Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Првачиња, сами на пат кон и од училиште или не?

Првачиња, сами на пат кон и од училиште или не? 11 Апр 2014 12:11 #249789

  • mmilena2
  • mmilena2's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 9
Поздрав на сите ! Денеска разговарав со наставничката на моето синче кое е прваче... Тоа ми е второ по ред на раѓање. Сакав да ја замолам да ме известува за поважните случувања во врска со моето дете по писмен пат(пораката да биде испраќана по моето синче),бидејќи јас не сум во можност секое утро да го носам во училиште и да го земам од истото,јас информациите за родителските средби,за прегледите и сл. ги пропуштам...Училиштето ги има сите податоци на родителите како и е-маил адреси,па сметам дека за све родителот треба да биде известен ако не по писмен тогаш по електронски пат.Но тоа не е пример во оделенито на моето прваче(да не говориме за образованието,веќе познато)...Па кога го споменав ова на наставичката,верувам го свати како критика кон неа,а не како молба...Па така таа имаше да ми каже дека:секој родител е должен да доваѓа од време на време и да се интересира за своето дете,јас тоа го правам да речеме еднаш во месецот иако сметам дека родителските средби се за тоа...и повторно не сум информирана Па потоа ми спомeна дека моите два сина се единствените деца кои одат и се враќаат САМИ од училиште,во нејзините 20 години работење со првачиња(и поголемиот син беше нејзин ученик,тој е сега трето одд)...Е сега ,кажаново ЈАС го сватив како негативна критика кон мене,предпоставувам кажано е во нејзина одбрана...Јас искрено малку бев погодена од нејзината изјава,бидејќи сметам дека можеби сакаше да ми укаже на моја неодговорност кон моите деца.Па сега имам прашање до вас: Дали е погрешно моето мислење дека децата доколку се способни сами да одат и да се враќаат од училиште,треба да ги оставаме да го прават тоа? Дали моето мислење дека така ќе се изградат во по самостални и по одговорни личности е погрешно или не? Ние живееме на 15м одалеченост од влезот на училиштето ,а патот е сосема безбеден,од прозорецот на зградата можам да видам кога влегуваат во и кога излегуваат од училиштето моите синови... Горда сум на нивната веќе стекната самосталност за одредени работи како на пример за оваа што ви ја наведов...ПРВАЧИЊА,САМИ НА ПАТ КОН И ОД УЧИЛИШТЕ ИЛИ НЕ? ОБЈАСНУВАЊЕ ЗАШТО ДА ИЛИ НЕ? Однапред ви благодарам
Последна промена: 11 Апр 2014 15:57 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Првачиња, сами на пат кон и од училиште или не? 11 Апр 2014 12:24 #249790

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2766
  • Thank you received: 642
i jas sum za samostojnost na decata ako patot do ucilisteto e bezbeden

ucitelkava ke da ti vraka
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
Последна промена: 11 Апр 2014 12:27 by Dolphin.
The administrator has disabled public write access.

Првачиња, сами на пат кон и од училиште или не? 11 Апр 2014 13:49 #249791

  • Simona`s mom
  • Simona`s mom's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 184
  • Thank you received: 73
Mmilena2,мое мислење е дека ова зависи и од детето и од далечината на училиштето.Моето училиште беше ајде не 15 но 30 метри од зградата каде што живеев како мала,и нормално дека сама одев..Плус и бев самостојна,е сега,керка ми кога беше прваче ,училиштето и беше 8-10 минути одење,плус преминување улица,не се одлучив да ја пуштам сама ни во второ ,а впрочем и сите други родители ги земаа и носеа децата или тоа го правеа баби,а кога бевме спречени,жената што ја чуваше..Од друга страна малиот на другарка ми,во второ сам со велосипед возеше по 15 минути во еден правец до кај братучедите негови,сам или со другар,минуваше преку две прометни улици(сепак тие живееја во Битола
)сообраќај БТ и СК не е исто,и стрмнини и се,и иако јас се стресував на помислата,никогаш не помислив да ја обвинам дека е лоша мајка.Има добра процена за своето дете,плус на малиот што се вели очите му играа во глава.Мислам дека е битно и детето твое како реагира на ова,му пречи ли или задоволно си е да си оди со братчето и не му фали мама баш во таа една минута до школо и назад..На учителката би требало да и биде јасно дека немаат сите родители флексибилно работно време да го прават тоа двапати дневно,но ако ти си дома во тоа време,можеби еднаш неделно би можело да отидеш,не за да и го храниш егото,туку чисто да си во тек со се..ако тоа не е можно ,информациите бар за родителски може да ти дадат други родители на другарчиња од оделението со кои контактираш
The administrator has disabled public write access.

