Добродојде, Гостин
Username: Лозинка: Secret Key Запомни ме

ТЕМА: Цртани - кои и колку?

Ре: Цртани - кои и колку? 03 Ное 2011 18:27 #162973

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
@sanja, sinko tvoj da go nosish tuka 52 modeli vo prirodna golemina, neshto nevideno bilo.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Marge

Ре: Цртани - кои и колку? 03 Ное 2011 18:47 #162980

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Васе, знам за оваа егзибиција во Белград, само таа трае одреден период. Ја имаше и лани и уште тогаш сакавме да го носиме. Како и да е, на вакво нешто ќе занеме од среќа :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 03 Ное 2011 18:51 #162984

  • Frenky
  • Frenky's Avatar
  • Offline
  • Султанa
  • Теми: 4119
  • Thank you received: 3812
  • Карма: 95
ushte trae egzibicijata,a kolku shto razbrav kje ja ima i narednata godina. ako vi treba drushtvo, vikajte :guskanje:
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Marge

Ре: Цртани - кои и колку? 04 Ное 2011 04:49 #163028

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Ние вака демек ептен големи откако наполнивме цели 2 годинки :love: се префрливме повеќе на долгометражни цртани. Па така на памет ги знам Toy Story, Shrek, Tinkerbell... со последнава имаме дебата секојпат кога ја гледа, дека само самовилите летаат и тоа само на цртаните, луѓето не летаат, и пак: ама и Јана сака лета, мама!! :blink: и пак објаснување по стоти пат...можеби сум параноична ама страв ме фаќа :poimnemam:

Од краткометражните ги сака Гарфилд, Скуби Ду, Dora the Explorer (и учиме шпански со Дора, време е да почне да ми помага кога имам многу работа :laugh: ), Wonder Pets (којшто има супер порака: team work!) а уште си гледаме и Baby First, особено ги сака цртаните со цртање, учење бои, форми, бројки и сл.
Cartoon Network не и давам да гледа, и цртани од типот на Сунѓерот Боб :wtf: цртанов е стварно Бог да чува.
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 04 Ное 2011 05:01 #163031

  • marina_m
  • marina_m's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 79
  • Thank you received: 6
  • Карма: 1
ja gleda jim jam televizijata najmnogu i se dopaga barney i the dorothy. a od dolgometraznite pred nekoe vreme i go simnav strumfovi gi gleda i garfild 1,2 rio t.e ova se fimovi
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 04 Ное 2011 05:27 #163040

  • vetmedvesna
  • vetmedvesna's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Life is short.Smile while you still have teeth.
  • Теми: 1887
  • Thank you received: 482
  • Карма: 10
Овој период на репертоар ни се Миленце прасенце, Тили и змејчето, Дора истражува и скоро секој ден од 17-19ч гледа по некој :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 04 Ное 2011 06:24 #163058

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Моите деца гледаат цртани но умерено...

Андреј го сака многу Гарфилд (а и јас:zelen: ), а Ива ден денес ги обожава Том и Џери,кога ќе слушнеме дека се гази од смеа кај неа во соба, знаеме дека си го пуштила ДВД-то со Том и Џери...

Го сака и Скуби Ду зашто дома имаме кукла Скуби Ду.

Од долгометражните многу ги сака цртаните со Снежана и Црвенкапа, како и Шрек.




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 16 Јан 2013 09:03 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 04 Ное 2011 06:56 #163070

  • Mirka
  • Mirka's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1447
  • Thank you received: 553
  • Карма: 6
Ние не гледаме цртани воопшто не не интересираат, по интересно е кај мама во кујна да се пика во рафтови и да прави манџа.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 04 Ное 2011 09:15 #163106

  • srculence
  • srculence's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • la vita e bella!!!
  • Теми: 804
  • Thank you received: 206
  • Карма: 14
Kaj nas TV ne raboti samo dodeka spieme :laugh: inace redovno si go gledame Miki Maus pa eve i edna rutina ni stana koga ke se razbudi i go pustam da go gleda a ja za toa vreme da se izmijam i mleko da i zgream,samo taka e mirna da sedi sama u soba.A navecer ja stavam na krevet i davam mleko si gleda i koga zavrsuva mu vika cao cao so raceto i se mesti na jastuk da spie :hahaha: neznam do koga ke ni pali ovaa finta,ne znae deka jas i go gasam TV
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 08 Ное 2011 07:51 #163614

  • Sara
  • Sara's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Растеме и беснееме
  • Теми: 474
  • Thank you received: 185
  • Карма: 9
Бумба, Тракторот Том, понекогаш Ноди, не е нешто многу расположен за нови цртани, повеќе сака да гледа реклами :muahaha:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 15 Ное 2011 16:38 #164839

