Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4

ТЕМА: Информации и линкови за вакцини

Информации и линкови за вакцини 13 Јун 2013 07:06 #241299

  • Dilberta
  • Dilberta's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 514
  • Thank you received: 722
  • Карма: 0
Зошто не е релевантна споредбата со беснило? Зарем не провери дека "на запад" беснилото не е ерадицирано па сепак не се дава вакцината превентивно. Исто и вакцините против ХИБ, ХепБ, ХПВ до пред неколку години не се даваа превентивно па живеевме нормално и без нив, ама еве ги бутнаа на календар. Мене ми е страв дека оние кои го делат твоето воодушевување од вакцините можат да се сетат и оваа против беснило да ја стават на календар. Не е спорно давањето вакцина на ризични групи, т.е. на оние кои имале повреда како за беснило така и за тетанус. Кој пресмета дека ризикот од тетанус оправдува превентивно вакцинирање на бебиња од 3 месечна возраст и уште повеќе во комплет со пертусис и пази дифтерија?! Или убаво си кажа дека некој пресметува што е "ФИНАНСИСКИ НАЈИСПЛАТЛИВО".

Текстот кој го цитирав има целосна врска со твојот стил на заплашување од болести со трупање на линкови за страшните болести и рекламирање на вакцните како магично решение за нив. Текстот се бави со податоци од твојот омилен сајт CDC и кажува дека тие податоци се НЕТОЧНИ. А токму тие податоци се користат за да се бутне некоја вакцина на програма, баш како што се бутнати и ХИБ и ХЕПБ и ХПВ. Очигледно си го прочитала целиот текст со се коментари, ама повеќе ти се допадна да ги игнорираш аргументите на авторот зошто бројката на CDC од 62% ефективност е сигурно НЕТОЧНА, и да го цитираш назад некој си ојле дојле кој си коментирал дека е благодарен дека не е на машина за вештачко дишење!?! Некако одеднаш го загуби интересот за научни факти, текстот е инаку најчитан во журнал чиј импакт сигурно си го проверила.

За здивот нема да коментирам, па уствари да и јадењето грав прави проблем, треба да се направи кампања после секое јадење грав да се голтне и по едно апченце.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Frenky, yarre, Mama Sani, Ana78, vistina and this user have 1 others thankyou

Информации и линкови за вакцини 13 Јун 2013 07:55 #241306

  • Katrina
  • Katrina's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 210
  • Thank you received: 66
  • Карма: 0
@TatjanaV

Споредбата со беснило не е релевантна затоа што прво постојат неколку нивоа на одбрана против болеста, прво вакцинирање на векторите, односно животните кои го пренесуваат, и второ вакцинирање на ризични групи. За разлика од тетанус каде секоја подлабока рана е ризик.
И второ далеку е помал бројот на случаи на беснило, дури и вака без масовна вакцинација. Токму не постои масовна вакцинација затоа што НЕМА ИНДИКАЦИЈА, како што има за болестите за кои постои масовна вакцинација.

Ризична група не се оние кои имале повреда или каснување, туку оние кои имаат зголемен ризик од каснување. После каснување или повреда доцна е за вакцина, тогаш кај оние кои немале примено воопшто вакцина се дава серум. Кој исто не е безопасен, можеби ако се прават калкулации ќе излезе дека и поопасен од обична вакцина, затоа што содржи антитела земени директно од животно, а да не зборуваме дали е финансиски исплатлив затоа што кошта 1000 евра една доза.

Немаме потреба од заплашување или рекламирање на болеста тетанус, ДОБРО СЕ ПОЗНАТИ ефектите и смртноста од истиот, со 30-50% смртност, дури и со навремен и модерен третман е драстична бројка. Проблемот е што на лаици во областа прикажувањето на ФАКТИ ни изгледа како рекламирање или заплашување.
Исто и вакцините против ХИБ, ХепБ, ХПВ до пред неколку години не се даваа превентивно па живеевме нормално и без нив,
Ова ме збунува. Зарем немаш претстава за тоа што значи подобрување? Ти можеби живееше нормално, ама има бебиња кои имреле заради ХиБ, има родители кои претпреле непотребен страв или хоспитализација на нивните деца заради ХИб, има луѓе кај кои ќе се превенирало хепБ ако примеле вакцина и тоа не била инфекција заради личен избор на стил на живот. Кај колку жени ќе се превенирал рак на грло на матка или само обични брадавици ако имале примено ХПВ вакцина?

Истото можеме да го речеме и до пред неколку години сме немале компјутери или интернет па сме живееле нормало, или сме немале (не знам што) што го подобрило квалитетот на живот па сме живееле нормално. Се работи за цели кои го подобриле квалитетот на живот и тоа треба да се почитува, а не да се земе здраво за готово.
Последна промена: 13 Јун 2013 08:11 by Katrina.
The administrator has disabled public write access.

Информации и линкови за вакцини 13 Јун 2013 09:10 #241322

  • Ana78
  • Ana78's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 665
  • Thank you received: 388
  • Карма: 3
Posle sekoja malku podlaboka rana se dava tetanus serum BEZ ogled dali nekoj e vakciniran ili ne, koj kosta okolu 700 den edna doza i go pokiva fondot, a potoa se sovetuva BEZ da se proveri koga licnosta bila vakcinirana SEPAK da si primi 3 dozi monovalentna vakcina protiv teteanus vo institut za javno zdravje, so toa sto prvata doza se pocnuva nekade vo rok od 2 nedeli mislam bese. Togas zosto preventivno tetanus??????? Mislenjata koi gi pisuvas se tolku pausalno dadeni kolku da se napise nesto sto ke bide sprotivno od prethodniot post po sekoja cena. Ednas napisav i ke se povtorma pak - vakciniraj si go deteto koga ke go imas so sto sakas i kolku sakas, a ovde nie ke si vodime daleku poproduktivni diskuii od tvoite nagadjanja kolku nesto da se kaze. A za HPV mnogu popametni luge vo drzavava koi inaku se pobornici za vakciniranje rekoa ne za ovaa vakcina i ne samo vo drzavava, a ti zivej si so islata deka cervikalniot rak ke iscezne blagodarenie na ovaa vakcina. Da sum na tvoe mesto i so tvoite stavovi jas vednas bi se vakciniala protiv hpv, sreka sto ne sum.
The administrator has disabled public write access.

