Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Белосветски занимливости

Белосветски занимливости 22 Дек 2009 13:42 #2726

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256

Спасени последните танцувачки мечки во Индија




Невладината организација за заштита на дивиот свет во Индија ја спаси и ја прати на рехабилитација и последната група мечки што танцуваат.

Со ова изумира стариот занает на индиските каландари, кротители на мечки, кој се пренесува од генерација на генерација, а користи сурови и крвави методи.

Тие ги тренираат мечињата од малечки, им ги корнат забите и ноктите за да ги контролираат полесно и ги тераат да стојат на жар и да потскокнуваат за да личи како да танцуваат.

При предавањето на мечките, во замена за илјада и 100 долари каландарите потпишуваа дека се откажуваат од занаетот за секогаш. Некои беа вработени во центрите за грижа за мечките.

извор Вест
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
Последна промена: 24 Дек 2009 01:31 by ZZ.
The administrator has disabled public write access.

Јапонец се оженил со лик од видео игра 22 Дек 2009 13:49 #2734

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Неименуваниот маж, чие интернетско име е SAL9000, ја запознал Nene Anegasaki додека играл Love Plus, видео игра во која играчите запознаваат виртуелни партнери. Тие се венчале пред неколку недели, а свеченоста била прикажена во живо на јапонската верзија на страницата YouTube. SAL9000 признал дека е "otaku", припадник на посебен вид на млади јапонци кои се опседнати со видео игри, компјутери и фантастични светови.

Во јапонската традиција на otaku, нормално е ликовите да ги нарекувате свои сопруги, па и јас за Nene размислував како за своја жена...помислив дека би можело да се венчаме, рекол SAL9000. Младенците својот меден месец го поминале во Гуам, а по враќањето често ги гледаат во Токио. Тој ќе биде верен на дури и ако се објави нова верзија на популарни видео-игри.

Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Одг: Белосветски занимливости 27 Дек 2009 01:48 #6356

  • ZZ
  • ZZ's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Мамица без граница
  • Теми: 1249
  • Thank you received: 1256
Како да го следите Дедо Мраз

Големиот број деца низ светот што со нетрпение го очекуваат звукот на санките на Дедо Мраз сега можат да го следат секаде каде што оди и да знаат кога ќе пристигне во нивниот дом благодарение на „специјализираната“ веб-страница.

Американската воздухопловна одбрана ангажираше голем број експерти што, благодарение на напреднатата технологија и на сателитите, го следат движењето на Дедо Мраз. Децата можат да го следат неговото движење на страницата www.noradsanta.org/en/index.htlm1.

Традицијата на следење на Дедо Мраз датира уште од 1955 година. Тогаш една продавница во Колорадо објави реклама на која бил напишан телефонскиот број на кој децата можеле да се јавуваат и да дознаваат информации за тоа каде се наоѓа Дедо Мраз, меѓутоа по грешка бил испечатен бројот на американската воздухопловна одбрана, чија телефонска линија веднаш била задушена од повиците на голем број деца.

Шефот на НОРАД тогаш им наредил на вработените да даваат информации на секое дете што ќе се јави. Сега, американската воздухопловна одбрана, по пат на својата интернет-страница, користејќи „гугл мапс“, им овозможува на сите деца во светот да следат каде се наоѓа Дедо Мраз моментално, каде ги остава подароците, кој е негов следен град, како и тоа за колку време ќе ги посети.

Информациите за движењето на Дедо Мраз се достапни на седум светски јазици..

novamakedonija.com.mk
Dorotea 2006.
Lazar 1996.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 10 Јан 2011 04:19 #100314

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Мумијата Оци на испитување во Шведска



Мумифицираниот човек од камено време неодамна беше одмрзнат, со цел, меѓу другото да биде испитана и бактериолошката флора во неговиот стомак.

Експертите се надеваат дека резултатите од испитувањата ќе бидат од помош во напорите за изнаоѓање нова антибиотика која ќе може да ги напаѓа резистентните бактерии, пишува шведскиот дневен весник “Свенска дагбладет“.

Пред две недели шведскиот молекуларен биолог Аника Фахлен започна ДНА-анализи на стомачните бактерии на “снежниот човек“. Првите резултати се ветувачки.

