Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Казни...

Ре: Казни... 26 Мар 2011 22:53 #125713

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Лавче се согласувам со вториот дел од постот, убаво кажано. Но со првиот дел не се согласувам, иако има логика твоето мислење дека може да го замрази креветчето. Некое место за казна мора да постои (тоа е моето скромно мислење), а ќерка ми е се уште мала за црвено столче (нема сила што ќе ја натера да седи таму ако не сака). Планирам да и го воведам кога ќе потпорасне ако се уште е толку своеглава и ако ми дава поводи за казнување...

Уф како звучи, како Денис напаст, всушност Јана е едно многу мило, весело и добродушно дете, но истовремено и многу тврдоглава, инаетлива и ужасно грлата кога нешто не и е по ќејф :tupco:

Пример од сабалево: требаше да ја носам со такси на прошетка со другарките. Но на нејзе ужасно и се спиеше, ги виде децата пред зграда и сакаше да остане таму, не сакаше да влезе во такси, не стоеше до мене мирна за да ја склопам количката туку ми бегаше, се трескаше од земја и врескаше за да оди кај децата. Мене ми пукна филм, си ги собрав парталите и ја вратив дома, ништо ни од прошетка ни бутур. Тоа и беше казната. Сепак во случајов јас бев крива, мојата грешка беше што наместо да ја оставам дома да спие, ја мкнев навака-натака, односно сакав да ги занемарам нејзините потреби во моментот, со цел да ја фати воздух и сонце. Но очигледно не се оди со глава во ѕид. Значи некогаш и ние сме криви за однесувањето на своите деца.

Знам само дека вечер пак ќе размислувам дали моите постапки како родител се правилни или не, пак, по стоти пат.
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Казни... 26 Мар 2011 23:11 #125716

  • lavce
  • lavce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • I Believe I Can Fly
  • Теми: 1158
  • Thank you received: 719
  • Карма: 90
И јас се слагам со тебе :laugh:
Можеби за столче или ќош е мала да се заседи, но мора да има начин и место освен креветче, можеби еве оние оградиците за играње кои сега сигурно и се превазиџена ствар или нешто слично :poimnemam:

А се слагам и со тоа дека во случајов ти си била повеќе за казна, одошто Јаничка миличка...Ти сакаш со твоите другарки да поминеш време на кафе или шетња, а она со нејзините пред зграда да си игра...Се слагам дека ние сме нестрпливи, практични, досадни, возрасни и понекогаш не разбираме дека се тоа се фази во развојот и дека се ќе помине, без напор, мака, мислење, казни итн...Не се обвинувај Синоличка, повеќе од сигурна сум по она што те читам дека си супер млада мајка, сите правиме грешки и се обвинуваме поготово со децата, а се е толку релативно и неважно за толку многу мислење....Како викаат животот е она што ни се случува додека ние кроиме планови и се мислиме што и како, какви да бидеме, со децата, со пријателите, со шефовите...едноставно биди природна, биди таа, не мачи се да бидеш -мајка по книга- знам дека ќе те сака и ќе те почитува само и единствено поради љубовта која ќе ја осеќа од тебе и знам дека повеќе или помалку ќе влијаат и други фактори во образувањето на нејзината личност за кои ти сега се обвинуваш, а со ниту една казна не ќе можеш да ги смениш. Неможеме да бидеме и супер домаќинки, и супер кариеристки и супер пријателки и супер мајки во исто време. Кога сакаш да се дружиш со другарките, кои ако немаат деца на нејзина возраст, остави ја Јана кај баба, тато, дедо итн. да и посветат време, а ти посвети си себе и така кога ќе се сретнете ќе бидете и двете задоволни...:hug: :kiss:
...Medo Brundo, sad zaigraj ludo, Medo Brundo desilo se chudo
Medo Brundo, nauchio si sve, kad u neshto verujesh desiche ti se...
Последна промена: 26 Мар 2011 23:14 by lavce.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Синоличка

Ре: Казни... 26 Мар 2011 23:26 #125717

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Лавче ти си нашиот гуру :laugh:

Точно дека не може да се биде супер-мама, супер-сопруга, супер-другарка, супер-кариеристка, супер-домаќинка, во едно, но скоро сите ние се трудиме да бидеме се ова, секој ден, и тука доаѓа куршлусот :laugh: Но да не бидам оф топик.

