Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Гени или воспитување

Гени или воспитување 06 Окт 2010 15:50 #58681

  • lila
  • lila's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 14
Страшно ме мачи овој проблем. Дали јас сум одговорна за однесувањето на моето дете кое во моментов може да се каже дека е многу разгалено. Мм е обвинува дека јас сум виновна, бидејќи кога плачел јас веднаш сум го земала во раце. Па добро која мајка ќе го остави да плаче. Но мојата вистина е ваква тој си плаче откако е роден, лош е и мислам полошо дете јас не сум сретнала. Порано плачеше во еден тон, сега вреска, тоа е одвратно за слушање. И соседите знаат да речат дека многу ни плаче. Инаку плаче за да го змеш во раце, за јадење, кога му менувам памперс, кога го пресоблекувам, порано и кога го бањав, значи на се се спротиставува. По цел ден бара внимание, мора да бидам присутна во собата, мора да му зборам. Барање внимание ми се чини дека е и тоа што се буди ноќе на секој 2 цаса и јас дежурам со шишиња и погревање млеко. Крајниот резултат е дека ме уништи едно дете. Не само што ослабев и изгубив една третина од тежината, не само сто остарев пред време, се разболев туку еве почнуваат и проблеми во бракот. Покрај тоа што немам време за себе, немам време за мм, а и постојано се караме околу начинот на воспитување. Многу ми е жал за негон кога е болен, воопшто не му обрнувам внимание како порано, едноставно немам сили ниту време. Навечер едвај цекам да легнам преморена, значи брачни должности не сум исполнила не паметам од кога. Вчера мм ми реце дека е веќе преморен, една година не спие како треба, а нема ниту мир кога ќе дојде после тешката работа, што е и вистина, зошто детето само вика, се инаети, го носиме надвор на прошетка да се смири и така секој ден.
Клучното прашање е дали детево ми е лошо во гените или јас несакајќи го направив такво? Навистина не знам каде згрешив.
Последна промена: 06 Окт 2010 15:51 by lila.
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 06 Окт 2010 15:59 #58685

  • sonjicka
  • sonjicka's Avatar
Леле мене ме испотресе твојов пост.....не можам ни да замислам како ти е. :raspolozise
И не знам баш што би те посевотеувала. Само едно ми падна во очи. Како мислиш сопругот се жалел дека нема мир кога ќе се врати од работа? Што очекува...ручек на маса, дете заспано, жена му во подвезици? ги имате ли поделено обврските? Разбира ли тој дека и твојата работа е тешка работа т.е. чувањето дете? Има превземено дел од одговорностите или ти си задолжена за се по дома?
Од твојот пост некако добив впечаток дека премногу носиш на твојот грб и сега ти се руши врз тебе....немој толку рано да се обвинуваш себеси...
Не сакав да те навредам верувај, се надевам нема да ме сфатиш погрешно со постов....
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 06 Окт 2010 16:04 #58689

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
Детенцето треба да се смири а за тоа треба детален педијатриски преглед.Мора сериозно да побараш да го прегледаат,може со Б6 ќе се потсмири,може има недостаток на железо..Верувај ми знам како ти е.....исчував едно такво...секоја вечер плачев,доживував тешка агонија од премор..сеуште се стресувам на поимот дете и покрај тоа што сум нежна мајка...Сега тоа дете е бубалка(додуша кај нас се покажа после и друга дијагноза на која и претходело такво плачење ...тоа е друга теме) а јас немам нерви ..само за нив,сеуште само за нив,за децата имам и насмевка и љубов...

а мажите а поготово околината никогаш нема да те разберат,ќе те осудуваат,а кои се тие да судат за туѓ живот???На Балканов теретот е на грбот на мајката...само мораш да побараш преглед
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
Последна промена: 06 Окт 2010 16:08 by kalinche70.
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 06 Окт 2010 16:06 #58693

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
znaev deka kje pises:) kako bese? mama lavica :)

lila vi treba strucna pomos.
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 06 Окт 2010 16:07 #58694

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
Се согласувам со Sonjicka.

Инаку верувам дека карактерот и темпераментот се вродени, но човек се учи како да ги контролира. Со оглед на тоа што се работи за мало дете не знам како можеш да го научиш да се контролира.

