Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Вулгарност пред децата

Вулгарност пред децата 31 Мај 2012 13:14 #201555

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
Не знаев како да ја именувам темава, па ајде да пробаме вака.


Ме интересира ваше мислење за тоа која е границата на вулгарно однесување пред децата? Со ова вулгарно мислам на пцуење, зборување „срамотни“ зборови, зборување за секс, менување на канали ако има некоја секси поза на ТВ и слично... Значи во тие рамки ми е муабетот.


Внуките од сестра ми се 12 и 9 години, значи не се мали, ама сепак тие кога има на ТВ некоја таква сцена сестра ми менува канал и слично. Зет ми е поинаков, пцуе пред нив све живо и баш онака сочно... А тие никогаш не опцуле, само еднаш помалата и вика на мајка и: Мамо ај не ме заебавај! И сестра ми и рече дека тоа не е убаво да зборува така и да не го употребува тој збор.


Пред некој ден се возевме со мм и почна да пцует в кола и јас му викам: ко ќе имаме дете да не те слушнам да пцуеш... и така ни се разврза муабетот, до која возраст да ги држиш во „стаклено звоно“ и да им го претставуваш светот поинаков него што е.


Јас искрено не сакам да се крие од децата ништо, пошто ги почитувам како личности од мали, ама за ова немам изградено цврст став, можеби затоа што кога растев мајка ми која доста пати знаеше да опцуе ни забрануваше да користиме такви зборови и јас ден денес кога сум пред моите не пцујам и не користам такви зборови, незгодно ми е.
Последна промена: 31 Мај 2012 13:14 by Adelle.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вулгарност пред децата 31 Мај 2012 16:28 #201571

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Многу голем противник сум за непристојно изразување пред децата. Пцовки, безобразни зборови, несоодветни муабети. Многу ми е невкусно кога ќе чујам мало дете да пцуе, кажува безобразни зборови. Колку и да е некому смешно и забавно, сепак јас повеќе сакам да чујам убави, паметни зборови кои може да ги научи едно дете, а не такви.

Да знам дека иде време кога ќе почнат да поставуваат секакви прашања од типот - како јас влегов во мешето кај мама? и на тие секако ќе добие одговор соодветен за возраста.
Има слушнато на друго место и му се има случено да му се испушти пред нас да опцуе, а мојата реакција не беше никако дерење, закани и сл. Туку првото прашање кое му го поставив беше - дали знае што значи тоа што го кажал? Па се збуни целиот. :D
Му објаснив дека е срамотен збор и непристојно е да се изразува така, воопшто било кој, а не пак дете и толку беше.
На тв што ќе гледа, секако бираме, бидејќи се знае што смее а што не малолетно дете.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вулгарност пред децата 31 Мај 2012 17:09 #201576

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
Ај да не се правам многу свилена, ама јас не можам да опцујам. Ако треба „мрсен„ виц да кажам црвенеам. А многу ги сакам :opaa: Мм исто не пцуе, т.е никој околу нас не се изразува вулгарно.
Зборување за секс е веќе друг муабет и тоа не го сметам за ништо страшно. Децата знаат дека родителите спијат заедно, ќе дознае и дека така се прават деца итн, се со време.
Што се однесува до вулгарни сцени на телевизија, мене уште ми е срам во присустви на мајка ми и татко ми или не дај боже свекор ми да гледам такво нешто. Фала богу, па и не гледам телевизија скоро ич, и кога гледам некој филм обично е на комјутер и јас и мм сме сами.
Кога ќе учи вулгарни зборови надвор, ќе се оправаме. Ако нема разбирање, барем во наше присуство ќе му биде забрането да се изразува така.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вулгарност пред децата 31 Мај 2012 17:24 #201578

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
Значи, апсолутно го делам ставот против непристојно изразување пред децата, а се згрозувам кога ќе чујам дека намерно ги учат од мали да зборуваат непристојно за да бидат интересни пред други. И ете белчо, баш е во фаза на непрекинато зборување и повторување на се што ќе чуе околу него, па пред некој ден додека ручавме со мм, он седи кај него на столче и почнува:
-Маме, питку мателина. Питку мателина, тате, питку мателина.
Нас јадењето во грло, незнаеме како да реагираме. :blink: И решивме да го игнорираме. Денеска му текна пак. И веројатно ќе продолжи, кога ќе слушне некој по надвор како кажува или некој на сред муабет ќе му се испушти. Неможеш да ја контолираш околината нели. Само, незнам дали да објанувам дека не е во ред или сеуште да се правиме дека не го слушаме :fiju:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вулгарност пред децата 01 Јун 2012 12:40 #201676

  • Nebo
  • Nebo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Смејте се!!!
  • Теми: 1569
  • Thank you received: 700
И јас сум од тие што се гадат кога возрасните намерно ги учат децата да пцујат, кажуваат срамотни зборчиња и сл. не знам со која цел. И не мислам дека е чување "под стаклено ѕвоно" ако не пцујам и не употребувам вулгарни зборови пред детето, и така надвор кога тогаш ќе ги чуе, не мора и ние дома да збориме па да му звучат скорз нормални за употреба. Мм знае да се испиушти да пцуе пред син ми кога вози и на нерв да ми удри, ама барем ни сам не си се правда.