Бактериолошката флора на Оци е толку добро сочувана, така што со модерна техника ќе може да се дојде до заклучоци околу видот на бактерии што биле во неговиот стомак кога настапила смртта.

- Изненадена сум од фактот дека неговата бактериолошка флора е навистина добро сочувана, со оглед на тоа дека трупот е мошне стар, но тоа е така затоа што Оци бил замрзнат. Ќе можеме да ја споредиме бактериолошката ДНА на Оци со една дигитална база и на таков начин да ги идентификуваме бактериите што биле во неговиот стомак, вели Аника Фахлен.

извор
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 11 Јан 2011 03:53 #100664

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Снимено девојче како лебди во руска шума


Несекојдневна видео снимка неодамна направена во Русија на која јасно се гледа дете како лебди во шумата





Автор на видео снимката е маж кој токму тука одел на прошетка со своето куче. Додека си играл со кучето, вниманието му го привлекла силуета на дете и едно повозрасно лице, најверојатно девојка, десетина метри пред него во правец кон шумата.

Тој изјави дека возрасното лице стоело и гледало мирно во детето кое во еден момент почнало да лебди во шумата.

Во прв момент ниту самиот не можел да поверува што гледа и премногу се исплашил. Ретко кој би поверувал во ова, доколку мажот не успеал со мобилниот да сними кратка видео снимка која изгледа премногу доверливо.

Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 11 Јан 2011 18:11 #100852

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
НЛО паднал во Југославија, се правело обдукција на тело на вонземјанин

Во 1966 година во Југославија паднал НЛО. Било пронајдено тело на вонземјанин. На јавноста и било презентирано дека се работи за воено летало и дека изгореното тело е на пилотот

Во ноември 1966 година во близина на словенечкото село Отоцек на територијата на поранешна Југославија се урнал НЛО. Денес на интернет страницата YouTube може да се видат фотографии од телото на вонземјанинот коe било пронајдено веднаш по падот на неидентификуваниот летачки објект. На интернет се наоѓаат информации кои велат дека тогаш настанот бил скриен од јавноста, а официјалната информација која била пласирана било дека се работи за воен тест кој мора да се држи во стога тајност.

На јавноста и било презентирано дека делумно изгореното тело кое е најдено е на пилотот на военото летало кое наводно се срушило, но дека е деформирано од пламенот и топлината.

Она што денес се трвди е дека телото на вонземјанинот било однесено во Белград, со амбулантно возило на Армијата. Било предадено во Воената болница, а научници од Југославија правеле испитувања врз трупот. Се посочуваат и имињата на научниците кои ја вршеле обдукцијата – лекарот Андреј Зобол, и патолозите Никола Јулиќ и Зоран Фредериќ. Тројцата биле вработени во Владата.

Фотографиите кои се гледаат на видеоклипот првпат излегле во јавност во 1999 година. Ги покажал внук на еден од лекарите, кој живее во Словенија. Во 1966 година за ова не знаееле ниту СССР ниту САД.

Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 14 Јан 2011 16:49 #101923

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Хуманитарна помош во танги

На гладниот народ му треба брашно, а не танги. Ова го порачале жителите на најсиромашната општина во Србија, Трговиште, на која тамошната влада како хуманитарна помош им испратила танги и градници.

Жителите на Трговиште лани ги зафатила катастрофална поплава која предизвикала големи штети. Наместо да добијат пакети со основни прехранбени производи, жителите се шокирале кога виделе градници, кои им ги испратила царинската управа.

- Кога стигнаа пакетите мислевме дека е облека за децата, зашто тоа и најмногу ни недостига. Но, кога ги видовме гаќите и градниците не можевме да поверуваме! Помислив дека по грешка се нашле во хуманитарната пратка. Се распрашав и ми беше кажано дека станува збор за запленета стока од царинарниците. А внатре само гаќи, и тоа оние модерни, какви што нашите жени овде не носат. Подарок си е подарок, ама на гладниот народ му треба брашно, а не танги. Ова излегува како некој да се шегува со нашата мака - вели за „Прес“, Драгољуб Станојковиќ, шеф на магацинот во кој се складира хуманитарната помош.