И мене ме потресе твојот пост и искрено мислам дека тие е потребна и помош од стручно лице. Можеш да се консултираш и со стручните лица на овој форум во делот за Стручни совети. Се надевам дека ќе ти помогнат.:hug:




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 06 Окт 2010 16:13 #58702

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
Може да се контролира,тоа вришти,цела населба ти праќа осудувачки погледи,сите те оговараат зад грб,а ти го гушкаш ЗОШТО ТОА НЕ ГО ПРАВИ ОД ИНААТ тоа не знае да биде поинакво...Тоа е твое и кога паѓав од умор и кога мислев да се обесам од неиздржливост и кога мислев дека сум казнета поради нешто го гушкав тој немирко и го сакав најмногу на светот и кога со години не одев на гости и кога не разговарав со денови со мм знаев дека НЕ Е ДО МЕНЕ...НЕ Е НИ ДО ТЕБЕ.....Обавезно на преглед
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 06 Окт 2010 16:14 #58704

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Не знам што да те советувам, оти сум немала баш ваков проблем и не знам колку е сериозно. Она кое мислам дека може да ти помогне е да го смениш односот кон детето.
На секоја негова плачка да не скокаш и реагираш веднаш - се разбира доколку оцениш дека е неоправдано, оти секое дете знае да го прави тоа и го злоупотребува. Да му покажеш дека не секогаш може да добие што сака, само затоа што води инат, му е досадно или сака да е на прво место.

Ако имаш некој да ви помогне - пробај да го оставиш на некое време и посвети му се малку на сопругот. Излезете некаде. Нема да пропадне светот ако една вечер го почува некој, а вие сте отсутни.

Нормално, секоја мајка се грижи за детето и сака да знае дека се е во ред со него, па така и ти, но нема да добиеш ништо и со таа претерана грижа во секој момент да удоволиш на секоја негова плачка. Граници до кои ќе го толерираш мораш сега да му поставиш, оти подоцна е потешко...
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 06 Окт 2010 16:18 #58706

  • sonjicka
  • sonjicka's Avatar
kalinche70 wrote:
НЕ Е ДО МЕНЕ...НЕ Е НИ ДО ТЕБЕ.....

Mnogu fino sroceno. I uste nesto...najmalce e krivo detenceto vo ovaa situacija. Ko sto rece Kalince...koga vristi i go guskas najsilno i najmnogu....
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 06 Окт 2010 16:24 #58709

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
a za kolkavo dete stanuva zbor?
sepak mislam najdobro e da se razgovara i sovetuva so psiholog, cisto za sovet, razgovor
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 06 Окт 2010 16:35 #58714

  • busavo
  • busavo's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 267
  • Thank you received: 30
што и да кажам гарант ќе излажам, сама си знаеш колку ти е тешко и одвојувањето од детето и да не го земеш во раце кога плаче. ние не сме имале голем проблем со анастасија ама знае она кај кого што и пали. значи ако сака да оди кај тетка и во соба седнува и плаче и се треска затоа што знае дека ако почне да и плаче она одма скока и отвара врата и се по кеф и прави.едно време и со мм така се однесуваше дури почна и да го удира ако нешто и пререче ама он сам си пресече и рече доста е. понекогаш децата затоа што сакаат многу внимание се однесуваат така разгалено, ама па понекогаш и многу внимание дава спротивен ефект. а балансот морате сами двајцата да го направите, значи подршка од мм мора и треба да има сама тешко дека ќе успееш пред се заради себе си уште толку ќе се уништиш. добра им е идеата на форумџикиве да пробате да го оставите еве за почеток не мора со баба или дедо може мм да го почува пола саат до саат тебе да те нема.а за навечер спиењето мора да бидеш посилна и да го оставаш малку да си поплаче. не видов за колкаво детенце станува збор ама после 6 месеци мислам и јадењето навечер треба да го регулирате како и спиењето. а за тоа мм што коментира дека нема мир дома детето многу плачело и ти внимание не си му обрнала ќе помине, сигурно и ти сакаш да се прошеташ и сигурно ти недостига мм да си го гушнеш и ред други нешта.сакам да напоменам дека тоа што детенцето постојано плаче или негодува не значи дека ти си лоша мајка баш напротив чим бараш решение се грижиш за него, а комшиите за тоа се комшии за да коментираат.
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 06 Окт 2010 16:52 #58718

