Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 12:12 #204864

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
Ееее Мацика па логички беше дека од ситуацијата сите подразбиравме дека и Катерина си изреагирала, во смисла тргнала да го подтргне нејзиното, не го оставила да го залепи за под тругово со косата..
А факт дека да му згрми не може, мало е, бебе. Може да го подучи, да му зборува, ама ете ни простор не и се дало, а пак ќе кажам од целата ситуација се подразбираше дека она не си дремела на кауч да си пие кафе туку во ист момент се стрчала.
И јас очекувам од другите родители да си ги приберат децата затоа што моето и несакајќи да направи нешто, јас држам лекции, на лице место, и очекувам таков однос спрема своите деца и од другите а факт е дека не е баш така, дека има родители кои се прават луди..ама пак тоа не ми дава право ни големо дете да е, да го удрам, мислам смешно ми е и да помислам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 14:08 #204880

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
никогаш не би свикала а камо ли удрила ни свое а не да извадам од памет туѓо дете,ама страшно ме нервира и кога некој ми го малтретира моето дете а мајката си седи и зјае ,ниту тогаш не велам ништо,ама таквите мајки и нивните деца ги избегнувам............еве моите деца пораснаа веќе,сум немала лошо искуство,ама се држам до правилото,ако мајката дреме додека на моето дете му вадат очи не ја сакам во близина ,затоа што јас кога децата играат седам до нив ,до нив и кафе пијам,со нив играм и јас...буквално сум бдеела и сум ги заигрувала да нема кавги,кога играле сум ги чувала сите деца само никој да не е повреден(може таков ми е карактерот)Комшивката апсолутно не била во право,ама ако и мајката мисли дека другото дете кубењето не го болело
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
Последна промена: 22 Јун 2012 14:09 by kalinche70.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 16:12 #204884

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
Abe lugje pravime muabet za 2 bebinja koi ne znaat ni nosot kaj im e.. Ni ednoto znae deka kubenjo go boli drugoto ni drugoto znae deka napravilo nestto dabide skubnato. Kako majka na 2 deca na ista vozrast, pa mozebi do 3 godini vekje se objasnuvame deka neshto treba ili ne treba..

I kakov rimer e toa shto majkata plesnala i pred SVOETO dete, neli nejzinoto kje nauchi da pleska. Jas sum protivnik i na teorijata ako te udiraat vrati.

Nishto ne opravduvanje za udiranje tugjo dete, a osobeno bebe koe nishto ama nishto ne razbira. I dvete majki da stoele nad glava i racete da im gi drzele na dvete bebinja imalo shansi ednoto da go skuble/grizne.turne shtipne drugoto.

Nie imame problem vo gradinkata, edno od decata navistina gi zakachashe drugite deca, pa pochno vtoro da go imitira, pa prifati i mojot, koj e vospituvan vo duhot deka i a go udrat ne treba da vrati, neli radi poslabiov koj non stop go zakacha i ako vrati seriozno moze da go povredi. od dete koe ne vrakja, se pretvori vo tepach. Megju sebe se mlatat za pravo na vistinata, no alarmantno. Ednta majka reagirashe ako te udrat vrati, drugata se strcha i go udrsi svoeto dete vo prisustvo na drugite 2,i ova se navrte i ushte tolku pocna da mava po nashive deca, jas gi viknav uchitelkite i pobarav oni da reshat. Se izjasniv deka sum protiv nasilstvo, koe bash zavrshuvashe so krv, ilizana brata, milion modrinki... Pobarav da se zanimavaat so problemot, i lugejto navistina najdoa nachini, gi razdelija po malku, pa eden po eden gi prefrlaa vo pomalite grupi, ne kak kazna tuku vid na merka deka dokolku tepaat, biejki bebinjata ne razbiraat i tepaat kje bdat so niv vo grupa, I PROFUNKCIONIRA. 2 nedela se nemaat zakachnato decava..

I jas ne sakam roditeli cii deca diveat a oni muva ne gi lazi, no nikogash ne go opomenuvam deteto, no taka slatko gi nachekuvam roditelite da gi opomenam, shto saka neka mislam za mene. Moite deca nemaat mnogu moznost da se druzat pa koga gledaat novi deca znaat da gi stisnat gushnat, od milost ili od shto ne se snaodlivi vo takvi situacii. No sum stoela celo vreme na shtrek, i pazam, i reagiraam soodvetno.

A vo vesnik kje me pishuva ako go udri nekoj moeto.
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 16:19 #204885

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
Сосема друг момент е реакцијата на родителот кога неговото дете тепа друго ... апсолутно е јасно дека секој треба да си го прибре и да не дозволи да малтретира друго дете. Но таман работа секој родител да почне да го тепа туѓото дете кое го закача неговото ... која порака е тоа за децата, дека насилството е начинот кој возрасните ги решаваат роблемите па сосема е во ред и децата да се насилни. За бебиња да не правам муабет, мизерна е помислата да се дигне рака на бебе, па човек треба да има емпатија не само према своето макар и другиот родител да е најбезобразен на свет.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 18:47 #204914

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
Исусе Боже! Да удриш туѓо дете, па уште бебе.

