Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Белосветски занимливости

Ре: Белосветски занимливости 14 Ное 2011 14:55 #164663

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7894
  • Thank you received: 5648
  • Карма: 121
Не ми се верува :what:
значи била плодна на свои 9 години???

Десетгодишно девoјче од Мексико родило син


Полицијата во мексиканскиот град Пуебло започна истрага откако во локалната болница во октомври се породи десетгодишно девојче.

Раѓањето на машкото новороденче тешко килограм ипол било со царски рез во 31-та недела од бременоста на девојчето, бидејќи животот на малечката бил загрозен.

Малечката мајка сега секојдневно го посетува и дои синчето кое поради воспаление на белите дробови е сместено во инкубатор. Лекарите од болницата веднаш по породувањето ја известиле полицијата во Пуебло дека девојчето веројатно е жртва на силување.

Овој случај за жал не е единствен во Мексико. Во август минатата година се породи 11-годишно девојче кое во текот на претходната година повеќе пати било силувано од страна на очувот.

Според законите во Мексико сексуалниот однос може да биде легален ако детето е постаро од 12 години. Исто така е забранет абортус кај младите мајки доколку не докажат дека биле силувани.

Доколку абортираат им се заканува голема парична или затворска казна.

Ваквите мексикански закони поради зачестените силувања на малолетници ќе бидат предмет на ревизија.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 14 Ное 2011 14:55 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 21 Јан 2012 06:28 #176004

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7894
  • Thank you received: 5648
  • Карма: 121
Се оженил со мртва девојка на нејзиниот погреб

Дваесет и осумгодишниот Тајланѓанец, Чадил Дефи се ожени со својата девојка Сарина „Ане“ Камсок, со кој бил во врска десет годни.

Ништо од тоа немаше да биде чудно, ако Сарина не починеше неколку дена пред свадбата, а младоженецот „се венчал“ со неа на нејзинот погреб.

Чадил и Сарина се запознале пред десет години на тајландскиот Источноазиски универзитет , па во нејзина чест околу универзитетската зграда се поставени венци.

Тие планирале венчавка, но Чадил сакал прво да заврши факултет па ја одлагал свадбата. Сарина пред неколку дена загинала во сообрќаајна несреќа, што Чардил не го спречило да се венча со неа.

За невообичаената церемонија јави и националната тајландска телевизија, а на оваа двојка на Фејсбук има над 30.000 фанови.

Пријател на младоженецот, Онсир Праватијагул вели дека Чадил се решил да се венча со мртвата девојка поради чувството на вина.

- Чувствувал дека за неа не направил доволно додека беше жива. Таа неколку дена пред смртта му предложила да се венчаат, што тој повторно го одбил. Оваа венчавка беше само обид да се надмине чувството на вина, иако гестот е со задоцнување, вели Онсир.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Белосветски занимливости 06 Авг 2012 18:03 #209667

  • Kimy
  • Kimy's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 292
  • Thank you received: 43
  • Карма: 1
Научниците од Универзитетот во Цирих измислија спреј за нос кој содржи хормони кои ќе им донесат среќа на паровите кои често се расправаат.

Истражувањето покажало дека вдишување на спрејот кој содржи окситоцин ги смирува жените и ги прави пријателски расположени, а мажите почувствителни и попозитивни за време на расправиите.

Насловен како "дрога за уживање", окситоцинот по природен пат се произведува во телото за време на сексот и при чувствата за сексуална привлечност и доверба.

Окситоцинот се ослободува во крвта за време на породувањето и на тој начин го активира создавањето на млекото во градите.

Во истражувањето учествувале 47 парови на возраст од 20 до 50 години, кои биле венчани или заедно живееле подолго време.

Пред да вдишат окситоцин или плацебо спреј, секој пар избрал една тема во врска со која не се согласувал. По 45 минути паровите биле оставени да дискутираат за избраната тема, а нивните расправии биле снимани со камери.

Научниците ги следеле паровите и земале примероци од нивната плунка со цел да ја набљудуваат работата на нивниот нервен систем.

Резултатите покажале дека жените кои го вдишале хормонот биле многу попријателски расположени и имале помали барања, а мажите биле попозитивни и повеќе вклучени во разговорот.


Sto mislite a? :)
Последна промена: 07 Авг 2012 02:42 by Majsi. Причина: наслов латиница
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 07 Авг 2012 07:04 #209726

  • macika
  • macika's Avatar
  • Offline
  • senior
  • несфатен гениј
  • Теми: 2893
  • Thank you received: 1864
  • Карма: 20
Daj odma da naracam :laugh:
Последна промена: 07 Авг 2012 07:30 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 07 Авг 2012 07:19 #209731

  • Cuvce
  • Cuvce's Avatar
  • Offline
  • senior
  • ex mikimaus
  • Теми: 1628
  • Thank you received: 1002
  • Карма: 4
Уф спреј против караници и уште еден спреј за слабеење да измислат да му шприцнам на ММ, УТОПИЈА :muahaha:
Последна промена: 07 Авг 2012 07:30 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 21 Јан 2013 06:06 #230101

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7894
  • Thank you received: 5648
  • Карма: 121
Близначки се венчале со близнаци и добиле близначиња


Еднојајчани близнаци се ожениле со еднојајчани близначки, па потоа им се родиле близначиња. Сега сите во семејството се потполно исти
Еднојајчаните близначки Дарлин и Дијана на еден Самит запознале двајца близнаци, Марк и Крег. Се вљубиле и се венчале, а потоа родиле близначиња.

