Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Како да се одбие вакцинирање?

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 13 Ное 2012 15:50 #221211

  • Lenore Lee
  • Lenore Lee's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 14
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
здраво на сите,
би сакала да прашам дали некој има искуство со одбивањето на вакцинација и паричниот надоместок за трето дете,во законот (заштита на децата,по тој закон се исплаќа надоместокот) на некој многу паметен му текнало да вметни (со измените,првичниот не беше таков) и потврди за задолжителни вакцинации и тоа за секоја вакцина и тоа за секое дете посебно,која идиотарија ! :angry:
некој совет,конструктивна мисла,anything ?!
благодарам
Dragi Prijatelji, Da li ima roditelja koji bi protestvovali sa transparentima i slikama ostecene i umrle dece od vakcina ispred ministarstva zdravlja u Beogradu, Skoplju, Zagrebu, Ljubljani...bilo gde? Organizovacemo novinare, smislicemo dobre slogane za transparente i da se krene...
Последна промена: 13 Ное 2012 15:58 by Lenore Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 26 Ное 2012 12:37 #223148

  • Koni
  • Koni's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 326
  • Thank you received: 102
  • Карма: 9
Повикана сум на разговор со медицинската сестра во градинката на мојата помала ќерка во врска со вакцинирањето.
Пред 2 недели ми побараа потврда од матичниот лекар во која ќе биде наведено дека и покрај тоа што моето дете не е вакцинирано може да посетува градинка. Тоа им било потребно за да се заштитат пред санитарната инспекција.
Кога побарав ваков документ од матичната таа не се согласи па си напиша по свое, каде што наведе само дека детето е психофизички здраво и не е вакцинирано по календар и дека потврдата се издава на барање на родителите.
Ова не им било доволно па сега ќе одам на информативен разговор. Многу ме интересира што ќе ми кажат. Се прашувам дали би било паметно да им ја приложам изјавата на јаре???
Најинтересно е што ова ми го бараат после година дена откако одиме во градинка.
Има ли некој најнови информации во врска со невакцинирањето и соочување со институции поради истото?
Заборавив да напоменам дека кога на матичната и ја побарав потврдата и реков дека ќе и доставам изјава за нејзина заштита,но некако не беше многу заинтересирана за тоа, само ми рече онака со пола уста да ок ќе треба и толку.
M 2007 :srce:
MM 2010 :srce:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 26 Ное 2012 12:44 #223149

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2921
  • Thank you received: 1735
  • Карма: 100
Interesno ... nesto se slucuva. Kerka mi ne odi mesec i pol vo gradinka i ajde vikam da zemam potvrda od maticen deka e zdrava. Znaat da pobaraat posle podolgo otsustvo. Iako jas se javiv i kazav deka ke sme vo izolacija nekoj period.
Bil denes tatko mi i maticniot mu rekol deka ke mu dade potvrda, no so podatoci deka nema primeno dosta vakcini. Jas nema da ja prilozam istata ... no ke vidime sto i kako ponataka.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 11 Јан 2013 09:32 #229357

  • 8888
  • 8888's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
  • Thank you received: 1
  • Карма: 0
Кон ХПВ иницијативата да се додаде или промени во иницијатива за НЕЗАДОЛЖИТЕЛНА ВАКЦИНАЦИЈА да пробаме да смениме нешто во државата па и ние да влеземе во онаа листа на држави каде што вакцинацијата не е задолжителна
Последна промена: 11 Јан 2013 09:42 by 8888.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 11 Јан 2013 14:11 #229385

