Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Вакцинирање - за или против, и зoшто?

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 22 Ное 2013 18:45 #246073

  • Katrina
  • Katrina's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 210
  • Thank you received: 66
  • Карма: 0
Дали воопшто знаете што значи мутирање на вирусите и каква улога би имале вакцините во тоа? Најверојатно не знаете, затоа што тоа значи дека вакцините функционираат во одбраната на органзимот од тој причинител и единствено причинител со мутирана структура може да му наштети на тој организам. Тоа не значи дека вакцината го предизвикала мутирањето, туку дека напротив, го заштитила организмот.

Специфичните антитела кои се резултат на вакцината го спречиле да се прошири вирусот кој е таргетиран. Единствено вирус кој е веќе мутиран кај некој кој НЕМАЛ ИМУНИТЕТ кон првичниот тип и го проширил има можност да зарази некој кој има имунитет кон тој првичен тип.
Значи повторно „ја враќаме топката“ за вината кај тие кои не се вакцинирани.

Но ова мутирање е само теоретска можност, се нема појавено нов тип на вирус, сите типови кои се во „оптек“ си постоеле илјадници години пред да се воведат вакцини.

Како пример ќе го наведам аргументот со пертусис вакцината. Наведуваат дека лице вакцинирано против пертусис, може да се зарази со парапертусис. Ама таа не е нова бактерија, или бактерија која настанала како резултат на делувањето на вакцината, таа си еволуирала уште пред стотици илјади години и нејзината специјалност е да зарази лице кое претходно било заразено со пертусис.
Значи вакцината не направила нешто ново во епидемиологијата на оваа бактерија.
И затоа откако е регистрирана оваа појава се оди на решение да се воведат и антигени од парапертусис во вакцината и да заштитува и од неа.

Но, ова нема да го прочитате во статијата, затоа што е целно напишана да шири страв или само е резултат на незнаењето на еден „натуропат“.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 22 Ное 2013 19:29 #246074

  • Lenore Lee
  • Lenore Lee's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 14
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
хахахаххаха,објаснувањето ти нема никаква логика и ми е ептен комично,да не напишам некој друг збор

дали знаете вие (не јас) на кој начин било која друга ДНК влиаје на организам во кој е вбризгана ?
како најпрост и банален пример земете си го еве инвитрото,или пак ГМО технологијата како најексплицитен ...

ви недостигаат ОСНОВНИ познавања на таа тематика,не сте никаков опонент,затоа и сама се цензурирав :)
кога ќе се стекните со таквите основи тогаш и можеби ќе полемизирам со вас,ако икад нели ?
Dragi Prijatelji, Da li ima roditelja koji bi protestvovali sa transparentima i slikama ostecene i umrle dece od vakcina ispred ministarstva zdravlja u Beogradu, Skoplju, Zagrebu, Ljubljani...bilo gde? Organizovacemo novinare, smislicemo dobre slogane za transparente i da se krene...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky, Ana78

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 23 Ное 2013 04:03 #246075

  • Katrina
  • Katrina's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 210
  • Thank you received: 66
  • Карма: 0
Како и да е. И така ова ви се обични изговори за да си ја олесните совеста.
За некој кој тврди дека има отворен ум и сака да дојде до вистински информации, изворите ви се многу строго селектирани кон тие што од почеток ви го поддржуваат ставот.
Кои основи да ги научам? Основите на теориите на заговор? Ако имате подобри информации, ве молам посочете ги.

И вас сакам да ви посочам на реалноста на општиот имунитет како единствена причина за вашиот ноншалантен пристап кон оваа одлука. И единствена причина што како разумен човек може да си дозволите лоши извори на информации кои не го предизвикужаат вашиот став

Дали се плашите од малите сипаници, на пример? И зошто?
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: macika, Ljubicica

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 23 Ное 2013 06:55 #246078

  • Ana78
  • Ana78's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 665
  • Thank you received: 388
  • Карма: 3
Ne ne se plasam od malite sipanici na primer, si gi prelezav i svativ deka nema zosto da se plasam :) A od autizam se plasam i toA MNOGU
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 22 Дек 2013 05:42 #247525

  • Baltazar1
  • Baltazar1's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 127
  • Thank you received: 285
  • Карма: 9
Ми се виде интересен насловот, а особено коментарите под текстот па за оние што не прочитале решив да го постирам линков.

