Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете!

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 08 Јан 2010 21:12 #11858

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7894
  • Thank you received: 5648
  • Карма: 121
Можеби насловот на темава не е баш соодветен, ама тоа ми текна во моментов!
Имено кога ќе го скарам Никола, а тоа во последно време е се почесто, оти имам чувство како да се води по онаа - од едно уво влегува од друго излегува, :laugh: и ќе подвикнам посилно ме опоменува - Немој да ми се дереш! :huh:

Мене искрено кога прв пат ми го рече ова ме остави без зборови, но потоа кога подразмислив сфатив дека е во право. Едноставно сака кон него да се однесуваме како кон возрасна личност.

И секој пат кога мојот став е таков има повеќе успех во нашата комуникација, отколку кога ќе почнам да се расправам со него - во тој случај работата завршува со солзи и нервози и ништо не е решено на крај.

Како вие ги решавате недоразбирањата со овие мали мудри глави? И дали ви се случило да од нив научите нешто во смисла на решавање проблеми и начин на комуникација?
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 08 Јан 2010 21:15 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 08 Јан 2010 23:13 #11873

  • Jasmina,mina
  • Jasmina,mina's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Животот е убав :)
  • Теми: 105
  • Thank you received: 7
  • Карма: 15
да,јас сум таа на која моето дете ми го смени правецот во воспитувањето кој е поинаков од оној ,,со дерење,,кој води до создавање нервоза кај самото дете,до повлекување во себе,несигурност,губење на самодоверба!Имено кога ќе се случеше нешто кое што јас сметав дека не е во ред ајде конкретен пример,конкретно за лани кога ќе ми се пожалеше наставничката дека не внимава на час,дека си зборува на час си станува кога сака и и вели ,,мене ми е досадно,,!Толку трагично го сваќав тоа што кога ќе ја земев од училиште постојано се каравме дома значи баш со ,,дерење,,зошто така се однесува ,,уште еднаш вака однесувај се и ќе добиеш казна,ќе те преместам во друго училиште,нема да го добиеш омилениот цртан на двд и милион глупости! понекогаш ноќе не спиев,како да бог знае што се случило,при тоа не имајќи го на ум фактот дека таа има едвај 6 години и дека не и јасен поимот час,наставник,мал одмор,голем одмор!Сета таа нервоза што ја чувствував лани во прво одделение придонесе да на крај на годината детево се повлече стане екстремно мирно,но страшно несигурно и во она што го знае перфектно,и набив таков страв од наставничката да детето се плашеше секој ден што ќе прокоментира за неа кога ја земав!Потоа следуваа коментари од наставничката,,многу е повлечена,фалете ја малку повеќе дома тоа и треба,има огромен капацитет а се плаши од мене,се плаше да каже нешто од страв да не и викам(и се дерам)!Летото свртев нов лист,колку и детето направеше нешто недобро за мој критерум добро и лошо,јас делував полека смирено со разговор,,зошто вака направи мама,ова не е добро,јас сум сигурна дека умееш поинаку и подобро,како ќе си ја поправиош сега грешката,,го натерав детево да размислува,го храбрев многу и детево полека полека почна да се менува и многу очигледна беше промената!Му дадов простор да се отвора да покаже што чувствува,дали е тоа добро или не,ја фалев многууу пофалбата има позитивна страна во оваа ситуација!И забележав дека детето има појака самодоверба дека сигурноста во себе и беше многу поголема!Кога тргна во училиште резултатите испливуваа на површина,знаењето без проблем си го изнесуваше без страв дека ако згреши некој ќе и се ДЕРЕ!!!Се случи да од 7 задачи згреши на најлесните и кога дојдов на врата целата ,,скисната,,ме гледа во очи,,јас згрешив на наједноставните но најтешките ми се супер,,на тоа јас и реков дека тестот ти е одличен мама и дека најтешките се најбитни,секако и лесните се битни,но до најтешките се доаѓа кога ќе се совладаат најлесните!Така оваа година моето заспано детенце од лани стана најдобар ученик на полугодие во одделение со доста јаки дечиња по успех!Најмногу од се ме радува тоа што е многу посигурна во своето знаење и го изнесува без проблем!Ако продолжев со ДЕРЕЊЕ бог знае до каде ќе стигневме!Сигурно ќе имаше негативни ефекти!Затоа сите ни еродителите треба да си ставиме прст на глава и да размислиме дека децата се препаметни малку да се симнеме на нивно ниво и да размислиме,па зарем ние сме биле поинакви на таа возраст!А децата си бараат свое право,бидејќи се пред се личности!Секое дете си е посебна личност со свои емоции,потреби,барања и секое дете е различна индивидуа,впрочем како и ние возрасните!
Последна промена: 08 Јан 2010 23:21 by Jasmina,mina.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Sara, Синоличка, Mladenovska, julija