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
  • Карма: 33
Моника,
Се извинувам што касно пишувам, меѓутоа не добив нотификација за промена во темата. Искуство со инквизиторскиот однос во градинка имаше Мејо од форумот, меѓутоа целата галама остана на „те плашиме со казни, ама какви не знаеме “ со оглед на нејзината решеност да не го вакцинира детето. Градинката е должна да го запише детето, со оглед дека никаде нема правилник дека детето строго мора да е вакцинирано, за да биде запишано. Впрочем тоа се случи и со запишувањето на син ми во прво оделение, каде што од задолжителноста не видов ни з, со оглед дека треба да се има здравствена потврда за здравствена состојба на детето, и примени ( или непримени ) вакцини. Никако не беше облигаторна состојбата дека детето мора да е вакцинирано, туку се бараше само информација ( дали е или не е ). Нема право директорот / мед. лице во градинката да одлучува дали тоа е облигаторно право за прием на детето, иако нели по секоја цена се убедува да те убеди дека мора, добро е, казниво е и останато бла бла пеење.
Утврдивме дека не е казниво ако јасно се изкаже ставот против вакцинација, и сметам дека дури ни изјава не е потребна. Моето искуство со првата вакцинација ( во прво одделение ) кај син ми го покажа токму тоа. Во одделението сме вкупно 3 родитела кои не ги вакцинираат децата, другите лажеа ( ваљда плашејки се ) со свои причини, а јас сакав директ да настапам, па ( со оглед дека бевме сите со своите дечиња ) и кажав на докторката дека син ми нема да се вакцинира, по што она ме праша за причина, а јас елегантно и реков дека не сакам да го вакцинирам син ми, а ако сака и ке разврземе муабет зошто не. На тоа, она ми побара да се потпишам у некаква си евидентна тетратка дека одбивам да вакцинирам, што го направив елегантно. И толку, крај на прикаската.

Напомена многу важна за сите родители кои не сакаат да ги вакцинираат своите дечиња, дека најважно е токму јасно изјаснување на ставот околу тоа, било да е усмено или писмено. Никој, повторувам никој нема право да ви ја смени таа одлука, ниту законски да одговарате. Друго е ако бегате, или не се јавувате на покани, тогаш глупоста на системот по автоматизам ве бара заради запоставување на детето, што во суштина не е точно.

Иницијативата за ХПВ вакцината, која постоеше на форумот, знаев дека ќе биде едно големо ништо уште од првичниот состанок на оваа тема кој го имавме во АБЦ лани летото. За мене, ХПВ вакцината е секако дел од нашиот инквизиторски систем, и е супер лесно заобиколлива вакцина, како и останатите.

Проблемот со вакцините нема да го решиме ние со здруженија, и акции, пошто се гледа колку можеме да се здружиме (еве тука како Хрватите тоа го прават) , а државата нема да го реши ич. Она што можеме е како самостојни единки да одлучуваме, и тоа засега е единствениот практичен модел против вакцините, без никакви законски последици, за добробит на децата.

Перцепцијата за вакцините е најтешко да се промени, па како Николо Макијавели, со својата изрека која идеше некако вака: - „Многу потешко е да ослободиш луѓе од ропство, отколку да поробиш луѓе навикнати на слобода “ и секако единствен начин за сето ова е времето и отворени разговори.

На каква точка бевме пред 6 години, сегашната состојба ја гледам како одличен напредок, секако во однос на поднебјето и стереотипот на населението.
Последна промена: 11 Јан 2013 14:16 by yarre.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nataly, Koni, bibi1979, Hermiona

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 11 Јан 2013 14:56 #229387

  • zakki
  • zakki's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 1
  • Карма: 0
yarre mozes li da mi kazes toa so sin ti vo prvo oddelenie pred kolku vreme se slucuvalo? Jas imam sin sto e prvo odd, odbegnavme vakcinacija vrz baza na "ne sme bas dobri so zdravjeto" i sega ne znam sto ponatamu. Inaku pozdrav na site od forumov, bidejki sum prv pat ovde i mnogu mi se dopaga sto gledam deka ne sum samo jas sto razmisluvam protiv vakciniranje
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 12 Јан 2013 03:12 #229401

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
  • Карма: 33
Сега, пред нова година.