Меѓу многуте гаќи имало и неколку пара црни чевли за покојници.
Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 16 Јан 2011 00:11 #102269

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Лисица застрела ловџија

МОСКВА (Ројтерс) - Ранета лисица го застрелала својот напаѓач во Белорусија, повлекувајќи го чкрапалото на ловџиската пушка додека двајцата се бореле, откако човекот пробал да го докусури животното со кундакот од пушката, објавија медиумите.
Анонимниот ловџија, кој $ се приближил на лисицата откако ја ранил оддалеку, е во болница со прострелна рана во ногата, а лисицата успеала да избега, објавија медиумите цитирајќи го обвинителството од регионот Гродно.
"Животното дало жесток отпор и додека се бореле случајно го повлекло чкрапалото со шепата", вели еден од обвинителите.
Ловот на лисици е популарен во живописниот фармерски регион во северозападна Белорусија, на границата со Полска.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 16 Јан 2011 00:13 #102270

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
НЕСЕКОЈДНЕВНО ДЕЛО НА АМЕРИКАНКА ВЛЕЗЕ ВО "РИПЛИ: ВЕРУВАЛЕ ИЛИ НЕ"

Тајната вечера од влакна од машината за сушење

Жена од северен Мичиген направи своја верзија на "Тајната вечера" на Леонардо да Винчи со остатоци од текстилни влакна што се собираат во машината за сушење алишта.
Лора Бел од Роскомон ги собирала влакната од машината за сушење алишта и од нив направила копија на ремек-делото на италијанскиот ренесансен сликар долга 4,2 метри и висока 1,2 метри.
Бел вели дека $ биле потребни околу 800 часа сушење алишта за да собере доволно текстилни влакна и 200 часа за да го изработи делото. Таа дури и купувала крпи во боја каква што $ требала и ги перела и сушела одделно за да ги добие потребните нијанси.
Нејзиното уметничко дело стигна до очите на "Рипли: Верувале или не". Компанијата планира да го изложи во еден од своите музеи.
"Рипли" вели дека има и копии на "Тајната вечера" од зрна ориз, монета и препечен тост.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 16 Јан 2011 00:18 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 17 Јан 2011 05:12 #102554

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Картички го спасиле од нож

Паричникот полн со 20 пластични картички и малку среќа го спасија исфрлувачот што стои на врата во еден паб во западна Германија од сериозна повреда при напад со нож. Муштерија кој бил исфрлен од пабот во градот Витен четири пати го избодел 31-годишниот вратар во градите со нож, соопшти полицијата. Меѓутоа полниот паричник што го чувал во внатрешниот џеб од јакната спречил острицата да стигне до кожата.
"Паричникот и картичките му дошле како панцир и спречиле посериозна повреда", изјави главниот инспектор Фолкер Шите, но не ги соопшти имињата на исфрлувачот и напаѓачот. "Сите во станицата си ги проверивме паричниците и никој не носи со себе 20 пластични картички", рече тој додавајќи дека паричникот на вратарот бил преполн со членски картички од видеотеки, како и банкарски и кредитни картички. Шите рече дека ако во паричникот имало помалку картички немало да го заштити вратарот и дека среќата му се насмевнала тој ден.
"Тој додаде дека обично не го носи паричникот со себе додека работи".

Извор-Вест
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 22 Јан 2011 23:25 #104749

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Умрела за поголеми цицки
Смртта на еротска танчарка по шестата пластична операција за зголемување на гради беше причина да се почне истрага во болницата во Хамбург, Германија каде танчарката се оперираше.
Дваесет и тригодишната стриптизета која под името Секси Кора се стекна со меѓународна слава откако се појави во реалното шоу "Големиот брат", почина поради тоа што срцето престана да $ работи по операцијата, потврди Вилхелм Мелерс портпарол на јавниот обвинител на Хамбург.
Таа беше во кома девет дена.
Обвинителите велат дека ќе ги испитаат анестезиолигит и хирургот кои биле одговорни за операцијата поради сомнение за можно убиство без умисла.
Сe уште не се знае точната причина за смртта.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 01 Фев 2011 16:44 #107973

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Горила оди на две нозе


Фотографиите и видеоклипот на кои може да се види како горилата Амбам стои и оди на две нозе, за неколку часа станаа светска сензација. Тие не само што се доказ на тврдењата на научниците дека, по шимпанзата, горилата се вторите блиски роднини на човекот, туку и многу повеќе за еволуцијата низ која поминуваат овие животни.

