Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Детски лудории

Детски лудории 19 Авг 2011 07:02 #148965

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Позитивни или не, сакале ние или не, се случуваат. Некогаш знаат да не насмеат, некогаш да не изнервираат или пак да не исплашат.
Последното нешто кое ни го приреди синко (и беше инспирација за темава) е вчера, кога со камче- како креда му личело, ја украси новата кола на дедо му :zelen:
прво се изнервиравме сите, оти колата нема ни година, а тој си цртал по неа - на гепекот и на капачето за бензин. ама после мене ми беше смешно (на само) оти сфатив во што е работата - си цртал со кредата на бекатон плочките долу, па не му се гледало добро и детето се обидело да ја украси колата, која привлекува со својата металик бордо боја :skok:

татко му не беше толку „воодушевен„, туку се изнеривра максимално, што секако е ОК, оти како што вели ќе го направи тоа на друга туѓа кола и нема да имаат тие луѓе разбирање, како дедо му на Никола. секако следуваше објаснување и советување да не се повторува тоа и тн. итн

кажете вие некоја детска лудорија и секако вашата реакција потоа ?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски лудории 19 Авг 2011 07:45 #148983

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
Баш ме потсети ова со сликањето/цртањето. Ива многусака да црта, ама обично си зема ливче хартија, и си црта таму, или во боенка.

Имаме еден ѕид (поточно столб - носач) во нејзината соба кај што ја мериме и пишуваме со фломастер колку пораснала. Ама има само неколку цртички и толку...Тоа најверојатно ја асоцирало дека тој столб е за цртање и еден ден влегуваме во соба и што да видиме, целиот ишкртан...Прво се изнервиравме со мм, ама знаејќи го дека може да избувне, ја превзедов работата во мои раце:) И кажав дека не шкртаме по ѕидови, но веќе кога го ишкртала овој столб, нека и служи како ѕид за пишување, ама другите ѕидови во станот не смее да ги гиба...




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 19 Авг 2011 07:45 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Детски лудории 19 Авг 2011 07:56 #148990

  • bart
  • bart's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2895
  • Thank you received: 1855
Оооо, ние имаме еден тон вакви лудории со син ми: од ставање нокшир во микровална за да се стопли (како помал) до кршење на врата пред некој ден- нервозно било детето- ќе го здробев. Шкртањето по зидови веќе не го ни рачунам. Ма цел елаборат можам да напишам на темава...
Idem...padnem...ustanem...popravim krunu...i nastavim dalje
Idem...padnem...ustanem...je*em mater onom ko me gurnuo...i nastavim dalje
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.