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 08 Јан 2010 23:48 #11881

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
  • Карма: 347
Jasmina,mina напишал/а:
Затоа сите ни еродителите треба да си ставиме прст на глава и да размислиме дека децата се препаметни малку да се симнеме на нивно ниво и да размислиме,па зарем ние сме биле поинакви на таа возраст!А децата си бараат свое право,бидејќи се пред се личности!Секое дете си е посебна личност со свои емоции,потреби,барања и секое дете е различна индивидуа,впрочем како и ние возрасните!

Jasmina,mina, заиста сјајан пост, свака част!!!

После твојих речи заиста немам шта да додам и сматрам да га сви родитељи требају прочитати..

Према својој деци се заиста трудим да се понашам са што мање нервозе, да их уважавам као личности и да поштујем њихове жеље о потребе..и што је најважније, не намећем им своје мишљење, само се трудим да их што неприметније усмерим..од викања, галаме тешко да неко може имати користи, тога сам свесна, па и кад ми се понекад деси да повисим тон, брзо се тргнем и повучем..
Ништа као миран разговор не може да помогне кад дође до било каквог конфликта или проблема, а тако деци дајемо пример за даљи живот како се решавају такве ситуације..
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 09 Јан 2010 01:13 #11909

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
  • Карма: 100
Jas uste sega doma borba vodam da ne i se vika na Damjana. Iako, da bidam iskrena i jas znam nekogas da izbuvnam ... ama ke si provikam onaka vo vetar i posle prodolzuvam so smiren ton. Znam deka so toa samo mozam da i nabijam strav vo koski, sigurno deka nema taka da sfati poveke otkolku so normalen ton. Najgolemata nervoza mi e noke, koga ne spie. Mislam deka zdravjeto mi popusti so toa nejzino nespienje ... toa me vadi od takt nekogas. Znam deka ne pravi namerno, znam se ... ama nekogas ne mi izdrzuvaat nervite.
Inaku ke se trudam Damjana da ne koristi zborovi od tipot derenje i slicno. Toa e vikanje, glasno zboruvanje ... vnimavam mnogu da ne ja ucam na takvi izrazi. Postojano koristime poveli, blagodaram ... osekam deka e zadovolna koga i se obrakam kako na vozrasen. Za neuspeh vo vospituvanjeto ke go smetam ako nekogas mi rece - ne mi se DERI. No i jas nea nema da i recam - ne se deri, tuku ne vikaj, ne zboruvaj glasno.
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 09 Јан 2010 01:55 #11918