Што понатаму ? Па ништо. Подобро е да кажеш став отворено, зошто вака ке те бараат кај си што си,за да го вакцинираш.
Наредниот пат за оваа или наредни вакцини, ако те викаат, отиди, кажи не вакцинирам и толку.
Имаше нешто и во 2ро одделение ама за таа вакцина не ги викаат родителите. Едноставно, отиди дента заедно со детето, и кажи не се сложувам.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: bibi1979

Ре: Вакцинирање - за или против, и зашто? 29 Јан 2013 08:57 #230802

  • MajaL
  • MajaL's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 160
  • Thank you received: 36
  • Карма: 0
Луѓе во школо уште повеке малтретираат за вакцинацијата, тоа не сум знаела до сега. Во второ одделение има Манту, јас знам дека моиве деца немаат реакција на Манту тестот бидејќи сум им правела ама не ги вакцинирав потоа бидејќи во меѓувреме ми се разболеа. Е сега исто така во меѓувреме читав дека во Србија престанале да вакцинираат со оваа вакцина бидејќи е дискутабилна нејзината оправданост. Така чекав и кај нас да се опаметат и да ја исклучат од обавезниот календар ама ништо. Кога децата кај син ми ги вакцинираа тој доби бронхитис. И сега секое мое појавување во школото ме опоменуваат дека само моето дете нема примено вакцина и нема поминато Манту. Јас не знам ни дали воопшто сакам да го вакцинирам и не знам што да им кажам во школо. Ајде помош ве молам, кажете ми што би можела да направам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вакцинирање - за или против, и зашто? 29 Јан 2013 09:24 #230804

  • PiPoLiNo
  • PiPoLiNo's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 571
  • Thank you received: 243
  • Карма: 10
maj i filip moj gi ima primeno vakcinite site pred da trgne vo skolo
vo skolo posle sledea niza vakcini , mislam deka tripati do sega gi vakciniraa decata a se treto oddelenie.Jas imam i podrska da recam od ucitelkata posto i na nea i na filip im imam kazano da ne prima vakcini.Dva pati me imaat i viknato od doma koga bese vakcinacijata i im kazav na sestrite poradi alergija ne vakciniram dali i koga ke go vakciniram sama ke odlucam.
baska i odnesovme izjava vo poliklinikata i mislam deka ke zavrsi ova nateganjevo posto i mmene mi e neprijatno vezden da se objasnuvam i dokazuvam so sestrite
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 29 Јан 2013 11:42 #230841

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
  • Карма: 33
Масирањето од „одговорните“ за спроведување на вакцинацијата, секако е поголемо доколку истот се прекине во одреден период, а не од почеток, од раѓање.
Причината е едноставна.

Кај прекината или делумна вакцинација, детето е заведено по нивните списоци и картотеки, и коа во евиденцијата ве нема согласно терминте за вакцинација, се пали сијаличето на администратоката, со тоа што по автоматизам се јавуваат да ве потсетат, дека сте превиделе/заборавиле и слично. Вие ке кажете дека нема да вакцинирате, ама тоа никој не го евидентира, и пак, наредниот пат се пали сијаличето, и така за секоја вакцинација или ревакцинација. Веројатно треба да се најде начинот да се пристапи до командната табла на сијаличките, и таму да се штиклира дека детето не се вакцинира. Веројатно тоа pipolino го постигнала.
Јас немам искуство со делумна или прекината вакцинација, ама според кажување од тие родители, удавот е поголем, ама решлив.

Кај одбивање на вакцинација од почеток, детето не ни влегува во системот, и се си тера без давење на стеретипни теткички.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 29 Јан 2013 11:54 #230843

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
За сите вие што сте одбиле вакцинирање со изјава, ве молам за инфо како ја доставувате изјавата, на рака или препорачано по пошта, дали ја носите во два примероци од кои еден ќе ви заверат дека го примиле, со други зборови како обезбедувате доказ дека сте доставиле изјава за невакцинирање?




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 29 Јан 2013 14:18 #230858

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
  • Карма: 33
Здраво Анабел Ли :trep:

По мое најдобро е да биде, на рака, со копија потпис од лекарот дека ја примил како во Хрватска. Едната потоа би завршила во картон на детето, а другата кај тебе.
Во мојот случај, на рака на лекарот, па одтаму во картонот на детето, и ја приметувам дека таму стои.