  • natashan.
  • natashan.'s Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 7
  • Thank you received: 1
и кај нас е истиот проблем и моево дете плаче од кога е родено со мм ги изгубивме сите нерви и трпение дури можам да кажам дека имаме траума од мало бебе и ова е причината што неможеме да се одлучиме за второ дете дека првово од кога е родено само плаче.додуша сега почнав да го оставам да плаче во друга соба јас ке си се тргнам на страна,па понекое време ке си се смири ке дојде кај мене да се гушниме и тогаш ми е многу криво дека сум му викала, ама ова кога сум сама,а ако се погоди некој тука одма ке ми се замеша и детево уште повеке се сили.само се молам господ да ми даде сила да издржам
src="lb4f.lilypie.com/S2a8p1.png" width="400" height="80" border="0" alt="Lilypie Fourth Birthday tickers" /></a>
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 06 Окт 2010 17:01 #58723

  • busavo
  • busavo's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 267
  • Thank you received: 30
lila гледам одите во градинка или лошо сум прочитала?
леле колку работи само носат од градинка дома тоа дури чудесија.
почна да вика, па виде никој не ја слуша престана, почна да ги клоца вратите
пак виде никој не ја рецка престана, почна да легнува на кревет да покрива со раце очи и да плаче а со нозете рита нешто. ние онака запрепастени што е ова чудо. читав дека децата од 2-4 годишна возраст имаат период на негирање на се ама буквално одење контра и за што треба и за што не треба. мм почна обратно да и кажува за да го направи тоа што сака он, ама паметни се бргу учат.
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 06 Окт 2010 17:16 #58729

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
Лили само колку за утеха..мене сега мајки кои не го знаеле моето лавче ми велат.....лесно ти е тебе со мирно дете,кога не си видела што е мака да е немирно :mdf: Само храбро напред и се ќе се среди
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 06 Окт 2010 17:30 #58735

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
Лила и јас имам чувство дека преголем товар носиш и премноу се очекува од тебе, а сега ти фалат уште критиките од сопругот. Знам јас такви на кои им е најлесно да ја обвинат мајката дека таа е главен виновник за однесувањето на детето.

Не ме сфаќај грешно, не сакам да ти разбудам повод за кавга со сопругот, туку да те советувам да седнеш со него и убаво за се да поразговарате, ако не му се јасни некои работи-колку е тешко да си со дете по цел ден, и тоа е работа која трае 24 часа, не 8, 9, значи со фин тоа за се да се разберете.

Кога ќе бидете вие поопуштени, кога ти ќе бидеш малку порастеретена и ќе ја осетиш неговата подршка, многу полесно ќе работите со детенцето, на кое му треба позитивна енергија. Не знам понатаму, не знам колкаво е, и јас сум чула дека имаат такви фази кога за се инатат, плачат, еве моево од сега прави се контра од тоа што му кажуваме :)

Мислам дека е најдобро да си бараш совет од стручно лице, да си отидете заедно со сопругот :kiss:
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 06 Окт 2010 17:42 #58741

  • Zlatna
  • Zlatna's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1107
  • Thank you received: 360
Лила стварно ме потресе ова што си го напишала...Совет и утеха сите ќе ти пишеме, ама како ти е на тебе во душата само ти си знаеш.Не пишуваш возраст, а немаш ни тикер ама според тоа што си пишала претпоставувам дека детенцето ти е мало некаде на годинка или две.Претпоставувам дека и не одиш на работа и сама си со него по цел ден дома.Како што викаат повеќето најубаво да се побара стручна помош.

Некој ми има кажано „нервозни родители-нервозно дете„ ТЕ МОЛАМ немој да ме сватиш погрешно, не го мислам ова за тебе, меѓутоа влијае, бидејќи еве јас конкретно на мене сум си го приметила.Кога и јас на периоди да сум била нервозна заради Х глупави причини одма ја приметувам разликата во однесувањето кај моето дете.Одма и тоа е нервозно и плаче за се и сешто.Заради тоа смири се ТИ, остави го детето на некој и излези малку да те фати воздух. Прошетај низ парк, по излози онака баш „издувај„ се малку.Седни и смирено поразговарј си со тм.Со разговор се’ се решава.
Знам дека ти е таков периодот ама ќе пројде.Само храбро и смирено и се ќе се реши и ќе пројде и оваа фаза :raspolozise
Последна промена: 06 Окт 2010 17:46 by Zlatna.
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 06 Окт 2010 17:59 #58749