  • redsonja
  • redsonja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • љубовта е се
  • Теми: 505
  • Thank you received: 635
  • Карма: 64
На децата треба да им се обраќаме како на возрасни и како на еднакви на себе. Треба да ги уважуваме и да ги почитуваме. Тие имаат свои мисли, желби и потреби и иако некогаш мислиме дека не знаат ништо, тие некои работи ги знаат и многу повеќе од нас. Просто затоа што ние тие работи сме ги заборавиле.
И дерењето, односно викањето по децата е еден вид насилство врз нив што става последици. Знам дека е тешко, сите ние викаме понекогаш, но со децата треба да се внимава. Не се тие виновни што ние не знаеме некогаш да се справиме со некои ситуации, за жал, често и банални ситуации.
Децата имаат огромна доверба во нас. Ние треба соодветно да им возвратиме на таа доверба.
Моите клунчиња
Ј. 08.08
Д. 10.10
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 11 Јан 2010 17:47 #13157

  • SandraА.
  • SandraА.'s Avatar
  • Offline
  • junior
  • Whatever u give a woman, she will make it greater*
  • Теми: 500
  • Thank you received: 50
  • Карма: 3
Potpolno se sovpagja i moeto mislenje so na Sonja. Ke dodadam samo deka sekogas (bez isklucok) koga razgovarame so Anja ili nesto i objasnuvame, kleknuvame na nejzina visina. Nikogas ne mi se slucilo od moja visina da ja karam, zboram, objasnuvam...
Se uste e mala, a kolku vsusnost razbira i znae sto saka, a sto ne, licnost sama za sebe.
Последна промена: 11 Јан 2010 18:38 by vecki.
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 08 Окт 2010 01:20 #59259

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Јас секогаш кон ќерка ми се однесувам како кон возрасна личност. Доколку постои некој конфликт и јас клекнувам на нејзина висина и и објаснувам дека тоа не е во ред итн. Ако има и други луѓе во близина ја тргам настрана и и објаснувам со мирен тон и со примери, но понекогаш, и јас сум само човек, знам да и подвикнам и да ја скарам , а таа почна да ми вика - „Немој да ме караш“. Тоа малку ме освести.
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 08 Окт 2010 11:22 #59367

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Исто и Алексеј. Навикнат со него да разговараме, кога ќе викнеме со мм он ни вика - не сакам да се караме. Не' освестува што сме направиле.
Колку е малечок, а колку многу учам од него :love:
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 08 Окт 2010 13:46 #59422

  • busavo
  • busavo's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 267
  • Thank you received: 30
  • Карма: 14
јас само си зборам откако е родена кој што прави јас зборам. меѓутоа има моменти како на пример бутање рака во штекер, излагање на балкон, уклучување на шпорет и слични нешта каде што сум и викнала и знае дека згрешила и седи мерна и се гали ама ако ја скараш, прст да и покажеш дека ја караш, а она знае дека не е крива е тогаш се буни и вика не караш не не и не и дур не и се извиниш знае и да заплаче. или ќе дојде и ќе рече сасија умна мама не караш. демек умна била да не ја карам.
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 08 Окт 2010 13:54 #59427

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
  • Карма: 100
Кај нас па не пали карањето. Колку повеќе ја караш (во моменти кога намерно прави некои работи и не можеш повеќе да се контролираш) таа толку повеќе се сили. Само ако фатиш со арно, ако ја заиграш, да ја смириш ... па можда ќе поминеш без плачки.
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 08 Окт 2010 14:06 #59431

  • sandricka
  • sandricka's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Најсреќна мама
  • Теми: 371
  • Thank you received: 135
  • Карма: 10
Тргнувам прво од нас возрасните, па зар некогаш сте се разбрале со некој со дерење и викање. Јас не! Ако седнам да решам некој проблем со разговор, со било кој возрасен имало голем ефект. Па така и со тие малечки човечиња кои за нивна возраст знаат премногу :)
Jasmina, Mina твојот пост ме трогна. Навистина добра поука за секој кој неправилно постапува со своето дете. Позз.
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 08 Окт 2010 14:14 #59435