Околу казните, битно е никогаш да не се казнуваат децата поради нашето моментално расположение за ситници, од типот, малку била палава ама јас сум нервозна па ќе и дадам тајм аут. Ова досега не сум го направила (а сум била во искушение, признавам). Казната, каква што ќе ја одреди родителот, мора да е само и единствено поради крајно лошо/несоодветно/непослушно однесување на детето, а не поради било што друго. Денес Јана доби невиден излив на бес, цела населба дозна. Немав друг избор наместо да ја вратам дома.

Ми се бендиса постот на Еличка, Јана исто е многу чувствителна и јас внимавам да не и се дерам (иако понекогаш верувајте е тешко) дури и кога ја ставам под казна избегавам да и се дерам, знам дека тоа тешко и паѓа.
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: lavce, Cveta

Ре: Казни... 16 Јун 2011 17:24 #142018

  • Nikolina008
  • Nikolina008's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 103
  • Thank you received: 11
  • Карма: 0
Сакам да ве прашам, што ако детето се противи и несака да седи само во собата. Што ако и покрај тоа што ти му велиш седи таму, не излегувај, направи нешто лошо и сега нема да си играш, гледаш цртани и слично тоа упорно не ве слуша. Еве јас вчера после не знам колку опомени му реков да седи во соба 5 мин и дури тогаш повторно ке си играме и ке разговараме но тој не сакаше да седи. Не плачеше, упорно ми велеше не седам, ке дојдам по тебе, не седам, јас застанав на врата за да не излезе а тој ме бутка, и сака преку мене да помине и така на врата ни поминаа минутите. Разговор некогаш пали но некогаш и не. Знае за работи за кои најчесто ме слуша да ми води инает..да бидам искрена ми се случува и да го плеснам по газето или по рачето, колку и да знам дека не треба во одредени моменти немам друг излез.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Казни... 11 Авг 2011 17:48 #147837

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Edna tehnika od web za supper nanny. Koga deteto kje manifestira losho odnesuvanje togash odberete nekoe mesto koe ne smee da bide vrzano so spiienje, jadenje i igranje, zatoa shto decata moze lesno da ja povrzat kaznata so ovie 3 raboti pa da se otvori nov problem. Znaci najneinteresnoto mesto vo sobata kade vie kje mozete da prodolzite so aktivostite, a deteto kje ve gleda. Jas go izbrav mestoto na zid prema balkonskata vrata kade ogradata e zid i mora da gleda vo zidot :) od edna strana a vo frizider od druga strana. Tamu postavivme stolche malecko. I za sekoja godina na deteto kaznata e tolku minuti. POvekje nema efekt. Ako postavite shtoperka deteto samo kje ceka da pomine vremeto. Bitno e i kako go stavate pod kazna, bez vikanje i nervozno odnesuvanje, stavete go na stolcheto, kleknete na negova visina i pobarajte da ve pogledne, objasnete mu kratko zoshto e kaznet,stanete zaminete, i prodolzete so aktivnosta shto ste ja pravele. Ako stane povtorno povtorete ja procedurata, Mnogu e vazno da kleknete na negovo nivo i koga kje go vratite samo kratko mu objasnuvate deka kje sedi dodeka ne svati shto napravil. Ima 3 opcii koi kje gi pravi deteto.

1. kje place. togash vie treba povtorno da se simnete na negovo nivo i da pobarate da se smiri i da vi kaze so normalen glas zoshto plache, koga kje se smiri, kje mu objasnite povtorno zoshto e kaznet, kratko i kje zaminete.