  • Vesna Blazevska
  • Vesna Blazevska's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 174
  • Thank you received: 156
Jas ke si zemam malku sloboda da navlezam malku podlaboko pod povrsinata koja ja pokazuvas vo postov, ke rizikuvam da mi se nalutis, no mozebi i ke ti pomogne toa sto ke kazam. Prvo i osnovno, od ona sto mozam da procitam od tvojot post ne e samo problematicnoto odnesuvanje na deteto tuku i deka imas prevzemeno preterano mnogu odgovornost i za deteto i za domot i za soprugot, no ne i za sebe si. Najprvo prestanete da se obvinuvate so soprugot, obvinuvanjeto dopolnitelo ke ja vlosi situacijata, ke sozdade napnatost i tenzija vo domot, a toa sekako ke se odrazi na deteto - ke place uste povekje. POnatamu, soprugot treba da naucil do sega deka mir so malo dete doma ne moze da ocekuva, mir ima vo staracki dom, ne kaj sto raste dete. Da, decata baraat vnimanie, ako vozmozno i 24/7, nema nisto strasno i cudno vo toa, na nas roditelite ostanuva kako i kolku ke go dademe toa vnimanie, sekako deka ne sme sposobni da go davame neograniceno. Nemas navedeno za kolkavo dete stanuva zbor, no jas ne gledam ovde nisto "nezdravo", deteto ne e loso, toa samo place, nema losi deca. Pricinite za negovoto odnesuvanje moze da bidat najrazlicni: naucen e se da dobiva so placenje, naucen e da ve komanda so placenje, potrebite koi gi ima ne mu gi sledite dobro i sekako deka ke place, napnata situacija vo domot koja mu sozdava vnatresna voznemireost, sekojdnevni raspravii itn. Znaci ako ovoj priod kon tvoeto dete ne se pokazal dobar, togas ke go zamenis priodot, koga ke place ke mu ponudis nesto za da se smiri, nema da ripas na sekoj negiov plac, nema nisto da mu stane od toa placenje. Ne mozam mnogu da kazam, ne znam za kolkavo dete se raboti(predpostavuvam 1-2 god), no mislam deka ocekuvano e ova sto si go pisala, odgleduvanjeto na dete voopsto ne e taka lesno i ednostavno kako sto moze da procitame vo spisanija. Tvojot soprug mora da se aktivira vo vospituvanjeto i odgleduvanjeto na deteto, logicno e tvoeto vnimannie sega da e svrteno kon maloto, a i tvojot soprug e vozrasen covek, veruvam deka moze da se grizi za sebe na primer koga e bolen (ne daj boze da e mnogu seriozno da ne moze da stane), zatoa dodatni optovaruvanja smetam deka ne ti se potrebni, moras da se posvetis na sebe si, da se smiris i da si go smenis odnesuvanjeto pred se kon sebe - namesto da razmisluvas kolku soprugot ne moze da odmori, da sednes i da si zemes odmor za sebe, da se posvetis na sebe i tvoeto psihofizicko zdravje, ke mu dades obvrski na soprugot (bez razlika sto raboti teska rabota, mora da se grizi i za ona doma), ke napravis da imas svoe slobodno vreme (moze da se dogovorite koga), ke si odredis denovi koga ke se druzis i izleguvas (dovolno e i 3 pati mesecno, bez deteto). Ne ocekuvaj od sebe si da bides semokjna i pokraj site obvrski okolu domot i deteto da mozes sekoja vtora vecer da vodis ljubov, za toa da se slucuva ke moras da si napravis prostor (pogore ti pisav nekolku predlozi, slobodno dopolni si go sposokot - frizer, manikir, teatar, kino...imas mnogu)i pred se da bides zadovolna so sebe i svojot zivot. paradoksalno e, no vistinito, promenite okolu nas se slucuvaat koga pocnuvame da se menuvame sebe, pocni da pravis nesta koi gi sakas. Na krajot na kraistata, mozebi i maliot ke bide posmiren ako ti si najdes svoj mir i zadovolstvo (ova e mnogu verojatno da se sluci). Znaci, deteto ne e toa koe tebe te unisti, toa si ti samata koja se unistuvas zatoa sto na site "se trosis" i za sebe ne ostavas. Menuvaj se, menuvaj go priodot kon nestata i lugeto koi te opkruzuvaat, jas sum sigurna deka ke ima rezultat.
p.s.
pocni malku da baras od drugite da si gi vrsat odgovornostite, namesto od sebe da ocekuvas da te ima sekade, da postignuvas se i da kontroliras se.
You may kill my deamons, but my angels will die too.
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 07 Окт 2010 17:51 #59162