Ре: Првачиња, сами на пат кон и од училиште или не? 11 Апр 2014 16:05 #249795

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Ако е безбедно, да нема преминување главни или поголеми улици, да. Никола почна од оваа година да се враќа кај моите сам, но само затоа што преминува една голема улица, која е многу прометна и се вози премногу брзо по неа.
ние како деца од забавиште одевме сами до дома, не ни фалеше ништо, но тогаш таа улица беше двојно помала.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Првачиња, сами на пат кон и од училиште или не? 12 Апр 2014 05:12 #249807

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Tuka decata mora da bidat vo prisustvo na vozrasan pri nosenje i zemanje od uciliste. Mislam deka toa e i so zakon regulirano, do odredena vozrast, kako sto i ne e dozvoleno isto taka da se ostavaat maloletni deca sami doma.
Dali toa gi pravi pomalku samostojni, ne bi rekla, ednostavno toa e del od kulturata na ziveenje i site sakale ili ne, mozele ili ne, barame nacin da se prilagodime na toa.
Licno ne bi pustila dete samo vo skolo, najverojatno golemo vlijanie ima toa sto veke sme vlezeni vo ovoj sistem na razmisluvanje i odnesuvanje. Plus vo nasiot slucaj ima 2 ulici za pominuvanjene.
Decata pocnuvaat da odat sami vo skolo vo sredno, potocno od 11/12 godini.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Првачиња, сами и од училиште или не? 12 Апр 2014 05:29 #249808

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Јас сум ЗА, но нели зависи од теренот и детето. Тука скоро сите деца одат и се враќаат сами. Моево 0-лаче дури сега се осеќам сигурна за да го пуштам сам за одење и враќање. Од следната учебна гидина сигурно ќе оди сам :OK:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Првачиња, сами на пат кон и од училиште или не? 12 Апр 2014 06:09 #249809

  • mmilena2
  • mmilena2's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 9
FAIRY како што рече,ни јас не би ги пуштила моите деца сами да одат на училиште доколку треба да се поминат две улици и доколку треба да се разминуваат со толпа од секакви луге,во мојот случај нема ниту една улица,а и како што рече SIMONA'S MOM: треба да се направи добра проценка дали детето умее и сака,моите умеат и сакаат...А тоа дека децата не се враќаат сами од училиште дури до средно ,јас не сум сведок на такво нешто...Моите деца одат во придружба со други деца од зградат и околните згради,тие сите се основци,дури и помали од 11/12... Е сега,за законот дека не треба да се носат сами и да си одат сами тоа си во право...Но со согласност од двата родитела и писмена изјава доставена до училиштето тоа е можно,се разира доколку нешто се случи(не бај боже) тоа е одговорност на родителите. Јас на пример имам и трето дете,тоа е сеуште дома,јас се грижам за него додека сопругот е на работа...И сметам дека страшното ќе биде доколку него го оставам додека спие наутро само дома за да ги однесам големите на училиште,а возможно е тие да одат сами...И сега си рамислувам: Моите деца дури и одат сами во продавница да си купат лижавчиња продавницата ни е малку подалеку од училиштето,таа е одлечена од нашиот дом 19 до 20 метри,а исто и ги пуштам сами да играат во паркот позади нашата зграда,то ест не сами туку со другите деца кои се пуштени да си играат исто така со моите... Едноставно,средината,населбата во која живеам за среќа е безбедна,па дури и моето детство помина многу безбедно во истото училиште и населба.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Првачиња, сами на пат кон и од училиште или не? 12 Апр 2014 07:09 #249811

