани. Сега баш и не мора.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога и како да се разговара со децата за смртта? 29 Апр 2012 17:36 #196784

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Денес синко беше со нас на гробишта. За прв пат во животот. Сите беа смирени и така атмосфера нормална. Он се ок, јас му покажав дека сега тука дедо спие и тоа му е сега тука
куќата и (го прошетав околу) да види дека има многу луѓе и сите на крај тука ќе дојдеме и така. На гробот му заплака онака тажно, ептен тагува и многу тешко ми паѓа на мене кога ќе го видам. После гробишта денес јас и он дојдовме дома и малку одморивме, па отидовме на роденден на едни пријатели детенце. Првин не сакаше да оди, ама после се сложи, таму малку се расположи и заборави и постојно зборуваме дека животот продолжува и дека дедо не би сакал он да тагува. Првин изјави дека нема да оди утре во школо, ама ние нели објаснивме дека и јас и тато ќе одиме на работа и така.
Последна промена: 29 Апр 2012 17:38 by macika.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога и како да се разговара со децата за смртта? 30 Окт 2012 10:02 #219458

  • Betispageti
  • Betispageti's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 101
  • Thank you received: 11
Вчера бев на гости кај сестрами која има 4 годишен џамбаско и играјќи се удри со едно вовче по рачето и почна да плаче и да вика: несакам да умрам, несакаааам!!! Се запрепастивме сите, посебно сестра ми која никогаш не го чула да збори такво нешто! Го зема у раце и почна да го прашува ( прво помисли дека тоа му е од цртаните нешто) ама луѓе нема да верувате што кажа детево:
- Па денес Филип во градинка се степа со Марко и Филип почна силно да плаче и учителка Ане му рече дека ако не престане да плаче ќе умре!!! а Филип многу го болеше како што ме боли сега мене прстево. Лелеле луѓе вие не знаете зет ми како збесна! Незнам денес што ќе се случи во градинка ама за ваквите учителки треба строги казни! Мислам дека родителите се тие што со децата треба да разговараат за се отворено, а вакви заплашувања и сварање извртени слики за смртта кај 4 годишни деца е стварно нешто што треба да се казни!!!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога и како да се разговара со децата за смртта? 30 Окт 2012 10:28 #219466

  • темјанушка
  • темјанушка's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 314
  • Thank you received: 197
Na moite deca im kazuvam deka logicno vo dlabokata starost doagja do smrt. I deka e toa proces kade teloto se raspagja.
Mnogu mi bil smesen postariot koga pred nekoj den koga placejki mi rece: Lele, kolku sum tazen sto ke umram.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога и како да се разговара со децата за смртта? 27 Авг 2015 21:32 #254954

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Sega koga bevme vo MKD go odnesovme malkiot na grobista. Od pred nekoe vreme e mnogu zainteresiran za smrtta, pa bidejki baba mu pocina pred 2 godini go odnesovme da vidi kade i e "noviot dom" kade pociva. Ne zavleguvame vo prikaski deka e na nebo bidejki i samite ne veruvame vo toa, tuku mu od pred nekoe vreme znae deka site zivi sustestva umiraat i ne znaeme tocno sto se slusuva posle toa, osven deka teloto se zakopuva na gorbista i po nekoe vreme se raspaga i ostanuva samo skelet.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.