  • Slavica
  • Slavica's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Think pink!:)
  • Теми: 1735
  • Thank you received: 627
  • Карма: 9
дали знаете каде можам да симнам од нет цртани сихронизирани на македонски јазик?
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 15 Ное 2011 18:40 #164850

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Славица на Youtube можеш да најдиш цртани на мак.јазик од стилот на мечето ушко,вили ква ква,радувањата на радован......Преку програмата Youtube downloader


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Slavica

Ре: Цртани - кои и колку? 15 Ное 2011 18:57 #164853

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Ноди на македонски ги има сите на youtube, супер варијанта e исто за мали дечиња, Јана како помала го обожаваше :) и таман уз пат ќе научи некој англиски збор :)
Славица исто кога ќе доаѓате накај МК купи двд-ја со синхронизирани цртани, еве сега ми текна за таа возраст и Мечето Руперт е баш убаво.
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Slavica

Ре: Цртани - кои и колку? 15 Ное 2011 19:06 #164856

  • Marge
  • Marge's Avatar
  • Offline
  • Супер модератор
  • Теми: 3167
  • Thank you received: 2405
  • Карма: 38
Славица, ќерка ми го гледа Петко 5+ на youtube. Не е цртан филм, ама е интересен за нивна возраст.
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: Slavica

Ре: Цртани - кои и колку? 15 Ное 2011 19:46 #164867

  • Frogy
  • Frogy's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Full Time Mother
  • Теми: 1585
  • Thank you received: 1152
  • Карма: 21
Керка ми освен Бумба ниту еден друг цртан не сака( ми се чини месец и пол беше кога го даваа Бумба на а1 одсабајле и тогаш се смееше на него),а лудува по бумба,цел ден да го гледа и е интересен се радува,вреска,се смее,тој баш е за мали бебиња со интересни звуци:girlpink:


Има само едно најубаво дете на цел свет, и секоја мајка го има....
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 28 Мар 2012 09:33 #191362

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1246
  • Thank you received: 869
  • Карма: 5
:muahaha: Се изнасмеав на Бубамара...и нас моментално НОДИ ни е хит...случајно го купив од тезга пред тинакс, пуштив и еве до ден денес се каеме со мм.
Значи со Ноди јадеме, се преоблакаме, се заспиваме, се смируваме...ги знам на памет, и ќе го скршам телевизорот веќе.
Дефинитивно ќе и гоставам ЦД-то у кутијата-споменар што и ја собирам како прв цртан со кој што не труеше :mdf:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 28 Мар 2012 15:35 #191408

  • ciciban
  • ciciban's Avatar
  • Offline
  • new born
  • Теми: 69
  • Thank you received: 60
  • Карма: 0
е баш се подсетив....:tupco: исто како Katerina81 и ние дома со НОДИ буквално живеевме, го сметавме како петти член (нон стоп се гледаше 2 години првин ќерката па синот). Е сега се присутни филмчиња од цедиња (уф колку само пари се изнадававме до сега). А за НОДИ е интересно тоа што и јас и мм ги знаевме сите приказни од 10 цедиња буквално на памет и често ги пеевме песните со децата :puf:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 29 Мар 2012 04:43 #191500

  • mamicka
  • mamicka's Avatar
  • Offline
  • teenager
  • :)
  • Теми: 956
  • Thank you received: 340
  • Карма: 7
Nie imavme i kukla Nody koja odese sekade so nas. Sega normalno ne ja ni poglednuva :)
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 29 Мар 2012 16:59 #191650

  • Синоличка
  • Синоличка's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1452
  • Thank you received: 1441
  • Карма: 20
Синоличка wrote:
Кои цртани ги гледаат вашите дечиња и дали имаат временско ограничување за тоа?

Не и пуштам цртани нон-стоп, само понекогаш, има време кога сама ќе бара, па ќе биде неизбежно. Подобро според мене е да си игра со играчки, коцки, топка, сликовници...отколку да седи пред ТВ.
Од време на време и пуштам Pocoyo на youtube, ги има сликовниците и многу го сака :)

Муабетот ми е, го контролирате ли делот со цртаните (кои, кога, колку) или се оставени на себе?