  • lila
  • lila's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 14
Mnogu vi blagodaram na site za grizata. Na nekoj nacin mi odgovorivte na prasanjeto. Pomalku e vo genite, poveke e vo vospituvaneto, odnosno jas sum odgovorna za odnesuvaneto na moeto dete. Toa e vistinata, ne se lutam, samo me boli sto e taka, priznavam. Premnogu seriozno ja svativ ulogata na majka, kako samo jas da sum majka na ovoj svet.
Inaku me prasuvavte, deteto e edna godina, pregledano e, krvta mu e dobra, napreduva, doktorkata mi vika samo kaov angel imas. Ama dodeka sme kaj nea , nego mu e interesno i toj se smee, ja sarmira i taka. Rabotite so mm ni se podeleni i mnogu sum zadovolna od nego. Mozebi najgolemiot problem e sto nema koj da ni pomogne, se e na nas grb i za toa nema resenie.
P.S denes ce sednam ubavo da razmislam i da razgovaram so mm, pa utre ce vi pisam za rezultatite
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 07 Окт 2010 18:13 #59169

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
Здраво Лила
Уште не ти е касно да си ги исправиш грешките(не се тоа грешки ама не ми текнува погоден збор)Како што кажа детето е 1 година па тоа сега допрва учи.Земај контролата во твои раце ти си шеф не детето.Тоа сега само ке пробува до каде можи да оди да ги турка границите а ти треба да бидис силна да ги поставиш тие граници и да се држиш до тоа.Тешко е кога го гледаш дека плачи и некогас си велиш ај ке му го напрам кефот само за да застани ама јас правев така и видов не бива,па сега кога знаеш дека здравствено све е во ред остави го и нека поплачи.Ако се однесува добро не плаци си игра си се занимава награди го посвети му пола сат само него пејте песнички играјте одете во паркот а потоа кажи му мама треба да готви ти играј си со ова или она ,а ако плачи само игнорирај го.Тоа само сака да го придобие твоето внимание и пробува да успее во тоа на секој начин.За почеток кога го оставиш да игра вракај се и зборај му на секоја минута потоа на две и така.А се разбира цело време гледај го од подалеку каде и да си во кујна или на компјутер.Тоа многу брзо ке сфати дека ако плачи ти го игнорираш не го привлекува твоето внимание и се надевам дека ке помогне и пробај со играње и пеење да се бањате или преслекувате направи го тоа да биде интересно.Се надевам дека за брзо ке се смени твојата ситуација
Сандра
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 07 Окт 2010 21:38 #59220

  • Jasmina,mina
  • Jasmina,mina's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Животот е убав :)
  • Теми: 105
  • Thank you received: 7
po naslovot geni ili vospituvnaje? jas ke kazam edno i genite i sredinata vo koja raste se bitni vo razvojot na licnosta na edno dete!da se bara pricina za voznimirenosta na deteto vo genite ili sredinata i nacinot na koj go vospituvate e rano iako ke recam se ucat od raganje na mnogu raboti no ne na se!Mislam deka deteto ja cuvstvuva vasata nervoza doma Lila i te kako!Go pisuvam ova od svoe iskustvo koga sum imala takvi momenti i sekoja od nas gi imala :) No se ke se sredi samo poleka ti si nervozna bidejki si opteretena inemas pomos no baraj pomos!Duri ne barav pomos i jas bev opteretenano, koga jasno staviv do znaenje deka mi treba pomos za da decata imaat smirena i opustena majka pokraj sebe,rabotite pocnaa da se sreduvaat i se sredija!Ne mi se dopaga recenicata tvoja ,,ova dete me unisti"!Sigurna sum deka ja napisa bas posle eden iscrpuvacki den i deka ne mislis taka zosto zrtvata sto ja davame za nasite deca vredi kako nisto drugo na ovoj svet!Stom zdravstveno si e ok i e prekrasno dete, vie ste najsrekni roditeli razmislete si i cuvajte si go deteto so kjef sto se veli!Ragovaraj so soprugot,pobaraj vreme za sebe i pomos sekako i ke se sredi se nadevam a umorot na soprugot ke iscezne po edna nasmevka i pregratka od vaseto detence!No toa ke se smiri koga i megu vas ke bidat odnosite vo red :) pozz
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 08 Окт 2010 11:40 #59371

