Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Детски хирови и како да се справиме со нив

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 26 Апр 2012 06:34 #196318

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Сакам да ме праша дали може да иде на игралиште..прво за да ми каже што сака, а и да знам каде да ја најдам после. Не сакам да ме праша дали смее да иде на игрлиште...

Петар има веќе 5 полни па имаме сцени по продавници. Најчесто можеме да се договориме со него но кога не можеме само го игнорираме и следиме со поглед...се смирува по некое време.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 26 Апр 2012 09:43 #196341

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
Многу ми е мило што се актуелизирала темава :OK: гледам сум ја отворила кога Јана немала ни 1 год., :what: аххх да знаев тогаш дека тоа е само почеток.... :fijuk:

Инаку за оние со деца кои никогаш не прават сцена, тоа се ВАШИТЕ деца. Да, делумно е ваша заслуга, а делумно зашто децата СЕ ТАКВИ. Значи секој поаѓа од себе...затоа не им се чудете на родителите на децата-вриштачи, можеби се и тие криви, а едноставно можеби таков им е наравот на децата. Јбг. Пак да се повторам, децата се раѓаат со одреден нарав и карактер-за жал или среќа, а ние како родители понекогаш не можеме многу да направиме. Јас не ја направив ќерка ми гласна или плачка, зашто е таква од бебе...ниту пак сум залужна што син ми не е плачко и е постојано насмеан, од ден бр.1. Едноставно, такви се родија. Нек се живи и здрави. :love:

Е сега за темава.

Од кај да почнам? Кај нас terrible two се поклопи со доаѓањето на свет на братчето. Емоции еден куп, измешани, од преголема среќа до ужасна нетрпеливост и бес и разочараност и некое чувство на запоставеност, лутина... така некако...се на куп, резултатот е: едно прекрасно мало девојче, најмило на свет, кое знае да биде неверојатно напорно, и зачудувачки ГЛАСНО кога нешто ќе и кликне! :zid: Инаку најчесто надвор е послушна и мирна, ама затоа дома ни наплаќа. :dry:

Е сега како се справуваме со ова?

Прво, се држиме до редот. Како робот е-во точно одредено време во денот знае кога руча, кога шета, кога спие - се мрднеме ли малкуцка од редот, особено за спиење-ете ти невидена нервоза, раздразливост, плачење, вриштење за најмала ситница. Значи почитување на редот и - мир во куќа. :angel:


Второ, секојдневно даваме примери на "неумни деца".
Па така, имаме цел репертоар на поучни приказни :laugh: со следниве главни улоги: Лигавиот, Непослушната Дада, Некултурниот Батко, Безобразното Девојче и т.н. :muahaha: Тоа се измислени кратки приказни (неретко инспирирани од вистински случки) од типот: Лигавиот дошол на љуљашки, со дерење сакал преку ред да дојде до тобоганот, се лигавел и се трескал од земја, па ниедно дете не сакало да си игра со него. :fijuk:
Значи на самиот почеток на жутата минута, само ја прашувам: чекај малце, сакаш да бидеш како Лигавиот?? - и одма се сепнува па не и ни текнува да продолжи! :zelen:

Трето, го анализираме лошото или доброто однесување: на децата наа игралиште, на ликовите од цртаните, на тетката од продавница. И по милион пати објаснуваме зошто е нешто добро или лошо.

Четврто, ги потенцираме бенефитите од доброто однесување
: Кога ќе биде културна со некој, кога ќе си одиме и кажувам колку ме прави горда што е фина, што кажала добар ден, пријатно...банални работи ама и значат. Кога ја гледам колку е радосна што вози точак, и викам дека само послушните деца имаат точаче, ете ти си умна и си имаш точаче...и целата е жива среќна. А најсреќна е кога Марио и се смее, тогаш лета од радост, а јас и кажувам дека и се смее пошто ја сака, зашто таа го чува и пази, зашто му пее песнички... :love:

Петто, кога ќе почне да вришти и да се лигави, да плаче...смирено и повторувам дека џабе се дере, дека треба да каже со убаво и фино за да ја разберам. Ја кажуваме и приказната: убав збор железни врати отвора, и пак и пак и потенцирам дека кој се лигави и се дере, ништо не постигнува, ако каже со убаво, ќе се разбереме. Па најчесто се смирува и кажува со фино.

Шесто, кога ќе згреши треба да се извини. Ова треба да помине време, да се смири, па кога ми вика мама дојди да се смириме, јас и викам дека треба прво да се извини, и кажувам зашто сум и се налутила, кажува извини мамо :love: и се смируваме и се гушкаме.

Седмо, кога ќе и се спојат жици, (ненаспана, уморна, станува од спиење и наместо да се гушка со мама, мама е "зафатена" со братчето што цица, гладна, не знае кај ја забутала омилената играчка :tupco: ) пробуваме со по некој или со сите горенаведени методи, најчесто ништо не успева, па пробуѕваме со скренување внимание: еееј види цртан, еееј, гулапче ни дошло на тераса... и т.н, НО, пошто нели веќе жиците се споени, скоро и ништо да не успева, па ако стварно почне да се треска од земја, ја оставам добро да се истреска и изнавришти (еве јавно им се извинувам на сите комшии!), па после прво налутено и објаснувам дека била неумна, како лигавиот, дека неумните деца никој не ги дружи, дека сум и лута што се однесува така, дека згрешила, дека она е умно детенце а умните деца не се лигави и вриштачи.....па се гушкаме и пак се објаснуваме и се така во круг........