2. da stane. Togash tivko kje go vratite i kje mu kazete deka ova e kazna i ne smee ako stanuva povtoruvate procedurata dodeka ne ja izdrzi kaznata.

3. kje svati pa kje proba so itrina (molbi ubeduvanja da ve izmanipulira) i togash kje bidete istrajna i kje predocite deka koga kje mu zavrshi kaznata kje go islushate. (pogolemi deca go pravat ova),

od koga kje zavrshat minutite kje dojdete do nego i kje pobarate da vi kaze dokolku zboruva dali znae zoshto e kaznet i da vi povtori, povtoruvajki i pamti. Kje go naterate a da vi e izvini i kje se smirite i gushnete.

Mora uporno i funkcionira. Posle nekoe vreme koga kje kazete kje ve sednam na stolcheto ja znae procedurata i iko ne mu e zastrashuvschka vo mnogu navrati se cuvstvuva navredeno ili mu e dosadno pa kj ve poslusha.

Jas ja vospostaviv za 3 dena, i nekolku nedeli ni sme se karale ni sme povishile ton i navistina mnogu slushaat.

Nekolku napomeni, ne smee precesto da se koristi i umno treba da se biraat bitkite! Mi treba 2 godini da svatam deka vaka prezentiranite tehniki koi ni deluvaat suvoparno, za neinteligentni osobi, i licno mene mnogu americki navistina funkcioniraat perfektno dokolku vo celost se pocituvaat no treba da se odbere odgovarachka tehnika za odgovaracko dete vo odgovarachka situacija. Pa verojatno taa e majstorijata za dobro roditeltvo. Toplo vi ja rpeorachuvam tehnikata mnogu e neinvazivna a vrshi ogromna rabota, posebno kaj mene zavrshi so temepramentniot koj i koga stoi vo mesto cupka od shto e zivec celiot.
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamaAnita, vistina, Cuvce

Ре: Казни... 11 Авг 2011 18:55 #147850

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Нас оваа тактика ни ја правеа во градинка уште пред повеке од 20 години.Ако направевме нешто лошо требаше одредено време да стоиме свртени кој ѕидот и в кош! Стварно функционираше :laugh:


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Казни... 11 Авг 2011 19:01 #147851

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
a pred 40 god. klecele na kolenici,a pod niv istureno zrna pcenka.ne da bolelo,uf... od prikaznite na tatko mi :laugh:

sala na strana, ,,crveno stolce,, e najsigurna varijanta koga stanuva zbor za kazni.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frogy

Ре: Казни... 27 Ное 2011 19:49 #166772

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Јас кога бев мала ништо неќев да јадам освен „Животинско царство“. :hahaha:
Кога се враќаше мајка ми од работа, цело време во ташната гледав и си замислував како „таму некаде“ е моето чоколатце. :tupco: И само така ме тераа да јадам, демек ако изедам, чоколатце, ако не - ништо. Но, еднаш и покрај тоа неќев да јадам (а костур бев) и татко ми ептен се изнервира и ми нареди да одам во моја соба и до вечер ништо нема јадење. И така, после цел ден нејадење, вечерта ко попче јадев од ручекот. :hahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Казни... 27 Ное 2011 20:34 #166788

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
neda si ja dobi prvata kazna :zelen: 3 dena ne dobi desert zoshto kaj baba i izela blago kolku za cela nedela. ne praveshe problem, plachenje-ligavenje povekje beshe. a ja preduprediv pred da pojde na gosti.
vikendov pak beshe i pred da izleze mi vika, kje jadam samo ednash posle ruchek i me prasha dali vo toj sluchaj kje dobie utre mafini. i navistina zemala blagce samo ednsah a sestra i ja provocirala za da vidi dali kje padne vo iskushenie.

