Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo

Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 04:46 #204740

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1240
  • Thank you received: 865
Вчера една комшика приквечер дојде со малата на кафе....она има годинка и месец значи некаде 4 месеци постаро од моево.
И си седиме кафе-муабет децава малку подалеку беа во дневната и моево ја скубна нејзината..(сега и е се интересно,брца во очи,во нос ,во уши на други...у таа фаза некоја сме)...и девојчево заплака малку....кога рипна ккомшикава кога ја опали по рачето Матеа..и вика НЕ,НЕ никако така,што ти направи па да ја кубеш....и ова коа почна да плаче ..ама ја фукна сигурно ја здоболе душичка.
Кога ми падна криво...па и викам дее бре полека па што размислува 9 месечно бебе,зар треба некој да и направи нешто па она да врати,мала е....
Незнаев како да реагирам...јас никогаш не сум ја удрила...мислам глупости на 9 месеци треба да си ненормален да направиш такво нешто.
Лично никогаш не сум скарала туѓо дете а уште помалку удрила...си сметам дека си има родители па тие нека го воспитуваат...како се снаоѓате во вакви ситуации се карате ли со други ако вака направат?
Знам дека деца ете се забуткуваат ќе се потчукнат и од секогаш сум се чудела лелее мајкиве сеа за глупости ќе се закараат....ама еве кога имам свое не било така...боли мајку му :)
Последна промена: 22 Јун 2012 06:16 by Big Sister. Причина: naslov
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или скара детето 22 Јун 2012 05:00 #204744

  • meU87
  • meU87's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 410
  • Thank you received: 125
Конкретно за во овој случај сметам дека комшиката требала да си го утеши сопственото дете и да му објасни дека помалото не сакало и немало никаква лоша намера.
Никогаш до сега не сум била сведок на вакво нешто за да знам како би реагирала. Но, сметам дека не е во ред да го караш, потчукнеш детето, посебно па не ако е туѓо.
Доколку се најдам понатаму во ваква ситуација знам дека на личноста која би го скарала моето дете би и објаснила дека тоа уште еднаш не смее да и се случи, па макар да треба и да бидам дрска, ако гледам дека некој не ме сфаќа сериозно.
Лично за себе, неколку пати им имам повишено тон на децата на девер ми, со тоа што им објаснувам зошто не чини нештото да го прават на тој начин.
А за свекрви, баби , чичковци и сл ,веќе се имам изјаснето дека мое дете не сакам никој да воспитува. Наидов првично на потсмев од страна на свекрвата, као демек јас нема да сум доволно способна да си го воспитам детето, а на тоа доби одговор,
“јас дали сум или не е моја работа и тоа допрва ќе го видиме, но ти или било кој друг освен маж ми не смее да воспитува ниту пак чува мое дете“.
Па како што не сакам блиските да ми се мешат уште помалку би дозволила некој познаник да го прави тоа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или скара детето 22 Јун 2012 05:05 #204745

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
Јас стварно незнам што им се врти во глава на тие луѓе што посегнуваат да тепаат туѓи деца, си имаат свои деца со нив нека се расправаат како знаат и умеат, моето дете не смее друг да ми го удира. Да го скара не се љутам, еве конкретно моево и на Мејо детето кога ќе се стават двајцата во комбинација се каубојци, неколку пати ги имам чувано сама кога ни доаѓал марио на гости, незнам на која страна да гледам, трчаат скокаат, се бркаат што е и многу нормално деца се, што друго да прават, па успут едниот ќе го удри другиот и обратно, и нормално дека ќе ги скарам ќе подвикнам малку, значи и двајцата ги карам, па после ајде си се извинуваат еден на друг и пак по старо. Нормално е да ги скараш само за да не дај боже се повредат несакајќи. Ама да дигнам рака на туѓо дете :blink: па посебно на девет месечно бебе кое појма нема што значи тоа, искрено Катерина си требала и ти да ја лупнеш по рака и да ја избркаш од дома. Нит ти е фамилијала, нит блиска пријателка, туку комшивка. Можела чисто на убав и мил начин да каже Неее срце немој така, али да ја удри по рака :pukam:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или скара детето 22 Јун 2012 05:18 #204749

  • темјанушка
  • темјанушка's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 314
  • Thank you received: 197
More koga bi i se pustila kako osa na taa guska. Veke zabrana za vo kuka. Sto razbira malo bebe, nisto.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или скара детето 22 Јун 2012 05:24 #204750