Туѓи деца карам во неколку ситуации: Кога прават нешто опасно по својот живот и здравје, а родителите не им се тука. Често сум со многу деца на игралиште заради Макс, и прават сешто се качуваат најгоре на голем тобоган, па стојат на нозе и се вртат, ми се врти стомакот и карам да се симнат. Се тепаат две деца, се млатат крвнички, па ги карам да престанат. Возат точак лудо, па може да паднат и слично... После обавезно кога ќе ги видам родителите кажувам дека сум ги карала, за да знаат што прават.

Инаку во текот на овие 19 години како што имам деца, сум поминала разноразни фази и сум сретнала разни родители. Можам да кажам дека поновава генерација родители, оние кои се доста помлади од мене и кои имаат деца со Максим врсници многу понормално реагираат отколку овие постарите кои се врсници со поголемиве деца. Значи пореални се, јас не давам мое дете да малтретира никого, ама не сакам никој да дозволи ни моето дете да биде малтретирано, сакам реакција, пошто тоа мене ми е нормално.

Мој Макс е многу мирен, не се тепа никогаш, децата кои ги знае на игралиште кога ќе ги сретне пак ги гушка, ги бацува, дава се што има, не е скржав. Некои деца знаат да го искористат тоа па да го зафркаваат, да трча по нив, а они да му бегаат, да го лажат, ама се трудам да не реагирам ако не е опасно по здравје и живот зошто си викам дека мора на сите лукавости да се научи и да ги осети на своја кожа.
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 23 Јун 2012 01:38 #204925

  • Станчева
  • Станчева's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • легач...
  • Теми: 250
  • Thank you received: 30
Јас сум во фаза, mother to be... и претходно сум имала искуство доста големо во чување внуци. Искрено, штом ми ги оставиле децата јас 2+ дена да ги чувам сама, а со тоа ми дали и дозвола ако нешто не е како што треба да ги искарам, па и да ги потчукнам. Зборувам за деца над 3-4 години. Значи не зборуваме за дробење од ќотек, туку во смисла на поставување авторитет, иако воопшто не го одобрувам тој начин на воспитување.

Имав неколку такви ситуации... Детево дома уште на лустерот да се качи, уште да земе шишето сок да го истура по подот, а мајкава (моја блиска пријателка) седи кулира. Прво го кара, му вика, и после ми вика, ајде ти вики му, скарај го, плесни го... И јас го скарав, и малку го потчукнав по рачето. Детево како попарено, а бе се смири, и женава се чуди, шо чудо сум направила. И некако се поставив како строга теткица, значи не да малтретирам, ама да имам некој став пред нив, и до ден денешен, дечките веќе се пораснати, и ме почитуваат и сакаат, без оглед на се. Се разбира и мојата љубов кон ние е неизмерна!!!

Или внуката навикната од баба и. Она не сака да јаде манџа, сака макарони, и баба и одма станува и вари макарони. И јас еднаш сама со неа, и ми вика не сакам ова да јадам сакам еурокрем. И викам нема... Леле плачки викање, дај да му се јавам ан тато да му кажам дека не ми даваш да јадам. Јави се слободно. Кога и свика татко и.... си седна како попче се си изеде. А малку фалаше да ме фати на емоции, како демек не ми даваш да јадам :)

Значи воопшто не ми се допаѓа ситуацијата на Ктерина81, ама ете и јас сум била во слични ситуации и сум постапила на тој начин... Да сум била уште на местото на комшиката ќе сум го изгушкала и избацила бебенцето. Ги обожавам на таа возраст 9-12 месеци!!! Па и после тоа :)
Последна промена: 23 Јун 2012 01:39 by Станчева.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 25 Дек 2012 10:46 #227344