Амбам живее во паркот за диви животни во Кент, Велика Британија, каде што е донесен кога имал седум години во 1997 година. За разлика од другите горили што живеат во паркот, Амбам многу почесто и подолго се движи на двете нозе.

Истражувачот Џоана Ватсон, која со години работи на проект поврзан со движењето на мајмуните, го снимила со видеокамера 21-годишниот Амбам, видеоклипот го ставила на „Јутјуб“ и за само неколку часа го виделе над 150.000 луѓе.

Дневник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 01 Фев 2011 16:45 #107974

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Откриена галаксија стара 13 милијарди години

Вселенскиот телескоп „Хабл“ откри галаксија за која научниците веруваат дека е најстара што некогаш е пронајдена. Американските и европските научници сметаат дека галаксијата е стара 13 милијарди долари и постоела 480 милиони години по Големата експлозија.

Според професор Ричард Бовенс од Холандија, ваквите галаксии се познати и како ѕвездени градови. Научниците забележале брз пораст на бројот на галаксии во текот на релативно кус временски период.

Нивните податоци покажуваат дека постоела само една галаксија 500 години по Големата експлозија.

Дневник
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 06 Фев 2011 14:58 #109617

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Тужи оти не убил слон


ВАРШАВА (Ројтерс) - Полски ловџија кој отсекогаш сонувал да застрела слон, ја тужи германската туристичка агенција која го пратила во некој крај на Африка каде според него немало слон ни за лек, објавија медиумите.
Агенцијата "Јаворски јагдрајзен" која организира ловџиски експедиции, инсистира дека има слонови во околината на Зимбабве каде го испратила ловџијата, идентификуван само како Валдемар И, објави дневниот весник "Жечпосполита".
"Колку што знам јас, ловџијата таму требало да види слоновски измет", изјавил сопственикот на агенцијата. Иако агенцијата организирала и втора тура за баксузниот ловџија на која тој успеал да убие машки слон, мажот сепак поднел барање за исплата на отштета во висина од 130.000 долари за првата експедиција. Судот ќе донесе одлука за неговиот случај на 15 февруари.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 14 Фев 2011 20:01 #112638

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Шашливата Хајди ќе ги предвидува оскаровците


БЕРЛИН (Ројтерс) - Германскиот славен шашлив опосум Хајди е регрутиран од Холивуд за ги предвидува добитниците на оскарите на американската телевизија, соопштија од Зоолошката градина во Лајпциг.
Опосумот ќе се појави во шоуто "Џими Кимел во живо" на "Еј-Би-Си" од својот дом во Лајпциг, Германија.
"Многу сме среќни околу ова и се надеваме дека Хајди не само што ќе ја претстави Зоолошката во добро светло туку ќе го претстави и градот", изјави Марија Сегебарт, портпаролка на Зоолошката градина и додаде дека сè уште не се знае точниот датум, ниту, пак, време кога ќе се емитува ова шоу.
Хајди стана ѕвезда во Германија кога нејзината фотографија се појави во списанието "Билт" во декември.
Две и полгодишниот опосум наскоро стана меѓународна сензација која ја нагласи глобалната слава на другите славни животни од Германија, како починатиот октопод Пол и поларната мечка Кнут.
Да се надеваме дека Хајди ќе биде, исто така, успешна како Пол, кој точно ги предвиде победниците на сите фудбалски натпревари на Светското првенство во Германија, како и финалето меѓу Шпанија и Холандија.
Доделувањето на оскарите е на 27 февруари во Лос Анџелес.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 14 Фев 2011 20:01 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 16 Фев 2011 00:00 #113123

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Чудо на природата, девојче со 26 прсти
Во Гинисовата книга на рекорди ќе биде запишан нов рекорд, девојче од Кина има 14 прсти на нозете и 12 на рацете.
Малата Леи Једи Мин со 14 прсти на нозете и 12 прсти на рацете, чека официјална потврда од Гинис за нејзиното име да биде запишано во Книгата на рекорди за 2012 година.