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Da mi se slucilo ova mene, tolku e od pienjeto kafe so taa komsivka...nitu kaj mene nitu kaj nea. Kako se osmelila :blink:
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или скара детето 22 Јун 2012 05:28 #204753

  • Mama Ane
  • Mama Ane's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Теми: 4990
  • Thank you received: 5193
Во животот мој јас не сум си плеснала дете не па некоја си таму комшивка да ми го плеска, па уште 9 месечно бебе :pukam: :pukam:

Си требала јасно да и го кажеш својот став па макар и се налутила :blabla:
Mackata 13.09.2000
Mangupot 17.10.2006
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или скара детето 22 Јун 2012 05:33 #204757

  • nnatasa
  • nnatasa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 194
  • Thank you received: 164
Katerina sekoja cest sto si ostanala smirena...
jas bogami ke ja podberev komsikata, so i da si mislela i nema ni da i odam (a i bezdrugo ne odam po komsii) nitu pak ke ja viknev vtor pat...

Nikad nema da udram tugjo dete. ama molam boga da ne izede kjotek od nekoe nevospitano dete.

Imam drugar so dve kerki. i dvete gi malterirrase edno komsice masko, ovoj drugarov odel da se razbere so roditelite ama nisto,.. pa po star. Pa na krajot go podbral maliot go zdrvil od kotek... ne gi r'cka devojcinjata veke a plus vikal i dobar den... a roditelive na detevo aber nemale sto se slucuva, nit deka izel kotek nisto... verojatno redovna rabota e kotekot vo toa semejstvo... zalno.

Jas ja ucam da se brani. Da ne pocnuva tepacka ama ako ne biva, da vrati. a toa kubenje pa brckanje prti ko mali, imav i jas edna situacija, bezbolna ama gledam deka kerka mi sega so 3, pocnuva da kapira koj ja igra koj ne, pa sama se trga ... a nie ke si ostaneme komsii pak :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или скара детето 22 Јун 2012 05:42 #204760

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1240
  • Thank you received: 865
На крај уште она како поднавредена си го собра детето и демек чим незнаете да си играте ко деца ќе си одиме.....алоо си мислам кои деца бебиња се тоа не деца што разбираат.
После тоа вриев си викам што сум смотана ама ич незнам да се карам :zid: во животов не сум се скарала со ниту една другарка абе со никој...све онака ај да нема гужви држ-недај ќе си преќутам...а и немало некоја ситуација да ме извади од кожа.
За мене овие ситуации уште се непознати....бебе е сеуште кога ќе порасне и јас ќе ја учам да се брани...прва да не удира ама да се брани.
Ама вака од возрасен човек кога ќе ја скара или удри ...не се снајдов :zid:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или скара детето 22 Јун 2012 05:53 #204764

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
И јас во моментот не би се снашла во смисла да се искарам со комшивката, ама после тоа веројатно би била бесна и после тоа би ја избегнувала. Некој непознат да го стори тоа во парк на пример е тогаш може да збеснам и да се пресметам на лице место :).
Ама пак познавајќи го мојов, посебно на таа возраст околу година дена не би го оставила со друго дете а да не сум залепена до него. Тој сакаше да ги гали бебињата, ама немаше осет и изгледаше како шамар да сака да им врзе и други глупсоти му текнуваа па затоа ни секунда без надзор.
За скарување ако е криво моето нека повели кој сака да му објасне што треба,а што нетреба. Бабите и дедовците секако мораат да го поткаруваат додкеа го чуваат. АМА, да ми го удри некој, па макар и по газе е тогаш :kamsik:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или скара детето 22 Јун 2012 05:54 #204765

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
Те разбира потполно Катерина и јас имав една таква ситуација кога една особа не толку блиска му удри шамар на синко бидејќи го истурил сокот бил немирен итн. И за мене беше тоа прва таква ситуација и незнаев како да изреагирам, не сум човек исто кој се кара, после тоа ми се извинуваше, ама џабе е се, јас као демек ОК ама после си се изнаплакав сама зато што сум смотаница и тиква зелена и не си го заштитив детето не застанав да го одбранам како што доликува на родител. Затоа и со толку гнев и револт го напишав постот. Памет за друг пат, сега не дај боже со било кој да се повтори таква ситуација да посегне некој да го удри очи ќе му извадам, подобро искарај го, ама не си дозволувај да удираш туѓо дете.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или скара детето 22 Јун 2012 05:57 #204767

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
:blink: :wtf: :krsti:

lele katerina ti kako izreagira. 9 mesechno bebe se osudila da mavne po raka?!?!