misija uspeshna :)

imashe obid za treskanje od zemja ama znae deka kaj mene toa ne proagja, za razlika do kaj babite. koga ima indicii za takvo neshto i vikam da se dere i plache poglasno, ama da ja zatvori vratata od soba pa koga kje zavrshi da dojde. kje me pogledne samo :blink: i vednash prodolzuva so igrata.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Helix

Ре: Казни... 28 Ное 2011 07:39 #166870

  • Helix
  • Helix's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • I never think of the future - it comes soon enough
  • Теми: 1642
  • Thank you received: 1126
  • Карма: 3
Mama Vase wrote:

imashe obid za treskanje od zemja ama znae deka kaj mene toa ne proagja, za razlika do kaj babite. koga ima indicii za takvo neshto i vikam da se dere i plache poglasno, ama da ja zatvori vratata od soba pa koga kje zavrshi da dojde.

Иста си ко мајка ми :muahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Казни... 28 Ное 2011 07:50 #166876

  • None-bt
  • None-bt's Avatar
  • Offline
  • senior
  • crazy family :-)
  • Теми: 1428
  • Thank you received: 922
  • Карма: 7
уф мама Васе и јас некогаш пробувам со оваа тактика ама не ми врви кај Ана, веројатно е сеуште многу мала за да ме сфати што и велам. Кога ќе претера со нешто тогаш ја карам, ако ептен ја има претерано ќе ја седнам на кревет и и велам дека не смее да мрдне од таму, таа почнува да плачи/вришти, јас на тоа и велам ако може и посилно да вика, ама нема некој ефект, си продолжува да вришти дури и гласот и се фаќа. Н
The administrator has disabled public write access.

Ре: Казни... 28 Ное 2011 08:01 #166879

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Ноне, мала е за да сфати такви казни. Јас пробував со такви мерки кај син ми, ама немаше ефект. Од една страна тој беше револтиран пошто е оставен во друга соба, а од друга страна бељите се повторуваа со ист интензитет.

Со ќерка ми применувам друг метод, не да ја казнувам туку да и го одвлекувам вниманието или да не реагирам бурно ако видам дека сака да направи некоја беља.
Конкретно, летоска кога бевме на одмор, само што се сместивме во апартманот сфативме со мм дека сме заборавиле да понесеме штитници за штекери. И така, во сите отворени штекери ставивме полначи за мобилен, сијалички, ама еден штекер остана незаштитен. Го камуфлиравме со картон и селотејп, ама многу лесно можеше да се отстрани.
Ана кога му се приближи, ја подаде раката накај картонот, јас бев до неа и не изреагирав. Таа само го погали картонот и продолжи да си игра со други работи. Да и речев во тој момент „Немој„ или „Џиш„ или нешто слично, таа повторно ќе сакаше да оди и да види што има таму.

Едит: Имало ситуации кога упорно сака да направи нешто, а и покрај моите обиди да и го свртам вниманието таа упорно сака да го направи тоа. Тогаш и дозволувам на кратко да направи тоа што го наумила (пр. да мие раце под ладна вода) и после одма и го одвлекувам вниманието со нешто друго. Има ефект. Таа е задоволна е што сепак ја остварила целта, а јас пошто завршилo натегнувањето. Или ако сака да лизне од пиперката која е кисела, ќе и дозволам и кога ќе види дека не е вкусно, сама се повлекува
Последна промена: 28 Ное 2011 08:44 by Marge.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: None-bt

Ре: Казни... 28 Ное 2011 10:34 #166903

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Јас исто го применувам методод на одвлекување внимание. За казни не ме бива, пробав 2-3 пати да го карам, ама ме фаќа смеа што звучам како моите и се откажувам :laugh:.
Деновиве открив и нова тактика за кога ќе почне да беснее, да вреска и да се треска од земја. Глумам и јас дека плачам и се жалам како синчето не ме слуша па затоа сум тажна и сентименталко мој доаѓа, ми ги трга рацете од лице, па ако имам прамени коса ги расчистувада ме види, па ќе се погушкаме малку и како да не било ништо продолжува весел и среќен. Мислам дека ова дава резултати зошто сега во ситуации кога само што ќе слушне „НЕ“ и почнуваше да вреска, сега почнува да мижи, ги стега силно очињата и глуми дека плаче, со рацете во тупаници стегнати. По некое време ќе го подотвори едното окце, да види што се случува и пак после мижи. Јас не знам дали да плачам или :rofl:. Ако види дека не го тешам се откажува од намерата и сам си наоѓа друга занимација.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Казни... 29 Ное 2011 03:32 #167041