Досега во Книгата на рекорди , како лица со најмногу прсти се впишани две 15-годишни Индијки, кои имаат по 25 прсти.

Лицата кои се раѓаат со вишок на прсти страдаат од полидактија. Оваа конгенитална аномалија се јавува кај едно од 500 новороденчиња. Дополнителните прсти најчесто не се функционални.

Извор
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 16 Фев 2011 00:00 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 21 Фев 2011 19:18 #115396

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
ВО ЕЗЕРОТО ВИНДЕРМЕР

Турист го сними англиското Неси

ЛОНДОН - Туристот Том Пиклс успеа со својот мобилен телефон да направи досега најјасна видео снимка за англиското Неси, водно чудовиште што наводно живее во езерото Виндермер. Тоа е налик на надалеку познатата шкотска Неси од езерото Лох Нес, за која се знае повеќе децении, иако никој досега не докажа дека тоа постои. Пиклс со својата девојка возел кајак по езерото во областа Камбрија, во северозападна Англија, кога наеднаш во близината на чамецот од водата се појавило тело на чудно животно, кое имало три грби. Тој вели дека чудовиштето е долго колку три автомобили и се движи со голема брзина. Неговата девојка изјави дека тоа наликува на една голема водна змија.
Целиот тој крај, познат како англиската Езерска област во текот на целата година е исполнет со гости и туристи и важи за едно од најубавите и најатрактивни локации во Велика Британија. Жителите од овој крај подолго време зборуваат дека и во нивното езеро, како и во Лох Нес, има водно чудовиште, што тие го нарекуваат Бонеси. Луѓето од околината на езерото тврдат дека во изминатите пет години ова е осмо по ред појавување на Бонеси. Екологот д-р Ијан Винфилд од Универзитетот Ланкестер, кој важи за добар познавач на езерото Виндермер изјави дека повеќе верува оти станува збор за некој поголем од обично вид на источноевропската риба сом, но тој вели дека тоа што го опишуваат кајакарите е нешто сосема друго и непознато.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 10 Мар 2011 14:45 #121071

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Одбојкарка се породила на сред натпревар



Пред неколку дена малолетната девојка која ја криела бременоста добила силни болки на среде натпревар. Ги преплашила соиграчите и тренерот, кои останале шокирани


Средношколка од Ларис се породи на одбојкарски натпревар. Девојката ја криело бременоста, а нејзината физичка конструкција и помогнала успешно да продолжи со училиштето и одбојката без никој да се посомнева дека наскоро ќе стане мајка. Но пред неколку дена малолетната девојка добила силни болки на среде натпревар. Ги преплашила соиграчите и тренерот, кои останале шокирани.

Девојката родила здраво и живо бебе, а таткото кој е фудбалер веднаш го признал бебето.

Кирилица
Последна промена: 10 Мар 2011 14:46 by Molly.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 11 Мар 2011 23:52 #121561

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Првата електрична столица во музеј

Старата електрична столица на државата Охајо ќе биде јавно изложена за прв пат по 80 години како дел од малата изложба на музејот на историја од Охајо на која акцентот ќе биде ставен на артефакти од попоровокативната страна на историјата на државата.
"Историјата дефинитивно не е секогаш пријатна", изјави кураторот на изложбата Шерон Дин завчера кога најави дека изложбата "Контроверзност: Делови што не ги гледате секој ден" ќе биде отворена на 1 април во Историскиот центар на Охајо во Колумбус.
"Колку повеќе зјапаме во овие предмети кои не се баш пријатни за гледање, сметам дека можеме да почнеме искрена, отворена дискусија и вистински да почнеме да разглобуваме некои прашања кои до ден денес се прилично тешки", изјави Дин.
Меѓу артефактите кои ќе бидат изложени до 20 ноември, се и наметка и качулка од Кју Клукс Клан од 20-тите, кондом од овча кожа стар 150 години најден во дневникот на еден капетан на параброд, алуминиумска ракавица која се користела во почетокот на 20 век за децата да не си ги цицаат палците и дрвен кафез во кој се затворале душевно болните пациенти при крајот на 19 век. "Тоа било кафез кој се користел за луѓе", рече Дин. "Тогаш се користел терминот кревет-кошница и уште тогаш сметале дека тоа е премногу строг начин за затворање на луѓе".
Во државата Охајо смртната казна денес се изведува со смртоносна инјекција. Електричната столица последен пат и беше достапна на јавноста кога казнено-поправниот дом" Охајо" во Колумбус организираше тури, кои прекинаа да се одржуваат во почетокот на 30-тите.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 12 Мар 2011 00:00 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 25 Мар 2011 15:02 #125486