Edno e da skarash da kazesh nestho da posochish, eve kako shto kaza mikimaus, ne da se udirale nashive, eden vrz drug se najgolemiot del od vremeto, pa kje gi skarash mozebi dvajcata, ili kje gi zaigrash neshto drugo, ili kje im objasnish.. DA SE DZITNESH DA udirash!??!



uh bre..
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или скара детето 22 Јун 2012 06:15 #204777

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
Meyo wrote:
mikimaus, shto zborish be...ne sme zborele za ova.. lele abe kako mene nekoj takov ne mi se pogodi vo vesnik kje ne pishuva mislam..

Да да ... Уште пострашно беше кога после го дискутирав муабетот со некои особи (несакам да навлагам во детаљи) нивната реакција беше Епаа доброоо, не е во ред, ама на секој може да му се случи, непромислена реакција, еве си добила извинување, немој сега да држиш љутина :blink:

едит Сега ми текна на муабети ММ и девер ми што ми ги раскажувале на времето со братучедите кога беснееле обавезно јаделе ќотек од тетки, баби и дедовци и тоа било најнормално. Ден денес се зезаат и се смеаат колку тешка рака имала една од тетките.
Последна промена: 22 Јун 2012 06:18 by Cuvce.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или скара детето 22 Јун 2012 06:17 #204778

  • betty boop
  • betty boop's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 101
  • Thank you received: 77
Sum imala vakva slucka :kamsik: ama tie takvite odma gi brisam od lista na prijateli i bliski :moderator: Nikogas ne sum udrila tugo dete moze da pdviknam malku ama ono si ima roditeli i oni si znaat kako si go vospituvaat. I mislam deka sekoj pred da krene raka na tugo dete (makar toa bilo i na sestra mi)treba da razmisli dali ubavo ke se custvuva ako na negovoto nesto takvo mu se sluci .A toa e normalna pojava kaj decata oni i za nekoja najmala sitnica mozat da se skaraat i potcuknat ke zaplacat i posle oni pak ke si igraat, a bez vrska mi e za toa da se karam so bilo koj osven ako ne posegne da mi go udri moeto e togas :pukam:
Katerina81 ako zenava ne se razbere od zborovi togas nemas potreba od nea :raspolozise
.
gif[/im
g][/url]
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 06:22 #204780

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Никогаш не сум удрила туѓо дете, но сум реагирала со зборови, во ситуација кога децата биле заедно, па се закачаат, и тоа најчесто деца од мои блиски кои си играле со син ми. Но и во тие ситуации се трудам да сум правична, ако моето не е во право не го поддржувам и обратно.

Не ми иде никако. И моево не му се дерам (треба ептен да ме извади од такт за да сторам такво нешто), не па да го удрам, а не пак туѓо дете.

А за комшиката - чао и пријатно. Никогаш ни да ми дојде ни да и појдам.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 06:30 #204782

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1240
  • Thank you received: 865
Исто микимаус иста смотаница сум еве ме....одкако си отиде вријам по дома гледам црвено рачето толку и треба бебе нежна кожа и си викам па добро бре мајку му толку ли сум глупа тиква зелена што за детево незнаев да изреагирам. Ај за други работи што преќутувам таков ми е карактерот никаков ама бар за дете да покажам заби ќе морам да научам.
Ко што викаш лекција за друг пат...а и ти си била доста издржлива...шамар за еден сок богами :kamsik:
Јес да ја закуба стварно знаете мало бебе кога ќе шчепа со раце нешто ко питбул иди па натерај ја да пушти...ама бре ја сум тука ќе ја тргнам, а да ја карам и зборам на 9 месеци што фајде....некад кога ќе подвикнам ако беснее и неможам пелена 5 мин. да и облечам ме гледа и се смее :) уште се тикварчиња зелени.
Толку перипетии дур ја добијам па сега друг за прв пат да ја мавне уште толку мала...... :grr:
Последна промена: 22 Јун 2012 06:32 by Марфи.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 07:04 #204791

  • blair waldorf
  • blair waldorf's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 284
  • Thank you received: 89
јас не сум ја удрила а на глава знае да ми се качи, па некоја си таму да ја допре, а не па да ја удри!!?