  • MrsH
  • MrsH's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Теми: 494
  • Thank you received: 69
  • Карма: -3
И ние не викаме ,ако сум му се развикала 3-4 пати во животот,а одпосле ми е криво дури и за плачење ми иди одкога ке му се развикам.Последно беше кога се селевме пред скоро 2 месеци,немаме тука никој да ни го почува баба дедо мислам и го носев кај другарка ми,па тоа кутрото цел ден не не видело одма вкревет ,другиот ден пак средвавме низ дома немавме време да му посветиме внимание доволно тој ден а тој не разбира си бара и му се развикав ама после плачев,не е тоа криво за ништо.Само со договарање работиме тој сака сам да си донесува одлуки самостоен да е,и затоа јас секогаш му давам две опции едната што веке јас сум ја избрала а другата некоја лоша што знам дека тој нема да се согласи и така тој си донесува одлуки (мои одлуки ) и сите срекни нема потреба од викање како на пример сакаш да ги собериш играчките или сакаш да одиш во твојата соба да си одмориш:muahaha: и нормално сака да ги собери играчките:hahaha: Па на овај начин откако се разбираме навистина е умно дете:fijuk:
Сандра
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 08 Окт 2010 14:40 #59457

  • TIFANI
  • TIFANI's Avatar
  • Offline
  • junior
  • The happines is in the small staff
  • Теми: 639
  • Thank you received: 158
  • Карма: 9
Predmet,koj site roditeli treba vnimatelno da go proucat,e tokmu vospituvanjeto na deteto od mali noze.Prviot ucitel na deteto e negovata majka.Taa prva ima moznost da go oblikuva karakterot na deteto za dobro ili loso.
Nie kako roditeli sto ke dademe toa i ke dobieme.
Da se setime na naseto detsvto,koj od nas ne bi sakal i ne kopneel za topla majcina pregratka i kolku sme bile tazni koga sme bile kaznuvani.
Lesno e da go zememe stapceto i da gi istepame,no dali toa ke donese dobri rezultati i dobro vospitano dete.
Koga sekoj problem so decinjata bi go resavale so razgovor i soglasuvanja,so golema ljubov,togas so ovie vrednosti ke se ispolni detskoto srce i ke znae da pravi razlika megu dobroto i losoto.

Decata treba sekogas da gi opkruzuva atmosvera na ljubov,atmosvera ispolneta so sonce pod majcino oko,taka najlesno ke ja pokorime nivnata neskrotliva priroda.

No,ova nikako ne znaci deka ne treba da im ukazuvame na nivnite greski,naprotiv dolzni sme da gi im ukazuvame vo site grski,no seto toa da bide so neznost i mnogu mudrost.

Kolku i da e nezadovolno edno dete i da ne saka da prifati toa sto im go sovetuvame,veruvam deka vo majcinata smiruvacka pregratka ke popusti sekoe malo detsko srce.

I veruvajte majcinata mirna i nezna ljubov,nejzinata mirna priroda moze da ja srusi sekoja ograda vo detskiot um
You make me happy
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 12 Окт 2010 01:55 #60264

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
lele kolku treba da mozgame kako da se odnesuvame kon sopstvenite deca, pa kakvi ti ne se taktiki primenuvame, pa samokontrola de ne gi karame, nikako da ne im vikneme, a tepanje pak nikako - najstrogo zabraneto. Uste odozgora i sekojdnevno se preispituvame kakvi roditeli navistina sme. A tie si teraat po svoe, kolku sme samo srekni ako ponekogas nekoj nas zbor go poslusaat ili pak ako nekoja nasa taktika "upali". Ne sum sigurna bas deka vaka bese vo nase vreme??? Vaka li postapuvaa i nasite roditeli ili nasite nastavnici? Sepak sme dobri lugje, a posledovatelno na toa i dobri roditeli. Sepak malku avtoritet i disciplina ne e na odmet.
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 14 Окт 2010 23:34 #61348