Информации и линкови за вакцини 13 Јун 2013 09:39 #241326

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Katrina wrote:

Немаме потреба од заплашување или рекламирање на болеста тетанус, ДОБРО СЕ ПОЗНАТИ ефектите и смртноста од истиот, со 30-50% смртност, дури и со навремен и модерен третман е драстична бројка. Проблемот е што на лаици во областа прикажувањето на ФАКТИ ни изгледа како рекламирање или заплашување.

Ако не е заплашување , те молам кажи од кај ја најде оваа статистика? Кои се тие ФАКТИ. Знаеш што е 30-50% смртност?
И те молам не вклучувај статистики каде во смртноста се вклучени случаеви од нехигиенски породувања и сечење на папочни врвки во домашни услови.
Ова ме збунува. Зарем немаш претстава за тоа што значи подобрување? Ти можеби живееше нормално, ама има бебиња кои имреле заради ХиБ, има родители кои претпреле непотребен страв или хоспитализација на нивните деца заради ХИб, има луѓе кај кои ќе се превенирало хепБ ако примеле вакцина и тоа не била инфекција заради личен избор на стил на живот. Кај колку жени ќе се превенирал рак на грло на матка или само обични брадавици ако имале примено ХПВ вакцина?

Што мислиш Катрина кај колку деца се превенирал хепБ на 40 дена? Па дури и ако има потреба може селективно да се вакцинира ако мислиме дека детето е во ризична категорија. Тоа претпоставувам ќе биде случај кај 0,1% од децата, можеби и помалку.Овде дискутираме за вакцинација на секое едно новороденче на 40 дена, само што пркнало.

За ХПВ вакцината и нејзината “превенција“ апсолутно е срамно и да се дискутира поради бројните нус појави што ги предизвика кај многу девојчиња, начинот на нејзино воведување и рекламирање, како и краткиот период којшто се користи и за кој неможе да се утврди нејзината “полезност“. Но за тоа има друга тема.

Катрина, не ми е јасна една работа, те пратам се информираш , те интересираат бројки статистики, но се ограничуваш само на оние општо прифатените медицински тези. Нели некогаш се сомневаш во нив, бидејќи низ историјата тезите се менуваат. Денеска е едно прифатливо , утре друго. Уште повеќе треба да те интригира фактот што историјата ја пишуваат победниците најчесто, а во денешно време тоа се оние што имаат најмногу капитал. И ако не тајна, со што се занимаваш?
The administrator has disabled public write access.

Информации и линкови за вакцини 13 Јун 2013 09:55 #241329

  • Cize
  • Cize's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • Mama_i_Martin undercover
  • Теми: 773
  • Thank you received: 742
  • Карма: 12
Син ми лани на одмор згази на скршено стакло и длабоко се исече. Првото прашање од лекарот беше дали е вакциниран од Тетанус. Вакциниран е, со три дози, и не добивме серум. Јас го прашав како се манифестира ако не дај боже сепак добие, рече ако почне да се манифестира касно е. Искрено да ви кажам, да не беше вакциниран од памет ќе се извадевме..
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Katrina

Информации и линкови за вакцини 13 Јун 2013 10:18 #241330

  • Katrina
  • Katrina's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 210
  • Thank you received: 66
  • Карма: 0
@Ana78
Posle sekoja malku podlaboka rana se dava tetanus serum BEZ ogled dali nekoj e vakciniran ili ne, koj kosta okolu 700 den edna doza i go pokiva fondot, a potoa se sovetuva BEZ da se proveri koga licnosta bila vakcinirana SEPAK da si primi 3 dozi monovalentna vakcina protiv teteanus vo institut za javno zdravje, so toa sto prvata doza se pocnuva nekade vo rok od 2 nedeli mislam bese.
Ова што го кажуваш можеби е индивидуална пракса на некои поединечни доктори кои не почитуваат правила. Јас од лично иксуство знам, затоа што пред две години нагазив на шајка, и не ми дадоа ни серум, ни вакцина, иако инсистирав, затоа што немаа поминато 5 години од последната ревакцинација на 18 години.
Еве сега баш проверив за да се уверам дека не грешам, и така е праволото, ако има документација и ако нема поминато 5 години, не се дава ни серум ни вакцина.
2.3. Активна и пасивна имунизација против тетанус
кај повредени лица
Член 49
Имунопрофилакса против тетанус кај повредени лица се спроведува со вакцинирање со адсорбирана ТТ (тетанус токсоид) вакцина (или dT вакцина) и хуман
антитетанус имуноглобулин (HTIG) на следниот начин:
1. Лицата кои се потполно вакцинирани и ревакцинирани против тетанус за својата возраст, а од последната доза до повредата не поминале 5 години, не добиваат никаква вакцина, ниту HTIG.
Ова е од правилникот за имунизација:
mz.gov.mk/wp-content/uploads/2012/12/Imunizacija-pravilnik.pdf
Togas zosto preventivno tetanus?
За случаи како тој што го цитиравме погоре. Всушност зошто да не се дава? Безбедна вакцина, која има ефективност и дава бенефит.
За цената на серумот, зборував за цената на серумот за беснило, кој ете не бил 1000 евра, туку 23 000 денари.