И на крајот на краиштата, многу често нема волшебно решение, само чекаме периодов да помине :angel:
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 26 Апр 2012 10:18 #196346

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
Emilija wrote:
Сакам да ме праша дали може да иде на игралиште..прво за да ми каже што сака, а и да знам каде да ја најдам после. Не сакам да ме праша дали смее да иде на игрлиште...

Луѓе бре, па збориме за мали деца, не збориме за Ниче и Шопенхауер и анализи дали вака или онака ќе рече. Сеа ако мислите дека мало дете разликува дали ќе каже смее или може, онда, свака част.

Се согласувам дека има разлика, но мислам дека бегаме од суштината. Збориме за тоа која е границата на децата, и како да се воспостави каков-таков ред, т.н. авторитет, нели. Ај стопати да не се повторувам, моето мислење е идентично со она на Барт и Мама Васе.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 26 Апр 2012 10:43 #196347

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
Ух, хировите според мене многу зависат од карактерот на детето и со правилни методи можат само да се ублажат, ама ќе ги има.
Кај нас се чести особено што не знае да зборува, не знае да објасни што сака, јас не можам да го разберам и следува нервоза и влечење по земја. Сега кога почна да разбира што му се зборува, многу се подобруваме.
Но, ете денес баш ми се случи да видам како и родителите знаат да бидат крајно безобразни.
Отидов го земам од градинка син ми и седнавме на една клупа надвор да го почекаме дедо да не собере. Беше малку плачлив и нестрплив ама само си се гушнавме и му објаснував што чекам, си плачкаш од што му се спиеше, ама така тивко и гушнат. По тротоарот поминуваат двајца мажи со деца, си прават муабет, едниот со цигарата во уста, детео (2-3 годинки старо) му забегува напред, овој не го ни забележува, раскажува ли раскажува нешто на тој до него и одеднаш детето истрчува на раскрсница и требаше да му свирнат од колите за татково да го забележи . Леле, кога му отиде на детето, прво му се изнавика „СВИЊООО!!!!!! КОЛИ ИМА ТАУКА, КАЈ ГЛЕДАШ!!!“. Ми доаѓаше да одам и да удрај јас 2-3 воспитни! Идиот! И секако детето почна да плаче и да се влечка по земја, ем исплашено ем овој уште и го тепа по казето, демек тоа криво што истрчало на улица! Сега не можам да го извадам од памет, како живее тоа дома со такво кретен!
Зарем толку мало дете се оекува да разбере кога смее, а кога не смее да поминува улица и тоа на раскрсница со 5 улици!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 26 Апр 2012 11:57 #196351

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Некогаш имам чувство дека сакаме децава да ни се како во еден калап правени - сите да се мирни, све да не разбираат со еден збор, никогаш да не направат грешка, да не покажат нервоза, незадоволство и тн... тука мислам на сите нас, вклучувајќи се и себеси.
Е па не може бе. И мене денес ако не ми бил денот, можеби и нему нешто не му е по ќеф. Ако е мало и уште не разбира се. Некогаш му е здодевно, некогаш си има и тоа свои потреби, а некогаш баш се хирови, т.е прават нешто само од бес. Па колку пати и ние повозрасните од здодевност или од бес правиме некои нешта :muahaha:

И кај секое дете различни методи и пристапи ќе помогнат. Некој со збор, некој ќе се остави да се издере, некој ќе се смири само со еден поглед од мама и тато и тн...
Ај нека се само живи и здрави да има од кого да ни белее коса :hahaha:
А дека учиме и ние како родители секој ден - и тоа е точно. Битно, потребно е трпение и тоа гооооолемо трпение да се издржи, додека пркнат и почнат убаво да разбираат.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 26 Апр 2012 14:44 #196365

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
Ama mnogu e normalno nie da bideme tie koi odobruvame raboti, i normalno e prviot pristap da bide zboruvanje, eve big sister me vide vo moment na objasnuvanje po povod histerija, duri me opomena deka e premnogu mal.Kje probash i ko so Niche i ko so roche od ulica i so zakani i so se za da se smiri ama cim dobile ime vo svetot kako tantrumi znaci ne se taka retka pojava i vo nivnata definicija bash ne se naveduva ova e prichina ili ona. Nekoi deca taka pokazuvaat nezadovolstvo i toa e toa..