  • Elenika
  • Elenika's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 398
  • Thank you received: 552
  • Карма: 0
И јас го применував методот на глумење демек плачам кога синко имаше 2-2,5 години и доста време тоа ми успеваше, ама веќе не :ne: .
Сега гледам како Sanja да не кажувам пречесто не, туку со позитивна замена за тоа што го намислил да го направи - не му викам не се валкај по подот, туку ајде да ги извадиме количките и да се тркаме, мене ова ми е досадно.
Кога вришти и е неподнослив, му приоѓам полека на коленици и го гушкам за да го утешам и му кажувам колку го сакам и пак пробувам да најдам замена за тоа што не му е дозволено. Исто и наградите кај нас успеваат - ајде ќе го издуваме носето, па мама ќе ти даде од црвеното чоколадце или ќе се тркаме до бањата за да измиеме рачиња и после ќе гледаме цртан филм заедно.
Петлето 23.06.2008
Коковчето 18.08.2011
The administrator has disabled public write access.

Ре: Казни... 29 Ное 2011 05:27 #167055

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Казните зависат од возраста на дететот, од 2-2,5 години сега вака од искуство мислам дека најдобра техника е одвлекување внимание, секако кога ќе направи некоја беља треба да се искара со малку повисок тон, ама ако почне да се треска од земја и да вришти тогаш одма треба да му се сврти вниманието на нешто друго. Е кога ќе почне да разбира и да зборува тогаш веќе апсолутно се согласувам со техниката на мама-маја. Јас ги гледав сериите на suppernanny каде со оваа техника успеваше да ги смири најбесните и најневоспитаните деца кои дури и ги вреѓаа своите родители. Мама-маја има само еден чекор испуштено а тоа е дека кога ќе почне детето да беснее прво се вртиш накај него се спушташ не негова висини го фаќаш за дланките и му викаш немој да правиш така, несакам да правиш така, ова е мојата последна опомена, ако направиш уште еднаш така ќе одиш во лошо ќоше, за целото тоа време треба да имате строг тон и да го гледате право во очи. Ако направи беља без размислување го носите во лошо ќошо и понатаму се постапува како што објаснува мама-маја. Многу е битно да не се пропушти ниту еден од овие чекори инаку нема да биде успешно. Јас ова го применувам со мојот багабонт и стварно делува, два пати седеше во лошо ќоше, јас бев во негова близина за да ме гледа но бев свртена со грб, инаку многу се трауматизира ако го оставам сам во соба, и сега веќе можам да кажам дека кога ќе го опоменам он веќе се смирува.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Казни... 09 Дек 2011 18:24 #169834

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
Kaj nas odlicno funkcionira tehnikata "odi vo drugata soba" primer, se klacka na stolceto i mesa vo supata, kenka se luti zasto sme ja prekinale vo igrata za da ruca ili sl., jas ja stanuvam od masa, ja nosam vo nejzinata soba i i kazuvam da ostane tamu dodeka da saka da sedne i da ruca. posle nepolna minutka se vraka vo kujna i jade, ili koga ne saka da prekine so video igrite na ist nacin, bez vikanje, karanje i nervoza, smireno ja otstranuvam od prostorijata kade sto pocnuva problemot. Ne znam do koga ke bide ova vo funkcija sega za sega dobro e :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Казни... 13 Дек 2011 07:28 #170487

