Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме
  • Страна:
  • 1
  • 2

ТЕМА: Вести од светот на уметноста

Ре: Вести од светот на уметноста 27 Јун 2011 00:32 #143297

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Млади сликари изложуваат во Прилеп


Дваесетина слики, цртежи и графики од деветмина млади автори од земјава ќе бидат презентирани на групната изложба која ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Галеријата на Центарот за култура "Марко Цепенков" во Прилеп.
На изложбата со свои дела се претставуваат Алмин Беговиќ, Ана Јовановска, Блашка Миева ,Фатих Билаловиќ, Магдалена Саздовска, Мирјана Бубевска, Санда Миева, Саша Дичковски и Симона Јакимовска. Станува збор за млади дипломирани уметници или студенти на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, кои веќе учествувале на групни изложби или биле дел од ликовни колонии, а некои се претставиле и со самостојни изложби, информираат организаторите.

Vest
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
Последна промена: 27 Јун 2011 00:33 by Big Sister.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 13 Сеп 2011 17:27 #153608

  • Goddess^
  • Goddess^'s Avatar
  • Offline
  • senior
  • Сакам женска луда фина, да биде како Лина... :)
  • Теми: 1449
  • Thank you received: 1186
Проект „Паѓа“ на Игор Сековски во објект Мала станица, Национална галерија на Македонија, на 16ти септември (петок) во 20:00 часот.

Пристигна Божицата на 03.02.2011!
Последна промена: 13 Сеп 2011 17:28 by Goddess^.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 27 Окт 2011 12:51 #161548

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Изложба на документи и фотографии за егзодусот на Македонците од егејска Македонија

Во Јавната општинска установа Библиотека „Искра“ во Кочани е отворена изложба на документи и фотографии под наслов „Незапретани сеќавања“ на авторот Марица Јовановска, кустос советник во Музејот на Македонија.

Преку фотографии на 34 панои е прикажан историскиот континуитет на Македонците до егејскиот дел на Македонија, нивното учество во Втората светска војна и во Граѓанската војна во Грција од 1946 до 1949 година, со изградена политичка програма во борбата на македонскиот народ за ослободување.

За значењето на изложбата зборуваше Вера Анастасова, историчар во Кочанската библиотека а изложбата ја отвори градоначалникот на Кочани, Ратко Димитровски.

Вест
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 31 Окт 2011 06:26 #162133

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Изложба на скулптури во Прилеп

„Скулптури на новото време“ е насловот на изложбата на 22 скулптури од домашни вајари која е отворена во галеријата на Центарот за култура во Прилеп. Претставени се дела од Ангел Димовски-Чауш, Ангел Kоруновски, Беди Ибрахим, Никола Смилков, Сашо Саздовски, Емил Солев, Марија Стојаноска, Габриела Ацеска, Марјан Стојаноски и други.

- Скулптурите ја бележат перспективата на авторите, која може да еволуира во насока на интегрирање во современите регионални скулпторски изразувања - вели Роберт Цветковски, историчар на уметност.

Изложбата е резултат на соработката меѓу центрите за култура од Прилеп и од Kуманово.


Дневник
Последна промена: 31 Окт 2011 06:26 by Fairy.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 01 Ное 2011 10:35 #162432

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Фестивал за електронски уметности во МСУ


Изложба, симпозиум, работилница, перформанс и видеопроекции ќе се одржат на осмото издание на Фестивалот за електронски уметности SEAFair што од денеска до 20 ноември ќе се одржи во Музејот на современата уметност во Скопје. „Енергија, биополитика, стратегии и културна субверзија“ е насловот на изложбата која ќе биде отворена вечерва во 20 часот.

Според Мелентие Пандиловски, идеен креатор на фестивалот, актуелните настани во областа на биополитиката непосредно се однесуваат на големите општествени промени низ кои поминуваме.

- Фестивалот ги контекстуализира уметничките и теориски дискурси кои се развиваат околу биополитиката, за повторно да се оцени значењето на овој поим денес. Се поставуваат големи прашања како што претставува човекот денес. Се надевам дека ќе успееме да дадеме мал одговор на овие прашања - рече Пандиловски на вчерашната прес-конференција.

Елиза Шулевска, директорка на МСУ, вели дека фестивалот е поинаков од вообичаените случувања во Музејот. Таа додаде дека заедно ќе бараат пари од европските фондови за идните манифестации. Министерството за култура годинава додели 200.000 денари за реализација на настанот.

Во МСУ утре од 12 до 16 часот ќе се одржи симпозиум, а претходно (од 11 часот) перформанс ќе изведе Драган Илиќ. Од 3 до 5 ноември ќе се одржи работилница на тема „Биотехнологија“. Уметницата Евелин Домнич во интеракција со публиката ќе изведе реален процес - светлина предизвикана од звучни бранови.