Што има паушално во моите искази? Давав одговор на обични полемики, се разбира дека ќе звучи паушално. Ама бројките горе долу се обидувам да бидат точни, иако не се работи за научни и стручни списанија туку дискусија на форум.

@vodolija
Ако не е заплашување , те молам кажи од кај ја најде оваа статистика? Кои се тие ФАКТИ. Знаеш што е 30-50% смртност?
Можеби малку треба појаснување, бројките се следните, 10-30% смртност, а 50% смртност кај постари пациенти. Тоа е официјалната бројка, јас не измислувам од памет. Знам дека е голема бројката, токму и затоа велам дека тоа истакнување на фактите не е заплашување.
Што мислиш Катрина кај колку деца се превенирал хепБ на 40 дена?
Кај многу. Еве еден график за намалувањето на хепБ откако е воведена вакцинација кај новороденчиња:

За ХПВ вакцината и нејзината “превенција“ апсолутно е срамно и да се дискутира поради бројните нус појави што ги предизвика кај многу девојчиња
Кои се тие бројни нуспојави од ХПВ вакцинацијата?
The administrator has disabled public write access.

Информации и линкови за вакцини 13 Јун 2013 12:10 #241333

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Што се однесува до тетанусот еве еден интересен линк:

(тука линк)
Последна промена: 14 Јун 2013 02:26 by Marge. Причина: средување на линк
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Dilberta

Информации и линкови за вакцини 13 Јун 2013 12:33 #241335

  • Thatcher
  • Thatcher's Avatar
  • Offline
  • senior
  • exDamjana
  • Теми: 2918
  • Thank you received: 1734
  • Карма: 100
Katrina wrote:
За случаи како тој што го цитиравме погоре. Всушност зошто да не се дава? Безбедна вакцина, која има ефективност и дава бенефит.
Seriozna si? Imas deca? Hmmm. Jas i paracetamol ne davam bez pogolema potreba, a ne ova. Mislam deka retko koja majka dava lek bez potreba, onaka za sekoj slucaj.
Besmislena pricina mi e - mozebi po 2 godini ke se udri, a mozebi i po 6. A mozebi i ic nema da se povredi. A da se bockame site 2 pati godisno, onaka preventivno?
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: vistina

Информации и линкови за вакцини 14 Јун 2013 00:17 #241366

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
  • Карма: 33
Mama Sani wrote:
Што се однесува до тетанусот еве еден интересен линк:

gianelloni.wordpress.com/2013/06/11/the-truth-about-tetanus/

MamaSani, многу големо благодарам за линкот. Колку е добро опишана Тетанус приказната. Нема бре ништо што е беспотребно во линкот а толку информативно.

Она што паѓа во очи е
The incidence of tetanus had almost completely disappeared by the time vaccines became popular, што секако важи и за најголемиот дел останати вакцини.

Математиките, се скарани со вакцините, и секако е важно големите фраери и заговарачи на вакцинацијата измислат свој начин на креирање на статистика, која после преку ним спонзорираните CDC, WHO и останатите да ја протнат у јавноста како званична статистика и медицинско истражување.
The administrator has disabled public write access.

Информации и линкови за вакцини 14 Јун 2013 10:55 #241420

  • Katrina
  • Katrina's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 210
  • Thank you received: 66
  • Карма: 0
Damjana wrote:
A da se bockame site 2 pati godisno, onaka preventivno?
Ама токму тоа вие го заговарате. Одбивате вакцинација со редовните вакцини, и прифаќате серум имуноглобулин за секоја повреда. Заштитата со серумот е минлива, неколку дена и важи само за моменталната повреда. Ако по еден месец пак се повреди, повторно ќе треба имуноглобулин.

Точно, можеби нема воопшто да се повреди, ама никој не може да предвиди тоа. Иако тетанусот е драстично ретка појава, сепак е високо фатална, кој сака да преземе таков ризик?

Истото и во текстот од линкот погоре. По секоја цена одбива вакцина која истовремено штити и од пертусис, и советува при повреда да се одбере серум. И кажува дека во болниците во САД давале вакцина иако вакцините биле редовно примени. Се сомневам дека е така, кај нас ете видовме кои се правилата, не се дава серум или вакцина ако претходно вакцините биле редовно примени. Треба да си ги провери фактите, тоа беше скоро половина од текстот.

Исто не е точно ни тоа дека инциденцата комплетно исчезнала уште пред да се воведе вакцината. Можеби се намалила претходно со подобрените знаења и медицинска грижа, ама доаѓа до незначителната бројка која ја имаме денес дури по воведувањето на рутинската вакцинација во 1940тите, и случаите кои се јавуваат потоа се возрасни групи кои не биле вакцинирани или ревакцинирани.

Последна промена: 14 Јун 2013 11:03 by Katrina.
The administrator has disabled public write access.

Информации и линкови за вакцини 14 Јун 2013 13:16 #241423

  • Ana78
  • Ana78's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Теми: 665
  • Thank you received: 388
  • Карма: 3
Pravilata kaj nas ocigledno ne se sekade ista zatoa sto pred nepoln mesec dena moja drugarka ja nosese 5,5 god kerka koja e redovno vakcinirana so iste vakcini po kalendar (t.e psolednata ditepe ja primila na 4 god)po povreda na rakata (isecenica nisto strasno ama od zelezno parce)da primi prvin tetanus serum vo rok od 24 casa, a mislam negde 2 ned podocna i prvata doza monovalentna vakcina protiv tetanus, uste 2 dozi ja cekaat. Ko0ga ja prasav zosot ako e redovno vakcinirana, rece deka lekarot vo gradska i preporacal za da bide sigurna oti neli nikoj ne znae dali i kakov imunitet stvorila so prethodno primenite vakcini, i i naglasil, pa rizikot e pogolem ako ne primite. I sega vie ke mi kazete deka ova e normalno ili deka nikako ne se slucuva vo Makedonija?
The administrator has disabled public write access.