Mi teknuva vo moe vreme koshicheto vo kukjata od sproti, imashe takvi tehniki na 5 godini uzas. Odeshe i ako neshto ne mu se dade vikashe da mi prostite na izraz kje me fati mentalnoto, pa vrishteshe pa se kocheshe, glumeshe mrtov ama toa bea straotni sliki za gledanje sekoj den po 5 pati im go praveshe. Dete od mirno po mirno vo sushtina kaj roditeli postrogi amin, ama koga kje pocneshe so epizodata komshii se sobiraa za da prodishi. Zverche. Sum videla i kako go tepaat sum videla kako go kaznuvaat sum videla kako site izgrachki mu gi frlaat posledno beshe koga vo stokovna togashna za da mu kupat tochak, 3 dena od koga vekje dobil, ama sakal ushte een vo ista boja, tetin mu beshe policaec isplaniral zverot gi zemal lisicitei se zakluchi za tochakot skril kluchevite ne kazuva kade se i em vrishti na sred stokovna em zakluchen straotni sliki. pa policii da go otkluchuvaat i na roditelite im skisna i dozvoli=ja duri kako metoda na zaplashuvanje da go odnesat vo policija. histeriite prodolzija ushte nekolku godini. kaj ne go odnesoa lugjeto.. Ene go sega dechko od34 godini zenet, so familija stomatolog, normalen, ama ni ostana da go preraskazuvame Mitko..

Daleku od toa deka jas kje pushtam da ima pravo na izbor i jas kje go pochituvam, no ima nachini sepak sme povozrasni kako da im go nametneme nasheto "pravilno" bez da pocustvuvaat deka sme nesrushlivi avtoriteti. Kaj nas tatko mi znae da gi plesne duri, nikakov avtoritet im e , jas se trudam so kazni losho stolche i sl, i imam pogolem avtoritet, no koga pocnuvaat histeriite slichno na ona shto go pisha sinolichka no ne znaci deka i toa kje pomogne. Samo shto vekje ne se sramam od takvi epizodi.
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 27 Апр 2012 09:06 #196495

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Некако на темава ми се измешани работиве веројатно од причина затоа што секој збори за некоја различна детска возраст. Нормално дека исто не се однесуваме према детето кога има 2 или 12 години.
Како и да е, прво да разграничиме и што подразбираме под хир кај дете. Јас тоа си го поврзувам со размазеност, начин на детето да добие нешто што инаку не му се дозволува, па ако првиот пат „му упали“, ќе тера секогаш и секаде и се` додека „му пали“.
Дете на 2,3,4 години не е ни свесно за сите опасности дома или надвор. Ако се качи еднаш на прозор, тоа не е хир- тоа е љубопитност, ама ако ние сме му рекле „не, тоа е опасно“ а тоа повторно и повторно го прави истото, е тоа е веќе хир, а јас сигурно нема да го оставам да си се „хиросува“. Токму затоа мало дете и не треба да биде „пуштено на слобода“. И, што подразбираме под тоа „пуштено на слобода“ за да утре демек биде посамоуверено? Што тоа дете од 2-3 години треба само да одлучи? Во крајна линија само со која играчка ќе си игра...Друга е приказната кај деца од 10 или 15 години, ама и кај нив баш не се слагам со терминот „пуштено на слобода“, туку мора да има некаква контрола од родителот, посебно па на 15 години кога ги дрма пубертет и не знаеш што глупост може да им истекне.
Нормално дека детето дома не треба за се` да прашува и да бара дозвола дали на пр. може да земе некоја негова играчка, ама ако сме некаде на гости на пример, сигурно дека ќе треба да праша за да земе нешто што не е негово.
Некако и поимот авторитет погрешно се интерпретира. Тоа не е наметнување на страв, туку најчесто е личност која ни служи како добар пример со своите морални особини или знаење. Па, човек во суштина цел живот има некој авторитет пред себе. Во најрано детство па и подоцна тоа се родителите, па следат наставниците итн. И тоа апсолутно нема никаква врска со страв.
Некако денес ни се достапни многу информации, можеме да прочитаме наваму- натаму, ама мислам дека помалце и се губиме во анализирање на се` и сешто. Порано, барем мојот впечаток е таков, нашите родители не се оптоварувале толку многу со едукација, туку се однесувале кон нас онака како што мислеле дека треба и дека е правилно, со некој родителски инстинкт кој не се учи од книги и интернет. И, јас не гледам ништо лошо во тоа. Па, дајте да се погледнеме во огледало и да видиме што воспитале нашите родители- зарем сме лоши луѓе?
Јас не сакам децата да ми играат пипиревка пред мене, ама сигурно нема да ги оставам да ми се понашаат ко распашана команда. И дефинитивно, уште долго време ќе мора мене или татко им да не` прашаат за многу работи.
Пак ќе кажам, не сум го имала тој проблем, можеби моите деца се во тие 10%, па затоа не сум морала да се носам со такви дилеми и прашања- што во таква ситуација? Ама, имаме психолог на форумов, па ако сака нека ни објасни „што тогаш“.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
Последна промена: 27 Апр 2012 09:10 by bart.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 27 Апр 2012 09:25 #196498