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
lila wrote:
jas sum odgovorna za odnesuvaneto na moeto dete. Toa e vistinata, ne se lutam, samo me boli sto e taka, priznavam.
И нема зашто да се лутиш, одговорноста во овој контекст воопшто нема негативна конотација, туку сосема спротивното. Да бидеш одговорен значи да бидеш грижлив, внимателен, обзирен, да водиш сметка за потребите на детето, да го одгледуваш и воспитуваш на најдобар можен начин.
Ти изгледа ја мешаш одговорноста со вината:) . Но дури и да е така, не си виновна за однесувањето на детето. Значи не си виновна во смисол - кој ти е крив, сама си го бараше. А како родители грешиме и ќе грешиме, воспитувањето е процес кој трае се додека сме живи. Тој што мисли дека само дете се воспитува, живее во заблуда. Цел живот "растеме" и се развиваме, се менуваме, учиме...

Престрога си кон себе, премногу одговорности си презела на свој грб, треба малку да се растовариш, да си дадеш оддишка на душата. Олабави го грчот во кој живееш константно, не си робот туку човек. Кога ќе се промениш ти, ќе видиш како и работите околу тебе ќе почнат да се менуваат, детето нема да чувствува тензија и напната атмосфера околу себе, туку спокојна и смирена мајка, па и самото тоа ќе се смири. Денешново темпо на живеење не ни остава многу простор за не знам ти каква релаксација, но со добра организација и ангажман на двајцата родители може солидно да се искористи времето и да се наполнат батериите.

Одговорна си за доброто на детето, но пред се си одговорна за себе, за сопственото здравје. Бидејќи, ако си ти добра, здрава, среќна, задоволна, исполнета... ќе можеш и за детето да се грижиш како што треба.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
Последна промена: 08 Окт 2010 11:42 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 08 Окт 2010 14:29 #59448

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
i jas razmisluvam na ovaa tema.Ana ima 8 meseci no e mnogu zivo i temperamentno dete, nema sansa da stoi vo edno mesto poveke od 5 min. do kaj 5 meseci nikako ne sakase da lezi vo krevet, morase vo race i da ja zanimavas. sega veke razbira i sama se zaigruva no toa trae 10 min pa mora da i smenis mesto ili igracka za da bide mirna, inaku placi. mm vo pocetok ne prifakase obvrski okolu malata, velese deka sega majka i trebalo a koga ke potporasnela togas toj ke ja zemal, no malku po malku go nauciv deka deteto bara i tatko pa sega se mnogu povrzani, koga mm ke dojde od rabota ako ne ja kreni i baci placi po nego.im zaviduvam na tie sto imat mirni deca, no ete moeto e takvo kakvo sto e, ni jas ne sum bila podobra, pa nikogas ne sum pomislila deka ne sakam uste edno dete poradi makite koi sto sum imala so Ana. Mene mi e najbitno deteto i grizata za nego, ako nemam vreme da gi izmijam sadovite, zdravje, ke dodji mm od rabota pa ke ja zanimava za jas da svrsam nekoja rabota niz doma. im zaviduvam na tie sto imaat mirni deca no mislam deka so vreme kako sto rasti ana poveke ke razbira i ke smeni na podobro.
Lila vo tvojot post velis deka ste sami i nemas koj da ti pomgne, toa e navistina tesko. jas imam golema pomos od moite. koga mm e na rabota ako mi dojde se preku glava odam kaj moite i majka mi i sestra mi igraat so nea pa jas sum slobodna da prosetam, smenam misli ili pak raat da polezam. e toa navistina so pari ne se plaka.
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 09 Окт 2010 13:55 #59825

  • lila
  • lila's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 14
Kinky wrote:
lila wrote:
jas sum odgovorna za odnesuvaneto na moeto dete. Toa e vistinata, ne se lutam, samo me boli sto e taka, priznavam.
И нема зашто да се лутиш, одговорноста во овој контекст воопшто нема негативна конотација, туку сосема спротивното. Да бидеш одговорен значи да бидеш грижлив, внимателен, обзирен, да водиш сметка за потребите на детето, да го одгледуваш и воспитуваш на најдобар можен начин.
Ти изгледа ја мешаш одговорноста со вината:)