Еве ова прашував пред година и пол, да си прашам пак :)

Контролирате ли колку и кои цртани ќе ги гледа вашето малечко?
Јас да :zelen: и сметам дека не само што е тоа пожелно, туку тоа ми е и обврска како родител. :OK:

Во последно време мнооогу (свесно) го намалив гледањето цртани по дома. На пример грешката што ја направив додека беше ептен мала, да јаде уз цртан, гледам да си ја исправам, па така сега само 1 или макс 2 оброци во денот се уз цртан. Има периоди од денот кога свесно и пуштам цртани, за да си погледа чисто или ако имам работа или ако го дојам малото. Така сабајле кога ќе стане гледа малку, па поручек после спиење сама си бара, и евентуално малку после вечера. Се на се времето пред ТВ и е барем 3 пати намалено. Штом ми побара играчка/боички/сликовница, одма гасам цртан и си играме. Исто штом приметам дека не го гледа со интерес цртаниот, менувам канал, а она веќе си се заиграла и не ни приметила дека сум сменила и дека наместо цртан е спот.
Кај нас дома 70% од времето е пуштена музика, т.е спотови, ама и тоа сакам да го сменам со музика на радио. Така со музика ни е супер на сите, а Јана само си потпевнува, сите песни од VH1 и од Jungle ги знае на памет :laugh: последен хит ни е и го пее од а до ш на португалски Еi Se Eu Ti Pego (Ај сечи Перо :muahaha: )

Приметив дека откако значително помалку се пуштаат цртани по дома, помирна ми е главата :angel: мене ме замараа сите тие звуци и бои ако ги има често на ТВ, можам да замислам каков хаос прават кај дете :emm: па макар и да не ги гледа, да се само во позадина, ефектот е присутен, и уште полошо, на потсвесно ниво. :pukam:

Околу изборот на цртани, апсолутно и тука сум за ограничување (па наречете ме тиранин ако скате :ljutko: :laugh: ).
Не и давам да гледа ниеден цртан со насилство, пукање, тепање, роботи, премногу светлосни или звучни ефекти, со извитоперен изглед на анимираните деца кој и мене ми е напорен за гледање (огромни очи, премногу пискави гласови, јапонски долгоетражни цртани со монтажа од која боли глава и т.н)- накратко не и давам да гледа Cartoon Network и сл :zelen: А и она самата ако случајно при менување канали здогледа цртан со роботи кои се пукаат па експлодираат на пр :rofl: , ми вика тргни го овој цртан мамо, се плашам :tupco:
Не и давам да гледа и Сунѓерот Боб, идиотски ми е :kamsik: , како и цртани од типот на Бумба, Телетабис, цртани со мимики место зборење (како оној со детето Jerald, со животни кои само мукаат и кокодакаат цел цртан :blink: )
Не сум баш воодушевена ни од цртаните со барбики, девојки кои само менуваат облеки и шетаат во скапи коли или дремат на плажа во купачи (Бог да чува, и такви цртани има!!!).
До скоро беше опседната со Шрек, Mickey Mouse Club House, Toy Story 3, ама и пројде меракот за тоа.Моментално хит и се Baby Looney Tunes, Majmun vidi majmun radi, Pepa Pig како и клипчиња со абецедата, бројки и форми.

Како е кај вас??
Сончулката 2009
Шармерот 2012
The administrator has disabled public write access.
Следниве корисници изразија благодарност: lena0809

Ре: Цртани - кои и колку? 30 Мар 2012 05:19 #191734

  • Zoja
  • Zoja's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1383
  • Thank you received: 676
  • Карма: 8
Мојот беше зависник од цртани во периодот кога се одвикнувавме од доење, само со нив можевме да го смириме, а и не го интересираше ништо друго. Шрек и Мадагаскар ги обожава, Tangled многу го сакаше, се умираше од сме со камелеонот и коњот. Најмногу сака кратки песнички, ако имаа кој да му менува, а последно хит ни беше Маша и Медведь.
Порано и ние јадевме само со цртани, а сега само чинија да види и се баталува. Мора да го анимираме за да нејаде :).
Но, сега откако се затопли, дечкото е постојано надвор или трча низ куќата, па компјутер не го интересира,а телевизија никогаш и не гледал. Само реклами го интересираат, а цртан исклучиво на компјутер. Дури некогаш кога морам нешто да направам, како сабајлево кога не ме оставаше да се доспремам за на работа не ми успева да го натерам да изгледа. Бара патики и сака што побрзо да излезе. Ако сме дома по 50 пати се качува и слегува по скали, скока како зајче или некои игри такви си смислува, оти по работ на седмоседот па се фрла на перници, хит му е албумот со сликички од животинско царство, по 100 пати го прелистува... Многу ми е мило доброволно што се откажа од цртаните :jupi:.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 30 Мар 2012 11:30 #191834