  • Svetulka
  • Svetulka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 456
  • Thank you received: 127
Edna drugarka moja koja ima dve deca na 4,5 i 3 godini, ja prasav za sovet sto da pravam so hirovite na sin mi, zosto veke pocnaa od takt da me vadat. Se obvinuvav sebesi deka ne pravam nesto kako sto treba, deka ne mu posvetuvam vnimanie...a najcudno od se e sto deteto do pred samo 4 meseci (znaci negovo 18-19) bese bubalce. Znaci poposlusno dete mislam deka nemav videno. Jadese koga ke recev da jade, stom ke mu kazev ajde na spienje pred mene ke trgnese ke zastane pred krevetceto i ceka da go krenam. I odednas moevo dete preku nok stana nemirno, inaetlivo, nerazbrano...I vikam...sto se sluci.
I da ne zabeguvam pak so istite muabeti...nejziniot odgovor bese "nema sto da se kaze mnogu...period koj mora da pomine, ama sekako so mnoooogu mnoooogu zborenje i trpenie od vasa strana. Znam deka na momenti ke pomislite deka mu zborite na zidot, zosto vo momentot ne deluva, ama toa zborenje prevenira da ne ostane deteto takvo i ponatamu, tuku so tek na vreme da se vrati vo normala". I malce me smiri iskreno da vi kazam. Zosto i nejzinoto devojce bese isto taka mirno kako mojov sinko i go imala istiov ovoj period so nejze, ama devojcenceto e sega mnogu rabzrano, mnogu milo i poslusno.
Taka da...sega sum pomirna...mnogu mnogu zboram, ama se trudam da bide bez nervozi, vikanje a osobeno ne pleskanje.
I uste nesto ptimetiv...ako dojdam od rabota i odma se fatam da rabotam nesto po doma...leleeeeee lugeee znaci nepodnosliv e, samo cika, vika, place, me tegne, pravi gluposti...i ke mu recam "dobro sto sakas, da dojdam malce da se guskame moze?" i imas edno "daaaaaa" i odma se smiruva :angel: . Ke se izguskame, pogalime ke si poigrame malce i posle e veke se podrugo i da pravi nesto se razbira od zbor i ne e taka agresiven. Taka da eve ova neka bide moj
"tip" ako na nekogo mu pomognam. Moze nekoj ke se najde vo istava situacija pa probajte. Kaj nas pali.:love:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 28 Апр 2012 05:31 #196614

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
Синоличка wrote:


Второ, секојдневно даваме примери на "неумни деца".
Па така, имаме цел репертоар на поучни приказни :laugh: со следниве главни улоги: Лигавиот, Непослушната Дада, Некултурниот Батко, Безобразното Девојче и т.н. :muahaha: Тоа се измислени кратки приказни (неретко инспирирани од вистински случки) од типот: Лигавиот дошол на љуљашки, со дерење сакал преку ред да дојде до тобоганот, се лигавел и се трескал од земја, па ниедно дете не сакало да си игра со него. :fijuk:
Значи на самиот почеток на жутата минута, само ја прашувам: чекај малце, сакаш да бидеш како Лигавиот?? - и одма се сепнува па не и ни текнува да продолжи! :zelen:

:laugh: Слатко ме изнесмеа со овој дел од постот-зашто и ние сме со репертоар измислени приказни, ама нашиве се покрвави, па така имаме за еден Неранимајко и непослушко што сакал да си игра со алатот на татко му, Непослушнтото девојче што не сакало да сече нокти на нозе, Баткото што сакал цел ден да јаде само слатки :hahaha: и т. н.


Да не повторувам делови од горните постови со кои се сложувам, на кратко ќе кажам дека сум од тие што гледам на помирен начин да го поминеме периодов, иако имам среќа да детево не ми е со некои изразени тантруми. Значи, не мислам дека јас и мм сме најзаслужните за таквото однесување, едноставно такво е детето од раѓање-на пример, до една годнина 3-4 пати имаше плачено. Свесна сум дека второто може да ни биде тотално различно.

И ние сме со комплетен ред кој ако не се следи, не удира сите по глава, најмногу си трпи детето-нервозен, плачлив....

Плескање, ќотек и сл.-не доаѓа во предвид, тотално ми е понижувачки за детето, посебно ако е некое осетливо еве како син ми. Мојата негативна страна е што ако ми пукне филм, знам ептен гадно да се развикам :( , ама се трудам да си ја отстранам....

Се сложувам со тоа дека родителот треба да е авторитет, ама има начин и начин како да се воспостави тој авторитет, што секако не мислам дека е со влевање страв. А многу често наидувам на родители кои тоа го прават со наметнување сила, страв, заканување, тотално несвесно, тргнувајќи од тоа дека и нас така не гледале на времето..... И доста често се врти приказната дека ако не му подвикнеш, утре не знам што ќе ти направело, ќе било размазено дете и сл., па одма следува пример од некое такво дете....

