Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Реакција од вакцина (дитепер и полио)

Ре: Реакција од вакцина (дитепер и полио) 28 Авг 2013 15:35 #243238

  • ruzicka
  • ruzicka's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 48
  • Thank you received: 37
  • Карма: 0
Emilija fala ti
Еве го нашето бебе, сега има
The administrator has disabled public write access.

Ре: Реакција од вакцина (дитепер и полио) 02 Окт 2013 18:04 #244448

  • Macence
  • Macence's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 192
  • Thank you received: 94
  • Карма: 12
Еве не и нас во оваа тема. Во петокот ја вакциниравме малата со Infanrix penta трета доза. Како ја боцнаа не сакам ни да коментирам, еве ја сеуште има оток на ножето, ама тоа не ме секира. Ајде на секого може да му се случи да зграши и да не боцне убаво. Вакцината ја примивме на клиника и како и претходните пати немавме никаква реакција. Па си викам ајде ова аништо не е. Епа не било така. Од понеделникот вечерта почна да право неволни движења со главчето. И буквално кога ќе ја свртеше главата во лево, одма и клапнуваше цело тело и се превиткуваше на десна страна целата. И тоа во серии неколку пати прави, па некое време нема ништо и пак одново. Вчера сето тоа уште по интензивирано. Денес бевме на детски невролог, ја прегледа и вика супер си е детето, супер се развива. Можно е да е од вакцината, ама па може и да не е. Следете ја овие неколку дена, ако почнат да се проретчуваат испадите, тогаш е од вакцината, ако не ќе бараме од што е. Ни закажа за контрола за во вторник, па тогаш ќе правиме и ехо на ЦНС и ќе видиме што понатаму. Еев ја денес само 2-3 пати направи така, и тоа движењата се со многу помала амплитуда, па се надевам дека се ќе се среди. Како и да е ќе мора да почекаме некое време за да знаеме со сигурност што е. Додуша јас сум скоро сигурна дека е од вакцината и решив повеќе не вакцинирам. Ако ми дадат од имунологија потврда арно, ако не ќе им однесам изјава во превентива и крај. Па не е моево дете заморче, може е од вакцината, може не е.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Реакција од вакцина (дитепер и полио) 03 Окт 2013 04:32 #244464

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
  • Карма: 33
Зошто секогаш мора да се осети на своја кожа ( свое дете ) па после да настане одлука за невакцинирање ? Зарем не се верува во случаите во блиската околина ?
Последна промена: 03 Окт 2013 04:33 by yarre.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Реакција од вакцина (дитепер и полио) 17 Окт 2013 05:37 #244899

  • tatoli
  • tatoli's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 7
  • Thank you received: 9
  • Карма: 0
Macence, навистина ми е жал за вашето детенце и се надевам дека брзо ќе закрепнете.

јас пак ќе се вклучам во темава, како нејзин иницијатор и ќе кажам дека темава не е е сериозно сватена во нашава држава и на таков начин ќе му одговорам на yarre. Кажав и во претходните мои постови дека ние имаме и друго детенце, постаро од ќеркичката со кои имаме проблеми со тромбоситопенија (за жал СЕ УШТЕ), но со него никогаш сме немале никакви проблеми како и поголем дел од популацијата која ги прима овие "вакцини" ако може така да се наречат, а само господ знае што се.
Ние во нашата средина во која се движиме никогаш не сме имале приказни со лоши искуства околу вакцините па од тие причини и сме дозволиле децата да ни се вакцинираат. Сакам да кажам дека свеста на нашите родители (вклучувајќи ме мене и мојата сопруга се до мај 2013 кога ни се случи проблемот), е на многу ниско ниво во овој поглед (не сме свесни за ПОСЛЕДИЦИТЕ). А држата слободно можам да кажам дека индиферентно се однесува во поглед на ова а ваквите случаи на последици од вакцините не се ни труди да ги евидентира или пак да ги искористи како искуства со цел во иднина да се намалат последиците.

Една емисија на телевизија во текот на годината на тема имунологија без дискусија на тоа какви се последиците од вакцинирањето, и со многу малку пишани искуства по медиумите ЗА ЖАЛ сметам дека ќе има уште вакви случаи како резултат на вакцинирањето.

