Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

ТЕМА: Воспитување на децата

Ре: Воспитување на децата 29 Мај 2013 03:05 #239944

  • tough cookie
  • tough cookie's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 65
  • Thank you received: 34
  • Карма: 0
Клечкароска, јас мислам дека никој тука не рече дека не пресечува. Кога се мора, се мора, меѓутоа без разлика дали тоа тебе те нервира или не, јас настојувам да се објаснуваме кога и да имам разумно време. Викаш нема 2 годишњак да разбере. А што ќе разбере со тоа што само ќе пресечеш и ќе му кажеш не? Ни јас на син ми не му објаснувам како работи квантна физика, туку наоѓам начин тоа да е на негово ниво. И во најголем број случаи детето се вразумува без фрустрации.
Никој тука не спомна подобри или полоши мајки. Тешко е тоа да се дефинира и јас ако треба сама да се класифицирам некаде, незнам кај припаѓам. Затоа што сите имаме моменти на слабост, моменти кога малку подизлегуваме од контрола. И пак ќе речам, нели кај секое дете различни методи на воспитување палат. Затоа, мислам дека нема потреба никој да си ја чука главата од ѕид тука поради тоа што не се согласува со праксата на друг родител. Си кажуваме наши искуства и мислења. Некому му одговараат, со нечија филозофија се согласуваш, со нечија друга не се согласуваш. И бидејќи нема никаде пишано правило како и што треба, тогаш нема ниту никој во право. Секој си бара што најмногу одговара за неговото дете и за неговата фамилија.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, lena0809

Ре: Воспитување на децата 29 Мај 2013 12:09 #239981

  • lena0809
  • lena0809's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 473
  • Thank you received: 316
  • Карма: 6
tough cookie wrote:
Клечкароска, јас мислам дека никој тука не рече дека не пресечува. Кога се мора, се мора, меѓутоа без разлика дали тоа тебе те нервира или не, јас настојувам да се објаснуваме кога и да имам разумно време. Викаш нема 2 годишњак да разбере. А што ќе разбере со тоа што само ќе пресечеш и ќе му кажеш не? Ни јас на син ми не му објаснувам како работи квантна физика, туку наоѓам начин тоа да е на негово ниво. И во најголем број случаи детето се вразумува без фрустрации.
Никој тука не спомна подобри или полоши мајки. Тешко е тоа да се дефинира и јас ако треба сама да се класифицирам некаде, незнам кај припаѓам. Затоа што сите имаме моменти на слабост, моменти кога малку подизлегуваме од контрола. И пак ќе речам, нели кај секое дете различни методи на воспитување палат. Затоа, мислам дека нема потреба никој да си ја чука главата од ѕид тука поради тоа што не се согласува со праксата на друг родител. Си кажуваме наши искуства и мислења. Некому му одговараат, со нечија филозофија се согласуваш, со нечија друга не се согласуваш. И бидејќи нема никаде пишано правило како и што треба, тогаш нема ниту никој во право. Секој си бара што најмногу одговара за неговото дете и за неговата фамилија.

Taka e, podpisuvam 100% :) Celiot post, tocno taka gi gledam rabotite i ne gledam nisto strasno vo tova, da si filozoriame...

Jas samo pocnam da pisuvam, bidejki licno mislam, deka covek moze i bez klasicna kazna i bez razni drugi raboti da vospita dete (za sljapkanje i bijenje ne zboruvam, tova za mene nee vospituvanje)... Primerot na touch cookie na primer mi se bendisa so maslinkata... Znaci ne sakam so maslinkata da se valkas po tepihot... Na gosti sme, ne sme doma, ke go izvalkas, ne go sakam tova... Ako deteto ne me slusa ke mu recam, ili jadi na masata ili mi je daj maslinata... I tolko... Tova nee klasicna "kazna", samo logicna konsekvencija od tova sto napravilo deteto... Koga sedne, eve mu ja maslinata... Klasicni kazni se kontraproduktivni vo moji oci bidejki ne se logicni za decata... Eve vo ovoj primer jas ako velam, ako ne sednes so maslinkata, nema da jades cokolado, gledas crtani etc... So vrska ima tova edno so drugo? Ni postaro dete nema da razbere, samo ke se nauci da se plasi... Tova jas ne sakam za Elias...