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
mmilena2 wrote:
Е сега,за законот дека не треба да се носат сами и да си одат сами тоа си во право...Но со согласност од двата родитела и писмена изјава доставена до училиштето тоа е можно,се разира доколку нешто се случи(не бај боже) тоа е одговорност на родителите.
Da ne se razbereme pogresno, jas ne ziveam vo Makedonija i komentiram od aspekt na edna druga kultura i pristap. Ne znam od kade e ovaa informacija, no so sigurnost tvrdam deka ne e bas taka ednostavno ova da se primeni, bidejki spored tukasnite svakanja odgovornost na roditelot e da go pocituva ona sto drvazata, sistemot, ucilisteto mu nalaga, a ne da izmisluva sopstveni pravila na igra, bez razlika so kakvo opravduvanje toa go pravi, sepak e licno, sto ne znaci deka i vo kontekst na sistemot ispravno.
Nemoj ova da go svatis kako kritika kon tebe, ne mi e toa namerata, tuku sakam samo da napravam sporedba, bidejki za ova prasanje nie imame kompletno razlicni startni tocki, gledano od opstestven, kulturen aspekt i razlicni uslovi, normalno.
Spored mene i uslovite na ziveenje go diktiraat odnesuvanjeto i kako sto napomenav nikoj ne te prasuva, toa e taka i ako izlezis od kontekst si nastapuvaat drugi institucii na scena cija sto rabota e da utvrdat zosto toa taka se slucuva.
The administrator has disabled public write access.

Првачиња, сами на пат кон и од училиште или не? 12 Апр 2014 08:24 #249812

  • mmilena2
  • mmilena2's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 9
Јас пак живеам во Р.М. Ск. Додека размислував на темава,размислував на овдешните деца,родители,можеби малку се ограничив сметајки дека на форумов најчесто тие се присутни :) Но ете сум погрешила ...За жал ние споредба не можеме да правиме со земји како Шведска или Канада,или незнам кои уште не.Или ако сакате во поглед на безбедност не можеме да се споредиме со СИРИЈА,или КОНГО И др.(за среќа).
.Ти спомена државата,систем,правила,налага,почитува(тоа во МКД не постои)...излегувањето од контекст ДА,секој и сегде...
:) а пак за оваа писмена изјава од родителите кон училиштето разбрав на една родителска средба од страна на наставничка...сеуште не проверив дали е тоа нејзино измислено правило на игра или државата го смислила...Доколку е нејзино смислено правило на игра тогаш како што велиш ти ќе треба да настапат други иституции на сцена и да утврдат зошто тоа се случува,а нема да излезат...И ќе моземе да закључиме дека тука све е излезено од контекст...ова е веќе префрлување на друга тема.
Последна промена: 12 Апр 2014 08:28 by mmilena2.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Првачиња, сами на пат кон и од училиште или не? 12 Апр 2014 09:22 #249813

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
Јас се сеќавам дека уште во забавиште се смеевме ако некое дете го донесе родител или баби, дедовци во училиште или го земаат. Сега дојде време кога моите врсници што останаа да живеат на истите места од детството ги носат своите деца и ги земаат со кола од истото училште или им организираат такси за некои 400-500 метри :what: . Сега е смешно да испешачиш до училиштето. Мене тоа ми е жално. Ех, на тој пат до училиште што се не се случуваше, нови другарчиња, средби со тие од другата смена, потпишување со креди по порти, забегување по некоја споредна уличка, бркање, смеење... Уште уживам кога одам по тој пат.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.