Информации и линкови за вакцини 15 Јун 2013 08:34 #241456

  • Mama Sani
  • Mama Sani's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Dve sonca, dve srcenca, dve srekicki na mama
  • Теми: 2653
  • Thank you received: 1852
  • Карма: 55
Ова се случува токму затоа што ниту лекарите не се сигурни во вакцините и ниваната моќ во создавањето на антитела. Тоа е всушност и поентата, некои од докторите се апсолутно свесни за нефункционалноста за вакцините, но бидејќи тоа јавно не смеат да го кажат препорачуваат дополнително примање на серум и уште една доза на моновалентна вакцина „чисто онака, за да бидеме посигурни“...
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: yarre, betavitevit

Информации и линкови за вакцини 26 Јун 2013 09:06 #241700

  • redsonja
  • redsonja's Avatar
  • Offline
  • junior
  • љубовта е се
  • Теми: 505
  • Thank you received: 635
  • Карма: 64
Информација!


на овој линк
Моите клунчиња
Ј. 08.08
Д. 10.10
Последна промена: 26 Јун 2013 09:51 by Marge. Причина: средување на линк
The administrator has disabled public write access.

Информации и линкови за вакцини 11 Јул 2013 04:49 #242080

  • yarre
  • yarre's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1082
  • Thank you received: 1001
  • Карма: 33
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: mami29

Информации и линкови за вакцини 16 Окт 2013 12:30 #244844

  • Lenore Lee
  • Lenore Lee's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 14
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
се повикуваат сите родители кои имаат оштетено дете од вакцини доколку сакаат да зборуваат за тоа на телевизија или некој друг медиум заедно со докторката Слаѓана Велков,нека ме контактираат или овде или на facebook име исто Lenore Lee
време е да се излези од мракот и од кревањето раменици !
Dragi Prijatelji, Da li ima roditelja koji bi protestvovali sa transparentima i slikama ostecene i umrle dece od vakcina ispred ministarstva zdravlja u Beogradu, Skoplju, Zagrebu, Ljubljani...bilo gde? Organizovacemo novinare, smislicemo dobre slogane za transparente i da se krene...
The administrator has disabled public write access.

Информации и линкови за вакцини 16 Окт 2013 16:50 #244847

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Kako majka na "oshteteno" dete, prashuvam shto kje imame nie od toa?!? Osven toa shto kje ne diskreditiaat kako lichnosti bidejki nikogash ne napagjaat fakti tuku lichnosti, kje gi dikreditiraat nashite naodi i kje si navlecheme problemi koi dopolnitelno kje ni go iskomliciraat i taka kompliciraniot zivot. Kako nekoj koj dolgo se zalaga kontra vakcinacija, i deluval na javnoto mislenje, ovaa vasha borba ne mi e jasna a cinam ne vi i ni vam. Kakvi toa prava barate , prava koi vekje gi imate. Zoshto da se budi sistemot koj i taka fino si miruva? Zosht mediumi, smetate deka ova opshtestvo e zrelo za mediumk prestavuvanje na fakti.. hm.. bi podrzasmislila 2 pati.. I ushte povazno koja e krajnata cel, informacii za vakcinite. Super, jas bi go dokumentirala ovoj forum koj ima retko dobra diskusija , postaviv ednash isto prashanje do doktorkava i fino lepo mi go izbrisha nenotirano, taka da eve dokolku mozesh te molam ti objasni mi ...
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации и линкови за вакцини 16 Окт 2013 18:03 #244856

  • Lenore Lee
  • Lenore Lee's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 14
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
нема што да дискредитираат родител на оштетено дете од вакцини,тоа не е судење или јавен линч,едноставно е дебата за подигање на свеста кај луѓето и да видат со реални опипливи докази (за жал) целата монструозност на тој концепт што некои го сметаат за нормален не по своја вина,повторно за жал
за кои права зборуваш ? за правата дека имам судење сега во ноември за невакцинација,за правото затоа што ми е одбиен додаток за трето дете повторно заради невакцинација ? за правото што државата го смета телото на моите деца како нејзина сопственост со тоа што носи медицински одлуки во нивно име ? за тие ли ‘права‘ ?
а медиумите требаат и тоа како,не можи да се ќути за оваа работа кај нас повеќе,ок,барем некои сметаат дека не можи да се ќути за оваа работа повеќе,мадиумите носат масовност,масовноста носи промени,како што се далнати по европските закони овие,треба да си размислат и за ова да донесат европски закон и тоа што поскоро а сега напротив,немаат никаков опонент,барем не некој реален па го стегаат обрачот и ги малтретираат луѓето по инспекторати и судови
не можи да се игра партија шах за животот на нашите деца а ти да си посматрач,не на другата страна од шахот,туку ПОСМАТРАЧ,те нема,не постоиш ...
што се однесува до мене,јас не само по телевизии,ќе седам со денови пред диспанзерот,ќе делам флаери и информации на родителите,ќе ги тргам и за ракав ако треба,само да размислат,само да ја видат и другата страна,онаа која никогаш нема да им ја каже педијатарот,или уште полошо во очи ќе ги излаже (мене лично ми се случи и тоа не еднаш)поголема перфидност од тоа здравје .
и што би правела со документиран форум ? треба пак да кажам колку луѓето ништо не читаат па камоли форуми ?
јас не сум од тие,читањето мене ме спаси и сеуште ме спасува,ги прочитав одамна сите постови на овај форум за вакцините и на тој постариот,па познат ми е твојот случај
и се е џабе,никој не чита ! милион пати до сега сум ставила линкови од форумов за искуствата од родителите овде,пошто конкретно за македонија,овде вашите искуства мене лично најповеќе ми помогнаа,но џабе,никој не чита,никој не бара,секоја чест за исклучоците се разбира,но повеќето луѓе се восприемчиви само за слики со порака,и тоа пак ако пораката е предолга,не стигнува ...
ова се моите ставови,немаат никаква врска со докторката,јас само ги пренесвам и поддржвам работите кои ги сметам за исправни
Dragi Prijatelji, Da li ima roditelja koji bi protestvovali sa transparentima i slikama ostecene i umrle dece od vakcina ispred ministarstva zdravlja u Beogradu, Skoplju, Zagrebu, Ljubljani...bilo gde? Organizovacemo novinare, smislicemo dobre slogane za transparente i da se krene...
Последна промена: 16 Окт 2013 18:38 by Big Sister. Причина: edno po drugo poraki
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации и линкови за вакцини 17 Окт 2013 17:37 #244919