Мада, доволно по мене е родитело да го каже својот став, а лекарот истиот да го евидентира. Имало и ваков случај.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee, Nebo, Nataly

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 30 Јан 2013 13:05 #230966

  • betavitevit
  • betavitevit's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 193
  • Thank you received: 96
  • Карма: 7
Може ли едно прашаље до тие што прекинале со вакцинација-дали е доволно изјавата за одбиваље на вакцинација да ја потпишам само јас бидејќи сопругот не се согласува со мене,а јас сум решена дека сега за сега ќе прекинам со вакцинација.Денес ни стигнало картонче да се јавиме за ДТП (на 4 години што се прима),па утре планирам да отидам во Јане Сандански и да однесам изјава потпишана само од мене.И дали треба една изјава кај матичната и една кај што вакцинираат или доволна е само една изјава?Благодарам.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 31 Јан 2013 01:47 #230993

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
  • Карма: 33
betavitevit,

Непостои точно одредено правило како да се постапи, и сите родители се водат од желбата да не вакцинираат повеќе, а секој се справува на свој начин, во зависност од состојбата кај неговиот педијатар или доктор вакцинирач ( порано беше иста особа ).
Ти имаш и плус задача а тоа е да се справиш сопругот има различно видување од твоето, ама веројатно тебе те води твојата убеденост против вакцините.

Првото правило, е дека не треба да се избегнува контактот, и обавезно да одиш,секако без малото, и првично лично да кажеш дека не сакаш да твоето дете биде вакцинирано. Веројатно ке следи поголемо или помало убедување ( евентуално заплашување) од страна на докторот вакцинирач. Прашај што им треба од тебе, да им доставиш, и тоа направи го.
Ако има нешто плус, подели го тука, па заедно да видиме што да правиш понатаму, мада искрено не очекувам ништо од сето тоа.
Секако не кажувај дека маж ти не се слага со твојот став. Потписите во изјавата не се важни, јас едната ја носев сам, а другата заедно со мж.

И да секако пренеси го твоето искуство тука, за некого сигурно ке биде добродојдено.
Последна промена: 31 Јан 2013 01:47 by yarre.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 31 Јан 2013 03:33 #230995

  • MajaL
  • MajaL's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 160
  • Thank you received: 36
  • Карма: 0
Yarre do sega ne mi se desilo nikogas da me opomenuvaat se dodeka ne trgnaa vo skolo. Jas ne sum sigurna deka voopsto ne sakam da gi vakciniram, ama kako sto pocnav da se informiram za vakcinite svativ deka nekoi vakcini i ne treba da se primat. Na primer konkretno za DTP na 4 godini, doktorka sto raboti na detska klinika mi rece deka taa vakcina moze i da se preskokne od pricina sto uste drzi prethodnata vakicna a decata sega trgnuvaat pomali vo skolo i si doaga kako sto treba. Druga rabota e za BCG koja vo Srbija e isfrlena od kalendarot pa bidejki kaj nas toa nema da se desi jas mislev sama da ja isfrlam :). Jas sakam da postignam da imam izbor ako resam da gi vakciniram da gi odnesam jas koga ke imam crno na belo deka se zdravi i koga mislam deka treba. A ne da me maltretira nekoj i da me ubeduva deka ne e nisto na bolno dete da mu pravam Mantu ili da mi kaze mora da dojdes na 28 januari a deteto mi e nastinato. Kaj go ima toa osven kaj nas ....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 01 Фев 2013 12:16 #231193

  • betavitevit
  • betavitevit's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 193
  • Thank you received: 96
  • Карма: 7
Bev vcera vo Jane Sandanski imase mnogu guzva za vakciniranje pa nemozev da cekam,si otidov.Vo meguvreme isprativ izjava po posta(adresirana do Jane Sandanski) so ta sto ja prepraviv samo od eden roditel t.e.samo od mene,ja potpisav,go napisav i brojot na karton za vakcinacija od malata.
Od ponedelnik pak ke pominam i usno da im kazam pa ke pisam sto sum napravila.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 01 Фев 2013 14:17 #231205