Освен редов што го имаме, измислените приказни за непослушни деца, ако ееептен претера и премине во хировите однесување, знам да употребам и мала закана, во смисла нема некаде да одиме, ќе ги дадам некои играчки на ѓубреџијата и сл., ама гледам со нормален тон.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 10 Мај 2012 10:09 #198584

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
Denes so mm sme bile na psiholog i kazuvavme deka po saat vreme nemozeme da se obleceme i sobleceme, deka mocal vo noksir i vreme e za legnuvanje on bara pak da moca, bara corapi na toplovo za spienje i vristi, ona rece deka NEMOJ zborot ne pomaga , samo so kazna, ke mu se zeme toa sto najmnogu go saka da e predmet znaci nesto piplivo i toa odma ne vikas nemoj, ke mu kazes deka mu go zimas deka ne e umen i lut ke si zamines vo druga soba, za da svati deka si seriozen, da ostavis da se treska ubavo neka se istreska od zemja ke mu pomine, bitno e da nema publika i da dobiva sila, i ke svati deka si lut i ke dojde po tebe
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 11 Мај 2012 09:44 #198909

  • Sara
  • Sara's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Растеме и беснееме
  • Теми: 474
  • Thank you received: 185
Ах колку само имам за пишување на оваа тема, не можам да се пожалам дека сме од најневоспитан и најлош тип, до возраста е знам, ама мене многу ми е проблематично воспитување на дете во доба на негативизам во заедница, ако на само е тешко, вака е уште потешко. Особено бидејќи како што спомна Мирка погоре ако има публика и добива сила, но јас не попуштам, иако сите други му попуштаат.
На пример вчера решивме да се шишаме, веќе неколку пати со мајка ми одат на фризер и се враќаат нешишани, а демек со нејзе бил мирен, со мене збеснувал, и вчера видов не видов решив дека мора да се шиша и пробавме прво со убедување он не и не, не сакаше да стане од чекалната, и на крај го земав во скут тој си вриштеше си пиштеше, мафташе со главата, ама ние го држевме некако го ишишаа на крај веќе се умори од плачење и престана, ама неможев веќе да се убедувам и после него му помина за 5 мин, а јас цел ден бев нервозна.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 19 Сеп 2012 15:34 #213916

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
Жал ми е што морам да се приклучам и јас,до возраста е,можеби е само почеток ама полудувам.Не можам со убаво да и објаснам бидејки сеуште е многу мала,неможам ниту со лошо и крај неможеме да врземе.Правиме драми за секое јадење,за секое менување пелена,за секое пресоблекување,страшно!Вчера посебно ме полуди.Бевме излезени низ град,таа во количка ,си седи мирна ,супер се,седнавме да јадиме,не беше толку лошо,се трпеше,ама кога отидовме на кафе,леле срам ме фати,а на пладне низ корзо топ луге,што да и правам,не сакаше во раце,не во количка ,не да оди,не да шета апсолутно ништо туку само плачење-врескање колку и држи глас,татко и зеде да ја занимава ,никако се треска,ке му падне од раце,слези ја долу исто се треска незнае што сака.Ја зедов јас истото,и толку од кафето,ми се чини 2 саати одевме до колата за да си одиме дома,почна да каса,да штипи,да драска со ноктите,хорор,незнам што и се деси.Во кола само што и викнав малку со повишен тон,ја земав во раце се смири....незнам како да постапувам ама никаде не можеме да излеземе,јас дека постојано сум со неа,татко и на работа,и кога е тој дома мене не сака да ме види,сака само со него,бега од мене како од непознат,тој ја разгали,и оди по кеифот,повеке ја занимава....и ете уште повеке плачки тато кога ке заминува на работа...Стварно незнам како да постапувам :pukam:


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
Последна промена: 19 Сеп 2012 15:35 by Frogy.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 19 Сеп 2012 17:05 #213921

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
Frogy детето сигурно било изморено и и се спиело. Едно мало дете на неполна година и половина не може да издржи прошетка, па ручек, па уште и кафе. Дете сака да се истрча во парк, да јаде кога ќе изгладни и да спие. Бјанка сигурно била overstimulated и затоа почнала да реагита така, сигуро после тој напад на вриштење и штипење заспала. потешко, но сепак заспала. Јас ги избегнувам ваквите саботни или неделни прошетки. Најчесто одам во парк или до најблиските лулашки, избегнувам места каде има многу гужва и гласна музика, затоа што малите деца доживуваат tantrums и melt downs. Ако баш мора да се оди на ручек, не одам после тоа на кафе туку се прибирам дома. Или ако баш и кафето е неизбежно, тогаш одам на неко тивко место, ја заспивам во количка и одам на раат да си го испијам кафето. Со деца не е исто како кога сме биле млади и слободни, тоа мора да се има на ум.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 19 Сеп 2012 17:22 #213922