Дневник
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 02 Ное 2011 06:14 #162613

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Ривалите Да Винчи и Микеланџело во Рим



Делата на двајцата најголеми ренесансни сликари, Леонардо да Винчи и Микеланџело, за прв пат се најдоа на иста изложба, и тоа во Капитолските музеи во Рим. На изложбата "Леонардо и Микеланџело: Ремек-дела во графика и римски студии" посетителите имаат можност да видат 66 дела на двајцата уметници. Меѓу експонатите кои се наоѓаат на изложбата се и мистериозната "Клеопатра" на Микеланџело и селектираните футуристички цртежи на Леонардо.
Изложбата настанала како резултат на соработката помеѓу библиотеката од Милано, којашто поседува голем број Леонардови цртежи и фондацијата "Буонароти" од Фиренца, која чува преку две илјади дела на Микеланџело. Иако владее мислењето дека двајцата сликари биле ривали, сепак, според организаторите на изложбата, тие всушност, си се восхитувале еден на друг. И двајцата уметници во своите дела покажуваат страст кон науката и анатомијата на човечкото тело.


Vecer
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 03 Ное 2011 05:55 #162846

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Слики од Денис Боувен во Скопје


Слики од големиот пријател на Македонија - британскиот уметник Денис Боувен, вечерва во 20 часот, ќе бидат изложени во салонот на Тутунска банка, во центарот на Скопје. Со поставката се одбележуваат 90 години од раѓањето и пет години од смртта на авторот. Ќе бидат изложени дела што Боувен ги создаваше во последните 15 години од својот живот на ликовните колонии во Македонија. Сите дела се од колекцијата на историчарот на уметност Kлиме Kоробар, претседател на Асоцијацијата за култура ИKОН, организатор на изложбата.

- Денис Боувен заслужува внимание. Последните 15 години од својот живот тој не сликаше во своето ателје во Лондон, туку на колониите во Струмица, Kичево, Охрид, Kрива Паланка, Велес... Македонија беше неговото отворено ателје - рече Kоробар на вчерашната прес-конференција.

Тој се сеќава кога првпат го посетил неговото ателје во Лондон, каде што постојано се собирале уметници, музичари. Се шокирал кога упаднал на свирка на култната група „Ху“.

Боувен е еден од првите уметници што во 60-тите и почетокот на 70-тите години интензивно работел во отворањето на Британија кон континентална Европа. За заслугата, Велика Британија му подарила галерија во центарот на Лондон. На ретроспективната изложба во 2001 година реномираната галерија „Тејт“ му откупила три дела, со што го вбројува меѓу највлијателните британски уметници на 20 век.

По потекло е Kелт, роден во Јужноафриканската Република, но по првиот престој во земјава, на секоја изложба или промоција постојано повторувал дека е Македонец. Ја користел секоја шанса да спомне дека човек има право да се вика како што се чувствува.

- Беше сестран уметник, непосреден, комуникативен човек, критичар, есеист. Предаваше на многу универзитети во светот и кај нас. На студентите им ги пренесуваше своите искуства. Многу ~ помогна на Македонија - рече уметникот Симон Шемов, професор на Факултетот за ликовни уметности и долгогодишен пријател на Боувен.

Во знак на пиетет кон неговото дело, во каталогот-текстови за творештвото на Боувен напишаа Адријан Гру, архивист во галеријата „Тејт“ и познатата кураторка Стела Сантакатерина. Изложбата ќе биде отворена до 3 декември од 8 до 18 часот.

Уметничко село во Зелениково

Со парите собрани од продажбата на сликите Kоробар планира да направи уметничко село во Зелениково. Ќе има три бунгалови и една галерија. Еден бунгалов ќе го носи името на Дејвид Боувен. Во нив уметниците ќе може да престојуваат и да работат, а во уметничкото село ќе се организираат и ликовни колонии.


Дневник
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 18 Ное 2011 10:41 #165440

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Изложба на икони од современи зографи

Охрид - Во галеријата на „Куќата на Робевци“ во Охрид, вечерва ќе биде отворена изложба на икони од млади зографи. Станува збор за веќе докажани млади уметници од градот, кои преку нивните дела во иконописите го оставаат својот печат на една вонвременска уметност, која не познава граници, отсликувајќи се и во современиот начин на живот и верба кај луѓето.

Идејата за групно претставување на иконите е на самите уметници: Јане Бакрески, Ванчо Димоски, Сашо Блажески, Никола Патчев, Драган Ристески и други.