  • Eli23
  • Eli23's Avatar
  • Offline
  • junior
  • Mlada, zgodna i neophodna! :)
  • Теми: 511
  • Thank you received: 521
  • Карма: 5
Sasha poveke saka da gleda animirani filmovi ( Rio, Madagaskar, Alvin and the chimpunks...) otkolku crtani, vo posledno vreme primetuvam deka gleda pomalku televizija, vo prosek 1 saat dnevno, ne deka i zabranuvam tuku ete ne ja interesira tolku mnogu, gledam nekako denot da i bide poispolnet so drugi aktivnosti i na kraj se izmoruva pa ne gleda tv :laugh: koga gleda crtani najcesto go gledame kanalot Discovery kids i edukativni crtani od tipot na Lazy town, Dora the explorer, Word world i Mickey Mouse club house
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 03 Апр 2012 17:24 #192429

  • vodolija
  • vodolija's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Теми: 1121
  • Thank you received: 809
  • Карма: 22
Белчо сеуште не гледа цртани, бидејќи најголем дел од времето по дома кога тој не спие, телевизорот ни е угасен и оди радио во позадина. Така се навикнаа и бабите, па серии пратат за време на неговата попладневна сесија за спиење.:zelen: Зимава при крај снемавме идеи за занимација и игра и изгледа неколку епизоди од Бејби Ајнштајн, и беше баш заинтересиран. Ама откако се смени времево повеќе сме со шетање,а по дома читаме книги и ги возиме сите можни транспортни средства. Сеуште неможам да створам мислење дали, кога и што да му пуштам, кога и вака се заигрува по дома :wtf:
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 16 Јан 2013 08:30 #229765

  • Annabel Lee
  • Annabel Lee's Avatar
  • Offline
  • ВИП
  • Information is not knowledge - Albert Einstein
  • Теми: 3882
  • Thank you received: 1775
  • Карма: 90
Кај нас вечен хит и кај двајцата мислам декаќе биде цртанот за Том и Џери.

Ива доби едно ЦД со Покемон, не ни имав појма што цртан е тоа до скоро, и го загледа доста, барем песната низ нос ми ја вади, ама ништо не може да ги замени Том и Џери.

Тоа што најмногу неа ја воодушевува кај Том и Џери покрај финтите е музиката, некни имаше класична музика на ТВ и се израдува дека ја препозна истата музика од цртанот:)

На второ место им е Scooby Doo, a на Андреј исто така омилени му се Cars, ама сега не може да ги гледа зашто на ТВ ги нема, а компјутерот му е скриен :laugh:




Those who criticize our generation forget who raised it.
Последна промена: 16 Јан 2013 08:31 by Annabel Lee.
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 16 Јан 2013 08:43 #229767

  • lena0809
  • lena0809's Avatar
  • Offline
  • toddler
  • Теми: 473
  • Thank you received: 316
  • Карма: 6
Kaj nas od sekogas televizorot bil poveke dekoracija, veke i jaz kako dete nemam gledano mnogu, pa i posle... Koga bev bremena veke mm mi citase razni informaciji za deca i TV i resivme, deka detevo vo prvite 3 godini nema da gleda ama bas nisto... Taka i bese, ama iskocia 4 godini... sega, znaci uste malce pa godina dena, Elias tu i tamu, znaci na sekoj 6 nedeli da receme gleda po nesto... Nodi mnogo so saka, i Franklin, ke gleda 2 seriji i dosta mu e... Po nekogas gledame klasicnite Disney crtani filmcinja, ama samo od odije po starite, sto ne se taka brzi i hekticni, znaci Dumbo, Bambi, Cinderella imame gledano... Mislam deka uste dolgo taka ke ostane, Elias ne bara poveke, a i nie mislime, deka taka si e super...
The administrator has disabled public write access.

Ре: Цртани - кои и колку? 16 Јан 2013 09:12 #229771

  • Марфи
  • Марфи's Avatar
  • Offline
  • senior
  • Попозната како Katerina81 :))
  • Теми: 1246
  • Thank you received: 869
  • Карма: 5
Уф темава ми е многу актуелна периодов :zid:
Значи како хипнотизирана е од пингвините од мадагскар. Буквално може по цел ден да гледа. Само ми го носи даљинското и плаче ако ен пуштам. Ама не ја занима ништо. Изигравам луда мара околу неа скокам,пеам,ќе пуштам цд од златно славејче, и не бре 10 мин. и пак носи даљинското (веќе почнав и да го кријам па заборавам кај сум го скрила :tupco: ) и кенка.
Се надевам дека е период и дека ќе помине, нејќам да затупи пред ТВ. А и по ладнот повеќе сме дома сами до 18. ПОсле тоа се ашкаме по гости и не досаѓа, ама до 18 е НЕМОГУЧА!!!1
Гледам да сведам на минимум.....ама па колку многу е стварно многу????
The administrator has disabled public write access.

Најново на форумот

  • No posts to display.