Паровите имале двојна венчавка во 1999 година.

На венчавката двете сестри биле исто облечени, а нивниот татко во исто време и двете ги однел до олтарот.

Откако се земале со близнаците, тие родиле еднојајчани близначиња.

Сега дефинитивно сите во семејството се исти!

„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 21 Јан 2013 06:13 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 17 Јан 2014 19:01 #248017

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Попај Морнарот денес го слави 85-от роденден



Попај Морнарот, популарниот лик од анимираниот филм за бестрашниот маж со истетовирани сидра на своите раце и со луле во устата, кој својата голема сила ја црпи од спанаќот, денес го прославува својот 85-ти роденден.

Ликот на овој славен јунак го осмислил американскиот цртач Елиз Крислер Сегар кој за првпат го претставил на 17.јануари 1929 година во стрипот „Thimble Theatre“. Оттогаш стекнал голема популарност бидејќи името на стрипот го промениле во „Попај Морнарот“.

Попај за брзо време доживеал и екранизација во периодот од 1933 и 1957 година, кога биле направени околу 230 кратки епизоди и три подолги анимирани филмови.

Од 1935 година, четири децении гласот на Попај Морнарот го позајмувал Џек Мерсер. Тој од 1938 до 1942 година бил во брак со Марги Хајнс која својата глас го позајмувала на девојката на Попај, Олива.

Филмската верзија со режисерскиот потпис на легендарниот Роберт Алтман, Попај го доби во 1980 година. Ликот на Попај го глумел актерот Робин Вилијамс , додека во улогата на Олива се појави Шели Дувал.

Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 12 Мај 2015 13:02 #254297

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7894
  • Thank you received: 5648
  • Карма: 121
Австриските поштари освен писма носат и слатки за кучиња

Поштарите во Австрија од неодамна носат две торби: една за поштата што ја разнесуваат и другата наполнета со слатки за кучиња

Познато е дека агресивните кучиња може да им ја отежнат работата на поштарите и поради тоа, луѓето задолжени за таа служба одлучиле да ги снабдуваат со кекси за домашни миленичиња.
Минатата година 47 поштари во Австрија биле повредени од кучиња. Акцијата трае веќе две недели, но според портпаролот на Австриска помшта, Михаел Хомола рано е да се заклучи дали новата стратегија дава резултати.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Белосветски занимливости 13 Јан 2016 14:20 #255207

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7894
  • Thank you received: 5648
  • Карма: 121
Дејвид Боуви последна „жртва“ на „проклетството на Ремзи“

Лондон, 13 јануари 2016 (МИА) - Во британските медиуми веќе подолг период се води расправа за тоа што се нарекува „проклетството на Ремзи“, при што се поставува прашањето дали има вистина во сето тоа или пак станува збор за чиста случајност.

Имено, станува збор за тврдењето дека секогаш кога фудбалерот Арон Ремзи ќе постигне гол, починува некоја позната личност.

Последен во таа низа е британската музичка легенда Дејвид Боуви, кој почина во понеделникот, само два дена откако Ремзи постигна гол на натправарот на неговиот Арсенал против Сандерленд во натпревар од ФА Купот.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 13 Јан 2016 14:20 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Белосветски занимливости 01 Мар 2016 14:57 #255261

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7894
  • Thank you received: 5648
  • Карма: 121
Казни од 10 евроценти за Австријците кои користат благороднички титули

Ако некој австриски гроф се потпише со неговата титула на покани за некоја свеченост, ќе треба да плати парична казна, бидејќи употребата на благороднички титули во Австрија е забранета со Закон уште од 1919 година, по распадот на Австро-унгарската Монархија.

И бидејќи, тогаш одредената казна во вредност од 20.000 круни не е променета, денес прекршокот се санкционира со 10 евроценти.

Ниската вредност на казната е причината поради која австрискиот Парламент предложи промена на законот.

Претставници на различните парламентарни групи сметаат дека оваа треба да одговара на другите административни казни, на пример да се израмни со износот на глобата за надминување на дозволена брзина или за неправилно паркирање, што значи минимум 30 евра.

Благородниците, кои не го почитуваат закон, при секое следно прекршување ќе плаќаат повисока казна.

Во прекршувањето на Законот е вклучена употребата на титулите гроф, грофица, барон, баронеса, војвода, војводка, принц и принцеза.

Предлогот за измена на Законот треба да биде усвоен од Парламентот со двотретинско мнозинство.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2