„Имаме голем број уметници од Охрид што имаат завршено академија и покрај тоа што се занимаваат со слободна уметност, често сликаат и икони. Минатата година изразија желба да организираат една групна изложба на нивните дела во иконопис“, вели Никола Николоски, советник кустос за современи уметности во Завод и Музеј од Охрид. Тој додава дека оваа постановка е веќе традиционална, а минатата година била организирана по повод празникот „Свети Архангел Михаил“, на 21 ноември. Интересот бил огромен, подеднакво кај публиката од помладата и постарата генерација.

Izvor:Utrinski vesnik
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 21 Ное 2011 12:53 #165808

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Меѓу приватното и институционалното

Брзо се согледува дека изложбата, која има пригоден карактер, дејствува конфузно и непрочистено, а каталогот е полн со нејасни и произволни објаснувања

Изложбата „Фрагменти“ е организирана по повод значаен историски датум - 20 години од осамостојувањето на Македонија. Обемот на каталогот ветува сериозен приод со релевантни објасненија и оценки за поновите движења во македонската уметност. Меѓутоа, брзо се согледува дека изложбата, која има пригоден карактер, дејствува конфузно и непрочистено, а каталогот е полн со нејасни и произволни објаснувања. Читајќи го насловот може веднаш да се забележи дека кај нас не постои нешто кое се нарекува „македонска ликовна сцена“, која обично содржи повеќе сегменти на поврзано или условено дејствување во сферата на визуелните уметности. Освен тоа, требало да се објасни значењето и улогата на „југословенскиот уметнички простор“, како и детерминираното дејствување на Сорос-центар за современи уметности. Посебно внимание заслужува поимот на авангардизмот во наши услови, како и на модернизмот и постмодернизмот, временски периоди кога разумот и „големата нарација“ се сменуваат со друга нарација и „делезовска шизофренија“. Сите тие движења во македонскиот културен простор имаат свои специфичности, сообразени форми на дејствување.

За една група уметници, значајни за развој на модернизмот се вели дека поседуваат „постмодернички дух“ кој дејствувал на помладите генерации уметници. Творештвото на Танас Луловски, Душан Перчинков, Петар Хаџи Бошков, Анета Светиева, како и Симон Шемов и Димитар Манев има логичен развој сообразен и со некои искуства за поновите уметнички движења.

Искра Димитрова приоѓа филозофски, добивајќи едноставна форма со органски белези и испарувања како сугестија на неопипливото. Јован Шумковски од ритуалниот распоред на пластичните елементи не извлекол никакви други ефекти (најмалку магиски) освен на техника и материјалност. Дванаесетте сребрени војници на Роберт Јанкулоски имаат директна и јасна порака за оној што го знае нашиот контекст на значење. Томе Аџиевски го фотографирал перформансот од 2.000 година и го приложил текстот на Пјер Рестани, познат критичар во 60-тите години на 20 век, но без податок во која форма неговото искажување е добиено. Внимание можат да привлечат строго подредените фотографии во процес (од 2004 натаму) на Игор Тошевски наречени „Територии“ или акции во простор.

Објектот во 1998 година на Антони Мазневски составен од два задни делови на автомобил (репродуциран на кориците на каталогот) има белези на карикатурална досетливост, речиси симбол на безначајност и апсурдност.

Повторно станува јасно дека до суштествени уметнички вредности и едноставна форма се доаѓа по пат на созревање, чесно и отворање дијалог со дела на големи уметници, што подразбира висока подготвеност и талент.

Дневник
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 22 Ное 2011 15:12 #165976

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Нудизмот и сексуалните нагони - уметност која ја соголува реалноста





Изложбата насловена како "Нудизам" ќе биде отворена вечерва во 20 часот во Мала станица, а ќе бидат претставени околу 300 слики, главно женски актови, кои, според уметникот, имаат симболично значење и претставуваат еден вид соголување на реалноста

Со изложбата насловена како "Нудизам" Станкоски истражува повеќе аспекти од човековото постоење и историјата на уметноста, потсвесните човекови сексуални нагони и искуства. Притоа го визуализира интимното и по малку перверзното во секој човек, балансирајќи на границата на еротиката, со цел да ги надмине и да ги ослободи табуата за човековата сексуалност." Вака од Националната галерија на Македонија го најавуваат вечерашното уметничко претставување на Александар Станковски, во моментот е еден од најзначајните уметници на македонската современа уметност и воопшто еден од најреномираните мултимедијални уметници во Македонија. Повеќето го етикетираат и како контроверзен уметник кој изненадува со своите дела со оглед дека истовремено е и автор на концептуална уметност и кратки филмови. За својата изложба, што ќе можеме да ја видиме вечерва во Мала станица (20 часот) Станковски, вели: На изложбата се претставени главно женски актови, а насловот на изложбата Нудизам" има симболично значење и претставува еден вид соголување на реалноста. Изложени се околу 300 слики кои што ги направив во периодот од 2007 до 2011 година. Моето варирање во стиловите е всушност метафора на историјата на уметноста претставена преку нешто тривијално и банално како што е женскиот акт, вечна тема на уметниците. Во случајов изложбата претставува естетскиот ресурс на моето внатрешно психичко истражување", објаснува Станкоски, кој во свои дела применува од класицистички до апстрактен ликовен израз.