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4118
  • Thank you received: 3811
  • Карма: 95
Srna wrote:
Ne sum sigurna bas deka vaka bese vo nase vreme??? Vaka li postapuvaa i nasite roditeli ili nasite nastavnici? Sepak sme dobri lugje, a posledovatelno na toa i dobri roditeli. Sepak malku avtoritet i disciplina ne e na odmet.

nikoj ne vika,nikoj ne pcue,nikoj ne udira po gazot.breeeee sto nacija kje bevme....treba da ucat od nas

,,nemoj da me karas,umna sum,,-najcesto mi kazuva neda.so jana e drug muabetot,se raboti za pogolemo dete.znam na neda da i se razvikam i toa onaka ubavo.znam i po gazot da ja plesnam iako znam deka nema efekt.
i vikam po doma koga kje me fati nervoza a toa e najcesto koga imam custvo deka profesija mi e gotvacka,cistacka,sluginka...i togas vikam po site zosto si gi frlaat alistata kaj kje stignat ili gi mrzi tanjirot da si go krenat.kje se iznavikam i tolku.po 5 min kako nisto da ne bilo i pri toa doma nikoj ne doziveal trauma nitu pak imaat kosmari nokje.

znam i jas kako treba,da kleknes na negovo nivo,da go gledas vo oci....ama nemozes sekogas taka
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mamaAnita

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 14 Окт 2010 23:55 #61352

  • Dolphin
  • Dolphin's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2790
  • Thank you received: 645
  • Карма: 26
i vikam po doma koga kje me fati nervoza a toa e najcesto koga imam custvo deka profesija mi e gotvacka,cistacka,sluginka...i togas vikam po site zosto si gi frlaat alistata kaj kje stignat ili gi mrzi tanjirot da si go krenat.kje se iznavikam i tolku.po 5 min kako nisto da ne bilo i pri toa doma nikoj ne doziveal trauma nitu pak imaat kosmari nokje

:gp: mene istovo mi se slucuva :angry:
Молам , се' што не ме засега , нека ме одмине :)
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 15 Окт 2010 00:53 #61365

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Hihihi, ponekogas mi se place ama eve sega se nasmeav. Apsolutno ste vo pravo Mama Vase i Delfin 76. Tokmu na toa i mislev.
Baba mi (majkata na tatkoto moj) imala 4 deca i edno stapce Mirko.:kamsik:
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 15 Окт 2010 03:42 #61462

  • Mladenovska
  • Mladenovska's Avatar
  • Offline
  • User is blocked
  • Децата се најголемото богатство
  • Теми: 786
  • Thank you received: 189
  • Карма: 0
TIFANI wrote:

I veruvajte majcinata mirna i nezna ljubov,nejzinata mirna priroda moze da ja srusi sekoja ograda vo detskiot um

Не само тоа, туку топлата и смирена мајчинска прегратка и љубов може детето од болест да го спаси и животот да му го украси = Ако ви текнува за малото бебе во Америкакое се роди во 28 недела -ако грешам поправете ме= лекарите им рекоа на родителите да се простат од детето и тие гушкајки го, шепотејки му липтајки и молејки за д асе врати тогас детето се вратило и освестило, и така иако малечко но за родителите е тоа најголемото богатство што го добиле на светот. Од таа неизмерна срека крај нема, девоцето раснело, немало никакви проблеми -но сепак била поситна во растот!
*****СРЕЌНА НОВА 2011 *****



The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 15 Окт 2010 04:06 #61470

  • kalinche70
  • kalinche70's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 581
  • Thank you received: 302
  • Карма: 27
скоро никогаш не викам по децата,за ништо, ...а незнам дали би можеле да направат децата нешто што би ме извадило од такт..не верувам...истото тоа да го направи мм ќе си го однесе:fijuk:затоа што сметам дека детето греши од незнаење,мало е,мора да научи и прифати одредени навики и правила, а мм од немарност на пример ми влегува со чевли и после јас со дезентал морам по него да бришам:pukam:
Na svetot nema neubavi zeni. Postojat samo zeni koi neznaat deka so malku trud mozat da stanat ubavi! -Dior
Последна промена: 15 Окт 2010 04:08 by kalinche70.
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 15 Окт 2010 12:25 #61511