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Jas te razbiram i na ista strana sme, ama smetam deka vashata borba e odnapred izgubena. Jas sum vernik vo slobodna volja, i da dokolku roditelite sakat kje procitaat. Ima facebook forumi, vekje daaaaaleku pootvoreno se razgovara za vakcinite nego porano.KOga jas se aktivirav so pishuvanja na forumov mi se sluci da bidam prijavena za negriza, bev na tie nekoi komisii i se zavrshi. Me kontaktiraatt roditeli generlano preku forumov i gledam deka delot so izjavata glatko pominuva,a i sudenjeto e proces i alatka za borba so sitstemot, kolku shto znam do sega site sudenja se presudeni vo korist na roditelite, kje te izmaltretira ama pak pobedata kje e tvoja. So takvata aktivnost koja vie ja planirate verejatno po emisiite kje bideme site povikani na razgovor kaj matichnite bidejki ako sega na orgromna popuacija ni pominala izjavata vie kje napravite nashite pedijatri da se isplashat od sistemot. Edna nedokvakana majka pred nekoe vreme na vashata grupa so ime i so prezime ja imashe objaveno nashata matichna pa duri i adresa i broj deka primala dea koi ne se vakciniraat duri i naglasuvala deka odlukata e pametna i ona taka odlucila za svoite deca. Tolku plitok mozok odamna ne sum sretnala. Od koga ja opomeniv posle samo 2 dena ispanichea doktorkata se javi na site koi sme kaj nea a do sega lesno dobivame potvrdi za vo gradinka, sekakvi pregledi preporaki i vo zivot ne sum dobila pismo za da vakciniram dete. Taka da jas na vashata aktivnost smetam kako na potencijalno opasna po sebe. Ako si me citala kje znaesh deka mojot sluchaj ovde ne e nikade zaveden stoi so dokument od slovenija koj tuka ODBIVAAT da bide staven vo dosieto na deteto, za kakva awearnes kampanja zboruvame togash koga vistinski povredeno dete nema pravo da mu se priznae toa. Kako majka na takvo dete kje ve povikam da se odvratite od namerata i da ucite od drugite drzavi pr hrvatska kade so registriranje na zdruzenija i aktivnosti nalik vashite samo se zakompliciraa rabotite i oteznaa za roditelite kako nas. NIKOGASh nema vo nishto da se izramnime so evropskiot leberalizam,vodam vojna na nekolku fronta taka da ova ne e sistem koj saka pritisok koj vie go preferirate, a jas sum bila dela od mediumsko razotkrivanje na slucjaot ushe na prvata emisija na milenko, kade so ime i prezime bevme staveni i jas i moeto dete, ne sakash da znaesh kakvi linch poraki sledea koi bea cista diskreditacija. Taka da vnimatelno. Pak kje kazam na mnozinstvoto izjavite za nevakcinacijaglatko pominuvaat, decata funkcioniraat vo sistemot i mnogu se malku tie koi za zal kako vas zavrshuvaat na sud, ama dobienata bitka vasha i na rethodnite 5 roditeli, cinam tolku bea kje bidat dovoeln dokaz i motiv i za nekoi sledni koi bi stignale do sum. Jas povtorno apeliram da ja preipitate vashata inicijativa, emisii pravete, shirete informacii, nudete alternativni izvori i po televizii i segade, no nikako ne smeete da vlijaete na slobodnata volja na lugjeto a toa e da odluchat sami duri i dali kje citaat ili kje prodolzat da gi vikaat vakcinite kako tie na 3 na 5 ili 17 meseci..Sekoe dobro od mene, i se naddevam deka nema da go raskazuvate i mojot sluchaj iako stoi ovde na forumot.
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации и линкови за вакцини 17 Окт 2013 18:31 #244920