Државата не сака да чуе вакцинацијата да биде право на избор
Последна промена: 22 Дек 2013 05:43 by Baltazar1.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Hermiona

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 22 Дек 2013 16:07 #247531

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7902
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
od strav deka potoa 90% ke resat da ne vakciniraat.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 22 Дек 2013 17:21 #247534

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
  • Карма: 33
Додека во други земји се води статистика за последици од вакцини, а преку посредни судови се исплаќаат отштети на родители, кај нас согласно нашите статистики “Нема последици“. Што држава и народ ќе бевме, толку отпорни на нуспојави од вакцини.

Клопчето почна да се одмотува,одбивањето на вакцини особено во урбаните средини се омасовува, да видиме како ке реагира системот, бидејки досега не реагираше скоро никако.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Glasna*

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 23 Дек 2013 04:32 #247539

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2979
  • Thank you received: 1370
  • Карма: 60
Ja gledam tabelava na zadolzitelni i preporacani vakcini vo evropa po zemji. Golem del od vakcinite se obelezani kako preporacani iako ne e bas realna slika. Konkretno za Finska, nema nitu edna zadolzitelna vakcina. Site vakcini se staveni vo redoven kalendar na imunizacija no preporacani se poradi faktot sto vo slucaj roditelot da ja odbiva vakcinata dovolno e samo da kaze, i istoto se zaveduva vo sistem i nikomu nisto posle toa. I pak e visok procentot na vakcinirani. Samo eden zbor "preporacani" namesto "zadolzitelni" ja menuva celata smisla.

I da ima statistika za posledici od vakcini i toa mnogu detalna i so godini nanazad.

Sepak ne e ostaveno na roditelot da odluci dali ke go odnese deteto na vakcina, tuku roditelot odlucuva dali deteto ke ja primi vakcinata ili ne. Ne e isto zatoa sto ako se ostavi dobrovolno nosenje na vakcinacija golem procent od nevakciniranite ke bidat nevakcinirani od pogresna pricina.
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
Последна промена: 23 Дек 2013 04:33 by Cinnamon.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: betavitevit, Nebo, blair waldorf, Ljubicica

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 23 Дек 2013 09:12 #247551

  • Ljubicica
  • Ljubicica's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 10
  • Thank you received: 5
  • Карма: 0
"И пак е процентот на вакцинирани висок"... ова е многу битна реченица...зарем не им е страв од формалдехидот во вакцините ???:-) ..ова е иронично кажано, бидејќи очигледно тие луѓе таму се со малку поразвиена критичка свест од нашата и не баш лесно можеш да ги "заведеш" со приказните за теории на заговор...:-)
Последна промена: 23 Дек 2013 09:19 by Ljubicica.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 23 Дек 2013 09:37 #247553

  • organic_mk
  • organic_mk's Avatar
Кинеските здрвствени власти ги истражуваат околностите, кои доведоа до смртта на седум новороденчиња, кои починаа по добивање на вакцината против хепатит Б.

Извор
Последна промена: 24 Дек 2013 05:31 by Marge. Причина: уредување на линк
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 23 Дек 2013 09:52 #247554

  • Ljubicica
  • Ljubicica's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 10
  • Thank you received: 5
  • Карма: 0
Кина изминатите години ја потресуваат скандали во врска со безбедноста на производите. Во мај 2008 година најмалку шест деца починаа по конзумирање млеко контаминирано со индустриската хемикалија, меламин.......
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 19 Мар 2014 12:26 #249328

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7902
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Анти-вакцинацијата ги врати сипаниците во Њујорк

На почетокот од веков сипаниците се сметаат за елиминирани во САД. Сега благодарејќи на брилијантни умови (од типот на Џејни МекКарти) кои во 21. век оспоруваат вакцинација, сипаниците повторно живнаа...
za poveke kliknete na linkot vo naslovot