  • Зока
  • Зока's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 626
  • Thank you received: 288
Frogy, јас имам обичај за ќерка ми да кажам дека е умно, златно дете ама со нагласок на дете, што значи доаѓа со сите класични фази на развој, па и тантруми, и искрено среќна сум поради тоа. Се слагам со Mama Sani дека на децата треба да им се пружа соодветна забава, значи прошетки во природа, парк, зоолошка, игралишта и слично. Да, понекогаш сакаме да одиме на кафе, ама ајде реално да се преброиме, ретки се тие деца што ќе им дозволат на родителите едно пола саат за пиење кафе на раат. Јас веќе подолго време избегнувам одење во Џамбо (каде имавме страшни сцени на возраст од околу 13 месеци и после тоа ќерка ми нема влезено таму), исто мнооогу ретко доаѓа со нас во супермаркет по набавки зашто и таму нон стоп се објаснуваме, а кафе и ручек ептен кога мораме и само ако траат кратко (читај: еден од нас ја забавља наоколу, така да не е тоа тоа).
Сепак, и покрај сето тоа, значи и кога би им пружиле на децата све максимално, тантрумите се нормална фаза од развојот којашто се појавува во периодот помеѓу 1та и 2та година на детето, обично накај 2 години. Ние се соочивме со епизода која траеше околу месец дена кога ќерка ми не дозволуваше да и се смени пелена (а од друга страна не соработуваше за мочкање и слично), па менувањето на пелени го правевме со лаптоп да гледа цртани или некој нешто да и прави смешки и да ја забавува и секакви кловновски работи. Не распукна, зашто тоа неколкупати дневно и ако си излезен и треба да и смениш пелена, морав чоколадо да и давам. После одеднаш си почна по старо да си дозволува. Сега на ред се вриштења на игралиште. Не само што не дава свои играчки, ај престанавме да носиме со нас, ама и сака на децата све да им земе и не сака да враќа. А бе се отепав од зборување, а пази на почеток сме. Така да, само за утеха, не сте само вие, и сосема е нормално сето тоа :raspolozise . Прочитај си на интернет неколку статии со совети за справување со тантруми и запомни дека твојата ќерка е умно дете. Гушки и :srekno:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 20 Сеп 2012 04:14 #213972

  • Sara
  • Sara's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Растеме и беснееме
  • Теми: 474
  • Thank you received: 185
Еве јас пак да пишам, гледам последен пат сум пишала пред 4-5 месеци, и можам да кажам дека има големи промени во детево. само бара многу трпение и многу зборење,и подршка од најблиските (сега мислам дека сите сфатија колку лошо си правиме ако ги размазуваме и им попуштаме на децата). И нормално доколку некоја ситуација била стресна за вас и вашето дете, како одење во Џамбо на пример, избегнувајте го некое време, со тек на време и со мноооогу зборење ќе се смени однесувањето.
Нас одењето на фризер ни стана многу забавно, и воопшто не се буниме веќе и ред други ситуации.
Не викам дека веќе нема испади на нервоза или вриштење, но некако успеваме да го контролираме, иако е многу напорно морам да признаам, само треба со време и со трпение да се почне уште од самиот почеток на воспитување на детето, сигурно ако чекав да наполни 3 год, и допрва сега да го убедувам и воспитувам, немаше да ми успее.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 20 Сеп 2012 04:46 #213976

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
Фроги, супер одговори доби, и јас наполно се согласувам со сето напишано. Мене секогаше кога Мартин проѓа низ такво нешто ми е многу жал. Тоа е фрустрација, и тој пати, нема начин да го артикулира тоа што го чувствува. Па ние и возрасни сме, па не секогаш успеваме без емоции, а само со аргументи да разјасниме зошто постапуваме на некој начин. Ние ја одминуваме полека таа фаза, ионака не беше посебно изразена, и моментално фукционираме како Сара. Многу разговори, некогаш попување, некогаш примери со Ноди и сл, а некогаш само многу емпатија, разбирање, гушкање, тешење. Најмногу се загрева ситуацијата кога има временски фактор, на пр. наутро кога се спремаме за во градинка, а тој не сака да се облече, бега полугол, па кога ќе се облечеме не сака чевли, па сака цртани во 2 мин пред излегување. Прво најбитно е јас да се исконтролирам, зашто е хиперсензитивен и може ако се скараме да биде цел ден под импресија на тоа. Потоа влегувам во филм. Утрово нејќе чевли да облече (а летото секој ден се расправаше кои сандали да ги носи, сега има само еден пар чевли и нема избор ;) ). И јас почнав да глумам како после градинка ќе одиме да купиме чевли, па дали ги приметил минатиот пат во таа и таа продавница тие едни убави сини чевли, таа продавница е во тој трговски кај што паркираме под земја итн. И он се замисли, почна да клима, се скроти, седна, и така замаан облековме и чевли и јакна.
Во градинка е многу умен, но кога доаѓам јас да го земам прво ќе се озари, почнува да трча како мува без глава, па ќе дојде кај мене, ќе се изгушка и а тргнеме почнуваат плачките. Сака сок, ако му дадам од шише, сака тетрапак и обратно. Капа не, ова не. Бега на улица, пишти. Ме погодуваше тоа некогаш, ама воспитувачката ми објасни. Кога ќе ме види тој го доживува тоа многу емотивно и тие емоции не знае баш да ги изрази. Едно друго детенце, кога ќе дојде татко му да го земе почнува да плаче. Ама немате појма колку жално. Седи кај татко му во раце, се гушка и липа. Ете оно на тој начин ги излива емоциите.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 20 Сеп 2012 05:16 #213980