Водолија , син ми имаше ист таков период кога му беше ептен интересно да пцуе, баш се жалев на форумов, јас некогаш го игнорирав, некогаш му кажував дека тоа не е добро, ама еве сега не памтам од кога не опцул. Кратко му траеше. Не мислам дека веќе никогаш нема да пцуе или да збори лоши, вулгарно зборови, од кај знам како ќе биде во градинка, па на училиште, ама влегува во глава од дома ученото. И јас имав тинејџерски период кога ко кочијаш пцуев на секој втор збор, а од дома бев учена дека е лошо (иако моиве како стареат почесто пцујат :wtf: ).
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вулгарност пред децата 01 Јун 2012 13:10 #201681

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
Добро, ај вашите дечиња се сепак помали, ама мене ме интересира и за поголеми, таму после 10-15 години? Значи дали да го тераш детето да си биде пред тебе тоа што е, или да се прави дека е нешто што ние сакаме да биде? Во смисол на пцуење и слично.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вулгарност пред децата 01 Јун 2012 18:10 #201724

  • MamaMaja
  • MamaMaja's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Just one happy mum
  • Теми: 915
  • Thank you received: 483
Adelle wrote:
Добро, ај вашите дечиња се сепак помали, ама мене ме интересира и за поголеми, таму после 10-15 години? Значи дали да го тераш детето да си биде пред тебе тоа што е, или да се прави дека е нешто што ние сакаме да биде? Во смисол на пцуење и слично.

Како иде? Весело....

Ама едноставно сметам дека и тоа е вентил на кој децата се празнат, се докажуваат, се пробуваат колку и како може. Се додека не преминува во вулгаризам, дозволувам.

Пцуењето јас лично не го сметам за нешто страшно, можда затоа што и мене ми се случува.
Некои псовки кои се широко распространети едноставно се дел од вербалната комуникација, ама не во дијалог, така ретко ги употребувам, само кога возам пцујам други луѓе, ми се случува да кажам, на пример: У ПМ више од ова врнењево! и слично...

Мене ми е многу полошо кога родителите немаат јасна слика за децата, значи тоа дете дома е примерно, не пцуе, не зборува вулгарности, а кога ќе излезе надвор, да му се повраќа на тој што слуша.
Често сум на игралиптето со Максим и имам прилика да ги слушам децата одблиску како зборуваат и како комуницираат меѓу себе и навистина често се згрозувам од муабетите, начинот на обраќање, комуникацијата и слично.
Баш денеска за тоа разговаравме со другите мајки со мали деца, и сите бевме со ист заклучок :jok:
Сонцето 28.05.1993
Месечината 06.08.1997
Ѕвездичката 28.11.2007
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вулгарност пред децата 02 Јун 2012 05:17 #201763

  • Adelle
  • Adelle's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Broken...
  • Теми: 1225
  • Thank you received: 643
MamaMaja wrote:
Мене ми е многу полошо кога родителите немаат јасна слика за децата, значи тоа дете дома е примерно, не пцуе, не зборува вулгарности, а кога ќе излезе надвор, да му се повраќа на тој што слуша.
Често сум на игралиптето со Максим и имам прилика да ги слушам децата одблиску како зборуваат и како комуницираат меѓу себе и навистина често се згрозувам од муабетите, начинот на обраќање, комуникацијата и слично.

Ова ми беше муабетот од преходниот пост :)

И јас сум на такво мислење, дека подобро да знам какво дете имам отколку да се крие и во друштво да е полошо. Јас бев таков пример, ама среќа само извесен период, после ми помина. Дома не смеевме да пцуеме или било каков грд збор да користиме, а кога бев во друштво само тоа правев (а бев 8 одд). Јас не би сакала така да прават моите деца, па затоа прашувам која е границата кога на детето му се дозволува, па кога треба да се речит е сега доста ова е претерано.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вулгарност пред децата 02 Јун 2012 07:46 #201784

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Кога беа помали пазев на псуењето. Јас ретко псујам, треба ептен да сум извадена од колосек за да се распсујам, ама затоа мм знаеше често да одвали пред децата, па стално го мував у ребра ако ми е при рака и му викав да пази како се изразува пред нив.
Имавме еден период кога на свекор ми му беше интересно да го учи внукот да псуе. Јас се лутев за тоа, и тогаш кога малово почна да го срами пред луѓе и од интересно стана невоспитано, сам си се корегираше, а малово како брзо научи така и брзо заборави.
Сега не псујат дома, барем не пред мене, а какви се надвор со други деца не знам- не искачаме заедно :kez:
Канали на ТВ не сум менувала, а сексот не сакам да го наметнам како табу тема, напротив, отворено разговарам со нив за тоа посебно со ќерка ми. Малово уште не пројавило интерес на таа тема :P Со него сега сме во друга фаза на правење глупости.
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вулгарност пред децата 11 Јул 2014 22:49 #251379

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Generalno ne sme tipovi koi koristat vulgaren jazik, ne pcueme ednostavno, ne e deka se vozdrzuvame.
Od druga stana sum slusnala deca koi koristat vulgarnosti, za mene e nevkusno da slusam deca da koristat jazik koj ne im dolikuva na vozrasni, a ne pak na deca.
Imame komsivce kaj moite abe da ti se zgadi od muabetite koi gi zboruva, kade gi slusa ovie zborovi ako ne doma, navodno vo gradinka, jas ne veruvam, pa kakvi i da se uciletkite vo gradinka deka ne bi reagirale na vulgarni zborovi.
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.