  • bica
  • bica's Avatar
  • Offline
  • new born
  • img src="http://lb4
  • Теми: 132
  • Thank you received: 14
Damjana wrote:
Sega me potsetivte deka ednas vo parkov kaj nas setav so Damjana. Togas bese mala i si znaese da udri bez pricina. Ama jas si ja znaev i stoev do nea koga mislev deka ima sansa da napravi nesto. Se priblizi na 1 bebe vo kolicka i jas preventivno - ne mamicka, vidi kolku e malo, ke go boli. I na majkata i vikam - vo faza da udira e ... Lele koga i se sipa zena - NEEE NE NEEEE NE NEMOJ NE SMEES DA UDIRAS KAKO TAKA? Pa pocna da mafta nesto so racete ... Mislam, helou? Deteto ke mi go izvadese od pamet ... abe se izvadiv od koza. Si go sobrav deteto i si zaminav. Da imase sreka da proba da ja udri ... hehe, ke ne imase po vesnici :)
хахаха колку се изнасмеав од постот во паркчето наше е така... незнам дали луѓево се слушаат... Мишел е темпераментно дете... како помал знаеше да се дрзне да удри и го удирале деца и не сум реагирала кој знае како мислам да го искарам да ама ако некое дете се пушти на моето или го потчукне јас да го удирам не... и сега во градинка се враќа со модрици се тепа и него го тепаат ама сепак тоа се деца....ама некој си ненормални теткишта така јас ги викам во слична ситуација ко тебе дамјана се најдов и и вратив... Иреков па тоа се деца го осознаваат светот сега учат...а еднаш наместо Мишел за беља шо направи јас изедов шамар....
Имено Мишел беше некои си 11 месеци и го носевнме на љуљашки во количка и така јас занесена правев муабет со некоја мајка-комшика кога до нас една госпоѓа во фина летна хаљина се натртила накај детето и Мишел си ја ставил главата под хаљина во рок од секунди се вртам и кога добив еден шамар мислев звездите ќе ги изброев...госпогата ми вика пазете видете уште од дете го учите на манијачење...и што знам уште не... ко и отворив една уста абе занеме.... дете од месеци манијачело.... е така јас си го изедов и ден денес се смееме за случката а госпогата е персона нон грата во населба на сите мајки им кажува како, колку да ги воспитуваат децата...
Мојот свет се врти околу двајца дечковци!!!
Последна промена: 25 Дек 2012 10:47 by bica.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 26 Дек 2012 03:16 #227375

  • AWAO
  • AWAO's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 664
  • Thank you received: 449
Пред некој месец седиме на лулашки со децата, јас си читам списание они си играат до мене. И наеднаш слушам малиов мој со некој чуден плач, преплашен крик... кревам глава и го гледам кутрото пребледено, загрцнато од плач не знае што му се случило (немаше ни 2 год), а мајкава го држи за двете рамења, го тресе и му се дере во лице : ЗОШТООООО, ЗОШШШТОООО ЈА УДРИИИИИ, КАКО МОЖЕШ ТАКААА..!!! Сфаќам дека мојот ни 2 годишен син ја удрил нејзината 1-1,5 годишна ќерка и тоа е причина за таквата реакција :blink: . Станав, си го грабнав во раце, силно го гушнав и едвај го смирив. Знам, ќе речете зошто ништо не сум и рекла,но тие секунди ми беа доволни да и го видам менталниот склоп и знам како би течел муабетот ако кажев било што- сигурно следна реакција ќе и беше: Ти мори ВАКВА-ТАКВА, наместо да седиш на клупа што не си го прибереш детето, воспиташ..итн. Па да не требаше да и објаснувам колку може да биде предвидливо 2 годишно дете без разлика на воспитувањето? Се лишив од дополнителни нервози.
И дополнување на сета сцена е по 5 мин. малиов мој од жал се доближува накај девојчето да ја викне да си играат, малата нормално малку се повлекува од страв, а мајкава застанува до неа и онака војнички гласно вика САМО НЕКА СМЕЕ!!! :krsti:
Последна промена: 26 Дек 2012 03:17 by AWAO.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 26 Дек 2012 04:36 #227392

  • bica
  • bica's Avatar
  • Offline
  • new born
  • img src="http://lb4
  • Теми: 132
  • Thank you received: 14
Гласна жената мислела дека е некое поголемо момче или дека јас не сум реагирала... верувај морав да имам контрола во ситуацијата да не се спуштам на ниско ниво зошто ќе се испотепавме а децата сеир ќе ни фаќаа, доста и беше што ја убив со зборови... повеќе болат од шлаканицата... тоа е нема нервоза илјада људи илјада чуди...само мора да сме прибрани... каков впечаток јас ќе му оставев на детето мое ако и јас ја удрев.... никако....неможев да си го дозволам тоа...
Мојот свет се врти околу двајца дечковци!!!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 26 Дек 2012 09:21 #227468

  • Candy
  • Candy's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 99
  • Thank you received: 30
Ni na kraj pamet ne mi paga da udram tugo dete. Sekoe dete ima roditeli koi treba da mu objasnat i da go naucat sto e dobro a sto ne.
Dosega nikoj drug ne go udril moevo dete (mislam na vozrasen).
A mnogu me nervira vakva slucka kako sto opisavte da go trese nekoj tvoeto dvegodisno dete za ramenici i da mu se dere bidejki cepnalo devojce od godina i pol. Vo red e da mu se rece nee duso toa ne e ubavo, i da mu se ukaze no da se trese i da se pokazuva sila na dete ccccccc
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.