Најискрено не знам како не си ја избркала од дома „комшивката“
bebe82
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или скара детето 22 Јун 2012 07:30 #204794

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
Искрено, некој да ми удри дете ќе го има во некролог, а мене слободно нек ме пишува во црна хроника. Абе би ја запалила, сериозно. Некој да ми удри дете, па уште бебе, тешко него. Си останала смирена, можам и јас да се исконтролирам, не дека не можам, но не сакам. Ако некој се осмели да ми удри дете, богами ќе си го добие стапот :kamsik: :pukam:
Луѓево што ме познаваат ме знаат дека сум таква, па да видите чудо си седат мадро во мое присуство и во присуство на моите деца, си викаат ај оваа е откачена подобро да не се чепкаме. И верувајте супер ми е.
Катерина ти изгледа дека си многу добра и фина, па комшивкава се дрзнала да дели правда, мора да покажеш заби душо во животот. Мора да си ја заштитуваш ќерката, затоа служиме ние родителите.
Последна промена: 22 Јун 2012 07:31 by Mama Sani.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 08:07 #204807

  • bubamara
  • bubamara's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Happy mama!
  • Теми: 2461
  • Thank you received: 1233
Искрено ни на сон не ми паднало дека некој може да се дрзне во денешно време да удри туѓо дете, а да не зборам бебе.
Да не е мајка можам да разберам дека има погрешни очекувања од бебиња на 9 месеци, ама тоа пак нема да ја оправда во ниту еден случај ни со повишен тон да му се обрати на моето дете. А таа е мајка, и очекува дека бебе од 9 месеци знае дали кубе или не?! И дека две бебиња не знаат да си играат?!
Искрено сум згрозена, искрено. И јас за многу работи се праам на Тошо и преќутувам ама овакво нешто не би преќутела ни на сон.
Јас имам прилично кротко дете во поглед на закачки со деца (дете кое никогаш ама никогаш буквално не удрила друго дете прва, а бранењето тек од неодамна го совлада на моја радост) и многу пати посебно како помала била удрена. Јас никогаш ама никогаш не сум повишила тон на друго дете, не па да ми текне да го удрам?! И за да престане конфликтот сум зборела во множина, немојте така, треба да си играте, не се закачајте и слично..мислам и нон сенс ми е што воопшто размислувам дека некој удрил туѓо дете и врв на све, бебе, од 9 месеци?!
Јас Катерина да сум на твое место, верувам си се нашла во небрано, ама сега има маста да и ја извадам на таа жена. Кажи и фино лепо дека те фатила апансас и дека од нормален човек ни на крај памет не ти било да очекуваш таква работа, и кажи и дека штом се осудува туѓи бебиња да мава, тешко на нејзиното и дека го жалиш..и дека на запад за ваква работа се одговара кривично и од сега кога ќе ве види треба да бега километар подалеку. И прашај ја, како мајка, како ќе се осеќаше ти да го удриш нејзиното. И дека твоето дете има кој да го воспитува на малку поинаков начин.
Леле.....не ми се верува...никогаш ама никогаш не би се дрзнала да удрам туѓо дете....... :kamsik: :zid:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 08:55 #204820

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
Sega me potsetivte deka ednas vo parkov kaj nas setav so Damjana. Togas bese mala i si znaese da udri bez pricina. Ama jas si ja znaev i stoev do nea koga mislev deka ima sansa da napravi nesto. Se priblizi na 1 bebe vo kolicka i jas preventivno - ne mamicka, vidi kolku e malo, ke go boli. I na majkata i vikam - vo faza da udira e ... Lele koga i se sipa zena - NEEE NE NEEEE NE NEMOJ NE SMEES DA UDIRAS KAKO TAKA? Pa pocna da mafta nesto so racete ... Mislam, helou? Deteto ke mi go izvadese od pamet ... abe se izvadiv od koza. Si go sobrav deteto i si zaminav. Da imase sreka da proba da ja udri ... hehe, ke ne imase po vesnici :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 09:28 #204827

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
Бог да чува ... се изнервирав кога го прочитав првиот пост на Катерина, мислев темава е чисто хипотетички како би реагирале. Што да кажам, може и јас не би се снашла во моментот, и јас се сметам себеси за смотана во односите со луѓето макар што повеќе не се ни трудам да бидам поинаква. Но дефинитивно не би сакала таа госпожа не само повеќе да не ми стапне дома, туку ни да ми биде во близина на детето. Такви негативни суштества кои на таа возраст не сватиле дека не се ни помислува да се крене рака на бебе, што подалеку од детето!
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 10:07 #204842