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Tocno deka majcinskata ljubov e neizmerna i nezamenliva, taa e prirodna i instiktivna. Ste go citale li Erich Fromm: "Umetnosta na sakanjeto". Najgolema, najcista i bezuslovna e majcinskata ljubov. No, zivotot e surov i po redot na nestata nema sekogas da bideme do nasite deca. Nie sme tie koi treba da gi naucime na realnosta na ziveenjeto. Da im ukazeme deka ne sekade i od sekogo moze da ocekuvaat razbiranje i podrska. Zapadniot svet tokmu na toa gi uci decata. Vo roditelskiot dom ostanuvaat do 18-tata godina, a kaj nas "samo" do 40-tata pa duri i poveke. Ottamu tie naviki da se vleguva doma so cevli, zatoa sto majkite od pregolema ljubov im dopustale se, pa sega nie ke bideme i majki i pedagozi i soprugi i psiholozi i cistacki i sluginki... toa e, za sreka nekoj go izmislil i dezentalot.
Последна промена: 15 Окт 2010 12:27 by Mama Sani.
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 22 Окт 2010 04:21 #63907

  • prasence
  • prasence's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1346
  • Thank you received: 440
  • Карма: 6
Mama Vase wrote:

nikoj ne vika,nikoj ne pcue,nikoj ne udira po gazot.breeeee sto nacija kje bevme....treba da ucat od nas

,

:gp:
ја а им честитам на сите мајки што пронаоѓаат во горе наведеното:aleluja:

Кога викам наместо да ја смирам добивам контра ефект, како да налевам бензин во огнот, гајле нема дури и погласна станува, јас едно она две и тоа сега на три годинки а што ќе биде кога ќе потпорасне јаооо
Јас викам, ама тоа само мене да ми олесни нема ефект дефинитивно.
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 22 Окт 2010 11:38 #63921

  • kalina
  • kalina's Avatar
  • Offline
  • junior
  • kalina
  • Теми: 559
  • Thank you received: 179
  • Карма: 8
I jas si priznavam nekogas me faka zuta minuta i poluduvam. Najcesto preku vikend koga site obvrski cekaat na mene a i kerkami od 9 god. ceka da uci so mene i jas i objasnuvam a taa pametot uste kolku vreme ke zavrsime i da izleze nadvor. Znam deka ke i naparavam traumi ama nemozam da se kontroliram toa e posilno od mene. No mi trae kratko ke se izvikam 5 min. i ke mi pomine. Nekogas se mislam da pijam apcinja za smiruvanje da ne izbuvnuvam taka no se naogam pod pregolem stres i na rabota i doma.:(
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 22 Окт 2010 16:27 #64016

  • Kinky
  • Kinky's Avatar
  • Offline
  • senior
  • yummy mummy
  • Теми: 1804
  • Thank you received: 713
  • Карма: 371
Се пронаоѓам во цитатот на Мама Васе. За викање знам да подвикнам, ама никогаш не сум го удрила Алексеј ни по газе ни по раче, ниту на било каков начин физички сум го казнила.
Најстрашното нешто што може да се нарече казна во моето воспитување е кога ќе му се заканам дека сите автобуси ќе му ги соберам и ќе ги дадам на децата надвор. Ова кога ќе ми пукне филмот, кога више немам нерви и енергија да се разберам со него со зборување.

Прасенце, и сама кажуваш дека со викање ништо не постигнуваш. Зашто тогаш да губам време на методи кои сигурно нема да вродат со плод?