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
На повеќето од вас справувањето со тантруми ви е нова и непозната состојба, бидејќи ви е прво дете, а гледам дека повеќето од вас се се уште со едно детенце. Има и полоши ситуации каде што има две деца кои истовремено доживуваат тантруми. Кај поголемата ќерка овие состојби траеја доста долго, до кај 4,5 години. Можеби овој период се оддолжи бидејќи кога имаше 3 години јас останав бремена со второ, а по 9 месеци се роди и сестричката. Но, секое дете не е исто. Има и потврдоглави, односно деца кои се свои, своеглави, имаат можеби поцврст карактер или пак, се поинаетливи и со кои потешко се излегува на крај, а има и деца со кои сте на иста бранова должина па и полесно ќе се справите. Се зависи од темпераментот на детето, а и од вашиот темперамент. Но, сепак, според мене најдобро е, кога ќе дојде моментот на тантрумот да се напушти местото, односно ресторанот или продавницата.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 20 Сеп 2012 05:24 #213983

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
Ние сме во фаза кога мора се мама да прави. Јас да го возам во количката, јас да го врзам во седиштето, јас да го носам во раце, јас да седам до него кога го хранам и сите останати мора да излезат од соба... Само плачки по цел ден.
Од ресторани и кафетерии одамна се имаме простено. Таму издржува 15 минути додека тој си изеде тоа што е за него и после врескање и лежење по земја. Вчера го оставив со мм на 30 минути во еден трговски, кога се вратив буквално се влечеше по земја едно 10 метри и убаво им го исчисти подот. Дополнителна главоболка ни е мочкањето. Таман се научи да кажува за мочкање, почна да се плаши од машината за алишта и не сака да влезе во купатило, вришти и се стега, па гледа да се скрие и да се измочка без да го внесеме внатре.

Со се сме пробале, со објаснувања, со галење, со повисок тон... Се му трае 15минути и после од ново. Само да се здрави и живи ќе се издржи некако.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 20 Сеп 2012 05:29 #213985

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
Ние поради таа машина за перење не го стававме нокширчето во купатилото, туку најчесто во ходник, а се случуваше и да мочка и кака во нокшир во дневна пред телевизор со цртани.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 20 Сеп 2012 05:34 #213987

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
И ние сме така Зоја, се мама треба да прави. Сабајле убаво изеде ќотек татко му зашто он го извади од колата. Се утепа од плачење после зашто знаеше дека е крив, а на татко му не му попушта да му се извини. А кога се они сами дома двајцата, супер се слагаат. Кога сум јас дома, се од моја рака треба да биде.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 20 Сеп 2012 14:44 #214075

  • kukulicka
  • kukulicka's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Love Luka :*
  • Теми: 643
  • Thank you received: 149
uh fala bogu nekoj pogolem problem so luka ne sum imala barem do tie 2 godini :)
ama sega...pocnuvame, najtesko e koga so tatko mu go vozime vo kolicka zatoa so setame na podalecni relacii a isto e i mnogu prometno pa mora! od vreme na vreme ke go zemem za race ama problemot e sto ne saka za race. pa se objasnuvame poleka deka mora taka ima koli strasno e ke ne karaat policajcite ama nekogas neke i neke i vika! i ti trpis i trpis edno 100 pati povtoruvanje i potoa go zemas i stavas vo kolicka pod kazna zatoa sto ne te slusal i ne te drzel za raka. i vo ti belja - vristenje placenje kako da go kolat solzi krokodisli i pogolemi. lujge ne gledaat i se cudat (a ovde kako sto se zastitnicki sprema decata i nivnite prava :tupco: ) i gotovo. e kako sega ovde. po nekolku minuti plac i od luto lice - tazno najtazno go zemas i dava raka! ah a oti moralo preku ova sekoj pat da se pomine za da stigneme do krajniot rezultat????
a razbiraat ah kolku samo znaat!!!!
i red drugi situacii


a i da, kolku samo poveke strav ima od tato! toj ne go tepa skoro ic ! ama koga se naluti grom-glas i stoi v mesto so noseto do zemja :) a zosto taka??? a jas sum postroga po cel den mozi deka so mene e... ne tepam cesto no znam da privikam koga preteruva...koj znae. tato si e so posebno mesto vo negoviot zivot. tatino dete :hahaha:
Последна промена: 20 Сеп 2012 14:48 by kukulicka.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 21 Сеп 2012 02:48 #214116

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
Frogy, toa sto go pravela Bjanka ne e hir. Malku ste preterale. Jas so 4 godisno dete ne mozam da zamislam da isteram prosetka, rucek i kafe ... Ne sirok sokak, MK ke ja krene na noze.
Inaku okolu hirovite, da ve "utesam" deka i na 4 godini gi ima i toa poizrazeni :) Sekoj den placeme za nesto. Sabajlevo se utepa od placcenje da odela po kratko vo gradinka. Ama placenje, so solzi, nos da duva posle toa ... Pa mi objasnuvase deka trebalo po kratki pantoloni i pod niv hulahopki ... abe cirkusi sekoj den.
Последна промена: 21 Сеп 2012 02:48 by Thatcher.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 21 Сеп 2012 03:07 #214122