Изложбата "Нудизам" преку јазикот на уметноста истовремено дава и свое видување за интригантноста меѓу јавното и приватното, каде што играта на тоа што е скриено, а што е видливо е есенцијалната состојка во еротиката и сексуалноста.
Уметничка мултимедијалност на авторот, сепак не застанува тука. Станковски најавува и скорашна премиера на документарниот филм "Шри чарши". Ова е документарен запис за неодамнешното гостувањето на македонските уметници, членови на колективот ЗЕРО", меѓу кои е и тој на биеналето во Венеција.

Izvor: Vecer
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 28 Ное 2011 08:58 #166886

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Изложба на Коџоман Трети


Во Галеријата "Око", улица Македонија, вечерва (20 часот) ќе биде отворена изложба на ликовниот уметник Вангел Коџоман Трети. Се работи за прва самостојна изложба на овој автор, насловена Како горе, така долу - како одвнатре, така однадвор". Пред посетителите на галеријата ќе бидат претставени шеснаесет дела на авторот, изработени во техника акрил и комбинирана техника на платно.

Изложбата ќе трае седум дена, до 5 декември.
Вангел Коџоман Трети е роден во Скопје во 1986 година. Дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во 2010 година.

Izvor: Vecer
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 08 Мај 2012 02:53 #197949

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3879
  • Thank you received: 1773
Прва голема изложба на слики на Пикасо во Скопје


Утревечер во 20.20 часот, во Светската галерија, во рамките на одбележувањето на Денот на Европа, ќе биде отворена првата поголема изложба на Пикасо во Македонија. Ќе бидат изложени поголемиот дел од на дела од големиот шпански сликар што ги поседува „Остен“ во сопствената колекција.



40-тина дела од вкупно 66 што во својата колекција ги поседува „Остен“ ќе и бидат претставени на јавноста на првата поголема изложба на славниот Пабло Пикасо што ќе се одржи во Скопје. Во Галеријата ќе бидат изложени 8 цртежи и 9 керамики од познатите „син“ и „розов“ период и остатокот се графики претежно рачно потпишани од авторот од познатата збирка на Волар. Оваа несекојдневна постановка на која по прв пат се обелоденуваат детали за дел од творештвото на големиот мајстор кај нас се одржува во рамките на одбележувањето на Денот на Европа во Македонија.

Извор




Those who criticize our generation forget who raised it.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 26 Окт 2012 04:20 #218893

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
"Поздрав од Загреб" од авангардниот Кипке

"Поз­драв од Загреб" е насловена изложбата на Жељко Кипке, еден од нај­спе­ци­фич­ни­те хрватски авангардни уметници, која се отвора вечерва во 20 часот, во Музејот на современа уметност.

Кип­ке (59) се смета за најпознат хрватски концептуален уметник, провокативен, кри­ти­чен, кој учествувал на Венециското биенале во 1993 година. Негови дела се на­о­ѓа­ат во музеи, галерии и во приватни колекции во Виена, Амстердам, Марсеј, Тулуз, Па­риз и во Рим.
Од МСУ најавуваат дека поставката е приказна за невидливата преобразба на Заг­реб, која трае десетина години, во четири целини. Проект кој ги прикажува униш­те­ни­те културни институции, прави ревизија на некогашните собиралишта на уметниците, да­ва приказ за поставувањето на фиктивни споменици на најатрактивни плоштади и пар­ко­ви во Загреб.

Извор- Вест
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 02 Ное 2012 18:12 #219880

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
Христина Иваноска изложува во МСУ, Скопје




Во Музејот на современата уметност денеска (1 ноември) ќе биде отворена самостојна изложба на визуелниот уметник Христина Иваноска насловена „Ова е земјата во која младите девојки прснуваат во смеа без многу двоумење“.

Иваноска комбинира изработени предмети, силно обременети со симболика, креирајќи внатрешен динамичен органски баланс за демонстрација на нејзината претстава за развојот на идентитетот.

Досега има реализирано единаесет самостојни и голем број на групни изложби во земјава и странство.

Од 2000 година соработува со уметникот Јане Чаловски, а заеднички изложби и проекти имале во Скопје (2010, 2004, 2003, 2002), Загреб (2009), Грац (2008), Берлин (2008), Луцерн (2008), Битом (2007), Порторико (2004), и други. Нивните заеднички дела се дел од колекцијата на Van Abbemuseum во Ендховен, и колекциите на Deutsche Telekom и Deutsche Bank.