  • mamaAnita
  • mamaAnita's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Теми: 828
  • Thank you received: 572
  • Карма: 9
Во последно време за казна почнав да им пишувам минуси. Кога ќе направат нешто што не треба (обично кога ќе збеснат, ќе се закараат, затепаат, ќе си речат глупава :) ) добиваат минус за да смирам ситуација. И многу ги погаѓа тоа. Е сега, постои опција да се избрише минусот, ако 5 минути бидат мирни. Тоа 5мин. може да трае и подолго се додека не се смират. Па обично се смируваат за да немаат минус. Сега за сега успешна казна.:)
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Синоличка

Ре: Казни... 25 Дек 2011 12:33 #172633

  • Ariel
  • Ariel's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 295
  • Thank you received: 62
  • Карма: 12
Moeto prasanje e dali se moive dovolno golemi deca za da pocnam da im voveduvam kazni ili treba da pocekam. Inace nes e nesto mnogu razmazeni spored mene ama ima momenti koga preteruvaat. Primer najmnogu gi sakaat telefonite e sega koga ke im gi zememe ima vristenje i treskanje od zemja osobeno maskoto. Tolku znae da se zaplace sto legnuva na pod i si ja udira glavat od zemja. Soprugot smeta deka treba da go ostavime da se isplace ili da go stavime vo krevetce nekoja minuta ama nikako da ne mu go dademe telefonot zasto taka ke sme go razmazele. Toa e eden od primerite, smetate li deka ednogodisni deca treba da bidat kaznuvani ili seuste se mali za kazni.
jas se obiduvam da im zboruvam sto ne treba da pravat i ponekogas ima ama ponekogas i nema rezultat. Se obiduvam da gi zanimavam so nesto drugo koga ke se razlutat ama ne sekogas uspeva.
Znaci me interesira od koga pocnavte so voveduvanje kazni i dali e ova seuste rana vozrast ili pak veke e vreme da se vospostavi red.
Pozdrav
The administrator has disabled public write access.

Ре: Казни... 25 Дек 2011 15:51 #172660

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Ariel, napravili ste gresku sto ste bebama uopste dali telefone i ni slucajno ih zbog toga ne treba kaznjavati..nema davanja telefona, nema vristanja..

Deca obicno rade ono sto ne treba da bi nam skrenuli paznju na nase ponasanje i uvek prvo treba pomisliti na to..jako sam protiv kaznjavanja male dece iz svog iskustva mogu da kazem da je nagradjivanje mnogo bolja opcija..
Naravno, ne nagraditi dete za bezobrazluk, nego mu razgovorom skrenuti paznju i obecati mu neku nagradu ako se takvo ponasanje ne ponovi..nagrada ne mora biti uvek materijalna..

Kazne pale kod skolske dece, kada su greske i vece i stetnije po njih same..moj sin zna da bude kaznjen kada zbog kompjutera popusti u skoli, pa mu se taj kompjuter zakine dok ne popravi ocene..i nema popustanja, dosledna sam do daske..
Zbog niceg drugog do sada nije bio kaznjen, sve ostalo smo resili razgovorom..
Dora jos uvek ni jednom nije kaznjena..ali zato mi se desava da ozvalavim pricajuci i pricajuci..
Koliko puta mi je sin cak i rekao.."Mama, lakse bi mi bilo da me kaznis, nego da mi toliko pricas"
Mislim da je time sve receno..
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Казни... 21 Јан 2015 22:59 #253480

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
  • Карма: 11
Nie primenuvame nagradi mnogu retko zakzi, i toa poveke go motivira da bide poslusen. Na primer ako e dobar na testot sto go imaat sekoj petok, vo zavisnost od poenite dobiva pomala ili pogolema nagrada. Najceto cokolado ili sladoled t.e. nesto sto ne go praktikuvame sekoj den, mu e kako posebna nagdrada.
Ako pretera mu se odzema pravoto da gleda TV primer i nema popustanje se dodeka ne se izvini.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2