  • Octavia
  • Octavia's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 261
  • Thank you received: 205
  • Карма: 3
Како прво, ние се вакцинираме, ама прилично доцниме за вакцините што се некаде на 2 години (половина година веќе) и ја сретнав лекарката која не вакцинира (ужасно површна жена, на крвна слика со намалени леукоцити ми вика Е де голема работа, да ја боцнеме, колку деца идат и без крвна слика па ништо не им е. Не дозволив, се скаравме а малово утредента ми крена температура, грип, ама тоа е друг муабет) и ме кара „Вие премногу доцните, ќе ве пријавам, знаеш колкави се казните?“ И јас на тоа викам „Ама слободно веднаш да ме пријавите, таман ќе можам да си ги кажам и таму забелешките. А за казна, тие приказни на друг, НИКОЈ не може да ме казни за доцнење со вакцина и НИКОЈ не може да ме присили на медицинска интервенција!“ (Не читам џабе РиД :roll: )
Она што сакав да кажам е дека буквално вака ми рече „Да, може да одбиете, ама вие веќе сте почнале со вакцини и влезени сте во списокот, па кога ве нема тоа мора да се нотира и да се пријави. друг случај е за деца кои воопшто не почнале за вакцина, тоа е друга работа“.
Еве значи толкување од лекар за прашањата погоре.
Само жената му дава димензија на животот...(Б. Конески)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 02 Фев 2013 13:57 #231256

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
  • Карма: 33
Јас не знам за таков случај, за доцнење и пријавување. Моите не се влезени у такви списоци, осем на последната (не)вакцинација, каде се потпишав покрај името на син ми дека “Родител одбива вакцинација“.

Не гледам ништо трагично во нивното веројатно протоколарно пријавување. Meyo беше пријавена лично и персонално од социјален работник во градинка, ја викнаа на разговор во Мин. за труд и социјала ( таму викаат за запоставување, а невакцинирањето се смета за запоставување ) им кажа кој и е ставот, и крај на прикаската и таму. Со оглед дека невакцинирањето е со намера, ти не го запоставуваш твоето дете ( или сеедно, доцниш намерно со вакцините )

Бетавит, почекај една недела да им стигне, не брзај. Ти не треба да си во мисла или паника. Твојот дел од одлуката е направен, и правно обезбеден. Секако не влегувај во расправија со нив. Кажи им, ти (ние) одлуката ја направивме, и согласно законот, Ве информиравме, јас детето не го вакцинирам, а вие терајте ја својата работа.....и иди си дома пејте си песнички со малото.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: betavitevit

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 05 Фев 2013 10:21 #231570

  • betavitevit
  • betavitevit's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 193
  • Thank you received: 96
  • Карма: 7
Denes bev vo Jane Sandanski,vlegov vnatre so kartonceto sto go prakaat da ne viknat za vakcinacija-vaka tecese komunikacijata:

-dobar den,jas go dobiv ova kartonce za vakcinacija na kerkickata ama jas resiv deka nema da ja vakciniram malata veke,ve molam da zavedete vo nejziniot karton za vakcinacija deka nema da vakciniram,jas vi isprativ i izjava minatata nedela,dali ja dobivte?
-sestrata rece deka nemalo potreba da prakam izjava(vika deka ne ja dobile izjavata,deka sigurno e vo upravata na poliklinikata),go najde kartonot za vakcinacija,do nego go stavi kartonceto za povik za vakcinacija kade sto napisa-odbiva da go vakcinira deteto,stavi datum i jas se potpisav so celo ime i prezime.Iskomentira samo deka jas si odgovaram za moeto dete.
Tolku bese celiot muabet,nemase nikakvo drugo ubeduvanje deka treba da vakciniram.