Изложбата ќе биде отворена до 31 декември 2012 година, а куратор е Мира Гаќина.
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 09 Ное 2012 02:28 #220591

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Слика на Клод Моне продадена за 43 милиони долари




Познатото дело на францускиот сликар Клод Моне „Nympheas“ продадена е на аукција во Њујорк за 43 милиони долари. На аукцијата во галеријата Кристи во Њујорк, сликата за 43 милиои долари ја купи колекционер кој не сакал да го открие својот идентитет.

Моне „Nympheas“ ја насликал во 1905 одина, и од тогаш за сликата се бара купец, а цената варира од 30 до 50 милиони долари. Другото дело на Моне под наслов „Le Bassin Aux Nympheas“ која ја насликал во 1919 година е продадена во 2008 година на аукција во Лондон за 84,5 милиони долари.

На истата аукција делото на рускиот сликар Василиј Кандински „Studie fur Improvisation 8“ продадена е за 23 милиони долари, а сликата на Пабло Пикасо „Buste de femme“ продадена е за 13 милиони долари.

Извор-Вест
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 28 Дек 2012 03:34 #227766

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Прилеп се' уште во фокусот на Петре Николоски


По МСУ во Скопје, утре во Прилеп со перформанс ќе биде промовирана книгата „j21°33', l41°21 - кожата на прилепското поднебје“

„Кожата е сува и избраздена, нееластична, со телеангиектазии со разни форми на дамки (lentiginis) и преканцерози (соларна, актинична кератоза и меланоцитни невуси). Инфрацрвените зраци, пак, вршат загревање на ткивото - изгореници на очите и на кожата“ (д-р Лидија Башеска, дерматовенеролог).

Вака започнува книгата - ликовно дело на Петре Николоски j21°33', l41°21 „кожата на прилепското поднебје“, која завчера во киносалата на Музејот на современата уметност ја промовира Корнелија Буклеска, уредничка во Редакцијата за култура и уметност на Радио Скопје. Пред вратата на салата остана да стои масата која зборува, дел од изложбата „Амнезија“ на Николоски, што минатата година публиката можеше да ја види во текот на јуни и август. Изложба, која, заедно со промовираната книга, е дел од еден ист проект во чиј фокус уметникот го стави родниот град Прилеп. Во него утре, поточно во Градската библиотека „Борка Талески“, во 18 часот ќе биде промовирана истата книга и ќе бидат презентирани видеопроекти поврзани со мултимедијалниот проект на Петре Николоски, кој има социјална и ликовна димензија, во кој преку професионални или емотивни лични погледи на 24 лица, може да се види вредноста на прилепското поднебје. Вредности кои уметникот Николоски, на особен начин за него, ги открива и презентира низ разни форми и кои верува дека на градот може да му отворат нови патишта за подобра иднина. Досега проектот, што уметникот почна да го развива во 2004 година, а ќе продолжи и понатаму, е презентиран и во Босна и Херцеговина, Австралија, Јапонија, Португалија.

Повеќе

Последна промена: 28 Дек 2012 03:35 by Fairy. Причина: dupla foto
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 20 Јан 2013 09:41 #230056

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
МКЦ по трет пат го слави раѓањето на уметноста

Со несекојдневна изложба на дела од трите генерации македонски ликовни уметници од семејството Коџоман, поетскиот перформанс „Песнило“, 24-часовен филмски маратон и со голем рокенрол концерт, Младинскиот културен центар од Скопје не само што и годинава ќе се придружи на светската прослава на 18 јануари – денот кој се смета за „роденден на уметноста“, туку наедно и ќе го одбележи својот голем јубилеј – четири децении од делувањето на оваа установа.



Главните случувања во рамките на манифестацијата „Роденденот“ ќе започнат во 20 часот во целосно обновената галерија на Младинскиот културен центар. На изложбата која значи 110 години уметнички континуитет ќе бидат изложени 21 дело од трите генерации ликовни творци на семејството Коџоман.

Публиката ќе има можност да види по седум слики од секој од нив почнувајќи од Вангел Коџоман, основоположникот на современиот ликовен израз во Македонија, преку неговиот син Милош Коџоман, еден од најетаблираните и најактуелните македонски ликовни уметници, па се до внукот кој го носи дедовото име Вангел и кому несомнено му претстои голема морална и историска обврска да ја продолжи оваа несекојдневна успешна творечка приказна.