Според мене вака не се гради здраво многудетно општество без право на избор и свесност кај популацијата (мислам родителите) за последиците од вакцинирањето.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Реакција од вакцина (дитепер и полио) 17 Окт 2013 14:17 #244916

  • Macence
  • Macence's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 192
  • Thank you received: 94
  • Карма: 12
Еве да ви се пофалам ние сме добри. Испадите не биле миоклонизми како што ни кажаа на детска клиника, туку некој тик, е сега по кој автор се викаше го заборавив името. Битно правевме и ЕЕГ и КТ на мозок и се е во ред. Нема ни епилептогена активност ниту пак некое крварење во мозокот како што ми кажуваа. Ама за жал сето тоа го дознав од д-р Чепреганов, откако Мејо ми советуваше да одам кај него. Затоа што на клиника ме убедувааа дека на толку мали деца не може да се направи ЕЕГ. Па ме убедуваа дека тоа не е од вакцината, туку дека детето си имало проблеми кои баш во седмиот месец од животот почнуваат да се манифестираат ( читај почетни менифестации на церебрална парализа), па да чекам да добие епилептични напади и да почне да губи сила, да не може да седи и слични други глупости. Или друга изјава од истата докторка, да можеби е од вакцината,ама не од неа директно туку боцната е во близина на некој нерв ( во лева нога, ова морам да го потенцирам ) па поради тоа има некои болни сензации и ете има испади ( на десна страна на врат) е од ова поголема глупост не можев да слушнам. А знае дека сум докторка и добро ми е позната работата на нервниот систем. Море сега ми се иде да и отидам па да и објанам некои работи.
А за да биде иронијата уште поголема, докторот кај нас во превентива ми објаснува као еве најверојатно е од вакцината меѓутоа не е од целата вакцина, туку само од пертузисот како компонента. И затоа освен пертузис се друго ќе си примите. Ама па не ми се влеваше во конфликт со него и го оставив нека си мисли како сака. Јас повеќе НЕ ВАКЦИНИРАМ и крај. И нема жива сила што ќе ме убеди во спротивното.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Bubbi, betavitevit, Lenore Lee

Ре: Реакција од вакцина (дитепер и полио) 18 Окт 2013 11:18 #244945

  • Lenore Lee
  • Lenore Lee's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 14
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
исто после оваа вакцина на 6 месечна возраст му се случи и на синчето мое,страшна реакција,една недела имаше 40 т,осум шишиња парацетамол испи за тоа време кутрото и со парацетамол т не му спаднуваше,целиот се нафрла со црвени точки,на болница докторите бледо гледаа и само креваа раменици,па дури една зомба во бело кажа дека било алергија,алергичен на што ? на мајчино млеко ?плус сакаа да му додадат и антихистамини и триста други глупости да пие,на 6 месесчно исклучиво доено бебе! идиотарија тешка ! а уште потешко на нас родителите со вакви идиоти од доктори,чест за исклучоците ама тие во државичето ни мизерно некако како да ги нема
tatoli ви пишав приватна порака,не знам дали можите да ја видите ...
поздрав и секое добро
Dragi Prijatelji, Da li ima roditelja koji bi protestvovali sa transparentima i slikama ostecene i umrle dece od vakcina ispred ministarstva zdravlja u Beogradu, Skoplju, Zagrebu, Ljubljani...bilo gde? Organizovacemo novinare, smislicemo dobre slogane za transparente i da se krene...
Последна промена: 18 Окт 2013 11:21 by Lenore Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Реакција од вакцина (дитепер и полио) 19 Окт 2013 15:40 #244974

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7902
  • Thank you received: 5649
  • Карма: 121
Lenore Lee wrote:
...идиотарија тешка ! а уште потешко на нас родителите со вакви идиоти од доктори,чест за исклучоците ама тие во државичето ни мизерно некако како да ги нема

јас го разбирам и гневот на родителите и нервозите низ кои се минува кога е во прашаење дете, ама ве молам воздржете се од било какви навредувачки квалификации кон било кого како личност или кон било која професија.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 19 Окт 2013 15:40 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Helix
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.