  • biljann
  • biljann's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Welcome to Bibkoland!
  • Теми: 857
  • Thank you received: 372
Ова е навистина премногу, како може некој да се дрзне да удира туѓо дете па уште и бебче од 9 месеци.Срам да и е на дотичната, штом е толку незрела, таа и на своето дете којзнае што ќе му прави, го жалам.
Јас често сум со дечиња, со внуците, па сум чувала деца од роднини од пријатели и нужно е понекогаш да се искараат (секако со смирен тон, со одбрани зборови, да им се објаснат некои работи) но да удриш дете :zid: :zid: Бог да чува
Не сум родител, незнам како би изреагирала во таа ситуација ама веројатно би било бурно
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 11:00 #204846

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
Значи никогаш не сум удрила туѓо дете, а искрено ми дошло да здробам одредени примероци кога нивните родители ама воопшто не реагираат на нивните дрскости.
И би се налутила многу ако некој се осмели да удри мое дете.
НО, во ситуацијава што ја опиша Катерина да не преувеличуваме сега многу. Првин да го удриш детето по рака не е заебанција поготово 9 месечно. Но она што мене ме чуди да не изигравам сега судија, ама Катерина кога твоево го скубнало нејзиното и тоа почнало да плаче си требала ти прва да реагираш, а не комшиката. Ти си таа која требала да го скара своето дете. Оти ако моето дете е криво (не е битно колкаво е) а во случајав е твоето ти си таа која треба прва да реагира. Мене пак на живци ми одат родители чии деца прават што сакаат и не си го знаат своето место. Па после искача дека другите родители се криви.
Значи физички не оправдувам никаков напад, но и не оправдувам не реагирање од страна на родители кои едноствано си ги оставаат децата да прават што сакаат.

Можеби горе напишаново повеќе важи за малку поголемки деца, но пак ќе речам и во случајов на бебињава, стави се во позиција на другото дете кое е само 4 месеци постаро и кое рикнало и сигурно го заболело скубнатото, ама затоа ти си таа која требало да рипне кога другово заплакало и да го утешиш и да скренеш внимание на твоето на прикладен начин за таа возраст.
Последна промена: 22 Јун 2012 11:03 by macika.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 11:14 #204847

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1240
  • Thank you received: 865
Мацика јас станав во исто време кога и заплака малава....се стрчавме и двете и пред да ја дигнам Матеа, ја опали по раче и почна да вика...оваа па после почна да урла од што ја заболе,сепак е бебе не разбира се уплаши. И одма стана да си оди комшикава пред да се снајдам и да изреагирам....ама памет за друг пат.
Инаку да се сложувам и тоа е најзино дете, и неа ја заболело за своето,ама не се дрзнувај бре да ми маваш дете пред мои очи....и јас сум се нашла во милион ситуации со труп родители кои мува не ги лази ама не ми паднало на памет да пуштам рака.
Ете може е моја грешка што не бев баш до неа...ама дома сме па си викам деца и да се подбутнат ништо, не знаев дека вака ќе изреагира лудачава.
Во право си дека ова е за малку поголеми деца...како да искарам јас бебе, криво е да...ама па мислиш знае нешто...па допрва открива околу неа се...секое дупче и е интересно...ја стварно незнам како на 9 месечно бебе да му објаснам ако знаеш кажи ми молим те па да се поправам.
Не сум јас посесивна мајка...од типот моето никогаш не е криво...си го знам редот...само ме заболе што и го поцрвене рачето некоја кокошка, а ние ко капка вода ја чуваме само тоа.
Кога ќе разбира друг е муабетот да во право си...ама мислам дека е се уште мала за лекции.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 11:21 #204848

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368
Kakva I da bila situacijata non sense mi e da se udri tugo dete. Sto ne mu go zela raceto I ne mu go trgnala? Zosto Toa ne go prasase? Macika, toa sto go kazuvas e za mnooooogu pogolemi deca
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Кога некој друг ќе ви го удри или кара дететo 22 Јун 2012 12:00 #204860

  • mamatobe
  • mamatobe's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1471
  • Thank you received: 601
Ja citam situacijava i nemozam da se nacudam :wtf:
Nemam svoe dete, pa se iznervirav citajki, a mozam da zamislam tebe Katerince kako ti e :(

Dzabe ke se nerviras sega otposle. Si reagirala kako sto si reagirala - toa e.
Sekakvi luge ima na svetov, ama ete, situacijava te spremila za pomatamu i vo idnina ke znaes kako da se postavis sprema takvite.


Every passing minute is another chance to turn it all around.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.