Повеќе
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 26 Јан 2013 14:23 #230601

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822
Фотопоглед на (не)заштитата на културното наследство


Центарот за културно наследство во КИЦ ќе презентира 50 фотографии снимени минатата година во Македонија



Изложба на фотографии кои треба да отсликаат дел од состојбата со културното наследство во Македонија, евидентирана минатата година од страна на Центарот за културно наследство, ќе биде отворена во изложбениот салон Империјал 1 на 29 јануари во 20 часот. Публиката ќе може да види 50 фотографии, кои се дел од проектот ,,Мониторинг на културното наследство, промоција и популаризација на неговиот

мултиетнички карактер“, финансиран од ФООМ, преку кој почнувајќи од лани, Центарот до 2014 ќе продолжи да врши увид и анализа на состојбата на најзначајните зачувани објекти од културното наследство; археолошки локалитети, сакрални споменици (цркви, манастири, џамии), профани споменици - поединечни објекти и целини, градска архитектура и рурални целини/народно градителство, значајни галериски и музејски збирки.

„Податоците добиени од извршениот увид на вкупно 58 поединечни објекти и споменички целини во Скопје, Охрид, Струмица, Битола, Прилеп, Преспа, Штип, Велес, Куманово и Крива Паланка даваат поразителна слика за односот на државата кон нашето културно наследство, како од аспект на континуирано следење на неговата состојба, така и од аспект на неадекватен, непрофесионален, немарен, неетички однос на надлежните служби во однос на принципите и стандардите поврзани со конзервација, реставрација и презентација. Обемната фотодокументација ја илустрира и трајно ја регистрира состојбата на културното наследство во периодот кога во државата ’најмногу се инвестира во културата‘“, потенцира претседателката на Центарот, д-р Донка Барџиева Трајковска.

Повеќе
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 15 Фев 2013 07:12 #232660

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3165
  • Thank you received: 2405
Двете Мона Лизи ги насликал славниот Пикасо
Сликата е малку поголема од оригиналот и помлада околу 10 години, а долго се расправало за нејзината автентичност. Во Женева истражувале дали Да Винчи е нејзиниот автор.






Експертите ја истражувале младата Мона Лиза, која е насликана 10 години пред изложената во парискиот Лувр, и утврдиле дека Леонардо Да Винчи навистина ги насликал двете верзии.

Daily Mail информира дека сеуште се истражува кога точно е насликана Мона Лиза од Isleworth.

Сликата е малку поголема од оригиналот а долго се расправало за нејзината автентичност. Била изложена во Женева, каде истражувале дали навистина ја насликал Да Винчи.

Насликана е помеѓу 1410 и 1455 година.

Геометриски експерт заклучил дека трагите на сликите се стил на Леонардо Да Винчи.

Утврдиле дека сликата настанала помеѓу 1410 и 1455 година. Со понатамошните истражувања ќе се обидат да дојдат до попрецизни дати.

До 1979 се наоѓала кај славниот Пулицер.

Портретот во 1913 година го открил колекционерот Хју Блејкер од Англија. По неговата смрт ја купил Хенри Пулицер и ја зачувал во швајцарска банка.
Славниот Пулицер починал во 1979 година, а по него сликата ја наследил неговиот швајцарски партнер кој починал пред три години. Тогаш платното го откупил меѓународниот конзорциум.

Извор
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 02 Апр 2013 10:03 #236201

  • Fairy
  • Fairy's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • ex MonaLisa
  • Теми: 2188
  • Thank you received: 822

Во Куршумли Ан утре со почеток во 15 часот ќе се одржи официјален коктел по повод отворањето на патувачката изложба на 60 фотографии објавени на порталот за Западен Балкан на „Нешенел Џиографик“ (National Geographic).
Порталот, како и изложбата, се по иницијатива на Советот за геотуризам на Западен Балкан од „Нешенел Џиографик“, заедно со USAID и RCI ,со цел потткинување на регионалниот туризам и формирање силна мрежа која понатаму ќе разработува разни иницијативи од регионот.
Земји-учеснички на оваа мрежа се Македонија, Албанија, Косово, Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора.
Изложбата за првпат беше одржана во Вашингтон, САД, од 18 до 22 јуни минатата година, при промоцијата на јавното пуштање на порталот. После Вашингтон изложбата пристигнува првин во Скопје, а понатаму ќе продолжи низ Балканот и Европа.
Влезот на изложбата е слободен.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 04 Сеп 2013 01:58 #243489

  • Cinnamon
  • Cinnamon's Avatar
  • Offline
  • Администратор
  • Теми: 2965
  • Thank you received: 1368

Вечерва во Чифте-амам во Старата скопска чаршија во 20 часот ќе биде отворена самостојна изложба на младиот автор Димче Димески, со наслов „Критична маса - првиот бран“.

