Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Од малку поинаков агол

Од малку поинаков агол 18 Дек 2013 10:58 #247478

  • Ljubicica
  • Ljubicica's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 10
  • Thank you received: 5
  • Карма: 0
Почитувани мајки, во претходниот период имаше многу дебати во врска со вакцините, нивната корист, несаканите ефекти итн.Таква дебата имаше и на форумот. Она што сакам јас да го продискутираме е следно: дали е потребно формирање на некое здружение на родители кое ќе биде вклучено во целиот процес на вакцинација, односно од набавка на вакцините ( тендери, цени, ацелуларни, петтовалентни, рекомбинантни итн) па се до администрирањето на истите односно будно пратење на несаканите ефекти. Според мене, во догледно време нема да се создадат услови за незадолжително вакцинирање поради тоа што имаме неповолна епидемиолошка состојба и спаѓаме во ниско развиени земји. Ако веќе се задолжителни, децата имаат право да го добијат најдоброто, без никаков исклучок.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Big Sister, Zvezdicka, Миња, bubale23, blair waldorf

Најново на форумот

  • No posts to display.