Yarre,
Docna go vidov postot za da pocekam podocna da otidam vo Jane Sandanski-jas denes veke bev tamu i nemav ama bas nikakva namera da se karam i raspravam,samo da go kazam mojot stav,ama super si pominav,bez perenje na mozok za da vakciniram i bez zakani.
Последна промена: 06 Фев 2013 09:39 by Mama Ane.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Thatcher

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 01 Мар 2013 07:48 #233799

  • Varja
  • Varja's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 10
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
VE molam za sovet!
Denes dobiv NAREDBA za da go odnesam moeto dete na vakcinacija od strana na sanitarnata inspekcija! Zalba moze da podnesam no toa ne vlijae vrz obvrskata vo rok od 1 sedmica da go odnesam deteto na vakcina.. Uhhh ...prilicno uporni i napadni se, a i izjavata ne mi ja primija vo ambulantata. Ve molam za sovet ... iskustvo nekoe ...
NAREDBATA ke ja slikam i utre ke se obidam da ja prikacam za da ja vidite.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 01 Мар 2013 08:25 #233805

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
  • Карма: 33
Varja,

Нема потреба од паника, иако заплашување и закана е единственото средство со кое располагаат „ревносните“ органи. Детето со сила не можат да ти го земат и да го вакцинираат.

Во наредниот контакт, одважи се да кажеш дека имаш право како родител на малолетник, да одлучуваш по прашање на лекарска интервенција, дека сметаш дека со таа одлука овозможуваш здрав живот на своето дете и дека наредните чекори треба ( ако сметаат ) да ги прават они. Жалба ти не треба да поднесуваш, бидејки жалба не се поднесува на наредба ( ма како и тоа да изгледала ) Замоли ги да не те вознемируваат, и секаква накнадна комуникација да ја направат по писмен пат.
Не се тревожи, не ти можат ништо. Дури и да се ревносни ( а и глупи ) да те тужат, нивната постапка ке биде одбиена и во основен суд и понатаму, согласно примерот што го имавме од Кавадарци.
Судска постапка е ретка работа, и ако си баш тој ксмет ке се зезаш со ограничени инспектори , ама на крајот пак ке добиеш, ама за резултат ке си биде по твое.

Пушти ја изјавата како изгледа, а ако неможеш да ја закачиш, контактирај ме ПВТ да ти дадам мој мејл. Се разбира, тргни ги името и презимето.

Убави мисли и без секирација.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Nebo, Varja

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 01 Мар 2013 16:19 #233843

  • Varja
  • Varja's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 10
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
Yarre , ti isprativ PVT :sram: neznam kako da prikacam slika, pa te molam prati mi tvoj e-mail i spodeli ja slikata od dokumentot na forumov.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 02 Мар 2013 05:25 #233866

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
  • Карма: 33
Последна промена: 02 Мар 2013 05:42 by yarre.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 02 Мар 2013 06:03 #233868

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
  • Карма: 33
Varja,

Согласно мене познатата правна регулатива, нареба за вакцинација се издава само во време на епидемија ( тоа е друга ноторна глупост ама во друга прилика ). Молам провери го гореспоменатиот закон. Јас ако добро ме држи сеќавање, баш така беше.

Согасно законот, како што и напиша

1) Пациентот има право да прифати или да одбие определена медицинска
интервенција, освен во случаите на медицински интервенции чие одложување
или непреземање би го загрозило животот и здравјето на пациентот, односно
животот и здравјето на други лица или би предизвикало привремено или трајно
оштетување на неговото здравје, односно здравјето на други лица.

ИМУНИЗАЦИЈА Е МЕДИЦИНСКА ИНТЕРВЕНЦИЈА! ИМУНИЗАЦИЈА СЕ СПРОВЕДУВА ВО МЕДИЦИНСКА УСТАНОВА, а не во автолимарска работилница.

Искористи делови од Хрватската изјава, разгледај ја и нашата обична Македонска изјава, искористи го овј член од ЗЗЗ .Срочи ја убаво, натенане, поразговарај со некој правник ако имаш близок.

На крајот на денот се работи секако за твоето дете, имаш донесено одлука за невакцинирање. Дома нема да дојдат да ти го земат детето.

На крајот, не дигај паника, смири ја топката, се работи за една обична постапка на некој референт од подрачна единица од МЗ, кој максимално ревносно си ја врши работата ( за да не му луа некој друг на глава ).