Неговиот проект е дело замислено како амбиентална просторна инсталација од повеќе елементи - објекти поврзани со минијатури. Уметникот употребува различни материјали - жица, плексиглас, дрво, стиропор, електронска опрема..., различни секојдневни материјали преку кои дава визија на една матрица на град каде што секој гледач може да се идентификува како дел од него, како активна единка која може да придонесе кон промени за една обнова на свеста на глобално ниво. Како што вели авторот, „секој еден, како дел од масата, може да биде во состојба на иницијација или инкубација. Изборот е личен, зависно од желбата да го прифати или одмине тој бран, енергетско одвојување од општо дефинираната матрица. Интензитетот на контактот, учеството и ефектот е субјективен. Оваа инсталација не' води кон поттик на лично преиспитување (што да биде фундаментот на нашите размисли?) и проценување на просторот во кој - каде се наоѓаме. Заради ослободување свесен импулс кон една трансмутација“.

Димче Димески (1988) дипломирал на Факултетот за ликовни уметности во Скопје, на Катедрата по вајарство, во класата на Беди Ибрахим. Член е на ДЛУМ од 2011 година. Како еден од основачите на уметничката група ЅЕЕ во 2012 година, тој е нејзин активен член и учесник во сите проекти. Во 2012 година е добитник на традиционалната награда од ДЛУМ за скулптура мал формат „Димо Тодоровски“.

Изложбата ќе биде отворена до 15 септември. (Т.И.)
:3 Jana 04.04.2004 :3 Petar 17.04.2007 :3 Ivan 25.08.2009 :3
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 03 Фев 2014 02:32 #248398

  • Molly
  • Molly's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 2294
  • Thank you received: 1512
Ма­ке­дон­ски стри­по­ви се про­да­ва­ат во Бри­та­ни­ја


Збир­ка­та на стри­по­ви од ав­то­ри од бив­ши­те ју­гос­ло­вен­ски прос­то­ри ја из­да­де ма­ке­дон­ски­от стрип-ав­тор Вла­до Ни­ко­лов­ски, кој по­ве­ќе од ед­на де­це­ни­ја жи­вее во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја

Ма­ке­до­не­цот Вла­до Ни­ко­лов­ски во Ве­ли­ка Бри­та­ни­ја ја из­да­де стрип-кни­га­та "Бал­кан ко­микс ко­некшнс", со стри­по­ви од ав­то­ри од бив­ши­те ју­гос­ло­вен­ски прос­то­ри.
Ни­ко­лов­ски 14 го­ди­ни жи­вее во Бри­та­ни­ја, а со стрип се за­ни­ма­ва од сре­ди­на­та на 80-ти­те го­ди­ни на ми­на­ти­от век. Не­го­ви­те пр­ви об­ја­ве­ни крат­ки стри­по­ви, ка­ко сце­на­рист и ка­ко цр­тач, би­ле во "Млад бо­рец" и во "Сту­дент­ски збор".
Во пр­ви­от ма­ке­дон­ски стрип-ма­га­зин "Макс­трип", во те­кот на 90-ти­те го­ди­ни, об­ја­вил не­кол­ку свои стри­по­ви, а со­ра­бо­ту­вал, ка­ко сце­на­рист, со по­ве­ќе­ми­на ма­ке­дон­ски цр­та­чи, ка­ко Алек­сан­дар Со­ти­ров­ски, Зо­ран Та­нев, То­ни Анас­та­сов­ски и Сми­ле Цве­та­нов­ски.
Учес­тву­вал на по­ве­ќе груп­ни стрип-из­лож­би во Ма­ке­до­ни­ја, а во Лон­дон го за­вр­шил кур­сот за сто­ри­бор­динг, на ко­ле­џот за умет­ност "Ст. Мар­тин".
Ав­то­рот ни рас­ка­жа де­ка иде­ја­та за збир­ка­та стри­по­ви пос­то­е­ла од пред три го­ди­ни, а де­ла­та ги со­би­рал од по­че­то­кот на 2013 го­ди­на.
Кни­га­та-ан­то­ло­ги­ја на стри­по­ви е нас­ло­ве­на "Бал­кан ко­микс ко­некшнс", а на ан­гли­ски ја­зик ја из­да­де здру­же­ни­е­то за ви­зу­ел­но рас­ка­жу­ва­ње КЛА­УД 9, чиј ос­но­вач е Ни­ко­лов­ски.