A Kleckaroska, situacija na sabajle e klasicna :) Ama provokativno prasanje, zosto pak da ne nosi cizmi detevo, na kogo mu preci? ;) Obratno, sandali na minus 10 se razbira ne, ama na primer tuka jas ne bi se karala, nosi sto sakas :) Koga nesto nastina mi e vazno, nesto, sto e vazno na negovoto zdravje na primer, se razbira deka se MORA, no da, pred tova ke mu objasnam zosto. Ama pocnav koga imase nekgade 1,5 dena dobro da razmisluvam, kolko bezvezni raboti sakame od decava i kolko nelogicni raboti barame demek "ne se pravilo"...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Macence

Воспитување на децата 10 Мај 2014 02:23 #250656

  • karo
  • karo's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 2
  • Карма: 0
Zdravo.Jas sum roditel na dete 9 godini.Koga se rodi negovoto bratce pred dve godini zabelezavme deka ne saka da odi na posedok, da odi na ekskurzii so skolskite drugari.Me znaeme kako roditeli kako da go resime ova.Ve molam sovetuvajte ne.Sekoe dobro.
Последна промена: 10 Мај 2014 15:06 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Воспитување на децата 22 Дек 2014 17:07 #253268

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Забранети реченици кои не треба да им ги кажувате на вашите деца

Понекогаш сите изговараме погрешни работи, особено кога сме фокусирани на нешто друго, се тркаме со времето за да исполниме одредени рокови и се обидуваме да ги исполниме барањата на сите животни фронтови. За жал, ни се случува на нашите деца да им кажеме работи за кои после ни е многу криво.

Еве што често пати им зборуваме на децата, а не би требало.

„Остави ме малку на раат!“

Факт е дека на сите родители им треба повремен одмор од децата, но проблем е кога одбивањето на детето станува рутина. Изјавите како „немој да ми пречиш“ или „остави ме на мира“ ќе му ја разнишаат самодовербата на вашето дете и со тек на време ќе го оддалечат од вас, мислејќи дека сте секогаш премногу зафатени за да може да ви се обрати.

„Немој да плачеш!“

Оваа наредба и нејзините слични варијации, како „немој да бидеш како бебе“, „немој да се плашиш“ и слично, се пораки со кои на детето му порачувате дека неговите емоции не се важни и дека не ги разбирате. Природно е родителите да сакаат да ги заштитат нивните деца од лошите чувства, но ова не е соодветен начин за тоа.

Наместо да ги негирате неговите чувства и да му наредувате да ги потисне, кажете му дека разбирате дека тоа е тажно, луто, уплашено и прашајте го како можете да му помогнете. Именувајте ги тие чувства и бидете покрај него. Со таков пристап вашето дете ќе научи што е емпатија.

„Ќе ти дадам јас на тебе причина за плачење!“

Заканите се резултат на фрустрациите на родителите, но не се баш ефикасни. Доколку се служите со такви закани или, пак, со уцени, знајте дека тоа не е начин да го промените однесувањето на детето. Наместо да се заканувате, секогаш е подобро да применувате друга тактика, како оддалечување на детето од критични ситуации, разговор или мал тајм-аут.

„Почекај да дојде татко ти дома!“

За да бидете ефикасни, мора да знаете да делувате веднаш и сами, а не да го ставате таткото во улога на лошиот полицаец. Покрај тоа што покажувате беспомошност, заради одложувањето на дисциплинската мерка, детето нема да биде свесно што направило погрешно. Исчекувањето на казната може на детето само да му ја продолжи агонијата, а покрај тоа ќе си го поткопате вашиот авторитет, а вашиот сопруг ќе го направите „лош татко“ од кој детето ќе има страв.

„Побразај или ќе останеш сам“

Преполниот распоред, временските рокови и недостатокот на сон се само некои од причините заради кои родителите ги изговараат овие зборови. Но, доколку на вашето дете секојдневно, додека се обидува да си го најде шалчето, или сам да си ги облече патиките, му велите да побрза, ќе му создадете чувство на вина, а при тоа нема да го забрзате туку напротив, веројатно уште повеќе ќе се збуни во моментот.

Обидете се да пронајдете малку посмирен начин за да ги забрзате работите. Кажете му дека ќе му помогнете и вие, но дека е супер што тој се труди, или едноставно одвојте повеќе време за некои работи за кои претпоставувате дека ќе траат подолго.

„Како не можеш тоа да го направиш? Многу е лесно!“

Она што вам ви е лесно, сигурно не значи дека му е лесно и на вашето дете. Исто така, доколку сметате дека постои полесен начин да совлада одредена задача тогаш мора истиот да му го покажете, а не да му поставувате прашања кои само ќе го направат нервозно.

„Гледај колку е мирен брат ти/сестра ти!“

Поттикнувањето на ривалство помеѓу браќата, споредувањето и таквиот начин на комуникација се неприфативи, а најчесто и повеќето родители стануваат свесни за својата грешка штом ги изговорат таквите зборови. Секое дете е поинакво и треба да го гледате самостојно – никако да не го споредувате со друго дете, без разлика дали тоа му е братче или не.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Воспитување на децата 22 Дек 2014 22:18 #253271

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2977
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Ah preplaven e netov od vakvi pausalni natpisi :dry:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4