Истата ваква постапка во Кавадарци заврши во корист на среќните родители. Била гњаважа, ама резултатот бил исплатлив. И секако, помислата што Ве носи за одлуката е секогаш поскапа од евентуалната казна што би произлегла од тоа. Стави на вага, дали вредат парите што нема да ги дадеш ако го вакцинираш детето, кога веќе ја имаш донесено одлуката ( за мене најисправната во животот )

Секако, ова карикирам со максималниот проблен, уверен сум дека нема да дојде до тоа, со оглед дека веќе имаме примери на тоа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Како да се одбие вакцинирање? 04 Мар 2013 07:17 #234012

  • Varja
  • Varja's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 10
  • Thank you received: 7
  • Карма: 0
Denovive intenzivno gi citam site mozni zakoni pa eve i ke postiram nekolku delovi od Zakonot za zastita na pravata na pacientite sto mozat da ni pomognat pri odbivanjeto na vakcinacijata.
ЗАКОН ЗА ЗАШТИТА НА ПРАВАТА НА ПАЦИЕНТИТЕ
Член 4
Одделни изрази употребени во овој закон го имаат следното значење:
1. ”Пациент”, е лице, болно или здраво, кое ќе побара или на кое му се врши
одредена медицинска интервенција со цел за зачувување и унапредување на
здравјето, спречување на болести и други здравствени состојби, лекување или
здравствена нега и рехабилитација.
2. ”Медицинска интервенција” е секој преглед, третман или друга активност
со превентивна, дијагностичка, терапевтска цел или со цел за рехабилитација што
ја презема овластен здравствен работник.
II. ПРАВА НА ПАЦИЕНТИТЕ
Член 5
1) Пациентот ги има правата пропишани со овој или со друг закон или со
ратификуван меѓународен договор.
Право на пациентот на учество во одлучувањето
Член 6
1) Правото на пациентот на учество во одлучувањето го опфаќа правото на
информираност и правото на прифаќање или одбивање на определена
медицинска интервенција.
2) Правото на пациентот на учество во одлучувањето може да се огранични
по исклучок само кога е тоа оправдано со здравствената состојба на пациентот,
во случаите и на начин уредени со овој закон.
Право на информираност
Член 7
Пациентот има право, во сите фази на здравствената заштита, да биде
потполно информиран за:
1. својата здравствена состојба, вклучително и за медицинската процена на
резултатите и исходот на одредена медицинска интервенција, како и нејзините
најчесто очекувани компликации;
2. препорачаните медицински интервенции, како и планираните датуми за нивно
спроведување (програма за третман и рехабилитација);
3. можните предности и ризици при спроведувањето, односно поради
неспроведувањето на препорачаните медицински интервенции;
4. своето право на одлучување за препорачаните медицински интервенции;
Член 14
1) Пациентот има право да прифати или да одбие определена медицинска
интервенција, освен во случаите на медицински интервенции чие одложување
или непреземање би го загрозило животот и здравјето на пациентот, односно
животот и здравјето на други лица или би предизвикало привремено или трајно
оштетување на неговото здравје, односно здравјето на други лица.
2) Прифаќањето или одбивањето на определена медицинска интервенција
пациентот го изразува со потпишување на изјава.
3) Формата и содржината на образецот на изјавата за согласност, како и на
изјавата за одбивање на определена медицинска интервенција, ги пропишува
министерот за здравство.
Заштита на правата на пациент
над кој се врши научно истражување
Член 17
1) За вршење на научно истражување над пациент, неопходно е да се даде
свесна, јасна и доброволна согласност од пациентот.
2) Согласноста на пациентот, во смисла на овој закон, е писмена, датирана и
потпишана од пациентот изјава за согласност за учество во одредено научно
истражување, дадена врз основа на прецизни и на разбирлив начин дадени
информации за природата, важноста, последиците и ризиците на истражувањето.
За деловно неспособен или малолетен пациент, изјава за согласност дава
неговиот родител, законски застапник или старател, со одобрение на надлежниот
Центар за социјални работи.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Annabel Lee, Koni

Најново на форумот

  • No posts to display.