"Бал­кан ко­микс ко­некшнс" е пр­ва стрип-кни­га об­ја­ве­на на ан­гли­ски ја­зик, во ко­ја се зас­та­пе­ни ав­то­ри од си­те шест ре­пуб­ли­ки од бив­ша Ју­гос­ла­ви­ја. На 144 стра­ни­ци, во цр­но-бе­ло из­да­ние, прет­ста­ве­ни се крат­ки стри­по­ви на дел од нај­поз­на­ти­те стрип-цр­та­чи од овие прос­то­ри: Р.М. Ге­ра, Игор Кор­деј, Го­ран Су­џу­ка, Да­ни­ел Же­жељ, Жељ­ко Па­хек, Дар­ко Пе­ро­виќ и Дра­жен Ко­ва­че­виќ.
Зас­та­пе­ни се и та­лен­ти­ра­ни мла­ди ав­то­ри, ка­ко Сте­ван Су­биќ, Фи­лип Ан­дро­ник, Си­ни­ша Ба­но­виќ, Јо­ван Ук­ро­пи­на. Од Ма­ке­до­ни­ја има крат­ки стри­по­ви од Алек­сан­дар Со­ти­ров­ски и од Игор Јов­чев­ски.
"Цел­та на ова из­да­ние е да се прет­ста­ват та­лен­тот и кре­а­тив­нос­та на стрип-ав­то­ри­те од овие прос­то­ри, кои $ се ре­ла­тив­но не­поз­на­ти на бри­тан­ска­та стрип-јав­ност, со ис­клу­чок на не­кол­ку­ми­на ав­то­ри, ка­ко Ге­ра, Кор­деј, Же­жељ, кои ра­бо­те­ле за аме­ри­кан­ски из­да­ни­ја.
Во Бри­та­ни­ја, на вр­вот на по­пу­лар­нос­та се аме­ри­кан­ски­те стрип-из­да­ни­ја ка­ко оние на Мар­вел, Дарк Хорс, но во пос­лед­ни­ве го­ди­ни тој од­нос по­ле­ка се ме­ну­ва во пол­за на не­ко­мер­ци­јал­ни­те ев­роп­ски ар­тис­тич­ки ос­тва­ру­ва­ња, пред сè со де­ла од Фран­ци­ја, Шпа­ни­ја, Ита­ли­ја. Впро­чем, де­не­ска во Ев­ро­па и во све­тот ра­бо­тат над 70 стрип-цр­та­чи од бал­кан­ски­те прос­то­ри, што е до­каз де­ка тие му при­па­ѓа­ат на са­ми­от врв на свет­ска­та стрип-сце­на", ве­ли Ни­ко­лов­ски.
Дис­три­бу­тер на кни­га­та е нај­го­ле­ми­от дис­три­бу­тер на стри­по­ви за "Дај­монд ко­микс" од Бри­та­ни­ја, и ќе се про­да­ва од ме­се­цов.
Нас­ко­ро кни­га­та ќе би­де пла­си­ра­на и во Фран­ци­ја, Ита­ли­ја, Гер­ма­ни­ја, ка­ко и во скан­ди­нав­ски­те зем­ји.
Пр­ва­та про­мо­ци­ја на кни­га­та бе­ше ла­ни, на фес­ти­вал во Заг­реб, а за овој ме­сец се нај­а­ву­ва про­мо­ци­ја во Един­бург. Го­ди­на­ва ќе има по­ве­ќе про­мо­ции на ан­то­ло­ги­ја­та, а ќе би­де об­ја­ве­на и вто­ра кни­га, ка­ко и по­се­бен стрип-ал­бум.


Вест
The administrator has disabled public write access.

Ре: Вести од светот на уметноста 12 Мај 2015 01:16 #254287

  • Big Sister
  • Big Sister's Avatar
  • Offline
  • Супер администратор
  • Soul Sister
  • Теми: 7860
  • Thank you received: 5646
ОНИЕ ШТО ДОАЃААТ ИЗЛОЖУВААТ ВО МАЛА СТАНИЦА

Симпатична, очекувана од јавноста и секогаш провокативна изложба, Биенале на млади уметници, во организација на Музејот на современа уметност, се отвори во петокот вечер, во Мала станица.

На ова 11-то претставување селектирани се 14 македонски и седум странски талентирани млади уметници, годинава со дела кои немаат заедничка тема.
Без кураторски концепт, младите ги конфронтираат своите творечки концепти во сите ликовни области. Како што потсети Елиза Шулевска, директорка на МСУ, на оваа изложба кариерите ги започнаа Родољуб Анастасов, Александар Јанкуловски-Цане, Душан Перчинков, Васко Ташковски, Темкова, Чемерски, Симон Шемов, Драган Поповски-Дада, а потоа Сергеј Андреевски, Шумковски, Вангели, Аврамовска, Лешкова, Ацо Станкоски, Исмет Рамичевиќ, Станко Павлески, Беди Ибраим, и уште многу други носители на современото македонско сликарство. Од 2007 година на Биеналето се доделува награда, со што уметникот добива самостојна изложба во МСУ. (М.За.)

Vest
„Кога ќе пораснам, ќе станам пилот на ракета и ќе те земам тебе, ќе те однесам гоооооре високо, да ги видиш ѕвездите и облачињата, што ги сакаш, за да ги допреш.„...
The administrator has disabled public write access.
  • Страна:
  • 1
  • 2

Најново на форумот

  • No posts to display.