  • Lenore Lee
  • Lenore Lee's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 14
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
Чуден ми е малку твојот став,сите родители со кои досега имам контактирано па и само читано кога нивнито дете било оштетено од вакцини сакаат да викаат на цел глас,сакаат и небото да ги слушни,сакаат нивниот случај секој да го знае,сакаат некоја правда или најмалку со таквите постапки да доведат да не му се повтори на никој друг ...
Изјавите поминуваат заради тоа што се пропишани со закон а не заради нечија добра волја,потврдите за во градинка исто така заради пропишан закон а не заради таму некој посовесен зомби во бело,во законот за упис во школо или градинка стои потврда за вакцинален статус,но НЕМА точка или whatever дека невакцинирано дете не можи да се запиши или слично,тоа е само увид и толку секое понатамошно гунџање на одредени ревносни слугинчиња на системот е противзаконско и на секој родител што му се случува такво нешто е должен (морално во најмала рака)ако треба и со заби да гризи за работите да бидат поставени исправно,а не како на некој што ќе му се ќефни
Значи има само злоупотреби од системот кој не гази на сите можни начини,и не ги разбирам луѓето кои дозволуваат да бидат газени,а уште помалку луѓето кои се помириле со тоа,не можам да замислам потажен крај за нечија човечка природа
Емисии има и се повеќе ќе има,гледам голем позитивизам во то,а ова е толку емисија таму некоја,не знам што се испаничи толку,не можиш да ги спречиш луѓето да се штитат,тоа е прв и основен природен закон а уште помалку да ги штитат своите најмили нели
Нема апсолутно НИКАКВА слободна волја кога ја знаеш само едната страна напротив то е чист роботизам и слепо следење,а играчите се многу валкани,со маркетинг на застрашување ни продаваат страв од болест,кога стравот е купен нема никаква рационалност,стравот ја парализира било која логика,стравот ни е најголемиот непријател а тие многу прецизно работат со таа карта ...
Нема да го ставам вашиот случај поради вашето барање се разбира
Секое добро и од мене
Dragi Prijatelji, Da li ima roditelja koji bi protestvovali sa transparentima i slikama ostecene i umrle dece od vakcina ispred ministarstva zdravlja u Beogradu, Skoplju, Zagrebu, Ljubljani...bilo gde? Organizovacemo novinare, smislicemo dobre slogane za transparente i da se krene...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации и линкови за вакцини 18 Окт 2013 12:12 #244946

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Jas nekolku pati objasnuvam ako si me citala kje znaesh, jas nemam nikogo da obvinam za situacijata na moeto dete, za razlika od tebe i mnogute jas znaev SE za vakcinite, jas imav brojna literatura no sepak odluciv da vakciniram so vakcini koi samata gi nabaviv urgirav najstrucniot imunolog vo drzavava da gi aplicira, i pred da gi vakciniram imav napraveni ispituvanja koi opfakjaa mnogu opseznaanaliza na sostojbata na organizmot,(Krvni sliki, eho na cns, alkalna fosfataza, hemostatus i komletni hepatalni analizi,) znaci opsezni ispituvanja za da se osiguram, se beshe dobro, VAKCINATA GO OSHTETI. OD kogo da baram pravda?!?! OD sebe, mozam li da bidam posurova prema sebe od shto sega sum?? Mojot stav e dojden do ovaa faza vrz osnova na empirija.Vrz godinite pominati prvo na srpsko hrvatskite forumi, pa na ovoj tuka, pa kako support lice za kontakt na sekoj koj ima problem, tuka ima mnogu takvi koi me kontaktirale pobarale sovet od mene i me zamolile kako najlesno da pominat kako da se skrijat kako da go prelazat doktorot da zakonski im sleduva,ama znaesh kolku lugje zakonski se nevini pa nemozat da ja dokazat svojata pravda bidejki im nedostasuvaat resursi. Vrz osnova na stavot deka mojata prijatelka od srbija koja e doktor po kineska medicina poradi nejziniot forum i nejzinite stavovi za vakcinite i vakvite polemiki i aktiovnost na zdruzenie i sl posle x godini od koga se vodea tie debati po forumi posle nekoe vreme se razvede, tatkoto toa go iskoristi protiv nea, socijalnata sluzba odluci deka treba da ostana bez kerkata i ja proglasija za nesovesna deteto e kaj tatkoto 5 godina ne go videla.. A pogodi shto ,i za mene ima dosie bidejki sum povikana na razgovor poradi negriza za vakcinite. Mojot stav e dojden vrz osnova na edna majka koja e malku momentalno poglasna po facebook denes dobila zakana deka kje bide izbrkano od deteto gradinka a ona nema na nikoj da se osloni da i go cuva dodeka dokazuva pravda, se samo zatoa sto nekolku pati iskomentirala i toa ostanalo zabelezano. Mojata burna reakcija tuka e vrz osnova na stavot koj pogore ti go pishav, za taa nedokvakana gospogja koja i profilot go izbrisha (samo da mi padne vo race) i ni go iskomlicira zivotot na kup roditeli koi kaj nashata matichna so blagoslov pominuvavme, ona sega tegne inspekcii i ceshlanja na kartoni radi vashata aktivnost i nemoznost da ja kontrolirate istata, i prosti ako sum besna, ama imam mnogu frontovi na koi se boram za pravata, ama patov koj go odite vekje e pominat i pravoto da bide roditel izzemen od vakcinacija vo drzavava go ima a vakvite aktivnosti po mene samo kje napravat problemi. Ako si me citala kje znaesh deka najvazno na svet mi e deteto nikogash da ne primi vakcina, shto ako so ovaa vasha aktivnost mi go zagrozite toa pravo, kako shto e ovaa populistichka drzava demohristijansko polumozochno nastroena, abortusot probuva da go zabrani, znaesh kolku lesno moze da doneat izmena vo zakonot i so pravilnik da reguliraat deka vakcinata nema da se smeta za medicinska intervencija. Pa znaesh li deka 124 izmeni na zakon donesoa lani pred izbori vo 2 casa vo koi deka na zenata i se skratuvaporodilnoto penziskoto i kup drugi privilegii ako e na patoloshka, ostana nezabelezano, misleish deka nemoze taka inkognito da donesat izmena??i togash shto?!?!? Kje protestirame?!?!??! kje se borime kje palime??! sto draga moja, sakash da ti kazam shto kje stoime osameni jas ti i uste 5 lugje... I ako dojde do toa kazi mi moze li tebe da te imam za odgovorna i vashata ceneta doktorka? licata koi imaat oshteteni deca pravdata neka ja baraat na sud, neka trgnat protiv banditive od farmakomafija a vie obidetese da im izlobirate sredtsva da dobijat soodvetni advokati da ja isteraat pravdata da dobijat oshteta, pomagaje na toj nacin, ama te molam ne povikuvajte na prava, koi so sigurnost vo ova vreme na ova mesto so ovaa vlast so ovoj stav nema ni shansi da se razgledaat. i da prodolzna, prosti ako sum dosadna ili premnogu revoltirana.. Isto taka mojot stav e od sudbinata na moeto dete koe e seriozno oshteteno od vakcinite dopolnitelno e sega diskriminirano i zoshto jas da bidam prva borbena linija za idnite koi ne kako sto vikash duri ne sakat ni da citaat??? Oni ne sakat da citaat a jas kje se slikam so moeto dete koe ona shto ni ti ni nekoj drug ne go zema vo predvid e deka toa dete kje porasne i eden den mozebi nema da se slozi so nashite postapki za obelodenuvanje na negovite maki. Aktivist/volonter, borec sum po mnogu prashanja i nepravdi no krajniot zakluchok e deka mnogu od roditelite sakaat da procitaat da te pofalat na facebook i tolku. Eve ti test, probaj site shto te bodrad na fb da izlezete na eden miren protest i molimte objavi kolku lugje kje dojdat. Na tolku lugje im e gajle za borbata, no tie ne se o grupata na onie shto ne sakaat da citaat , oni procitale odlucile najdobro za svoeto dete i stojat pozadi svojata odluka, nitu go kompliciraat svojot nitu indirektno zivotot na drugite. Deka e marketing se i deka sme isprani mozoci toa e mnogu jasno, no vakcinacijata ne e tema za koe e zrelo ova opshtestvo. Sledi go patot na yare na forumot i kje ti stane jasno. Slobodnata volja e moznosta da procitash AKO SAKASH, DA SE OBRAZUVASH ako sakash, da ne ti e GAJLE AKO SAKASH, da se prekrstish u gepard ako SAKASH, toa e slobodna volja. taka da Ako sakaat sigurno moze da doznaat, mojata baba ima vekje fb, i kontaktira so rodninite vo avstralija pa za 20 godishna majka zoshto bi bilo problem da otkuca OD SHTO VAKCINIRAME I MOZNI POSLEDICI? I dodeka se boram so nedostatok na lekovi, so nedostatok na terapii so dete koe ne saka da go primi sistemot zoshto jas bi vikala na siot glas, zoshto ti ne zastanesh da vikash so mene za mojite problemi Da mozebi imash plemenita cel, no nachinot na koj go pravite, toa moeto custvo, deka e pogreshen i deka kje doprinesete celiot sistem da bide rascheshlan, i jas pak kje se snajdam da se protnam, no onie koi kje gi osudite da baraaat pravda peshki i da se zaebavat dodeka sega se glatko pominuva, se nadevam togash kje bidete isto glasni i kje gi ponudite vashite deca da bidat vakcinirani namesto nivnite, i so vashi pari kje plakjate advokati i sl.. Poshto ako go sledite primerot vo hrvatska a bi trebalo da go sledite poshto neli treba da ucime od tugji greshki, na vakvite akcii sledeshe toa, kazni , novi pravilnici, osudeni roditeli i sl..
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации и линкови за вакцини 18 Окт 2013 14:31 #244950