A eve go i originalot

Thanks, Anti-Vaxxers. You Just Brought Back Measles in NYC.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 14 Мај 2014 04:48 #250742

  • dusa
  • dusa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Everything is possible again
  • Теми: 55
  • Thank you received: 18
  • Карма: 0
Вакви коментари се навистина непотребни, сипаниците живнуваат и во места каде вакцинирани се 99% од населението. Најдобро е да си ги заштитите децата со тоа што преку исхраната ќе внесуваат доволни количини на витамин А (масло од јетра на бакалар - cod liver oil) кој спречува појава на сипаници или нивното прележување ќе помине без проблеми, а можете да го набавите во секоја подобро снабдена аптека.

Тука можете да го прочитате подетално
www.examiner.com/article/measles-are-mar...khanych-explains-why

и секако ниско е кога родителите кои одлучиле да не вакцинираат ги споредуваш ти или било кој со Џејни, Слаџа, Јанко или кој и да е, ти беше таа која повикуваше на културна дебата ама сега малце ... нивото ти падна
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: yarre

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 14 Мај 2014 12:35 #250750

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7902
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
dusa- погледни убаво од каде е линкуван текстот и тоа што го имам постирано е воведот во текстот. значи не е мој личен став и не е пишано лично од мене - под 1

под 2 - не ми е јасно што се најде ти навредена оти авторот на текстот (не јас) ја споменал Џејми Мекартни, кога таа до вчера беше една од иконите т.е главните промотори на невакцинирањето? Колку што знам јас таа е жена која има дете со аутизам за кој беше сигурна дека вакцините се причина.
е сега ако тоа што од некои причини почна таа да се премислува па и падна кредибилитетот во очите на оние кои не вакцинираат, не е моја вина.а уште помалку некого навредувам или сум безобразна.
и на крајот линкот беше поставен да се дискутира, но очигледно во немање контрааргументи,по 2 месеца наместо со дискусија, се оди со напад кон тој што постирал- ништо ново за жал!
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 14 Мај 2014 12:43 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 15 Мај 2014 03:49 #250762

  • dusa
  • dusa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Everything is possible again
  • Теми: 55
  • Thank you received: 18
  • Карма: 0
Не се осеќам навредено туку споредбата ми е глупава, дури и како издвоен текст од офф.нет.

А инаку на форумов одамна се чека на одговор со месеци, контрааргументи имаш колку сакаш на темата за мали сипаници: ризична група се токму бебиња до 1 година кои неможат да ја примат вакцината;
превентива е витаминот А;
самата вакцина како нус појава може да предизвика воспаление на мозокот;
тригер за аутизам ...

а епидемија од малите сипаници како што веќе реков има и во места каде 99% од населението се вакцинирани, што вакцината ја прави неефикасна.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Sneze, yarre

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 15 Мај 2014 05:12 #250764

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7902
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
жали се кај авторот на текстот :) не ми држи мене лекции за однесување и култура во пишување кога лично никого со ништо не сум навредила.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 15 Мај 2014 05:18 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вакцинирање - за или против, и зoшто? 29 Јул 2014 13:29 #251579

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
  • Карма: 33
Big Sister wrote:
Анти-вакцинацијата ги врати сипаниците во Њујорк

На почетокот од веков сипаниците се сметаат за елиминирани во САД. Сега благодарејќи на брилијантни умови (од типот на Џејни МекКарти) кои во 21. век оспоруваат вакцинација, сипаниците повторно живнаа...
za poveke kliknete na linkot vo naslovot

A eve go i originalot

Thanks, Anti-Vaxxers. You Just Brought Back Measles in NYC.

Има и други брилијантни умови, само треба некој да сака и да ги разбере. Тек сега сваќам зошто заговорниците на вакцините се повлечени од форумите.

Еве еден многу, премногу реално редење на коцките, по прашањето на погорниот топик.

Расчанчено. Употерба на логика е препорачано.

Thanks, Pharma. You created the “anti-vaccine movement”.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Baltazar1

Најново на форумот

  • No posts to display.