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Црн дожд ги вознемири Србите







Црниот дожд паѓал околу половина час, а воздухот бил многу топол. Оваа несекојдневна појава ги натерала жителите на Кучево да се кријат под стреи, исплашени црниот дожд да не им влијае лошо на здравјето.

Според најстарите жители, во Кучево првпат се случува вакво нешто.

кирилица
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 04 Апр 2011 18:28 #127976

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Во Бугарија родено бебе од 7,1 килограми



Во Бугарскиот град Бургас е родено бебе со рекордна тежина од 7,1 килограми и висина од 55 сантиметри. Мајка на детето е 35 годишна жена која има проблеми со дијабетес и хипертонија, што според докторите е причина за големина на бебето.

Најголемо бебе т.е најтешко бебе во Бугарија досега било бебето родено во Поморје кое што тежело 6,05 килограми и било високо 57 сантиметри.

Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 17 Апр 2011 15:56 #130806

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Повелете на погреб


ЊУЈОРК (Њујорк тајмс) - Во 2 часот наутро во њујоршката населба Бронкс подиумот за танцување е преполн, се точат пијачки, а на врата пристигнува група млади жени со шик фризури и високи потпетици, подготвени да удрат на забава. Позната слика за кој било ноќен клуб или сала за свадби, со исклучок на маичките, постерите и цедеата со ликот на постара елегантна госпоѓа. Лудата забава е всушност погребот на Гертруда Манје Икол, 65-годишна медицинска сестра од Гана која почина пред два месеца. Неколку улици подолу, гостите лудуваа на еден уште побурен помен.
Ирците можеби се познати по нивните ведри бдеења, но Ганците го усовршија врвниот погреб. А во Њујорк околу овие забави се креира социјалниот календар на брзорастечката заедница имигранти од оваа западноафриканска земја. Ганските помени се одржуваат речиси секој викенд во црковните сали и центрите за дружење низ градот со отворен шанк и гласна музика од која се тресат прозорците.
Додека семејствата собираат пари за да ги покријат трошоците за погребот, тимовите надежни претприемачи: од диџеи, фотографи, сниматели до бармени и телохранители, ја одржуваат забавата во полн ек и истовремено прават добар профит. Телото на покојниот и свештеникот не се задолжителни. Може да биде од која било вера. Покојниот може да починал во Њујорк или во Африка, пред неколку дена или неколку месеци. Но, погребите секогаш се со иста цел: преку забава да се соберат пари за ожалостените семејства и полноќни средби за ганските медицински сестри, студенти, научници или таксисти кои сакаат со забава и танц да се ослободат од тешкотиите на имигрантскиот живот во Њујорк.
Помен службите на кои во принцип сите се поканети, стануваат сe побројни и почести во изминативе години бидејќи бројот на Ганците во Њујорк се зголеми и се одржа, велат лидерите на заедницата. Бројките од последниот попис покажуваат дека во Њујорк има 21.000 Ганци, најголем дел од нив во Бронкс, што е повеќе од 14.000 колку што беа избројани во 2005 година. Овие забави се очекуваат со нетрпение, се промовираат со недели однапред со рекламирање на Интернет: една од нив е со мотото "Запамти го овој ден кога го славам животот на мајка ми", а друга се рекламира со светкави флаери кои во голем број се делат низ африканските ресторани и пилјари. Флаерите честопати наликуваат на програми за театар: со фотографии од ожалостеното семејство и пријателите, или "главните ожалостени", како и неколку збора за водителот на забавата и техничкиот персонал. Големата посетеност на погребот значи голем социјален престиж и колку поголема ќе биде забавата, толку подобро за организаторот. Во петок навечер господин Тамаклое веќе бил на две погребални забави и кажува како ќе оди на служба за сосема непознат човек во Бронкс.
"Сите велат дека ќе биде најдобриот погреб оваа година", вели тој.
Забавите се директно увезен тренд од Гана, позната ширум светот по масовните и екстравагантни погреби. Таму ковчезите понекогаш личат на елементи од парадата Марди Гра: ковчегот на спортист може да биде во форма на фудбалска топка, а на рибар во форма на кану.
Во Гана "најголем трошок во животот нема да ти биде свадбата, туку погребот", вели Брајан Ларкин, професор по антропологија при колеџот "Барнард" кој ја проучува западноафриканската култура. "Луѓето се натпреваруваат кој најдобро ќе се покаже", вели тој.
Фотографот игра клучна улога. На погребот на госпоѓа Икол на 4 март имаше шестмина фотографи, секој дојде со лаптоп, печатар во боја и помошник. Тие ги фотографираа присутните на забавата, ги печатеа фотографиите на лице место и им ги продаваа за 10 до 20 долари за слика.
Погребната забава обично почнува околу 22 часот навечер со религиозен благослов, служба и говор на англиски и тви, вид гански јазик. До полноќ веќе се почнува со танцување, а до 2 часот наутро пристигнуваат "неканетите" гости и забавата е во полн ек.