  • Lenore Lee
  • Lenore Lee's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 14
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
Toa што го правиме е токму заради тоа,да не мора да плаќаме адвокати,да не мора да се криеме и подголтнуваме,да не мора да трпиме навреди и осудувања,и да е многу јасно дека вакцинацијата е избор на РОДИТЕЛОТ а не на државата.
А за храбрата мајка,можиш да ми пишиш во инбокс за некако да и се помогне,а тоа е и целта.Не можи да се молчи за притисоците,зошто ако сите молчат и си ги свиваат опашките нема да има никаква промена туку само репресија каква што е сега.
Затоа што никој не застанува сериозно зад малтретираните,теророт сеуште продолжува ... Докторката ја има таа доблест да застани позади таквите луќе и на секој што му е потребна помош,да помогни таа самата и да ангажира луѓе да помогнат
Ќе повторам уште еднаш се граничи со злодело молкот за разните притисоци и угнетувања.
А луѓето се борат со задолжителната вакцинација откога проклетијата се појави па до денес,нема запирање,нема подвивање опашки,има само борба и тоа против сите неправди,а не само оваа
Dragi Prijatelji, Da li ima roditelja koji bi protestvovali sa transparentima i slikama ostecene i umrle dece od vakcina ispred ministarstva zdravlja u Beogradu, Skoplju, Zagrebu, Ljubljani...bilo gde? Organizovacemo novinare, smislicemo dobre slogane za transparente i da se krene...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации и линкови за вакцини 18 Окт 2013 15:24 #244954