А за удирањето по газ постои закон во државава, тепање си е тепање како сакаш крсти го. Во Америка да удриш дете на улица ќе ти се нацрта социјална служба на врата уште истиот ден. Само кај нас се смета дека ништо не е ако од време на време се истамбура детето по газе. Си ја олеснуваме сопствената совест со оваа констатација? Затоа што го одбираме полесниот и побрзиот пат? Улогата на слугинка и чистачка не ни ја доделиле децата па да се истураме на нив и да ги казнуваме затоа што не можеме да се справиме со толку многу обврски.

Што се однесува до тоа како се однесувале нашите родители со нас, конкретно за себе јас си знам (и секој од нас си знае) колку и какви последици има. Ние живееме во друго време, на располагање ни се многу повеќе информации од колку што имале нашите во нивно време и на крај краишта воопшто не сакам да се споредувам со моите родители. Јас сум си индивидуа за себе, сакам да научам нешто повеќе од тоа го знаат тие, сама одлучувам кој пат ќе го фатам и не и робувам на "изреката" - "и ние така сме израснале па ништо не ни фали".
Mother is god in the eyes of a child.



"I believe in miracles, since you came along, you sexy thing..."
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 22 Окт 2010 16:47 #64027

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
  • Карма: 100
Знам да викнам, најчесто тоа е навечер кога лежи и се врти и збори и НЕ САКА ДА СПИЕ. А поминало доста време, и се спие ... знае и 11саат да помине. Не дека така треба да реагирам, ама сите сме луѓе. И мене после напорен ден ми треба одмор, ми треба време и да потсредам нешто по дома, ми треба неколку минути и за мене. А нема. Лежам ли лежам со неа. И така секој ден.
И кога ќе излеземе некаде. Никогаш нема договор. Бега, трча ... може беља да направи. Барам други методи кои ќе профункционираат. Нема. Инает тера до бескрај. Мора да ја кренам или потегнам за рака против нејзина воља. Знам дека не чини, ама стварно немам бескрајно време за убедување, секој ден, нон стоп. И за чорапи да облечеме ни треба 10 минути ...
И кога и давам сокче во шише, а таа си го истура на рака и лепи со раката намерно.
И кога пие сокче, па го плука по тепих, паркет ...
И кога се треска од земја да и ги дадам капките за нос ...
И кога оди низ дома и се што ќе и се најде на пат го фрла ...

Се трудам тоа да не е многу и често, ама не се издржува некогаш.

Споредба со моите родители ... неможам да направам. Не сум удрена никогаш. Не ми се развикале никогаш само затоа што си се нервозни. Посебно, не сум засрамена пред други луѓе, напротив - секогаш пофалена. Можеби јас сум дури и понервозна од нив, незнам. Знам дека се трудам да не се повишува тонот, но не ми оди. Детево како да сфати што не нервира и тоа намерно да го праи...
The administrator has disabled public write access.

Немој да ми се дереш! Јас сум умно дете! 22 Окт 2010 17:19 #64041

  • busavo
  • busavo's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 267
  • Thank you received: 30
  • Карма: 14
незнам дали да се смеам или да плачам.
одите во градинка така?
ние тегнење и слични работи на вашите почнавме да ги правиме кога почнавме во градинка да одиме.
ама јас искрено да ти кажам и се смеам во лице или си поминувам покрај неа и виде не виде се откажа од трескањата. а едно време почна се контра да прави па мм и направи тактика се обратно и збореше.еве пример. се научила на стол да се качува па се фаќа за гајтанот на климата се крева на прсти и стигнува до полицата кај што стои стетоскопот и кога ја видовме ни се стемни.она се смее а мм и вика ако ај да ти помогнам погоре да се качиш ајде и ја држи за газето демек и помага и се откажа вика нејкам горе.а за облекување исто има проблем ама сум ставила еден куп песни на мобилен или ако тоа не пали и давам нешто во раце да држи за да се занимава дур да ја облечам. па после не сака јакна да облече ама тоа со јакната и е откако е родена дете не сака јакни и шалови,и капи беше порано ама некако се научивме.
The administrator has disabled public write access.