Dali e vina ili odgovornost, vo slucajov ne e vazno, neli? Ne sum na ispit pa da vnimavam kakov termin ce upotrebam. Samo onoj sto minal niz slicno iskustvo kao moeto ce me razbere sto sakam da kazam bez razlika kaov zbor ce upotrebam. Dali e vina ili odgovornost, sepak e pregolem tovarot sto go nosam, pa zatoa sakav da slusnam od drugite majki dali smetaat deka genite bile presudni koga gi vospituvale decata. Jas na iljada i eden nacin se obidov da go smiram moeto dete i ne uspeav, poradi toa i vaka se iscrpev psihicki i fizicki. Pa mi dojde da dignam race od se, bidejci kaj moevo dete mi se cinese deka se presudni genite.
No jas i ponatamu ce se boram dobro da go vospitam moeto dete, bidejci poveketo majki na forumov smetaat deka moze da se smiri, ima nadez, a mene nadez mi bese potrebna.
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 09 Окт 2010 14:07 #59827

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
Lila ke se smiri mila ne se predavaj...najmiren e sega vo odd. i najposlushen...:cmok: samo gushkaj,bacuvaj i izdrzi
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 09 Окт 2010 14:35 #59830

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
Lila, ne misli na toj nacin. Samo poveke nervoza i napnatost, netrpelivost ke sozdades. Probaj da ne reagiras na negovite ispadi, muabetot da go prodolzis so miren ton i da mu objasnis sto i kako e. Neka place, koga ke namali so glasnoto vikanje ti prodolzi da zboruvas toa prethodno sto ste razgovarale. Probaj da sfati deka negovoto placenje nema da promeni nisto. Ama mora da oseti deka seto toa e od ljubov, guskaj go dodeka igrate, dodeka raskazuvate.
Ne se sekiraj, i jas imam doma mnogu temperamentno dete. I taa place za se'. Eve bas sega place za da i ja soblecam trenerkata ... a ladno e i e bolnat. Ama mora da se pomine i ovaa faza. Kolku poveke razbiraat, tolku poveke ke mozete da se dogovarate. Ne deka sekogas uspeva toa, ama pa i ne mora sekogas po nase da bide. Prekutno vo nekoi situacii koga gledas deka mnogu se voznemiruva ostavi go ... neka tera,
p.s. Eve sega place oti se zatvorila so tocakot, a sama se pikna tamu :)
The administrator has disabled public write access.

Гени или воспитување 09 Окт 2010 14:58 #59840

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
Не сме се разбрале, лила.
Не ми беше намерата да те корегирам во изразувањето, туку да го потврдам она што и сама го викаш, дека ти СИ одговорна мајка (грижлива, внимателна, пожртвувана итн. да не набројувам).
Само што си презела премногу одговорности на себе па сега пукаш по шавови, побудалуваш и не знаеш како да се справиш со ситуацијата.
Секогаш имај на ум дека детето ја чувствува домашната атмосфера. Ако сте ти и им во добри односи, ако не сте напнати, нервозни, да нема тензија дома, ти гарантирам дека малецкото ќе се смири. Сите сме го поминале ова, зборувам за родители кои имаат поголемки деца, и од искуство ти кажувам дека кога сме мм и јас расположени и весели, ништо не може да не изнервира и да не извади од колосек. Алексеј тоа го чувствува и соработува со нас, не прави отпор, не се бунтува, не протестира за ништо. Чим станеме напнати и нервозни, или ако се скараме, и он почнува да треска врати, фрла играчки, станува плачлив и нервозен.

Твоето детенце е многу малечко за да може да изрази јасно емоција со зборови, па тоа го прави со плачење. Плачењето значи - обрни ми внимание.

Едит.
И ова сакам да додадам. Карактерот на детето се формира во првите 5-7 години. Гените можда играат некоја минорна улога во поглед на некоја црта од карактерот, ама никако не може да се каже дека е детето лошо наследно. За мене не постои лошо дете. Децата ги копираат родителите, т.е. однесувањето на оние кои го чуваат. И затоа во постот на Јасмина,мина ми се допаѓа делот во кој вели дека ние возрасните треба да ставиме прст на чело, да размислиме како се однесуваме со децата, место да ги обвинуваме нив за нивните постапки или да ја бараме вината во гените.
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
Последна промена: 09 Окт 2010 15:05 by Kinky.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.