  • Meyo
  • Meyo's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Ex mama-Maja :)
  • Теми: 2261
  • Thank you received: 2819
  • Карма: 0
Niedno od moite prashanja ne odgovori, ni edno od moite stravovi ne opravda, ne prezede odgovornost za svoite postapki, mi dade eden post koj treba da me ohrabri demek dosta molcenje.pep talk!?. dali ako se razbudi sistemot ako dobijam ultimatum da vakciniram, ako se vovdede nov pravilnik so koj vakcinata nema da se tretira na nivo na medicinska intervencija, imam naslushnato takvi muabeti, dali da te drzam odgovorna i kako kje ne obeshtetish site koi do sega so lesnotija gi imame zashtiteno decata, iako sum bila prijavuvana i se ostanato ajs kje kazam so lesnotija potkovana sum stravot ne e opcija za mene.
Koga sme kaj majkata, Majkata e upatena kako treba da reagira, gi znam site nachini site medoti site izjavi, no MAJKATA NE SAKA DA SE ZANNIMAVA SO NISHTO, SAKA DA BIDE OSTAVENA NA MIRA DA SI BRKA RABOTA OD 8 do 16 i da ne se dokazuva nishto, neshto shto do sega go pravela spokojna. Nejzinata svest ne treba da se menuva nejzinata e promeneta, so odlukata da ne vakcinira,ama sega poshto nejziniot aktivizam ja donel do situacija kade ne e obvineta shto ne vakcinira tuku shto siri propaganda i poradi toa ima moznosot da bide deteto otstraneto.VO duhot na buntovnosta i gi objasniv site proceduri, nejziniot komentar beshe shto mi trebashe da se jacham po socijalni mrezi. Sekoj treba da gi bira bitkite so soodvetna procenka, i pak te zamoluvam bidejki vladeesh sve, eve kako na patalec od najlosh vid, so edno od poteshkite reakcii i pismena potvrda za toa, sakam da mi gi odgovorihs javno za se shto objaniv deka go izgradilo mojot segashen stav site prashanja, dali ako mi dadat ultimatum kje mi platite advokati da se branam, dali ako promenat pravilnik i BEZ DOZVOLA vakciniraat ima i takvi zemji, kje go dadete vasheto dete da ja primi mesto moeto ili kje krevate ramenici. Pishuvajte po forumi sheruvajte prikasni, ama sedete mirni vo odnos na sistemot. barem prodiskutirajte za se shto ovde ukaznuvam,so najdobra namera go pishuvam, neznam kako go dozivuvash, no treba da znaesh deka sme na ista strana. Jas mozebi ne dominram vo fb grupata, mozebi ne se istaknuvam tolku javno, ama tvrdam deka roditelite me dozivuvaat kako na nekoj na koj moze da se obratat, da nema smesla da raskazuvam kolku od niv zaminale kaj doktori kaj koj sum lobirala i sl.. Pak kje ti kazam, sistemot kooj na zenata i go ogranici pravoto i brojot na aborutusi, neshto shto likovi od istorijata ginele da go dobijat, ovoj sistem go ogranici, pravoto da bidesh zaljuben vo ist pol, isto svetot gi drobi predrasudite nie rigorozno gi voveduvame. ne gi ignoriraj moite zabeleshki, doagjaat od godini analiza opshtenje aktivizam zalaganje , ne sum bilo koj na temava.
When power of love overcomes the love of power, the world will know peace...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации и линкови за вакцини 19 Окт 2013 18:50 #244978

  • Lenore Lee
  • Lenore Lee's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 14
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
Meyo,напротив,многу конктерно одговорив на сите твои прашања,на крај се се сведува на ставови,ова е мојот а тоа е твојот,се си е во ред и така како што треба,јас уште еднаш ќе ја повторам мојата објава за рдоителите што ја сметаат за исправна па дури и нужна,да не остани позади



се повикуваат сите родители кои имаат оштетено дете од вакцини доколку сакаат да зборуваат за тоа на телевизија или некој друг медиум заедно со докторката Слаѓана Велков,нека ме контактираат или овде или на facebook име исто Lenore Lee
Dragi Prijatelji, Da li ima roditelja koji bi protestvovali sa transparentima i slikama ostecene i umrle dece od vakcina ispred ministarstva zdravlja u Beogradu, Skoplju, Zagrebu, Ljubljani...bilo gde? Organizovacemo novinare, smislicemo dobre slogane za transparente i da se krene...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации и линкови за вакцини 01 Ное 2013 05:23 #245279

  • dusa
  • dusa's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Everything is possible again
  • Теми: 55
  • Thank you received: 18
  • Карма: 0
eve link od predavanje na Dr.Russell Blaylock neurohirurg

www.youtube.com/watch?v=7QBcMYqlaDs
The administrator has disabled public write access.

Ре: Информации и линкови за вакцини 01 Ное 2013 12:31 #245294

  • Lenore Lee
  • Lenore Lee's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 14
  • Thank you received: 2
  • Карма: 0
oва е линк од фб групата на македонски родители кои се борат со фашистичкиот закон во државичево за вакцините,кој што го интересира или му е потребно било каква помош на оваа тема повелете


и уште една информација:
Драги Пријатели,

Ве покануваме на бесплатното предавање кое ќе се одржи на 06 ноември, во 17:00 ч. во Малата Сала на Центарот за Култура - Битола.

На предавањето ќе се запознаеме со причините за болестите и како да го подобриме нашето здравје со правилна исхрана.

Предавач: ДР.Слаѓана Велков – доктор по медицина

Родена во Скопје 1964 год. Студирала медицина во Ниш и Скопје каде и дипломирала. Работела за ОН во Македонија, како лекар по општа пракса на ургентното одделение во Врање и во Кувајт како лекар и менаџер за развој на медицината. Во последниве неколку години се занимава со бесплатна едукација на луѓето за нивно самоизлекување со правилна исхрана и начин на живот. Има одржано преку 100 бесплатни предавања, радио и ТВ гостувања во Саудиска Арабија, Индија, Србија, Македонија, Кувајт, Шпанија, Австралија и Бугарија. Промовира здрав начин на живеење, органска храна, за исхрана со сирова храна, лекување со Сончева енергија и право на невакцинирање.
Dragi Prijatelji, Da li ima roditelja koji bi protestvovali sa transparentima i slikama ostecene i umrle dece od vakcina ispred ministarstva zdravlja u Beogradu, Skoplju, Zagrebu, Ljubljani...bilo gde? Organizovacemo novinare, smislicemo dobre slogane za transparente i da se krene...
Последна промена: 01 Ное 2013 18:43 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2
  • 3
  • 4