  • темјанушка
  • темјанушка's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 314
  • Thank you received: 197
Aj i jas da se prijavam tuka. Samo kolku da ve utesam deka seto ova ke pomine kako rastat. Sega ni gi isprobuvaat nervite do kade mozat da odat i sto se ke im dozvolime pod pritisok. Ama tie ne znaeja deka mama e potvrdoglava od bilo koe sustestvo sto postoi. Koga ke uklucam ignore nisto ne pominuva kaj mene, pa duri toa da znaci i placenje so saati. Ne popustam za ziva glava. Toa sto ne smee, go kazuvam i tocka.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 21 Сеп 2012 03:10 #214125

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
Ana otkako se rodi brat i ne se razbira od zbor nikako, sto velime nie"ni se vodi, ni se tera" :)
Celo leto porblemi, ne saka da obleci toa jas sto ke i dadam tuku taa sto sakala, pa na +40 C sakase da stava dolgi rakavi, nekoja maica sto ne ja nosela ne sakase ni pod razno da ja stavi, pa jas oblekuvam, taa place se previtkuva na dve, dodeka sum oblekla edno taa go izvavila. Kolku pati patikite gi stavale nadvor, od toa sto ne sakase doma da gi oblekuva. Prvo placi za nadvor, pa potoa ne saka da se oblekuva pa ne saka da izlezi, pa na kraj koga so trista maki ke izlezi, ke saka da se vrati doma pa ete ti belja, so placki izleguvame so placki si idime doma.
Sega dodusa e posmirena malku, ama pak, inaetcija e saka se po nejzino. Seuste saka koga e brat i kaj mene, dali go cicam ili pak mu zboruvam taa odma idi, pa i taa se odnesuva kako mene, mu zboruva, pa pocnuva da go maltretira, taa misli go gali a vsusnost nego ne mu e prijatno, pa jas i kazuvam so ubavo samo da mu zboruva ama ko za inaet taa uste poveke go giba, ne znam, mnogu e teska i najcesto izlez e da i go otrgnam vnimanieto so nekoja prikazna, ajde sega ke odime uyre kaj ... (nekoe detence) ke si igrate, ili pak negde kade sme bile i si pominala ubavo, pr. rodenden, pa ke i recam pamtis ...
Najloso e koga ke dojdi vreme za spienje, sinko retko sedi miren so drug osven so mene, pa ako e toj za cicanje, ovaa saka isto da ja krenam a nema kade, pa taka nekako ke se kandisame so dvata da legnam na spalna, nea ja galam i i kazuvam, prikazna, toj visi na grada i ke zaspieme nekako. Ova e najlesnaa varijanta, poeska e koga kerka mi ne saka da legne, a i se spie pa samo zbesnuva, pa na kraj od sto ne se razbira so zbor, moze i da jadi eden aplauz po gazeto, pa doagja navreda zosto taka, pa placki, pa taka nekako ke si legnime da spieme.
Uf, tesko e, ama ke se izdrzi nekako :aham:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски хирови и како да се справиме со нив 21 Сеп 2012 07:31 #214192

  • J.Sinolicka
  • J.Sinolicka's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 71
  • Thank you received: 36
LINK

Oh citam i se molam da nemam vakvi problemi so debelko moj :)
Sega za sega e podnosljiv, znae da vodi inat da se zapne za neshto shto nesme da go pravi, da rika i dosaga No ne do tolku dramaticno za kratko moze da mu se odtrgne vnimanie da se zalaze so nesto drugo ili da si poplace i da prestane. Ama spored toa shto citam verojatno e mal i toprva sledat strashni 2 so koi neznam kako ke se spravat. :)

Se trudam so fino i so zboruvanje da mu objasnam se, ne sum nekoj zakoraven protivnik na udiranje po gaze i race no dosega ne sum gi primenila bidejki nemalo potreba. Sekako ne gi osuduvam tie shto primenile takov metod bidejki sekoja majka go saka najdobroto za svoeto dete i da ne si i vo koza koga morala da go udri.

Imam prijatelka na koja deteto i mockase i kakase vo gaki do 4-5 godini, znaci golem se razbira, se zboruva uporno kaka i moca vo gaki SVESNO :) Ke zavrsi rabota i doaga i kazuva mamo presoblecime :tupco: Kutrava kakvi ne metodi i taktiki primeni detevo JOK uporno u gaki, na kraj zemala da go tepa, posle sekoe vrshenje nuzda vo gaki po gaz kutek, presoblekuvanje i kaznet vo soba. I taka sekoj den ... Eden den raspolozena nesto po doma si cepkala, ovoj se iskakal i doshol da go presoblece, go presoblekla mu odrzala predavanje kako treba pred toa da kaze bla bla i si prodolzila so rabota. Maliov doshol i i rekol "Mamo zaboravi da me istepash" :ne: Abe da neznaes dali da places ili da se smeesh....
Последна промена: 21 Сеп 2012 07:44 by Marge. Причина: средување на линк
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.