Vest
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 12 Јул 2011 05:21 #144496

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Родила бебе тешко 7,3 кг




Брачната двојка Џенет Џонсон и Мајкл Браун, од Тексас, во петокот наутро станаа родители на машкото бебе ЏаМајкл Браун, кое пред да се роди од милост го нарекувале “глувче„. Но нивното “глувче“ е најголемото бебе родено досега во државата.
Имено бебето тежи неверојатни 7,3 кг и е долго 61 см. Споредено со други бебиња, ЏаМајкл има тежина и висина соодветни за бебе од 6 месеци.
Пред да се породи мајката, докторите и најавиле дека треба да очекува крупно бебе од над 5 кг тежина, поради што закажале царски рез. Инаку 39 годишната мајка имала гестациски дијабетес, кој најчесто резултира или индицира поголема тежина кај новороденчињата.
Но изненадувањето било големо за сите, кога по породувањето го измериле бебето, кое важи за најголемо родено бебе во Тексас.

Пред две години во Бразил беше родено „џиновско„ бебе тешко 7.7 кг кое исто така беше родено со царски рез од 38 годишна мајка со дијагностициран дијабетес.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 27 Окт 2011 12:54 #161551

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Хамбургер од 153 кила


Еден американски ресторан, надалеку познат по своите џиновски хамбургери, се надмина себе си нудејќи им на потрошувачите хамбургер од неверојатни 153 килограми.

Грилот „Мализ“ во Сајтгејт, во државата Мичиген, го промовираше вчера својот невообичаен специјалитет чија цена изнесува 2.000 долари.

Овој „апсолутно бесмислен хамбургер“, како што гласи неговото име во менито, содржи 540.000 калории, а за неговата подготовка се потребни околу 22 часа.

Сопственикот на ресторанот истакна дека џиновскиот хамбургер ќе се сервира со помфрит и еден пијалок.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Белосветски занимливости 31 Окт 2011 13:39 #162232

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Светот има седум милијарди жители


„Седуммилијардити“ бебиња се прославуваат насекаде низ светот. Филипините се избрани за прва земја да го прослави симболичното раѓање – на девојче родено доцна во неделата во Манила.

ОН на цифрата од седум милијарди гледаат како на знак дека луѓето живеат подолго и дека е подобрена стапката на преживување при раѓање.

Еден од авторите на извештајот од Фондот за население на ОН, Ричард Колоџ, вели дека многу држави со ниски примања на суб-Сахарска Африка виделе растеж на популацијата што ја надминува стапката на економски растеж.

Азиската популација од 4,2 милијарди го прави овој најнаселен регион.

Населението на Африка се очекува да се зголеми за три пати, на 3,6 милијарди луѓе, до почетокот на следниот век.

Стапките на природен прираст во многу европски држави и во Јапонија паднаа под стапките на проста репродукција, предизвикувајќи загриженост дека недостигот на труд и продуктивност може да биде закана за квалитетот на живот.

Дневник
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.